IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Црвено - црни новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Црвено - црни новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617>
Автор
Порака Обратен редослед
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 13:18
Вардар ја совлада Победа

Триумфот на Вардар над Победа во дербито меѓу екипите што тежат вкупно седум шампионски титули, му даде посебен белег на стартот на новиот домашен фудбалски шампионат.

Реновираниот тим на црвено - црните ја најави сериозната намера да се врати на врвот во македонскиот клупски фудбал уште во некомплетното почетно коло, во кое актуелниот шампион Работнички се спаси од пораз во Кичево дури во самиот финиш.

Победа му одолеваше едно полувреме на Вардар, Бобан Јанчевски го постигна првиот гол во 55-та минута, со автоголот на Крстески во 63-та минута веќе беше 2:0

Конечните 3:0 „вардарци“ ги постигнаа преку Никола Глигоров на три минути пред крајот.

Резултати од денешните натпревари во Првата лига:

    * Македонија Ѓ.П. - Турново 4:0 (3:0)
    * Ренова - Силекс 0:0 (0:0)
    * Напредок - Работнички 1:1 (1:0)
    * Вардар - Победа 3:0 (0:0)
    * Милано - Металург: одложен за во среда
    * Пелистер: слободен

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2008 во 02:46

ПОРАНЕШНИТЕ "ЦРВЕНО-ЦРНИ" ФУДБАЛЕРИ СЕГА ВО ПАКЕТ НАЗАД ВО КЛУБОТ

За Вардар во полн сјај

* "Компарирајќи со периодот кога заминавме, сега се враќаме во клуб со далеку пореални амбиции за конечно освојување титула. Двојната круна е наш императив", велат Глигоров, Ѓошевски, Кметовски, Масев и новиот капитен Вајс

Пакет преземањето на раководството од страна на поранешните финансиери на македонскиот шампион со себе повторно во најтрофејниот наш клуб врати и пет поранешни "вардарци" кои на не баш славен начин го напуштаа клубот за сега, по неколку години пауза, конечно отворено да ги најават шампионските "црвено-црни" амбиции.

Никола Глигоров, Никола Ѓошевски, Љупчо Кметовски, Данчо Масев не така одамна беа дел од Вардар.

"Кога клубот беше оптоварен со серија проблеми заминав од Вардар. Сега е нешто сосема ново. Сега реално може да зборуваме за остварување на шампионските амбиции и конечно, по неколкугодишна пауза, радост за сите наши навивачи", вели Глигоров на кого се надоврзува размислувањето на членот на шампионската генерација од 2001 и 2002 година, Никола Ѓошевски.

"Моменталната ситуација ме потсетува на онаа од 2001 година, а не на онаа од пред две години пратена со серија проблеми. Има одлична атмосфера, организација и играчки состав за повторување на успесите од 2001 и 2002 година кога едноподруго бевме шампиони. Објективно гледано сигурен сум дека може да дојдеме до двојната титула", истакнува левокрилниот дефанзивец.

Најискусниот меѓу нив голманот Љупчо Кметовски дополнително оптимистички расположен.

"С$ освен двојна круна според мене би било неуспех. Ги имаме сите предуслови, па зошто да не бидеме отворено победнички расположени. Конечно, Вардар е прв кандидат за титула".

Меѓу "екс-вардарците" и момчето кое ги мина младинските школи во клубот а сега се враќа со капитенската лента, репрезентативецот Мирослав Вајс.

"Мислам дека Вардар оваа година мора да се покаже во полн сјај, онака како што посакуваат да го видат сите навивачи. Погледнато низ сите аспекти сигурно дека императивот е двојната круна. За тоа сме тука, без разлика на квалитетот, размислувањата или очекувањата на другите клубови во лигата", вели Вајс.

За вардаровите фудбалери вистинското лице на клубот, сепак, ќе треба да се демонстрира низ првенствените натпревари.

"Минавме напорни подготовки, меѓутоа с$ во интерес на тоа што следи. Тренинзите, пријателските натпревари се нешто сосема поразлично од официјалните дуели. На теренот ќе треба да ги оправдаме епитети први фаворити за титула, а ние сме подготвени за тоа", велат вардаровите фудбалери.


ПО ВЧЕРАШНИОТ СОСТАНОК СО ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ КОСТОВСКИ

Бајевски и дефинитивно останува


По вчерашниот состанок со потпретседателот Коста Костовски, напаѓачот на "црвено-црните" Александар Бајевски и дефинитивно останува во вардаровиот состав во следните шест месеци.

Договорено е Бајевски да биде дел од напаѓачките редови во следниот период, со тоа што доколку во текот и по крајот на есенскиот дел се отвори можност за интернационален ангажман да може истиот и да се реализира.

"Ние и претходно рековме дека Бајевски е добредојден во нашите редови. Конк*ренцијата во нападот дополнително се зголемува", велат од раководството на "вардарци".

ДЕНЕСКА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА СЕЗОНАТА

Промоција на нови спонзори, нов дрес...


Денеска, со почеток од 12 часот, во просториите на Еуростандард Банка најтрофејниот македонскиот клуб ќе ја одржи првата своја прес-конференција во пресрет на новиот шампионат.

Покрај очекувањата за претстојното првенство, на средбата со медиумите меѓудругото ќе биде промоцијата на новиот вардаров дрес, како и претставувањето на новите спонзори во клубот.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2008 во 17:11

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЗАКОНИТОСТА ДОНЕСЕ ПРЕДЛОГ ОДЛУКИ ДО УО НА ФФМ ОКОЛУ СЛУЧАЈОТ "СУСПЕНДИРАНИ ВАРДАРЦИ"

Потврда на суспензиите, без казна од 5.000 евра!

* На вчерашниот состанок Комисијата донесе и мериторна конечна одлука да биде поништена одлуката на Комисијата за молби и жалби за раскин на договорите на штета на фудбалер, што значи по истекот на суспензиите за играчите повторно ќе важат професионалните договори со ФК Вардар

Комисијата за заштита на законитоста при ФФМ на вчерашниот свој долг, исцрпувачки состанок не го прифати барањето на суспендираните вардарови фудбалери донесувајќи предлог одлука до УО на ФФМ за потврда на шестмесечните суспензии изречени од дисциплинскиот орган на ФК Вардар, меѓутоа Комисијата ја укина паричната казна од 5.000 евра која претходно им беше потврдена и од Комисијата за молби и жалби.

"Донесовме предлог одлука до Управниот одбор да биде потврдена времената казна од шест месеци суспензија за фудбалерите, со оглед на тоа што согласно член 43 (точка 6) од Дисциплинскиот правилник на ФФМ обврска на професионалниот фудбалер е редовно да учествува на тренинзите и натпреварите на својот тим", ни изјави веднаш по вчерашниот состанок претседателот на Комисијата за заштита на законитоста, Драган Симоновски, притоа објаснувајќи ја и предлог одлуката за укинување на паричната казна.

"Предлог одлуката да се укине паричната казна од 5.000 евра, односно да не се верифицира одлуката на ФК Вардар, е поради тоа што според член 56, односно член 93 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ за таков прекршок не може кумулативна одлука од суспензија и парична казна. Има или суспензија или парична казна. Со оглед на тоа што суспензиите се оправдани, тогаш не е можна парична казна".

На вчерашниот состанок Комисијата, разгледувајќи го овој случај, донесе и мериторна конечна одлука да биде поништена одлуката на Комисијата за молби и жалби во делот во кој се потврдува раскин на договорите на штета на фудбалер. Тоа значи дека по истекот на суспензиите играчите нема да имаат аматерски статус во клубот, но повторно им се враќа статусот од пред 9-ти мај, фудбалери под професионални договори со ФК Вардар.

"Донесена е конечна одлука, бидејќи како Комисија имаме право да носиме и мериторни одлуки, да се поништи дел од одлуката за раскин на договорите на штета на фудбалер затоа што Дисциплинскиот орган на ФК Вардар кој ја донел таа одлука како таков орган не може да носи такви решенија. Одлука за раскин на договорите може да носи тој и што потпишал соодветен договор со фудбалерите, претседателот на клубот или од негова страна назначен заменик, а не дисциплинскиот орган кој сам и покренува постапка и сам одлучува по истата", истакнува Симоновски.

Според правно-регулативните рамки до истекот на суспензиите фудбалерите нема да може да бараат раскин на договорите на штета на клуб поради неплатени придонеси, бидејќи како што одлучи и Комисијата за молби и жалби нивните барања за раскин на договорите се поднесени подоцна од веќе изречените суспензии. Што значи Георгиевски, Богатинов, Перендија, Станковиќ, Леповиќ, Мојсов, Роберто Карлос, Савиќ и Фабио кои веќе и од Комисијата за заштита на законитоста имаат потврдени суспензии, како и Бојовиќ и Пименте Соуса кои поради неприсуство с$ уште немаат официјално но истото ги очекува, ќе мора во следниот период доколку сакаат веднаш да ги продолжат своите кариери сепак да најдат заеднички јазик со раководството на Вардар.


СТРУЧНИОТ ШТАБ ЌЕ ИМА ЛИЦЕНЦА ЗА СТАРТ НА ПРВЕНСТВОТО

Стратев ќе биде комплетно исплатен


Стручниот штаб на Вардар на чело со Ратко Достаниќ, сепак, ќе добијат лиценци од Тренерската организација за претстојното првенство откако од клубот до предвидениот рок во среда ќе го решат проблемот со неисплатените финансиски средства кон поранешниот тренер на Вардар, Зоран Стратев.

"На прагот сме на договор со Стратев. Ќе го заокружиме и ова прашање со тоа што ќе му ги исплатиме на поранешниот тренер шесте заостанати плати во висина од по 500 евра, со што до утре членовите на стручниот штаб ќе ги добијат неопходните лиценци", соопшти вчера Костовски.

И Иди Баба се приклучува

Во следните два дена на вардаровиот тим треба да се приклучи дефинитивно и нигерискиот напаѓач Иди Баба.

26-годишниот Нигериец, поранешен член на германскиот Алеманија Ахен и на израелскиот прволигаш Макаби Тел Авив, иако доаѓа со одлични препораки прво ќе треба да ги задоволи критериумите на стручниот штаб пред да го официјализира потписот со најтрофејниот македонски клуб.

ОД РАКОВОДСТВОТО НА "ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" НАЈАВУВААТ ШЕСТМЕСЕЧЕН ДОГОВОР СО ДОСЕГАШНИОТ НАПАЃАЧ

Бајевски на тренинг на Вардар!


"Црвено-црните" фудбалери по враќањето од Охрид, предводени од Ратко Достаниќ, денеска на своето помошно игралиште го продолжуваат тренажниот процес пред стартот на новото првенство.

Продолжуваат, но и со еден од најдобрите наши напаѓачи Александар Бајевски кој според најавите од раководството на клубот од денеска ќе тренира со "црвено-црните" со варијанта во следните денови да потпише и шестмесечен договор.

"Бајевски се приклучува на тренинзите, а ние очекуваме пред крајот на преодниот рок да постигнеме договор и за шестмесечна соработка, со тоа што во јануари без никаков проблем доколку има желба да му овозможиме и реализација на трансфер во странство", н$ информираше потпретседателот на Вардар, Коста Костовски.

Александар Бајевски деновиве очекува и разврска околу извесен интернационален ангажман. Доколку не дојде до реализација, останува во својот клуб.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 13:34
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:


Роберт Петров како Бугарин!!!

Чудно, но вистинито. Роберт Петров пред неколку дена направи трансфер во тимот на Пансериакос од Сер. Сепак, Грците не би биле Грци доколку повторно не прават провокации. Петров е најавен како фудбалер од Бугарија и никаде не споменуваат дека тој е стандарден репрезентативец на Македонија. Точно е дека фудбалерот има и пасош од Бугарија, но зошто секогаш Грците се тие кои во заштита на своите идеали не даваат правилни информации. 

 


а стига беизненадување
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 13:09
16 Juli. Prijatelska / Vardar - Sileks 2-0 natprevarot se igrase u ohrid.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2008 во 14:24

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОЛИТИЧКИ СКАНДАЛ ВО ГРЦИЈА СО ТРАНСФЕРОТ НА НАШ ФУДБАЛЕР ОД ВАРДАР ВО ОФИ

ФИФА го спаси Македонецот во Грција

*Јове Костовски од екипата на ОФИ беше жртва на грчката тврдоглавост затоа што на меморандумот на ФФМ стои името "МАКЕДОНИЈА"

Речиси цела недела во Грција одредени медиуми "бомбардираа" за проблемите кои ги има фудбалерот Јове Костовски. За нашиот младински репрезентативец се наведуваше и тоа дека е една од најголемите жртви на спорот меѓу двете соседни земји околу проблемот со името. Јове Костовски цели 6 месеци немаше право да настапува за грчкиот тим ОФИ од Крит. Тој во зимскиот преоден рок замина кај нашиот јужен сосед кога беше еден од најдобрите стрелци во првиот дел од шампионатот.

Пред неколку дена новиот тренер на ОФИ нареди:

"Костовски е одличен играч. Тој ми треба!!! Каков е тоа спор кој нема врска со фудбалот".

Пишуваа медиумите и потсетија дека нивната фудбалска федерација не дава зелено светло за реализација на трансферот од едноставна причина што на меморандумот на ФФМ стои името "МАКЕДОНИЈА". Грчкиот фудбалски сојуз веќе со месеци нема никаква комуникација со нашата федерација токму поради спорниот меморандум и нашето уставно име.

"По серијата пишувања конечно и една добра вест за мене. ФИФА издаде провизорен сертификат па така сега ќе има право за настап за ОФИ. Ваквата вест дојде во текот на вчерашниот ден и тоа по 6 месеци чекање и обиди да се даде зелено светло за мојот трансфер. Сега повеќе нема проблеми и затоа ќе се фокусирам само кон настапите за мојот клуб", коментира Јове Костовски од Крит, нашиот младионски репрезентативец кој стана жртва на грчката тврдоглавост.

Грците не отстапуваат од својата политика во спортот и затоа летово се реализираа малку трансфери на наши фудбалери кај јужниот сосед.



Роберт Петров како Бугарин!!!

Чудно, но вистинито. Роберт Петров пред неколку дена направи трансфер во тимот на Пансериакос од Сер. Сепак, Грците не би биле Грци доколку повторно не прават провокации. Петров е најавен како фудбалер од Бугарија и никаде не споменуваат дека тој е стандарден репрезентативец на Македонија. Точно е дека фудбалерот има и пасош од Бугарија, но зошто секогаш Грците се тие кои во заштита на своите идеали не даваат правилни информации.

Среќа при својот трансфер во Грција ова лето имаше Илјами Халими. Тој од Азербејџан замина во тимот на Касторија па така нема проблем со издавањето на потребниот сертификат. Проблеми ова лето ќе имаат сите оние фудбалери кои од клубови од Македонија заминуваат во Грција.

 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2008 во 16:49

РАБОТНИЧКИ И ВАРДАР, СЕПАК, НЕ УСПЕАЈА ДА СЕ ДОГОВОРАТ ЗА "СУСПЕНДИРАНИТЕ", УШТЕ ПОМАЛКУ ЗА НЕКОЛКУ ЗВУЧНИ ИМИЊА ЗА ПОМОШ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Кметовски може, Станишиќ не...!!!

*Работнички побара 3-4 имиња од Вардар за помош во квалификациите во ЛШ. Соседот дозволи само голманот Љупчо Кметовски да замине кај шампионот за одредено време, додека за Станишиќ и другите не сакаше да ризикува од евентуални повреди

Нема спектакуларности во списокот на Работнички кој беше пратен до УЕФА синоќа нешто пред крајниот рок, 20 часот. Ниту Георгиевски, ниту Савиќ и др. "суспендирани" не успеаја да се "извлечат" од Вардар и да потпишат за Работнички. Соседот само попушти околу Владимир Секуловски, кој веднаш потпиша за шампионот и беше ставен на списокот. Во текот на денот се преговараше на релација Работнички - Вардар околу 3-4 фудбалери на Вардар кои би играле како позајмени во квалификациите во Лигата на шампионите за нашиот првак. Единствено "падна" договор за голманот Љупчо Кметовски иако беше блиску до договор и за можеби најдобриот стопер во Лигата Лазар Станишиќ. Но во последен момент Вардар не го пушти Србинот, очигледно дека не сакаше да ризикува од евентуална повреда.

Ново е тоа што вчера за Работнички потпишаа Димитрија Лазаревски, Александар Крстевски, Рок Итуа, Муарем Муарем, Минас Османи, Владимир Туневски и сите тие се ставени на списокот за квцалификациите во Лигата на шампионите. И покрај тоа што имаше преговори со Кемал Аломеровиќ и Кристијан Наумовски, сепак, и двајцата не се договорија со претседателот Драган Поповски и, најверојатно, кариерата ќе ја продолжат во странство.

Ете тоа е епилогот од последниот ден за пријавување на играчи до УЕФА. Не сакаме ништо да коментираме, да прејудицираме, да предвидуваме околу тоа каков резултат може да се очекува од нашиот шампион на двомечот со еден Интер Баку, кој носи засилувања од типот на Бјелкевиќ со десетгодишно искуство во тимот на Динамо Киев.

Љупчо Кметовски сигурно ќе биде на голот, за одбраната конк*рираат Адекунле Лукмон, Александар Крстевски, Димитрија Лазаревски, Владимир Секуловски и уште неколку младинци. Во средниот ред на списокот се Рок Итуа, Бојан Михајловиќ, Емир Шабани, Минас Османи, Влагојче Љамчевски, Менсур Идризи, Владимир Туневски. И на крај во нападот ќе играат Баже Илијоски, Крсте Велкоски, Ардијан Нухиу, Муарем Муарем.

З. Ѓоршоски

СПИСОКОТ НА РАБОТНИЧКИ ЗА ЛШ

Љупчо Кметовски

Адекунле Лукмон (Камерун)

Александар Крстевски

Димитрија Лазаревски

Рок Итуа (Конго)

Бојан Михајловиќ (Србија)

Муарем Муарем

Крсте Велкоски

Баже Илијоски

Емир Шабани

Минас Османи

Ардијан Нухиу

Филип Мишевски

Благојче Љамчевски

Менсур Идризи

Владимир Туневски

Владимир Секуловски

Горан Богдановиќ

Душко Трајчевски

Кирил Трајчевски

Тони Илиевски

Душко Ѓорѓевиќ

Од Скопје се тргнува в недела во 15 часот

Експедицијата на Работнички за Баку од Скопје тргнува в недела, во 15 часот. Во Истанбул се пристигнува по час и половина лет, за по мала пауза да се лета за Баку. Според планот во главниот град на Азербејџан "романтичарите" треба да слетаат околу 1 часот во понеделник. Првиот тренинг ќе го имаат истиот ден околу 18 часот, а вториот утредента во раните утрински часови (15 јули) кога и се игра натпреварот.

МИНАС ОСМАНИ:

Во Работнички повеќе ќе напредувам!

По десетдневна работа во Вардар младиот играч за врска во договор со раководството на "црвено - црните" сепак се враќа во Работнички.

"Оваа опција е најдобра за мене. Мислам дека во Работнички имам шанса повеќе да напредувам во мојата кариера и затоа е добро што вака излезе. Н$ чекаат евро настапите, како и долга сезона во нашиот шампионат и националниот куп", ни изјави Османи.

ШВАЈЦАРЦИ ЌЕ СУДАТ ВО БАКУ

Кој е Цирил Цимерман?

Швајцарците ќе ја делат правдата на првиот натпревар во Баку кој се игра на 15.07.2008 (вторник) во 18 часот по македонско време. Главен судија ќе биде Цирил Цимерман, додека негови помошници ќе бидат неговите сонародници Луис Фернандез и Томас Хабергер. Четврти е Алан Биери исто така од Швајцарија. За делегат на оваа средба од страна на УЕФА одреден е Жан - Франсоа Крук од (Белгија). Што се однесува, пак, до Цимерман, тој има 32 години и ова за него ќе биде деби натпревар на официјални натпревари во сениорска конк*ренција. Досега во својата интернационална кариера има судено на средбата Италија - Албанија за селекции од младинска категорија. Две години суди во Првата лига на Швајцарија, минатата сезона главен бил на 23 меча на кои покажал само три црвени картони.

Реваншот во Скопје, на 22 јули, во 17:30 часот

Работнички и Интер Баку својот реванш ќе го играат во Скопје, на 22.07.2008 (вторник). Овој меч се игра на "Градски", со почеток во 17:30 часот поради тоа што моментално на нашиот стадион нема рефлектори поради изградбата на северната трибина. Инаку, за реваншот дополнително ќе се одреди судиската четворка. Се знае само дека делегат ќе биде Габриел Вајс од Словачка.

ИНТЕР БАКУ ПРИЈАВИ 23 ФУДБАЛЕРИ

Ходукин со проверени сили

За разлика од Бобан Бабунски, кој имаше големи проблеми да го состави списокот на пријавени играчи до УЕФА за натпреварите од 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите, стратегот на Интер Баку, Валентин Ходукин, немаше проблеми. Тој за мечевите со Работнички смета на 23 проверени фудбалери. Мал проблем имаше само со Низами Гаџиев. Прво го стави на список, а потоа го тргна од него. Мало изненадување е изоставувањето на репрезентативниот голман Џахангир Хасанзаде. Веројатно станува збор за повреда.

ГОЛМАНИ: Илхан Хасанов, Жуниор Вилсон (Бра), Свилен Семенов (Буг).
ОДБРАНА: Самир Абасов, Данило Асиоли (Бра), Алијар Исмаилов (Рус), Милан Загорац (Срб), Владимир Левин, Хајал Мустафеев, Марко Петриќ (Срб).
СРЕДЕН РЕД: Горан Арнаут (Срб), Валентин Белкевиќ (Блр), Махмуд Гурбанов, Петар Златинов (Буг), Емин Имамалиев, Елвин Мамедов, Бранислав Червенко (Чеш), Олег Шишкин (Рус).
НАПАД: Хаган Мамедов, Валтер Гуглеман (Уру), Џавид Гусеинов, Роман Гузло, Асив Мамедов.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 21:27
Вардарци чекаат казна поради штрајкот

Барем уште три дена ќе потрае одисејата на фудбалерите на Вардар, кои поради штрајк на натпреварот со Милано, кон крајот на минатата првенствена сезона беа суспендирани од тогашната клупска управа.

Сегашната, бара од ФФМ потврда на нивните суспензии, тие очекуваат раскин на договорите на штета на клубот, а неколку екипи со душа го чекаат расплетот да ги ангажираат.

Комисијата за молби и жалби во фудбалската федерација ја пролонгираше одлуката и за четврток закажа соочување меѓу официјален претставник на клубот и играчите што се под суспензија.

Најголем дел од нив, оние што се сметаат за лојални кон поранешниот спонзор на Вардар Слободан Вујчиќ, подолго време тренираа во Охрид, надевајќи се дека ќе добијат слобода од ФФМ и ќе можат да продолжат во друг тим.

Најпогоден е шампионот Работнички, кој се надеваше дека ќе се засили со некои од нив спроти дуелот со Интер Баку во квалификациите од Лигата на шампионите.

Проблемот е што „Дебармаалци“ се врзани со рок, па најдоцна утре мораат да го испратат во УЕФА дефинитивниот список играчи.

Затоа, во случајов се и најголеми губитници, што може да се рече и за останатите играчи, кои очекуваат наредна дестинација да им биде прилепска победа, во која од неодамна, барем за пред јавност, спонзор стана Токму Вујчиќ.

Двојниот првак и натаму кубури со финансии, па во ова виде можност значително да се засили со остатокот од екс - вардарците.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 15:49

ВАРДАР ПО ВРАЌАЊЕТО ОД ЗЛАТИБОР ЌЕ ОТСТАПУВА ФУДБАЛЕРИ НА РАБОТНИЧКИ ЗА НАСТАПИТЕ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Османи и Аксентиев остануваат "романтичари"

* "Од оние кои изминатиов период беа на подготовки на Златибор најверојатно во нашите редови ќе остане и Минас Османи, а се очекува договор и со напаѓачот Аксентиев", вели претседателот на Работнички, Драган Поповски

По враќањето на вардаровата експедиција викендов од подготовките на Златибор, денеска се очекува најпрво низ интерен разговор меѓу раководството и стручниот штаб на "црвено-црните", а потоа и во договор со управата на Работнички да биде познато кои од фудбалерите кои досега беа на располагање на Ратко Достаниќ сепак и во следната сезона ќе останат во редовите на "романтичарите".

"Денеска треба се да биде познато, бидејќи последниот збор секако го има Достаниќ околу тоа дали и натаму ќе смета на сите фудбалери или сепак некои ќе останат во Работнички", вели спортскиот директор на Вардар, Саше Милошевски.

Со најава дека во Работнички остануваат барем двајца фудбалери Минас Османи и Ефтим Аксентиев, вчера потенцираше и претседателот на Работнички, Драган Поповски.

"Иако се уште не е ништо дефинитивно бидејќи утре (н.з денеска) се ќе биде познато, сепак од оние кои изминатиов период беа на подготовки на Златибор најверојатно во нашите редови ќе остане и Минас Османи, а се очекува договор и со напаѓачот Аксентиев. Се работи за двајца квалитетни фудбалери кои сигурно ќе ни бидат неопходни за настапите во квалификациите од Лигата на шампионите, но и за домашното првенство", вели Поповски, веднаш дополнувајќи и околу очекувањата и за други фудбалери од редовите на новиот Вардар.

"Откако ќе разговараме и со раководството на Вардар верувам дека ќе добиеме уште некој фудбалер од 'црвено-црните' редови кои ќе ни помогнат за настапите на европската сцена. Што се однесува до новите имиња, денеска исто така треба и официјално да се потпише договор и со фудбалерот од средниот ред Конгоанецот Рок Итуа", не информираше во текот на вчерашниот ден Драган Поповски.

В. Булатовиќ

Бугаринот Маринов се нуди за тренер

Во текот на вчерашниот ден бугарските медиуми лиферуваа информација дека македонскиот шампион Работнички води преговори со бугарскиот стручњак Иван Маринов - Маслара.

"Нема никаква вистина околу тоа. Изминатиов период, во моментите на трансформација на клубот многу тренери се нудеа на наша адреса, меѓутоа ние имаме стручен штаб а може да ви кажам дека во моментов нема никакви разговори со Маринов", вели Поповски.

ВО РЕДОВИТЕ НА ШАМПИОНОТ ОЧЕКУВААТ И ДЕЛ ОД СУСПЕНДИРАНИТЕ "ВАРДАРЦИ"

Разговори со Секуловски и Ристевски

Во редовите на шампионите очекуваат засилувања и од некои од суспендираните вардарови фудбалери за чиј статус денеска треба да се изјасни Комисија за молби и жалби на ФФМ.

"Ние ја очекуваме одлуката од ФФМ дали ќе ја потврди суспензијата на фудбалерите кои во мај го бојкотираа настапот за Вардар. Каква и да биде одлуката на ФФМ, ние и околу ангажманот на некои од тие фудбалери ќе разговараме со актуелното раководство на Вардар", вели Поповски, притоа дополнувајќи и кои се за нив интересни фудбалери.

"Ние ќе разговараме со Владимир Секуловски и Димче Ристевски за кои постојат големи шанси да дојдат во нашите редови. Мислам дека за нив е можна преселбата, а за некои други од тие 13 фудбалери ќе видиме дополнително".

Инаку, во очекување на одлуката на Комисијата за молби и жалби суспендираните "вардарци" под финансиската капа на Слободан Брацо Вујчиќ самоиницијативно изминатиов период тренираа во Охрид.

И Муарем со шампионот

Муарем Муарем, фудбалскиот талент кој пред некој месец требаше да замине во таборот на турскиот Анкараспор, тренира со Работнички по што деновиве дефинитивно ќе треба да се знае дали ќе биде дел од редовите на шампионот за настапите во Лигата на шампионите против Интер Баку. Муарем е екс фудбалер на Слога и на Скопје и некогашен репрезентативец до 19 години.

"Да, во Работнички сум, таму тренирам но се уште не сме се договориле. Ќе седнеме деновиве и ќе разговараме па ќе видиме", истакна Муарем кој на завчерашната пријателска средба со Скопје беше стрелец на гол за "романтичарите".

ПОРАЗ И НА ВТОРИОТ ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР

Вардар немоќен и со Будуќност

БУДУЌНОСТ - ВАРДАР 2:0 (1:0)

Игралиште на хотел "Швајцарија" на Златибор. Гледачи: 150. Главен судија: Чедомир Милиќ (Севојно). Стрелци: Недељковиќ 40', П. Вукчевиќ 90' (Б).

БУДУЌНОСТ: Вујадиновиќ, Перишиќ, Џуришиќ, Вуковиќ, Секулиќ, Јововиќ, Чабаркапа, Видовиќ, Ваљехо, Шчепановиќ, Недељковиќ. Уште играа: Рајовиќ, Сантош, Густаво, Н.Вукчевиќ, Делиќ, П.Вукчевиќ, Николиќ, Беќирај, Шафранац, Аговиќ

ВАРДАР: Пачовски, Божиновски, Станишиќ, Ковачевиќ, Глигоров, Јовановиќ, Масев, Положани, Аксентиев, Милисављевиќ, Јанчевски. Уште играа: Кметовски, Брага, Пеев, Најдовски, Мегленски, Ејупи, Петров, Османи, Емурлаху

Со пораз и на вториот пријателски натпревар "црвено-црните" во саботата ги завршија подготовките на Златибор. И покрај тоа што загбија со 2:0 од црногорскиот шампион Будуќност, според извештаите од Златибор "вардарци" одиграле далеку поквалитетна средба во однос на онаа првата со ОФК Београд.

Фудбалерите на Будуќност до водство стигнаа во 40. минута во моментите на целосна доминација на нашиот најтрофеен клуб кога Иван Јовановиќ пропуштил одлична можност за погодок. Мора да се истакне дека и голманот Томе Пачовски во 15. минута одлично го одбранил ударот на Секулиќ.

Во вториот дел, низ рамноправна игра во која очигледен бил заморот од активните првични физички подготовки и кај двете екипи, Будуќност преку Вукчевиќ сосема на крај неочекувано стигна и до убедлив триумф.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 16:43

ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ОДОЛГОВЛЕКУВА СО РАСПРАВАТА ЗА БАРАЊЕТО НА ВАРДАР ЗА СУСПЕНЗИЈА НА 15 ФУДБАЛЕРИ

Повторно нема одлука за суспендираните

* "Би било голема грешка доколку ФФМ направи преседан во овој случај", вели спортскиот директор на Вардар, Саше Милошевски

ФФМ и натаму ги остава под знакот на неизвесност најтрофејниот македонски клуб но и 15-те се уште актуелни негови фудбалери повторно одложувајќи ја одлуката околу барањето на ФК Вардар за потврда на шестмесечната суспензија на играчите кои во мај оваа година го бојкотираа клубот.

Како што е познато "црвено-црните" на 16 мај доставија комплетна документација до ФФМ за суспензија на 15 фудбалери, меѓу кои Георгиевски, Богатинов, Перендија, Бојовиќ, Секуловски, Д. Ристевски, Станковиќ, Роберто Карлос, Леповиќ, Мојсов, Фабио, Савиќ и Пименте Соуса а кои во моментов се надвор од тренажниот процес на "црвено-црните", меѓутоа во само една недела од Комисијата за молби и жалби при ФФМ по вторпат го одлагаат донесувањето на конечната одлука овој пат за понеделник (7 јули).

"Нас не изненадува постојаното одлагање со оглед на тоа што согласно правно-регулативните рамки се е сосема јасно. Би било голема грешка доколку ФФМ направи преседан при еден ваков случај, и луѓето од Фудбалската федерација мислам дека се сосема свесни за тоа. Доколку не се потврдат суспензиите би се создал еден ланец во иднина група фудбалери да се договорат и да ги бојкотираат официјалните натпревари без притоа да сносат никаква санкции", вели спортскиот директор на Вардар, Саше Милошевски.

Инаку, наведените фудбалери по барањата на Вардар до ФФМ за нивна суспензија, минатиот месец покренале и сопствени барања до ФФМ за раскин на договорите на штета на клуб. Одолговлекувањето на одлуката дефинитивно не е од корист ниту на фудбалерите кои и натаму ги прати неизвесноста околу продолжувањето на кариерите. Деновиве тренираа самоиницијативно во Охрид и на игралиштето на второлигашот Локомотива во очекување на разврската. Отворено се шпекулира дека поголемиот дел од нив ќе завршат во прилепска Победа заедно со поранешниот финансиер на Вардар, Слободан Брацо Вујчиќ.

Од канцеларијата на "црвено-црните" очекувајќи ФФМ да ги потврди суспензиите, пак, потенцираат дека ќе може да реализираат трансфер но со соодветна отштета бидејќи околу тоа единствено се прашува Вардар со оглед на тоа што тие се под договор со тимот од "Градски".


МЛАДИОТ ВАРДАРЕЦ ЌЕ ГО ЗАОКРУЖИ СОСТАВОТ ЗА НОВАТА СЕЗОНА

И Дарко Стојанов во првиот тим


И младиот вардаров фудбалер, левокрилниот дефанзивец Дарко Стојанов ќе биде приклучен на првиот тим за наредната сезона на "црвено-црните".

18-годишниот Стојанов на составот на Ратко Достаниќ ќе се приклучи веднаш по враќањето од подготовките на Златибор.

"Со Дарко Стојанов дефинитивно го заокружуваме составот за следната сезона. Ни недостасуваше фудбалер на левата бековска позиција па откако го комплетиравме и тоа играчкиот кадар е дефиниран, без некои нови засилувања. Може единствено некои фудбалери да бидат отстапени на Работнички меѓутоа сето тоа ќе зависи од одлуката на Достаниќ", ни изјави спортскиот директор Саше Милошевски.

Дарко Стојанов е младински репрезентативец од вардаровата школа. Во финишот од сезоната беше дел од младите "црвено-црни" фудбалери кои го понесоа првенствениот товар по бојкотот на првотимците.

Утре против Будуќност на Златибор

"Вардарци" утре на Златибор ќе го одиграат и вториот пријателски натпревар за време на првата фаза од летните подготовки. Противник на "црвено-црните" ќе биде еден од најдобрите црногорски клубови Будуќност од Подгороци. Во првиот контролен дуел на Златибор фудбалерите загубија од ОФК Београд со 2:1.

Веднаш по средбата со Будуќност составот на Ратко Достаниќ се враќа во Скопје, а од 16 јули предвидено е заминување во Охрид каде исто така се планирани два пријателски натпревари.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2008 во 16:59
Муса Али две години во Вардар

Довчерашнио член на Силекс Муса Али од вчера е фудбалер на Вардар. Тој потпиша двогодишен договор со "црвено-црните" и требаше да се вклучи на нивните подготовки во Златибор.
- Се работи за фудбалер кој настапува во шпицот на нападот, со што очекувам да ја засили конк*ренцијата во напаѓачката линија. Вчера се договоривме и со Србинот Ненад Младеновиќ, кој предходно го носеше дресот на белгискиот Гент и Металург од Доњецк. Него го има тренирано токму нашиот тренер Достаниќ - информира техничкиот директор на Вардар, Дејан Чекаров.
Предходно Вардар се засили со Артим Полжани и Тони Мегленски, како и со дури 14 фудбалери од Работнички.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2008 во 16:37
ВАРДАРОВИТЕ ФУДБАЛЕРИ КОИ БАРААТ РАСКИН НА ШТЕТА НА КЛУБ СЕ УШТЕ БЕЗ ДОКУМЕНТИ

Пролонгирана одлуката за 15 "вардарци"

* До крајот на неделава ќе мора да чекаат Георгиевски, Секуловски, Мојсов, Савиќ, Карлос, Ристевски и останатите од минатогодишниот состав на Вардар кои бараат исписница од клубот



Нема одлука ниту по вчерашниот состанок на Комисијата за молби и жалби при Фудбалската федерација на Македонија на барањата за раскин на договорите на штета на клуб поднесени од 15 фудбалери на Вардар кои беа дел од тимот во минатата сезона а на кои од страна на новото раководство нема да се смета за новата натпреварувачка година.

Комисијата, со образложение дека поради раководната смена во најтрофејниот македонски клуб но и суптилноста на материјата која се уште е со многу нејаснотии, најави докомплетирање на информациите за овој случај по што до крајот на неделава ќе биде донесена конечната одлука.

Од новото раководство на "црвено-црните" претходно најавија дека за новата сезона нема да сметаат на услугите на Георгиевски, Богатинов, Секуловски, Мојсов, Савиќ, Роберто Карлос, Ристевски, Фабио, Перендија, Леповиќ, Пименте Соуса..., кои минатата сезона беа стандардни првотимци на тимот, но во моментите на трансформација се одлучија поради, како што самите тврдеа неисплатена една плата, да ги бојкотираат официјалните натпревари на клубот а потоа поднесоа и барања за раскин на договорите на штета на клуб.

Во очекување на одлуката од ФФМ "отпишаните" вардарови фудбалери тренираат самоиницијативно паралелно и со обидите на поголемиот дел од нив да обезбедат интернационален ангажман за наредната сезона.

Инаку, на вчерашниот свој состанок Комисијата за молби и жалби не донесе одлука и околу барањата на осум фудбалери на Беласица, Стефан Петковски, Томе Пандев, Панче Христов, Зоран Начевски, Васко Георгиев, Трајко Робев, Томе Андреев и Горан Пројков, да се укине клупската дисциплинска казна од по шест месеци за секој фудбалер, со што би им се овозможило слободен настап за друг клуб. Вчера, се очекуваше да дојде до класично соочување со преставникот на Беласица, секретарот Славчо Тимов, меѓутоа истиот предходно даде изјава во која експлицитно бараше да се потврдат казните, па веднаш заминувајќи од седницата на Комисијата. И за овој случај Комисијата за молби и жалби при ФФМ не ја донесе одлуката одложувајќи тоа да биде рализирано во текот на оваа недела на својата редовна седница.


Борче Ристовски ги доби документите

Левокрилниот дефанзивец на "црвено-црните" Борче Ристовски од вчера е слободен фудбалер откако низ взаемен договор со раководството на тимот од "Градски" ги доби своите документи.

"Се договоривме со раководството да ги добијам документите по што слободно ќе може да ја променам средината во следната сезона", ни изјави вчера Борче Ристовски кој беше еден од ретките стандардни првотимци кои во финишот од минатогодишниот шампионат останаа верни на црвено-црните бои.

Ристовски е поранешен наш младински репрезентативец кој мина одлична сезона во Вардар потврдувајќи ги своите неспорни квалитети, меѓутоа сепак при прераспределбата на играчкиот кадар не се најде на списокот на новите финансиери на клубот. Претходно во Вардар мина од редовите на Македонија ЃП.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2008 во 17:13
ВАРДАРЦИ" ОД ЗЛАТИБОР ЌЕ СЕ ВРАТАТ СО УШТЕ ЕДНО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО НАПАДОТ

Младеновиќ ново име во Вардар!

* "По враќањето на тимот од Златибор и официјално ќе биде потпишан договорот со искусниот Ненад Младеновиќ кој претходно има настапувано и за белгискиот Гент и Металург Доњецк", ни изјави спортскиот директор на Вардар, Саше Милошевски

Вардаровата експедиција од подготовките на Златибор на 5 јули ќе се врати со уште едно засилување во нападот, искусниот српски офанзивец од редовите на ФК Смедерево, Ненад Младеновиќ.

И официјално, раководството на "црвено-црните" комплетно ги договори трансферните услови за доаѓањето на 31-годишниот Младеновиќ во вардаровиот дрес кој веќе се приклучи на составот на Ратко Достаниќ на подготовките на Златибор.

"Комплетно се е договорено Младеновиќ во следната сезона да го носи нашиот дрес", ни ја потврди информацијата и спортскиот директор на Вардар, Саше Милошевски, притоа дополнувајќи:

"Иако е сосема се јасно официјалниот договор со српскиот фудбалер ќе го потпишеме по враќањето на тимот од Златибор. Се работи за искусен, корпулентен но брз напаѓач кој сигурно ќе биде засилување во офанзивните редови".

Најтрофејниот македонски клуб на Ненад Младеновиќ ќе му биде осми клуб низ досегашната професионална кариера. Во Вардар доаѓа од Смедерево, а претходно во шампионатот на Србија има настапувано и за ОФК Београд (од 1997 до 1999 година), но и Обилиќ (од 1999 до 2002) каде три сезони беше најдобар стрелец. Својата интернационална кариера ја започнува во 2002 година минувајќи во редовите на украинскиот прволигаш Металург Доњецк каде останува три сезони, а по одличните настапи во Украина во 2005 година минува во редовите на еден од најдобрите белгиски клубови Гент каде настапува до 2007 година. Од 2007 година е во српскиот прволигаш Смедерево од каде една полусезона има минато и на позајмица во Ал Ахли.

Српскиот фудбалер вчера на Златибор требаше да ги реализира и првите тренинзи со новите вардарови соиграчи. Во моментов "вардарци" во нападот ги имаат и Бобан Јанчевски, Бурхан Емурлаху, Филип Петров, Музафер Ејупи и Немања Милисављевиќ.

Во клубот за престојната сезона странци се и Србите Жељко Ковачевиќ, Лазар Станишиќ, Немања Милисављевиќ и Иван Јовановиќ, како и крилниот дефанзивец, Нигериецот Адекунле Лукмон.

В.Булатовиќ

Поранешен репрезентативец на Србија

Новото засилување на Вардар, Ненад Младеновиќ (13.12.1976) е и поранешен репрезентативец на Србија.

Во биографијата на Младеновиќ зад неговото име се запишани и три официјални настапи во периодот од 2002 до 2003 во дресот на тогашната репрезентација на Југославија.

На пријателскиот натпревар на Југославија со Мексико во февруари 2002 година, настапил во составот заедно со Драгослав Јевриќ, Славиша Јокановиќ, Младен Крстајиќ, Синиша Михајловиќ, Владимир Југовиќ, Предраг Мијатовиќ, Саво Милошевиќ, Дејан Станковиќ, Матеја Кежман...

Во очекување на преговорите со Африканците

По ангажманот на Младеновиќ, според информациите од "Градски", неизвесно засега останува официјализирањето на договорите со двајцата претходно најавени африкански фудбалери, Иди Баба од Гана и Нигериецот Метју Ифеани.

Со оглед на големиот број странци во клубот, деновиве продолжуваат преговорите по што ќе биде дефинирано дали ќе има ангажирање и на нивните услуги.

"Продолжуваат преговорите со двајцата наведени Африканци. И покрај тоа што претходно го очекувавме нивното приклучување сепак, дополнително ќе биде донесена одлуката дали ќе следи официјален ангажман", вели Саше Милошевски.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2008 во 21:54
* "Црвено-црните", и покрај водството, со 2:1 загубија од српскиот прволигаш во натпревар кој беше само еден вид тренинг за избраниците на Достаниќ

ОФК БЕОГРАД - ВАРДАР 2:1 (2:1)

Игралиште од хотел "Швајцарија" на Златибор. Судија: Ненад Џокиќ (Србија). Стрелци: Мишан 31', Жеравица 39' (ОФК), Јанчевски 7' (В).

ОФК БЕОГРАД: Р. Илиќ, Бељиќ, Мрваљевиќ, Лазаревиќ, Волков, Адамовиќ, Мишан, Синчиќ, Касалица, Жеравица, Калуџеровиќ. Уште играа: Шаранов, Миловац, Марковски, И. Илиќ, Миленовиќ, Скопљак, Де Оливеира, Крстичиќ, Миловац, Милиќ, Караџиќ, Јелиќ.

ВАРДАР: Кметовски, Брага, Станишиќ, Ѓошевски, Божиновски, Глигоров, Мегленски, Јовановиќ, Масев, Положани, Јанчевски. Уште играа: Емурлаху, Аксентиев, Петров, Османи, Пеев, Најдовски и Јовановски


abe se gubi li od ovie !!!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.