|
Исусова молитва - исцелител |
Внеси реплика | страница <1 1314151617 29> |
Автор | |||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Исус им рече: „Ако Бог беше ваш Татко, ќе Ме љубевте Мене; зашто Јас од Бога излегов и дојдов; и не дојдов Сам од Себе, туку Тој Ме прати. Мики нема надополнување на Христовите зборови, ако сакаш да си христијанин ке го слушаш Него и само Него! |
|||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Исусова молитва:
Но не се молам само за нив, туку и за оние, кои преку нивните зборови - ќе веруваат во Мене, за да бидат сите едно; како што си Ти, Татко, во Мене, и Јас во Тебе, така и тие да бидат едно во Нас, за да верува светот дека Ти Ме испрати.
|
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ризикувам да бидам опоменат за „скршнувањето“ од темата, но, тоа треба прво да се случи со пасторот „изворен“ и неговиот пријател „православен“ („православен“ и „gospel“ се една личност).
Светото Предание го дополнува Светото Писмо Светото Предание, постои и треба да се чува, а за тоа имаме директни и индиректни потврди во Светото Писмо. Индиректна потврда е фактот дека Светото Писмо постанало од Светото Предание. Пред Мојсеј не постоела ниту една книга на Библијата. Тоа што Мојсеј го напишал во книгите Исход, Левит, Броеви и Повторени закони секако претставува лично доживување и искуство на Мојсеј. Но, тоа што го напишал во првата книга на Библијата, во книгата Битие, напишано е според преданието. Значи, во Стариот завет преданието му претходело на Светото Писмо. Таков е случајот и со Новиот завет. Спасителот ништо не напишал. Во Евангелието е запишан само еден настан, кога Спасителот нешто пишувал. Но, и тоа што го напишал не го пишувал на папирус или пергамент, или некаква глинена плоча за да биде сочувано, туку почнал „со прст да пишува по земјата“ (Јован 8, 6), така што тоа пишување можело да го избрише првиот дожд што ќе падне, или пак да го разнесе првиот ветер како прав во воздухот. инаку, Спасителот не напишал ништо друго, туку своето учење го предавал усно, значи по пат на предание, а го потврдувал со своите дела. Исто така правеле и апостолите. Пред да почнат да ги пишуваат евангелијата и посланијата, Христовата наука ја ширеле усно, со преданија./ Дали е во книгите навистина запишано баш сè што Христос правел и учел во текот на три и пол години од своето делување? Очигледно е дека не е. Тоа се гледа од фактот што поедини описи постојат само во едно евангелие, а некои само во одруго. Описите на страдањето Христово, на Неговото воскресение и на јавувањата по воскресението ниту во едно евангелие не се дадени во сите поединости. На пример, речено е дека Христос на своите ученици им се јавувал повеќе пати во текот на четириесетте денови по воскресението до вознесението и дека им зборувал за Царството Божјо (Дела Ап. 1, 3). Но никаде не е запишано конкретно што им зборувал. За вознесението зборуваат само Лука и Марко. Останатите двајца евангелисти ништо не кажуваат. Значи, испуштиле да споменат еден толку значаен настан, каков што е вознесението! Па ни евангелистот Лука во своето евангелие не не известува кога, во кој ден се случило вознесението. А дека тоа се случило во 40-тиот ден по возскресението дознаваме дури од Делата апостолски. Еве, уште еден пример кој според логичната нужност сведочи дека Светото Писмо не изнесува се што може да се рече за Христа. Во Црквата постои верување, засновано на светото предание, дека Спасителот по своето воскресение и се јавил на мајка му, Богородица. тоа јавување не е никаде запишано во Светото Писмо. Дали е умно, според сектантската логика, да го отфрлиме тоа предание? Зарем едно такво јавување не е блиско до секој ум? а ете, Светото Писмо за тоа молчи. Но, ако списите молчат, не значи дека молчеле и апостолите. Тие по устен пат и предале на Црквата многу повеќе отколку што напишале. Па тоа што усно го примила Црквата од апостолите, тоа е Светото предание. Таквите преданија подоцна Светите отци ги запишувале за да не му ги „дадат на заборавот“. тоа се чувало во Црквата, и тоа морало да се чува. Тоа е историски познато, а тое е и логично. Исто така, во Светото Писмо немаме речиси ништо за животот на света Богородица, освен дека живеела, дека примила благовест од светиот архангел Гаврил, дека Го родила Спасителот и дека бегала во Египет, дека еднаш при посетата на Ерусалимскиот храм Го барала својот 12-годишен син, додека на крајот не Го нашла во храмот, дека била со Него на една свадба во Кана Галилејска, дека била присутна под крстот на својот Син на Голгота и со апостолите во „горната соба“, очекувајќи го слегувањето на Светиот Дух. тоа е сè. Треба ли тогаш, според сектантската логика, да се заклучи дека таа повеќе немала никакви доживувања, или никакв средби со апостолите и со верниците, дека своето детство не го поминала во храмот Божји каде што, според својот завет, ја одвеле кејзините родители; дури дека не се ни родила ниту, пак, умрела, затоа што во Светото писмо за тие настани не пишува ништо?! Секако дека не. Ако за тоа не зборува Светото Писмо, зборува Светото Предание, како природно дополнение на Светото Писмо. Што има „антибиблиско“ во тоа?! p.s. Овој текст го имав постирано во Православни проповеди..., но бидејќи таму нема ништо интересно за вас, еве, ви го постирам и овде, како што реков, со ризик да бидам „опоменат“. Изменето од Miki_P - 05.Јануари.2009 во 16:42 |
|||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Исусова молитва:
Како што Ти Ме испрати Мене во светот, така и Јас ги испратив во светот; За нив се осветувам Себеси, за да бидат и тие осветени во вистината.
|
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Брате, ако ги читаш постовите ќе знаеше зашто Господ Исус Христос не им ја дал таа молитва на Апостолите, но не ја ни сокрил. Ако сакаш ке ти постирам од каде се наога изворот на Исусовата молитва ќе ти најдам аикао ако само малку се потрудиш самиот ќе најдеш во почетокот на темата. И ова за „папагалското пофтарање“ упорно повторувате и повторно ке кажам, не читате и не разбирате или поточно не сакате да разберет. Но нема да повторувам. прочитај си сам, имаш одговор и на тоа прашање. За жал, проблемот наш е тоа дека не се слушаме и поучуваме туку се инатеме и расправаме. Господ со тебе и биди поздравен Изменето од Опитен - 05.Јануари.2009 во 14:11 |
|||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па што ако Исус направил многу повеќе работи од тие што се запишани? Евангелистите го запишале само она што е важно, она што Бог сметал дека е важно за нас денес, за правилно да Го обожаваме и да ја практикуваме нашата вера. Тоа во никој случај не ви дозволува на вас да си измислувате еден куп работи што ги "направил" Исус и да велите дека "Духот ви кажал", затоа што Духот не си противречи самиот на Себе. Чудно како сите деноминациии што си имаат по некоја друга алтернативна "света книгичка" под ракав, секогаш го користат како изговор горниот стих на Јован, и велат: "Ете, во евангелиејата не е запишан детално целиот живот на Исус, ете таму не е запишана секоја секунда од Неговиот живот, но нам тоа ни го шепна еден ангел, ние си имаме уште една света книга..."
Но горниот стих не вели дека Бог подоцна ќе им објави дополнителни објави за Христовиот живот, туку вели АМИН!
Истиот тој Јован го напишал и следново:
30 И многу други чуда направи Исус пред учениците, кои не се запишани во книгава;
31 а овие се запишани, за да верувате дека Исус е Христос, Божји Син, и верувајќи да имате живот во Негово име. Ете која била целта на евангелистите т.е. целта на Бог. Целта не била ние да ги знаеме сите чуда што Исус ги направил, туку само доволен број од нив (што е запишан во евангелијата) за да веруваме во Него и верувајќи да имаме живот вечен.
Истиот тој апостол Јован во книгата Откровение во Името на Бог ќе напише:
18 Јас му сведочам секому, кој ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој им додаде нешто, Бог ќе му додаде од злата опишани во оваа книга. А вие не додадовте нешто, туку цели томови на книги ги вметнавте во Божјиот Збор.
|
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јован 21, 25
„А има многу други работи што ги изврши Исус, и кои, ако би се напишале по ред, ми се чини, не би можеле да се сместат во целиот свет напишаните книги. Амин“. Затоа е тука „РАКОВОДИТЕЛОТ“ - ДУХОТ СВЕТ и целото БОЖЈО ОТКРОВЕНИЕ - СВЕТОТО ПИСМО и СВЕТОТО ПРЕДАНИЕ. Веќе е кажано: надвор од ЦРКВАТА ХРИСТОВА ова не може да се разбере. Не обидувај се, не можеш да го разбереш!!! |
|||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Православните цркви се водат по горенаведените извори, но Црквата Христова се раководи само по Божјиот Збор - Светото Писмо, а не и по горенаведените човечки зборови.
Се што било запишано под вдахновение на Светиот Дух се нашло меѓу кориците на Светото Писмо, а сето останато... мало морген.
Доказ за тоа дека сето останато не е Божји Збор е противречното учење на тие човечки зборови со Светото Писмо. А кога би почнал да пишувам за овие противречности, не би знаел од каде да почнам.
|
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Веќе имам пишувано за „Господовата молитва“, но изгледа слабо читаш. Не постои Православно богослужение во кое ОВАА молитва не се кажува по неколку пати, а да не зборувам во молитви што се надвор од богослужбите. постирав и два примери на ПРАВИЛО за верниците во ЦРКВАТА ХРИСТОВА дадени од два светители, и таму ТАА е на првото место, дали разбираш!? Христос не рекол ниту поклонувајте Му се на моето Воскресение, а целиот свет МУ СЕ ПОКЛОНУВА, можеби е погрешно, а!? Затоа имаме проблем да се разбереме. Ние, во ЦРКВАТА ХРИСТОВА, се раководиме од: Светото Писмо, Светото Предание, Апостолските правила, Правилата на Вселенските собори, Правилата на Помесните собори и Правилата на Светите отци - сите донесени и раководени од Светиот Дух. Жалам што не можам да ти помогнам. |
|||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Две работи би сакал да забележам овде.
1. Ако тоа е како што велиш "најслината молитва", тогаш зошто Христос, кога го прашале учениците како да се молат, Тој не им ја дал како пример "најсилната молитва" туку им ја дал како пример молитвата "Татко наш..."?
2. Во горниот стих (Рим 10:13) апостолот го цитира Јоел 2:32, а таму за "името Господово" во оригиналот стои "името ЈХВХ", а тоа е личното Име на Бог, а не името на Исус. Значи во конкретно тој стих не станува збор повикување на Исусовото Име, туку за повикување на Името на Таткото Небесен.
Ако така папагалски си го повторуваме Божјото Име додека лежиме, додека работиме и паметот ни е во работата, тогаш сме под осуда на третата Божја заповед која вели: "Не изговарај го напразно Името Божјо!"
Но кога вие ја кршите без пардон втората Божја заповед, тогаш зошто би очекувале ти ретата да не ја кршите?
|
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|||
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ПОУКА ПРВА "Бидејќи, секој, кој го призове името Господово, ќе се спаси" (Послание на св. ап. Павле до Римјаните 10,13) Молитвата Исусова, која е составена од зборовите: "ГОСПОДИ, ИСУСЕ ХРИСТЕ, СИНЕ БОЖЈИ, ПОМИЛУЈ МЕ" – e, како и секоја друга молитва. Но, бидејќи нејзината сила излегува од силата на сесилното ИМЕ на Господа Исуса Христа – Спасителот, затоа таа е посилна (по плодотворна)од сите други. Кога тоа се призива (повикува) со силна и непоколеблива вера, Тој (Спасителот) е близу, сè гледа и сè слуша и на оној што Му се моли со цело срце, му го поклонува своето внимание – и подготвен е да му го даде тоа што го бара. Молитвата Исусова лесно може да се научи, зашто содржината ѝ е кратка. Поради својата краткост и едноставност таа е прикладна за секое време и за секое место. Светите отци велат: Постојаната молитва е непрестано призивање на името на Христово - било да одиш или лежиш, било да си на трпеза или на работа – во секоја прилика и во секое време треба да се повикува Името Божјо. |
|||
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Братче, ова ми изгледа на мене како водење на инает. п.с. и јас се надевам дека модераторите повторно ќе ја вратат темата во прав тек. Исусова молитва Господи Исусе Христе, помилуј не! Господи Исусе Христе, помилуј не! Господи Исусе Христе, помилуј не! Господи Исусе Христе, помилуј не! Господи Исусе Христе, помилуј не! Изменето од Опитен - 05.Јануари.2009 во 06:09 |
|||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Господи Исусе Христе помилуј не
|
|||
Внеси реплика | страница <1 1314151617 29> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |