|
ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ |
Внеси реплика | страница <1 1213141516 68> |
Автор | |
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОПШТО ЗА ПРАЗНИЦИТЕ
Празниците се денови посветени на животот и делото на Господа Исуса Христа, на Пресветата Мајка Божја, или на светителите. Празниците се делат на: Господови, Богородични и светителски. Господови празници се: Раѓање на Господа Исуса Христа (Божик), Богојавление (Водици), Сретение Господово, Влегување на Г.И.Христа во Ерусалим (Цветници), Вознесение Христово (Спасовден), Духовден (Педесетница, Духови), Преображение Господово и Крстовден. Некои литургичари во Господови празници го вбројуваат и Обрезанието Господово. Воскресениеот Христово е празник над сите празници. Покрај спомнатите Господови празници, да ги споменеме и: Велики Четврток, Велики Петок, Велика Сабота, Преполовение, како и други празници што се поврзани со животот на Исуса Христа. Богородични празници се: Раѓање на Пресвета Богородица (Мала Богородица), Воведение во храм на Пресвета Богородица, Благовештение на Пресвета Богородица и Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) Има и други празници што не се во бројот на големи Богородични празници. Тие се празници што обележуваат некој момент од животот на Пресветата Богородица, пример: Покров на Пресвета Богородица и Полагање риза на Пресвета Богородица. Во Светителски празници спаѓаат сите останати празници, а се наоѓаат во „Православниот календар“ и во „Житијата на светиите“. Овде спаѓаат празници посветени на: Ангели, Пророци, Апостоли, Светители, Маченици, Светии, Преподобни... |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
23 ДЕКЕМВРИ/ 03 ЈАНУАРИ
Прeп. Наум Oхридски Чудoтвoрeц. Учeник на св. Кирил и на св. Мeтoдиј и eдeн oд Пeттoчислeницитe кoи најрeвнoснo сoрабoтувалe сo тиe слoвeнски рамнoапoстoли. Св. Наум патувал вo Рим кадe штo сe прoславил сo чудoтвoрната сила какo и сo гoлeмата учeнoст. Бил пoзнавач на мнoгу јазици. Пo враќањeтo oд Рим тиe, сe насeлилe, сo пoмoш на царoт Бoрис Михаил, на брeгoвитe на Oхридскoтo Eзeрo. Св. Климeнт дeлувал какo eпискoп вo Oхрид, а св. Наум на јужниoт брeг на eзeрoтo oснoвал манастир, кoј и дeндeнeс гo украсува тoј брeг какo штo имeтo на св. Наум ја украсува истoријата на слoвeнскoтo христијанствo кoј низ вeкoвитe бил извoр на чудoтвoрна сила и прибeжиштe на бoлнитe и страдалницитe. Oкoлу св. Наум сe сoбралe мнoштвo мoнаси oд сeкадe на Балканoт. Св. Наум бил мудар учитeл, eдинствeн ракoвoдитeл на мoнаситe, рeшитeлeн пoдвижник, чудoтвoрeн мoлитвeник и духoвник. Нeумoрниoт трудбeник св. Наум пoсeбнo сe трудeл на прeвeдувањeтo на Св. писмo и oстанатитe цркoвни книги oд грчки јазик на слoвeнски. Правeл чуда и за живoтoт и пo смртта. Нeгoвитe чудoтвoрни мoшти и дeнeс зачудуваат сo мнoгубрoјнитe чуда, пoсeбнo сo исцeлувања oд тeшки бoлeсти, а пoсeбнo лудилo. Сe упoкoил вo првата пoлoвина на X вeк и сe прeсeлил вo радoста на љубeниoт Христoс. ) Изменето од Miki_P - 05.Јануари.2009 во 23:26 |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
22 ДEКEМВРИ / 04 ЈАНУАРИ 1. Св. вeл. мч. Анастасија Узoрeшитeлница и други сo нeа. Oваа славна јунакиња на вeрата Христoва сe рoдила вo Рим, вo сeнатoрски и бoгат дoм, oд таткo нeвeрник и мајка христијанка. Oд раната младoст сe прилeпила кoн qубoвта Христoва oд нeкoј благoчeстив учитeл Хрисoгoн. Присилeна oд таткoтo, Анастасија стапила вo брак сo нeкoј нeзнабoжeчки властeлин Публиј. Нo наoѓајќи изгoвoр вo жeнска бoлeст, таа нe сакала никакo сo нeгo да стапи вo тeлeсна врска. Заради тoа мажoт тeшкo ја мачeл сo затвoр и сo глад. А уштe пoвeќe ја мачeл кoга дoзнал дeка таа тајнo oди вo затвoрoт кај христијанскитe мачeници, на кoи им нoси пoнади, им служи, им ги миe ранитe, им ги прoмeнува нивнитe алишта. Нo пo Бoжја прoмисла била oслoбoдeна oд лoшиoт маж. Публиј бил испратeн oд царoт вo Пeрсија, па патувајќи пo мoрeтo, пoтoнал. Тoгаш св. Анастасија пoчнала слoбoднo да им служи на мачeнитe христијани и сo свoeтo гoлeмo наслeдствo да ги тeши сирoмашнитe дeлeјќи им милoстина. Eднаш царoт Диoклeцијан бил вo градoт Аквилeј, па нарeдил да му гo дoвeдат испoвeдникoт Христoв Хрисoгoн. Нeгo пo патoт гo придружувала св. Анастасија. На свeти Хрисoгoн пo запoвeд на царoт му била oтсeчeна главата. Тoгаш пoстрадалe и тритe сeстри: Агапија, Хиoнија и Ирина (види, 16 април): првитe двe билe фрлeни вo oган, а трeтата била сo стрeла прoстрeлана. Нивнитe тeла ги зeла св. Анастасија, ги завиткала вo бeлo платнo, oблoжувајќи ги сo мнoгу мириси и чeснo ги пoгрeбала. Пoтoа Анастасија oтишла вo Макeдoнија кадe штo им пoмагала на Христoвитe страдалници. Oвдe била распo-зната какo христијанка заради штo била фатeна и вoдeна на сoслушувањe и на измачувањe кај разни судии. Сакајќи да у-мрe за qубeниoт Христoс, Анастасија нeпрeстајнo вo свoeтo срцe пoвикувала кoн Нeгo. Нeкакoв началник на жрeцитe, Улпијан, сакал пoхoтливo да сe дoпрe дo тeлoтo на св. Ана-стасија, нo oдeднаш oслeпeл и пoчинал. Oсудeна на смрт сo глад, св. Анастасија прeлeжала вo затвoр 30 дeна бeз храна, хранeјќи сe eдинствeнo сo сoлзитe и сo мoлитвата. Пoтoа би-ла ставeна вo лаѓа сo уштe нeкoлку христијани за да бидe пo-тoпeна, нo Бoг и oд таа смрт ја сoчувал. Најпoслe била врза-на над oган сo рацeтe и сo нoзeтe за читири кoлци, и така ја прeдала свoјата свeта душа на Бoга. Пoстрадала и сe прeсe-лила вo Христoвoтo царствo вo 304 гoдина. 2. Св. мч-чка Тeoдoтија сo тритe дeца. Oстанувајќи вдoвица сo три свoи чeда, Тeoдoтија цeлoснo сe прeдала на Бoжја служба и на вoспитувањe на свoитe дeца вo благoчeстивата вeра. Кај нeа сeдeла св. Анастасија кoга била вo Макeдoнија и заeднo сo нeа ги пoсeтувала затвoрeницитe заради Христа пo затвoритe. Кoга била извeдeна на суд, Тeoдoтија смeлo гo испoвeдала Христа Гoспoда. Тoгаш била испратeна кај антипатoт Никитиј Витиниски. Кoга eдeн бeсрамeн нeзнабoжeц сакал да сe дoпрe дo нeјзинoтo тeлo, наeднаш здoглeдал крај нeа ангeл Бoжји и бил удрeн oд ангeлoт. На смрт oсудeна и вo вжарeна пeчка фрлeна заeднo сo тритe свoи дeца, св. Тeoдoтија чeснo гo завршила свoјoт живoт и прeминала вo царствoтo на вeчната слава. |
|
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
|
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светата маченичка Јулијанија и шестотини и триесетте маченици со неа
Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабожци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ѝ беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијанија му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне таквиот висок чин. Но Елевсиј се потруди, па со ласкање и мито го придоби чинот никомидиски епарх. Тогаш Јулијанија му откри дека е христијанка и дека не може со него да стапи во брак додека и тој не ја прими христијанската вера, велејќи му: „Што ни вреди да бидеме телесно соединети, кога духовно би биле разединети?“ На ова Елевсиј се огорчи и ја обвини кај татко ѝ. Јаросен татко ѝ ја исмеа и ја изнатепа, а потоа му ја предаде на мачење на епархот. Епархот нареди и многу ја тепаа, па потоа ранета и искрвавена ја фрлија во затвор. Но Господ во затворот ја исцели и таа се јави пред епархот сосема здрава. Овој потоа ја врза и ја фрли во вжарена печка, но огнот не ја докосна. Кога го видоа тоа чудо мнозина поверуваа во Господ Исус Христос. Такви обратени имаше петстотини од машкиот и сто и триесет од женскиот пол. Сите нив епархот ги осуди на смрт и нив ги убија со меч. Нивните души се преселија во Рајот. Тогаш злобниот судија ја осуди на убиство со меч и Света Јулијана. Таа излезе на губилиштето радосна со духот. Му се помоли на Бога и ја положи главата за отсекување. На денот на тоа убиство душата на светителката отиде во Царството на вечната Христова светлина, во 304 година. Набрзо Елевсиј го постигна Божја казна. Кога пловеше по морето му се разби коработ, а тој падна во водата. Но не најде смрт во водата туку доплива до некој остров, каде што го растргнаа и го изедоа кучиња. Свети Петар Чудотворец, митрополит Руски Роден е во Волинската област и монашки чин прими во дванаесеттата година од животот. Беше прекрасен подвижник и иконописец. Основа манастир на реката Рата, таму беше игумен. Наспроти неговата волја го поставија за митрополит Киевски. За митрополит беше посветен во Цариград од патријархот Атанасиј. Претрпе неволји од завидливците и од еретиците. Со Црквата управуваше осумнаесет години. Се памети како добар и ревносен пастир. Додека беше жив си направи гробница во Успенскиот храм, каде што до денес почиваат неговите Свети и чудотворни мошти. Се упокои во 1326 година. Светиот маченик Темистокле Како млад беше овчар и чуваше овци во некое поле близу градот Мир Ликиски. Во тоа време мачителите на христијаните го гонеа Св. Диоскорид, па наидоа во полето на Темистокле и го прашаа дали го видел гонетиот и знае ли каде се крие. Иако знаеше, Темистокле не сакаше да признае, но им рече за себе дека е христијанин. Го мачеа и го убија во времето на Декиј, во 251 година. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил Сите четворица беа од царското племе Јудино. Кога царот Навуходоносор (или Невукаднезар) го разори и заплени Ерусалим, тогаш и Даниил, како момченце, беше одведен во ропство заедно со јудејскиот цар Јоаким и со мнозина други Израилци. Исцрпниот опис на неговиот живот, страдања и пророштва може да се најде во неговата книга на Светото Писмо. Сиот предаден на Бога, Св. Даниил од раната младост од Бога доби дар на голема проѕорливост. Неговата слава меѓу Јудејците во Вавилон започна кога ги изобличи двајцата похотливи и неправедни старци, еврејски судии, и ја спаси од неправедна смрт целомудрената Сосана (Сузана). А неговата слава меѓу Вавилонците започна од оној ден кога му го погоди и протолкува сонот на царот Навуходоносор. За ова царот го направи кнез на својот дворец. Кога царот направи златен идол во полето Деира, тројцата младенци не сакаа да му се поклонат на идолот, заради што беа фрлени во огнена печка. Но им се јави ангел Божји во печката и го разлади огнот и младенците шетаа низ печката неповредени од огнот и пееја: „Благослвен Си Господи на нашите отци“. Царот го виде ова чудо и го опфати ужас. Ги изведе младенците од печката и ги опсипа со големи почести. Во времето на царот Валтазар, кога на една гозба царот јадеше и пиеше со своите гости од осветените садови земени од ерусалимскиот храм, невидлива рака на дуварот напиша: „мани, текел, фарес“. Тие зборови освен Даниил никој не можеше да ги протолкува. Таа ноќ царот Валтазар беше убиен. Заради верата во живиот Бог Даниил беше фрлан во лавовска јама давапати. И двата пати Господ го избави и го сочува жив. Тој Го виде Бога на престолот со ангелските сили, гледаше ангели, проникнуваше во иднината на некои луѓе, царства и на севкупниот човечки род, го прорече времето на доаѓањето на Спасителот на земјата. Според Св. Кирил Алкесандриски Даниил и тројцата младенци доживејаа длабока старост во Вавилон и беа убиени со меч заради вистинската вера. Кога го убија Ананиј, Азариј ја спростре својата облека и ја прими неговата глава; потоа Азариината глава ја прими Мисаил, А Мисаиловата Даниил. Ангел Божји ги пренесе нивните тела во Јудеја, на гората Гевалска и ги положи под камен. Според Преданието, овие четворица Божји угодници во времето на смртта на Господ Христос станаа и им се јавија на мнозина, па повторно заспаа. Даниил се смета меѓу четворицата големи Пророци (Исаија, Еремија, Језекил и Даниил). Живееше и пророкуваше половина милениум пред Христа. Преподобен Даниил (Донале) Големец и гувернер на островот Ниверте кај Кадикс во Шпанија. Штом ја спозна суетата на овој свет ги напушти славата и богатството, па дојде во Рим, каде што се замонаши. Потоа отиде во Цариград и таму разговараше со царевите Константин и Роман Порфирородни, па потоа се упати во Ерусалим. Во Ерусалим прими Голема схима од патријархот Христодул, кој му го даде името Стефан. Мачен од Сарацените коишто го принудуваа да си ја избриче брадата, тој се оддалечи во Мисир, каде што за името Исусово претрпе многу маки и смрт. Во Царството Христово се пресели на крајот од 10 век. Преподобните новомаченици Пајсиј и Авакум Пајсиј беше игумен на манастирот Трнава кај Чачак, а Авакум му беше собрат и ѓакон. Обајцата како христијани Турците ги набија на колци во Белград на Калемегдан, на 17 декември 1814 година. Носејќи си го колецот низ белградските улици Авакум храбро пееше. Мајка му со солзи го молеше да се потурчи, но тој цврсто одолеа и прими маченичка слава од Господа Христа. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денес Црквата ги слави светите Јоаким и Ана, родителите на Марија, која се удостои, како избрана од целиот човечки род, да го роди самиот Бог. Уште попрецизно, Црквата се сеќава со радост на зачнувањето на онаа што подоцна ќе ја слават сите родови како Богородица. Во таа смисла, светите Јоаким и Ана. Црквата ги нарекува богоотци.
btw, na kerkami i e imenden i prezimen den Изменето од apce - 22.Декември.2008 во 14:39 |
|
apce
|
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преподобен Патапиј Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската пустина, каде што се предаде на подвиг на очистување на своето срце од сите светски помисли и желби заради љубовта Божја. Но кога неговите добродетели станаа познати меѓу луѓето, почнаа да му доаѓаат и од него да бараат ослободување од маките. Плашејќи се од човечката слава којашто го помрачува човечкот ум и одвојува од Бога, Патапиј побегна од таа пустина во Цариград. Зашто овој чуден светител мислеше дека можеби полесно ќе се скрие од луѓето во градот одошто во пустината. Си направи колиба во близина на црквата Влахерна во Цариград и таму, затворен и непознат, го продолжи својот испоснички подвиг. Но таа светлина не може да се скрие. Едно момче, слепо од раѓање, водено од Промислата Божја, дојде кај Св. Патапиј и го замоли за молитва кон Бога за да прогледа и да го види созданието Божјо, та уште повеќе да Го прослави Создателот. Патапиј се смилува на страдалникот, Му се помоли на Бога и момчето прогледа. Ова чудо го откри богоугодникот во целата престолнина и луѓето тргнаа кај него по лек, утеха и поука. Еден прочуен човек Патапиј го исцели од водена болест само што го прекрсти и го помаза со елеј. Едно момче го ослободи од нечистиот дух што го мачеше луто, творејќи крст во воздухот. Демонот излезе од човекот како дим, испуштајќи голем крик. Една жена што имаше рана на градите, исполнета со црви, ја прекрсти и ја исцели. Многу други чуда пројави Св. Патапиј со молитва, со името Христово и со знакот на Крстот. Се упокои во длабока старост и замина во Небесното Царство во 7 век. Светите апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар Сите тие се празнуваат на 4 јануари со останатите помали апостоли. Св. Аполос се празнува посебно на 10 септември, Кифа и Кесар на 30 март. Св. Состен беше епископ во Кесарија. Тихик му беше наследник на истото место, Епафродит во Адријанија Памфилиска, Кифа во Иконија, а Кесар во Корона Пелопонеска. Сите го проповедаа Евангелието со пламена љубов и претрпеа маки за Христовото име, па преминаа во царството на вечната радост. Светите маченици во Африка Пострадаа од еретиците аријанци во времето на владеењето на вандалскиот крал Гунерик или Гензерик (477 г. – 484 г.) за вистината на православната вера. Двајца свешетници беа изгорени, шеесет јазици пресечени и беа заклани триста мирјани. Сите пострадаа, но со нивната смрт ја победија лагата. Го утврдија Православието и нам ни го предадоа чисто и светло. Господ ги овенча со славата на Своето бесмртно царство. Амин. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот пророк Наум Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, од онаа страна на Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона ѝ ја прорече пропаста на Нинивија. Од пророштвото на Јона Нинивјаните се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но со време тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господ оставајќи ја малечката книга со неговите вистинити пророштва. Свети Филарет Милостив Од селото Амниј во Пафлагонија. Во почетокот Филарет беше мошне имотен човек, но делејќи им големи милостињи на сиромасите многу осиромаши. Тој пак, не се уплаши од сиромаштијата туку со надеж во Бога, Кој рече: „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани“, продолжи да твори милосрдие не обѕирајќи се на негодувањето на својата жена и на децата. Додека еднаш ораше на нива, му дојде еден човек и се пожали дека штотуку му цркнал волот во јаремот, а дека не би можел да ора со еден вол. Филарет испрегна еден вол од својот чифт и му го даде. Му го даде и својот последен коњ на некого што беше повикан да оди во војна со коњ. Го даде и телето на последната крава, а кога забележа дека кравата рика по раздвоеното теле, му довикна на човекот што го даруваше, па му ја даде и кравата. И остана престарениот Филарет без храна во празната куќа. Но тој Му се молеше на Бога и во Бога се надеваше. И Бог не го остави праведникот да биде посрамен во надежта своја. Во тоа време царуваше Ирина со својот млад син Константин. Според тогашниот обичај, царицата испрати луѓе по целото царство да ја бараат најдобрата и најугледната девојка со којашто би го оженила нејзиниот син цар. По Божја Промисла тие луѓе дојдоа на конак во куќата на Филарет, ја видоа неговата внука Марија, ќерката на неговата ќерка Ипатија, прекрасна и кротка, и ја одведоа во Цариград. Девојката му се допадна на царот и тој се венча со неа, а Филарет и целото негово семејство ги пресели во престолнината и им даде голема чест и богатство. Но Филарет не се погордеа со таквата ненадејна среќа, туку благодарен кон Бога, продолжи сега да врши добри дела уште повеќе од порано. И остана во тоа до смртта. Во својата девдесетта година ги викна децата да ги благослови и ги поучи да се држат за Бога и за законот Божји и со проѕорлив дух, како некогаш Јаков, му прорече на секого како ќе го проживее овој век. Потоа легна во манастирот Родолфија и Му ја предаде својата душа на Бога. Пред смртта лицето му заблеска како сонце, а по неговата смрт од него излезе необичен благоухан мирис и од неговите мошти се случија чуда. Овој Божји праведник се упокои во 797 година. Неговата сопруга Теозва, како и сите негови деца и внучиња, поживеаја богоугодно и се упокоија во Господа.
|
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него Во Витинија Азиска некој кнез Аквилин ужасно ги прогонуваше христијаните. Еднаш тој фати триста и седумдесет христијани и ги поведе со себе врзани на некое место каде што беше храмот на идолскиот Бог Посејдон. Овде изопачениот кнез ги принудуваше да му се поклонат на идолот и да му принесат жртва. Иако кнезот му се закануваше со смрт на оној којшто нема да се покори на неговата заповед, ниеден христијанин не му се потчини. Во тој миг покрај храмот поминуваше еден чесен маж по име Парамон. Тој застана крај толпата врзани луѓе и дозна за што се работи, па возвикна: „О колку невини праведници сака да заколи скверниот кнез затоа што не им се поклонуваат на неговите неми и мртви идоли!“ И Парамон го продолжи својот пат. Тогаш разјарен кнезот ги испрати своите слуги за да го убијат Парамон. Слугите го стигнаа, го фатија, па прво му го прободија со трн јазикот, а потоа го разголеа и така му го избодија целото тело. Свети Парамон Му ја предаде душата на Бога со молитва во срцето. Потоа оние триста и седумдесет маченици, големи како синови Божји и невини како јагниња, беа убиени со меч, па преминаа во бесмртното царство на Господ Христос. Пострадаа во 250 година. Преподобен Акакиј Синајски Во својата славна книга Лествица Св.Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј бил искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот Сатрец везден го укорувал и го навредувал Акакиј, а често и го тепал, и на сите начини го измачувал и малтретирал. Но Акакиј не се жалел и сето тоа го поднесувал трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашал некој како живее, одговарал: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умрел. Старецот го закопал и отишол да му се пожали на еден свет Старец, велејќи: „Акакиј, мојот ученик, умре.“ „Не верувам, “ одговорил Светиот Старец. Акакиј не умре.“ Тогаш обајцата отишле на гробот на умрениот и оној свет Старец повикал: „Брате, Акакиј, умре ли?“ А послушниот Акакиј и по смртта послушен, одговорил: „Не, оче, не може да умре оној што е послушен“. Тогаш оној зол Старец се покајал, се затворил во една келија близу гробот Акакиев, каде што остатокот од животот го поминал во покајание и во молитва. Светиот маченик Дионисиј, епископ Коринтски Познат пастир и учител. Убиен за Христа во 182 година. Свети Тиридат цар ерменски Современик на Диоклецијан. Најпрво страшно ги гонеше христијаните. Но го постигна Божја казна и тој полуде и стана сличен на скот, како некогаш Навуходоносор. Од лудилото го исцели чудесно Св. Григориј (под 30 септември). Оттогаш па до смртта Тиридат поживеа во покајание и благочестие. Се упокои мирно во 6 век. Светиот маченик Аполониј Римски сенатор. Обвинет за верата во Христа, тој ја исповеда својата вера пред целиот Сенат, заради што беше убиен со меч, во Рим, 186 година |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преподобниот маченик Стефан Нови Како некогаш Ана, мајката на Самуил, и Стефановата мајка Ана Го молеше Бога да ѝ подари еден син. Молејќи се така еднаш во црквата Влахерна пред иконата на Пресвета Богородица, ја фати лесен сон, во којшто Ја виде Пресветата Дева како блескаво сонце и слушна глас од Неа: „Оди си со мир, жено. Според твоите молитви имаш син во твојата утроба“. И навистина Ана зачна и роди син, овој свет Стефан. Во шеснаесетата година Стефан прими монашки чин на Аксентиевата Гора кон Цариград, од Старецот Јован, од кого се научи на Божествената мудрост и на подвижништво. А кога Старецот Јован се упокои во Господ, Стефан остана на таа гора строго подвизувајќи се и наложувајќи си труд на труд. Неговата светост привлече многумина ученици. Кога царот Константин Копроним ги прогонуваше иконите уште полуто од својот татко Лав Исавријанин, Стефан се покажа како ревносен заштитник на почитувањето на Светите икони. Безумниот цар примаше разни гнасни клевети против Стефан, а и самиот уредуваше разни сплетки само за да го скрши и да си го тргне од патот. Стефан беше прогонет на островот Проконис, потоа доведен во Цариград, окован и фрлен во затвор, каде што го сретнаа триста четириесет и двајца монаси затвореници, доведени од разни страни и затворени заради почитување на иконите. Во затворот го вршеа црковното правило како во манастир. Свирепиот цар го осуди Стефан на смрт. Светителот четириесет дена претходно ја предвиде својата смрт и се прости со браќата. Царските слуги го извлекоа од затворот биејќи го и тргајќи го го влечеа по цариградските улици, повикувајќи ги сите што се со царот да го каменуваат овој „противник на царот“. Некој од еретиците го удри со дрво по глава светителот и тој издивна. Како што првомаченикот Стефан пострада од Евреите така и овој Стефан пострада од иконоборните еретици. Славно го заврши животот во 767 година, во педесет и третата година од својот живот, кога прими маченички венец од Господ Христос. Светиот новомаченик Христо Албански христијанин, населен во Цариград, градинар по занимање. При продажбата на својот зеленчук се замери со еден Турчин, којшто го наклевети пред судот и рече дека Христо ветил дека ќе се потурчи па одрекол. После мачење го оковаа и го фрлија во затвор. Во затворот некој му понуди да јаде, но тој одби говорејќи: „Подобро гладен да се јавам пред мојот Господ“. Потоа извади врзоп пари што ги имаше под појасот и му ги даде на еден затвореник, со молба да му отслужат неклолку заупокоени литургии. Убиен е од Турците во 1748 година и засекогаш прославен во Царството Христово. Преподобна Ана Благородна жена. По смртта на својот маж прими потстриг од Св. Стефан Нови. Царот Копроним ја наговараше да рече дека имала недозволени односи со Св. Стефан за да може да го унижи пред народот. Но оваа света жена никако не сакаше да влезе во таа царева сплетка против Светителот когошто го почитуваше како свој духовен отец. Заради ова ја биеја, а потоа ја фрлија во затвор, каде што ја предаде душата на Бога. Светиот благоверен цар Маврикиј Погубен е заедно со неговите пет синови од царот Фока во 602 година. Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици
Во времето на владеењето на царот Јулијан Отстапник, кога христијаните биле прогонувани, Тимотеј, Комасиј, Евсевиј и Теодор ја напуштиле Никеја и се населиле во Солун. Потоа го оставиле Солун и се преселиле во Тивериопол, денешна Струмица. Тимотеј станал епископ на тивериополската Црква. Комасиј се откажал од војничкиот чин и се замонашил проповедајќи го словото на Вистината во тивериополските села. Евсевиј исто така бил монах којшто луѓето најмногу ги привлекувал со своите добри дела. Теодор, епископ, бил еден од триста и осумнаесете богоносни Отци кои учествувале на Соборот во Никеја. Кон овие четворица притекнале и Петар, Јован, Сергиј, Теодор, Никифор кои што биле презвитери, Василиј и Тома коишто биле ѓакони, Еротеј, Даниил и Харитон коишто биле монаси и Сократ кој порано бил војник, но се откажал од сѐ и станал дел од овој добар лик на Отците. И тие, кога се собрале сите заедно, воделе вистински ангелски живот просветлувајќи ги жителите на Тивериопол со светлината на познанието. Кога за ова дознал царот Јулијан испратил луѓе во Тивериопол со заповед тамошните жители да се откажат од Христа и да им се поклонат на идолите. Најпрвин пред царските пратеници биле повикани овие петнаесет свети мажи. Но, бидејќи тие не сакале да им принесат жртва на демоните и на нивните идоли веднаш биле осудени на смрт и посечени со меч. Кога Светиите го завршиле својот благочестив живот нивните чесни тела многу денови стоеле зафрлени бесчесно за да бидат изедени од кучиња, ѕверови и птици. Но, Господ ги запазил недопрени и неповредени така што оние што ги гледале го прославувале Христа Бога. Подоцна некои христијани се собрале и ги подигнале со почести чесните тела на Мачениците, ги завиткале во чисти плаштаници и откако ги извршиле сите служби, ги положиле во Тивериопол, секого во посебен ковчег, на којшто било напишано името на секого од нив, каков живот водел и каков чин имал во Христа. И по смртта, Мачениците чинеле големи чудеса не само на месните жители туку и надвор од границите на Тивериопол, така што мнозина од Елините познавајќи ја Вистината пристапувале кон верата Христова и се крштевале. На тој начин ниту во Тивериопол, ниту во околината не останал ниту еден безбожник. А верата се беше распространила и во останатите западни краишта така што Тивериопол станал како некоја кула од секаде видлива, којашто ја раздавала и на другите градови светлината на верата и ги враќала од мракот на заблудата оние што се наоѓале во длабокото море на неверието. Светите Петнаесет Тивериополски свшетеномаченици и денес се почитуваат како покровители и заштитници на градот Струмица. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот маченик Јаков Персијанец Роден е во персискиот град Елапа или Вилат, од христијански родители, воспитан во христијанската вера и оженет со христијанка. Персискиот цар Издигерд го засака Јаков заради неговата надареност и спретност и го направи прв благородник на својот дворец. Поласкан од царот, Јаков се опрелести и им принесе жртва на идолите на коишто царот им се поклонуваше. Кога слушнаа за ова, мајка му и жена му му напишаа прекорно писмо во коешто го оплакуваа како богоотпадник и душевен мртовец, молејќи го сепак при крајот на писмото да се покае и да Му се врати на Христа. Трогнат од ова писмо Јаков горко се покаја и одважно ја исповеда пред царот својата вера во Господ Христос. Разгневен царот го осуди на смрт, но со тоа што деловите на телото да му ги сечат еден по еден сѐ додека не издивне. Џелатите буквално ја исполнија оваа заповед на нечестивиот цар и му ги отсекоа на Јаков најпрво прстите на рацете, па прстите на нозете, па нозете, па рацете, рамената и најпосле главата. При секое сечење маченикот најпрво Му оддаваше благодарност на Бога. Од неговите рани излегуваше благоухан мирис како од кипарис. Така овој прекрасен маж го покаја својот грев и се престави со душата пред својот Бог Христос, во Царството небесно. Пострада околу 400 година. Главата му се наоѓа во Рим, а дел од моштите во Португалија, каде што се празнува на 22 мај. Седумнаесет Индиски преподобни маченици Христијански монаси, пострадаа од индискиот цар Авенир. Царот Авенир се разлути на Старецот Варлам затоа што го крсти царскиот син Јоасаф и испрати потери по Варлам. Потерите не го фатија Варлам, но фатија други седумнаесет монаси и ги доведоа пред царот. Царот ги осуди на смрт, па откако најнапред им ги избодија очите, им ги отсекоа јазиците, им ги искршија нозете и рацете, ги убија со меч. Но со крвта на овие Христови витези уште повеќе се утврди Христовата вера во Индиското царство. Преподобен Роман Чудотворец Се подвизуваше во околината на Антиохија. Во својата келија никогаш не ложеше оган и не палеше свеќа. Се упокои мирно. Беше чудотворец за време на животот и после смртта. Им помага на неплодните жени кога му се молат. Преподобен Пинуфриј Тој е современик на Св. Касијан (29 февруари) и голем мисирски подвижник. Живееше во 4 век и се подвизуваше на разни места, сѐ бегајќи од човечките пофалби. Имаше многу ученици, коишто се трудеа да го подражаваат возвишениот пример на својот учител. Преподобен Натанаил Монах нитриски. Деноноќно Му се молеше на Бога и се просветуваше со размислување за Божествените нешта. Не излегуваше од својата келија ни преку нејзиниот праг полни триесет и осум години. Се упокои во Господ во втората половина на 6 век. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Воведение на Пресвета Богородица 04/12/2008 Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Ерусалим има три дена пат, но одеа на богоугодно дело и патот не им беше тежок. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и ангелите Божји. Напред одеа девиците со запалени свеќи во рацете, потоа Пресветата Дева, водена од едната страна од Јоаким, а од другата од Ана. Беше украсена со царска благолепна облека и со украси, како што ѝ прилега на царска ќерка, на невеста Божја. Зад нив одеа многубројни роднини и пријатели, сите со запалени свеќи. Пред храмот имаше петнаесет скалила. Родителите Ја кренаа Дева на првото скалило, а Таа тогаш сама брзо се искачи на врвот, кај што Ја дочека првосвештеникот Захарија, таткото на Св. Јован Предвесник. Кога првосвештеникот Ја зеде за рака, Ја воведе не само во храмот туку и во Светињата на светињите, каде што никој никогаш не влегуваше, освен архиерејот. Св. Теофилакт Охридски вели дека Захарија бил „надвор од себеси и обземен од Бога“ кога Ја воведувал Дева во најсветото место во храмот, зад втората завеса, поинаку не би можела да се објасни оваа постапка. Во онаа прилика родителите на Дева Марија според Законот, Му принесоа жртви на Бога примија благослов од свештеникот и се вратија дома, а Пресветата Дева остана при храмот. Таа пребиваше во храмот цели девет години. Родителите Ја посетуваа често додека беа живи, особено блажената Ана. А кога нејзините родители беа повикани да се престават кај Бога, Пресветата Дева остана сираче и не сакаше до нејзина смртта да се оддалечува од храмот ниту да стапи во брак. Бидејќи тоа беше спротивно на Законот и на обичајот во Израилот, кога наврши дванаесет години му ја дадоа на Св. Јосиф, нејзиниот роднина од Назарет, за под вид на свршеница да живее со него во девственост и привидно да го задоволи Законот. Зашто во тоа време не се знаеше во Израилот девојките да се заветуваат на девственост до крајот на животот. Пресвета Дева Марија беше прва таква доживотно заветувана девојка и Нејзе потоа Ја следеа незнајно мнозинство девственици и девственички. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преподобен Григориј Декаполит Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј и Марија, родители угледни и благочестиви. Кога заврши училиште родителите сакаа да го oженат, но тој побегна во пустина и се замонаши. Живееше по разни места: во Византија, во Рим, на Олимписката Гора. Каде и да одеше секаде ги восхитуваше луѓето со своите подвизи и чуда. Се случуваше да го огрее небесна светлина; да му се јават ангели Божји. Ја гледаше убавината на ангелите и го слушаше нивното умилно пеење. Поживеа долго и богоугодно и мирно се упокои во 9 век во Цариград, кога се пресели во радоста на својот Господ. Свети Прокл, патријарх Цариградски Ученик на Св. Јован Златоуст. Во 426 година го посветија за епископ Кизички, во 435 година избран е за патријарх Цариградски. Управуваше со Божјата Црква како мудар архиереј. Во негово време се случија два значајни настани. Прво, преносот на моштите на Св. Јован Златоуст од Коман во Цариград, според желбата на царот и патријархот. Во тоа време царуваа Теодосиј Помладиот и сестра му Пулхерија. Второ, имаше голем земјотрес во Цариград и околината. Многу од најголемите и најубавите зданија попаѓаа од силен трус. Тогаш патријархот со царот и со многубројно свештенство, големци и народ излегоа на литија. И кога на литијата Му се молеа на Бога, се случи едно дете беше чудесно земено високо во воздухот, така што најпосле не можеше да се види со очите. Потоа се врати и се спушти лесно на земјата. Кога го прашаа каде беше, детето одговори дека беше однесено на небото меѓу ангелите и ги слушна како пеат: „Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни помилуј нѐ!“ Кога го слушнаа ова сите луѓе во литијата почнаа да ја пеат оваа песна и земјотресот веднаш престана. Оттогаш оваа прекрасна песна се вплоти прво во литиите, а потоа во литургијата на Црквата. А детето наскоро се упокои и го погребаа во црквата на Св. Ирина. Свети Прокл послужи како архиереј дваесет години и во 446 година се упокои мирно во Господ. Светите маченици Евстатиј, Теспесиј и Анатолиј Родени браќа од Никомидија, од незнабожни родители, Филотеја и Евсевиј, коишто подоцна ја примија вистинската вера од Св. Антим Никомидиски, заедно со своите синови. Филотеј беше ракоположен за презвитер. Кога тој со жена му се упокои, настана страшното гонење на христијаните под злочестивиот цар Максимијан и тројцата Филотееви синови беа изведени на суд. Беа судени, мачени, истизавани на разни начини и најпосле осудени на смрт. Повеќепати им се јавуваа во затворот ангели, па им даваа за храна манна и ги исполнуваа нивните млади срца со сила и храброст во трпењето. Кога ги изведоа на губилиштето им пријдоа двајцата другари, Паладиј и Акакиј и разговараа со нив. И додека уште разговараа, Светите маченици Му ги предадоа на Бога своите души. Тогаш војниците им ги отсекоа мртвите глави и ги однесоа за да му ги покажат на судијата. Пострадаа за Господ Исус Христос околу 313 година. Свети Исак, архиепископ Ерменски Се роди во Цариград, во време кога неговиот татко беше пратеник на царот ерменски на византискиот дворец. Беше десетти архиепископ Ерменски и во тој чин управуваше со Црквата педесет години. Своето пастирство го означи, меѓу другото, и со преводот на Светото Писмо на ерменски јазик. Во едно видение му се кажа дека Ерменците ќе отстапат од чистата православна вера. Овој јерарх се упокои во 440 година. Свети три девици Персијанки. Во времето на царот Сапор овие три девици беа гонети како христијанки и најпосле ги убија со ножеви. Од нивниот гроб пораснаа три смокви што лечеа од секаква болест и мака. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот пророк Авдија Родум од селото Витахарамско од пределите Сихемски. Живеел на дворецот на царот Ахав; но кога царот отстапи од вистинското богопочитување и им се поклони на идолите, Авдија не тргна по примерот на царот, туку продолжи да му служи на единствениот вистински Бог. А кога злобната царица Језавела заради пророкот Илија крена хајка на сите Божји пророци, Авдија собра стотина од нив, ги скри во две пештери и ги хранеше до крајот (1 Царства 18, 4). Современик на големиот пророк Илија, Авдија многу го почитуваше Илија и го слушаше во сѐ како негов следбеник и ученик. Живееше 900 години пред Христа и се упокои мирно. Светиот маченик Варлам Родум од Антиохија. Заради верата во Господ Исус Христос беше измачуван многу од нечестив судија. Најпосле судијата намисли да го исмее и под принуда на околности да го натера да принесе идолски жртви, заради што го одведе во идослкиот храм и му стави оган на дланката и темјан на оганот мислејќи дека маченикот ќе мора од болка да го фрли огнот со темјанот од раката пред идолите и така и не сакајќи да ги покади. Но херојскиот Христов војник го држеше огнот на својата дланка и без помисла д го фрли на идолите, сѐ додека прстите не му изгореа и отпаднаа и дланката не му прегоре. И така на земјата со огнот паднаа и прстите на маченикот. „Десница имаше посилна од огнот,“ вели Св. Василиј Велики, „...зашто ако пламенот и ја зафати раката, таа го држеше огнот како да е пепел“. А Златоуст пишува: „Ангелите гледаа од височините, го набљудуваа архангелите, глетката беше величествена, навистина ја надминуваше човечката природа. Кој не би посакал да види човек којшто се подвизувал и не го чувствувал она што им е својствено на луѓето, којшто и самиот бил жртвеник и жртва и жрец?“ Кога му изгоре раката, целото тело на старецот Варлам се сруши мртво на земјата, а душата му замина во вечниот спокој на неговиот Господ и Спасител. Овој преславен старец-јунак пострада во 304 година. Преподобен Варлам и Светиот принц Јоасаф Индиски подвижници. Јоасаф беше принц, син на царот Авенир. По Божја Промисла него го посети старецот Варлам, го научи на верата Христова и го крсти. Потоа старецот се оддалечи во планината на подвиг, а Јоасаф остана да се бори со многубројните искушенија во светот и со благодатта Божја да ги победува. Најпосле Јоасаф успеа да го приведе кон Христа и својот татко. Откако се крсти царот Авенир поживеа четири години во големо покајание - зашто направи големи гревови гонејќи ги христијаните - па потоа го заврши својот земен живот и замина во бесмртниот. Младиот Јоасаф царството му го предаде на својот другар Варахиј, а самиот замина во пустина на подвиг на христијанско восовршување. Единствена желба на земјата му беше уште еднаш да се види со Старецот Варлам. И милостивиот Бог му ја исполни желбата, па еден ден Јоасаф застана пред пештерата на Варлам и возвикна: „Благослови, оче!“ Старецот Варлам се подвизуваше во пустината седумдесет години, а поживеа сѐ на сѐ сто години. Свети Јоасаф го остави царството во својата дваесет и петта година, тогаш замина во пустината, во којашто поживеа триесет и пет години. Обајцата имаа голема љубов кон Господ Исус, мнозина ги обратија во вистинската вера и се преселија во вечната радост на својот Господ. Светиот маченик Илиодор Од градот Магид во Памфилија. Мачен за верата Христова во времето на царот Аврелијан. Во тешките маки чу глас од небото: „Не бој се, Јас Сум со тебе!“ Го фрлија во бакарен усвитен вол. Усрдно Му се молеше на Бога и Бог го спаси: усвитениот вол одеднаш истина и Илиодор излезе од него жив. Судијата му довикна дека прави магии. „Моите магии се Христос,“ одговори Илиодор. Го убија со меч и отиде кај Господа. |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
Внеси реплика | страница <1 1213141516 68> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |