IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 138>
Автор
Порака Обратен редослед
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2011 во 04:30
Ako sum sakal nekoja kolku sto te sakam tebe,
ako ti kazam deka nikogas dosega ne veruvav vo sebe,
ako sum patel po po nekoja kolku sto patam po tebe,
ako ti kazam deka solzite zaminaa zaesno so tebe,
ti go davam seto pravo da ne pluknes vo faca,
i da zamines so gordo podignata glava....
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2011 во 04:00
Трепери во мене длабоко
како стампедо протресува.
Силно се крева од утроба
и сака да излезе надвор.
А се ми се грчи,
како маченик исшибан со камшик.
Не се бранам оти не смеам
и неможам да се одбранам од себе.
Гневна на себе,на тебе
се виткам под грчеви на душата.
Повеќе гневна на себе
те пуштам слободно да одлеташ.
Звук на кинење на пранги
уши ми пара во ноќва.
Плач нем се кине однатре
и парчиња душа на сите страни.
Се веат остатоци на јарболот
од искинатата душа мала.
Само крвавите траги покажуваат
дека некогаш имало живот тука.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2011 во 16:37
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2011 во 12:46
Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:



ЗБУНЕТ
ФИЛМАЏИКА
ekszi88
ТОПСЕКСИ
КЕЈТ
ЕВРИДИЧЕ
КВЕНТИН
МАРИЈА МАГДАЛЕНА
МОНУШКА
ЗАГОР
МАММА
La Ninja
КАЛИНА
ПЕПЕРУТЧЕ
и сите вие што ве испуштив а заедно чекоревме некогаш по ОВОЈ плоштад и ја создаавме најубавата магија, каде и да сте, нека ви е СРЕЌНА НОВАТА 2011ГОДИНА



 големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање Isto i tebe Majstorce големо%20гушкање
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2011 во 08:07
ИСТО КАКО ЉУБОВНА

Знам, ќе дојде и тој ден
и ти ќе се пресликаш светла насмевка   
во темните ходници на иднинатата
за да станеш мое единствено минато
а јас ќе живеам надвор
од секое ново утре
потежок за една празнина од вчера
и ќе ја кријам болката
со туѓа болка под насмевката.

Ссмеј се, најмило, смеј се,
насмевките твои нека ми тежат...


БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2011 во 00:55
НОВ ЖИВОТ

Зад мракот сонце
пред сонцето мрак
еден чекор само треба
а колку многу сила ?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2011 во 17:05
КОПАЈ ДЛАБОКО


Копај длабоко во душата на детето што не сака да умре,
биди му и мајка и љубовница, и сестра и другарка,
копај тивко, со трпеливост на мачка кога демне плен,
копај во душата на детето што не сака да умре.

Најди ме закопан, затрупан под урнатините на гордоста,
исчисти ме од правот на вековите што идат,
со бакнежи и солзи измиј ми ги очите од гревови -
да прогледам, сам себе да се видам.

Копај длабоко во душата на детето што не сака да умре,
искастри го врежот за мислата,светлозрачната, внатре -
птица имам, од сонце испилена - од грешничка отруена,
во мене најди ја, во тебе оживеј ја...




БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2011 во 10:53
БЕЗ ТЕБЕ


Да сакаш до бескрај
е исто како да го гледаш
во далечниот хоризонт
златниот сјај на зајдисонцето.

Да љубиш усни кои те сакаат
е исто како да си го допрел
прекрасниот сјај на виножитото
после летен дожд.

Да преболиш болка во душата
е исто како да си изгубил дете неродено,
неподарено на светов земен,
а во исто време подарено на Бога.

Да умираш во себе од немири
е исто како да пружаш рака
за да ја дофатиш месечевата светлина
а неможеш ни да стигнеш до неа.

Да се живее без тебе
е исто како да не се дише,
исто како да нема крв во вените,
исто како да нема срце во градите.


Изменето од butterflyM55 - 12.Јануари.2011 во 10:54
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2011 во 04:35
          ЦИРКУС

Секој чекор,чинам напред оди,
а се во исто место стојам.
Ниту напред,нит назад пат,
само стапки во круг околу мене
како оска означена
и само си се вртам
во својата сопствена оска.
Патот веќе одамна не го познавам,
ниту правецот го паметам.
Сама со себе,без сопатник
с'е околу мене се врти,
како да сум на рингишпил.
Лунапаркот е тука.
Врева...луѓе...мешаници...
Циркусот одамна почнал,
а претставата никако да заврши.
Кловнот изведува нешто,
налик на шега,
а никој не се смее.
Никој веќе не се смее.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2011 во 23:59
КОБНАТА ДИПЛОМАТИЈА НА ЧУВСТВАТА

Ако се вљубам во твоите очи
и ги ги наречам езера во мојата песна
зар ќе биде важно дека не се сини.

Ако ме крунисаш за твој принц
а јас те прогласам за моја магепсана принцеза,
зар ќе биде важно другите што мислат за нас.

Но јас никогаш не се вљубив во твоите очи
и никогаш не бев принц на магепсана принцеза-
ох колку проклето важно ми беше мислењето на другите!
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2011 во 16:47
Те окрив
ме откри
толку малку
а сепак доволно
да се сокриеме
од самите себе
во ќорсокаците
на сопствените
лавиринти...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2011 во 09:52
СЕ УМИРА СЕКАДЕ

Се умира на улица,
во проданица,
на пазар,
се умира во кино
во редица за леб,
се умира секаде -
зошто не и во нечие срце...

Се умира во сон,
во туѓ роман,
во воздишка на нељубена жена,
се умира на боиште,
се умира...
се умира еднаш,
се умира стопати -
и цел живот може да се умира...

Се умира во кафеана,
на фудбалски натпревар,
се умира со песна,
со книга во раце,
со тежина во душата,
со неостварена желба
во највисок лет -
но само јас знам како се умира среќен
и преполн со убавина
со глава легната на твоите гради...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2011 во 20:33
МИРИС НА ДРУГО ВРЕМЕ

Ти не можеш да ја разбереш мојата воздржаност,
нo секоја моја скриена насмевка
безобразно открива нов детал на жена во тебе.

Палавке моја,
јас одамна заборавив што сакаат девојчињата...

Знаеш ли дека жените се прекрасни суштества
и хаотично се вознемируваат кога помислуваат желба.

Понекогаш навистина ме весели начинот на кој го пишуваш
мојот исчезнат љубовен роман на твоите усни -
толку многу што можам во еден здив да го прочитам од нив
и исто толку брзо да се опијам со твојот немир...

Ох, немирлике моја,
уште главниот лик бар малку да личи на мене!.

Зошто ли тогаш толку упорно ми бараш место во него,
како никој да не те научил дека животот не е роман
што завршува со првото поглавие.

Нестварна моја,
ноќе, кога заспивам, и твојата коса има мирис
на некое друго време.

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2011 во 00:18
ДИЈАЛОГ


И реков:
Влези едноставно.
баш така како кога влегуваш в банка
со стуткана заштеда за стари дни.

Ме праша:
ако ти дозволам да бидеш банкар
на моите чувства
ќе ги орочиш ли трајно
со камата од милион магии на ден?

Реков;
Прекрасна моја,
јас не сум волшебникот што може да ти направи сонце
од куп измислени зборови,
љубејќи те тајно цел живот
јас немав време за читање бајки.

Заплака.

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.