IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти и колачи што не се печат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти и колачи што не се печат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516>
Автор
Порака Обратен редослед
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 02:34
A ti bivase li tuka da dojdes ?A ja po tebe da vidam so "domakjinka" si тага..i sega ligi i mene mi techat ?
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 02:31
,,, ,,,evangjelino bre,, nemaš druga rabota ta na polnokj ,,postiraš tortiiii,,,, ,,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 00:35
КРЕМАСТА БИСКВИТ ТОРТА СО СЛАТКА ПАВЛАКА

Состојки:

За фил:

3 јајца

8 лажици шеќер

500 мл слатка павлака

½ пакетче нес кафе од 5 гр

За потопување на бисквитите:

300 мл топло млеко

½ пакетче нес кафе

3 лажици шеќер

150 гр сецкани ореви

100 гр желе бонбони

Подготовка:

Јајцата се матат со шеќерот, слатката павлака и половината од пакетчето нес кафе,
Бисквитите се редат во тавче четвртасто, претходно топејќи ги во млакото млеко со малку шеќер и нес кафе,
Се реди ред бисквити, ред фил од слатка павлака,
Помеѓу редовите се става сечкани ореви и желе-бонбони.


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 00:33
ЛЕДЕНА ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО БИСКВИТИ

Состојки:

3 пакетчиња шлаг крем од чоколадо

0,5 л чоколадно млеко

100 мл млеко

200 гр маргарин

150 гр чоколадо

100 гр шеќер во прав

2 жолчки

350 гр бисквити

Подготовка:

Изматете ги шлаг кремите со двете врсти млеко. Чоколадото стопете го, па оставете малку да подолади.
За тоа време изматете го маргаринот со шеќерот и жолчките, па на крај додадете го стопеното чоколадо.
Смесата истурете ја во изматениот шлаг крем и измиксирајте да се соедини.
Додадете ги бисквитите искршени на парчиња. Убаво измешајте и излијте ја смесата во калап обложен со најлон фолија. Ставете ја во замрзнувач неколку часа или преку ноќ за да се стегне. Се декорира по желба со рендана чоколада, шлаг, павлака и сл.

Тортата се чува во замрзнувач, лесно се сече откако ќе се извади и се служи студена.
 

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 19:31

ЧОКОЛАДНА ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ

5

250 гр путер

200 гр шеќер во прав

100 гр течна чоколада

3 јајца

100 мл млеко

100 гр ореви мелени

250 гр бисквити

Чоколада за декорација

Подготовка:

Путерот се бие со шеќерот додека не побели. Се додаваат едно по едно јајцата, чоколадата, млекото, оревите и мелените или кршени бисквити. Сите состојки се мешаат добро и се префрлаат во намокрен калап за торта. Се притиска нежно и се остава да отстои 24 часа во фрижидер. Откако ќе се извади од калапот, тортата се поросува со мелени ореви и стопена чоколада.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 19:12

ЛЕДЕНИ ЧОКОЛАДНИ КОЦКИ БЕЗ БРАШНО, БЕЗ ПЕЧЕЊЕ

12

Состојки:

100 гр чоколадо за готвење

150 гр црно чоколадо (70% какао)

600 мл слатка павлака

20 гр шеќер во прав

4 лажици сок или ликер од портокал

1 кафена лажичка кора од портокал

100 гр ситно искршено чоколадо за готвење

Подготовка:

Слатката павлака се мати, во шлагот се додава шеќер во прав, сок и рендана кора од портокал, и чоколадото стопено на пареа.

Добро изматете со миксер, па додадете го и искршеното чоколадо.

Смесата се префрла во калап обложен со пластична фолија и се остава во замрзнувач 3 часа.

Колачот превртете го на тацна, па потурете го со чоколаден прелив кој се подготвува од чоколада стопена на пареа со додаден путер. Колачот треба да отстои повторно во фрижидер пред послужување.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 19:11

KAСАТО ТОРТА (БЕЗ ПЕЧЕЊЕ)

11

Потребни состојки:
- 1 маргарин кристал
- 150 гр. шеќер во прав
- 2 чоколади за готвење
- 3 жолчки
- 500 гр. бисквити
- 200 мл. млеко
- 200 гр. сецкани ореви
- 200 гр. сецкани желе бомбони
- 100 гр. суво грозје прелиено со 1 лажичка рум
- 100 гр. кокос
- 100 гр. сецкани крем банани

Подготовка:Ставете го маргаринот да се растопи и додајте го шеќерот во прав и една чоколада. Кога ќе се излади ставете ги трите жолчки и промешајте. Бисквитите скршете ги на ситни парченца и попрскајте ги со ладното млеко. Додајте половина од оревите, крем бананите, кокос, желе бомбони, суво грозје и мешајте заедно со половина од смесата со растопениот маргарин и чоколада. Потоа додајте ја уште половината од намирниците и смесата. Ставете на кутија за торта и формирајте облик по желба. Оставете ја да се олади 1 час и потоа на пареа стопете 1 чоколада па посипете ја тортата и вратете ја повторно во фрижидер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 19:08

ТОРТА “НАЈУБАВИОТ СОН“ (БЕЗ ПЕЧЕЊЕ)

28

Прв слој:
-Пишкотите се натопуваат во Фанта и се редат на послужавник

Втор слој:
-Се меле плазма-кекс (може и обични бисквити) и се потопуваат со Фанта сок за да се добие еднолична смеса. Посебно се мати еден маргарин со 250 г. шеќер во прав, а потоа се соединува со мелената плазма.

Трет слој:
-Чоколадни бананки се сечат по должина и се редат врз филот од мелената плазма.

Четврти слој:
-Се варат 4 пудинга од ванила во 1 кг. млеко. Посебно се мати еден маргарин со 250 г. шеќер во прав и потоа се соединува со веќе оладениот пудинг.Филот се дели на два дела и едниот дел се става врз чоколадните бананки.

Петти слој:
- се реди уште еден слој пишкоти натопени во млеко врз филот од пудинг

Шести слој:
- се премачкува останатиот дел од пудингот

Седми слој:
- свежи банани се сечат на кругови и се редат врз филот од пудинг

Осми слој:
-Шлаг (се мати и се премачкува целата торта)

Слика

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 16:58

НЕСКАФЕ ТОРТА (БЕЗ ПЕЧЕЊЕ)

10
3DAItRSTNM

Состојки:
500 гр бисквити (или готови кори за торта)
500 мл слатка павлака (хопла, халта или некоја друга)
3 јајца
11 лаж. шеќер
3 лаж. нескафе ( може ако сакате и капучино место нескафе)
малку млеко за бисквитите

Многу брза, лесна и вкусна торта. Слатката павлака се мати со пола од шеќерот. Во посебен сад кремасто се матат јајцата со останатиот шеќер. На крај се додава нескафето и се мати додека се растопи. Оваа смеса се додава на изматената слатка павлака и се мати додека добро се измеша.
Секоја бисквита на секунда ја потопуваме во ладно млеко, во кое по желба може да се додаде и малку арома на рум и правиме прв ред, па премачуваме од филот. Така се прават 3-4 реда, ред бисквити-ред фил. Готовата торта ја наросуваме со рендана чоколада или чоколадни трошки и ја оставаме да преноќи во фрижидер. Се сечи на коцки.
Оригиналнот рецепт е со дупла доза од наведените и треба уште и 250 гр маргарин. Но, искуството и години наназат правејќи ја и согласно јас и конзументите, маргарин не користиме. Маргаринот минимално ја прави потешка за конзумација, а служи за повеќе да се уцврсти филот. Но, и без него филот ако добро се измати (јајцата да се пресни и пред употреба да биле одстоени на собна температура, најмалку 2 часа), маргаринот и воопшто не треба. Зошто не е напишан рецептот во оригинал? Затоа што, е многу и пола доза ќе ви е доволна, доколку не се решите да ја правите за поголем број на луѓе.
Ви посакувам слатко уживање!

 



Изменето од Valerija - 10.Април.2014 во 16:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 16:17

МИЛКА ТОРТА СО ПЛАЗМА БИСКВИТИ (НЕ СЕ ПЕЧЕ)

23

Состојки:

12 јајца
10 лажици шеќер
375 г маргарин (едно и пол пакување)
300 г мелена плазма (едно пакување е 300 г)
600 г обични плазма бисквити
2 бели и 2 темни (обични, млечни) Милка чоколади

Подготовка: Од јајцата се одвојуваат жолчките и се матат заедно со шеќерот. Смесата се става да вари на пареа да се згусне, притоа постојано се мати со миксерот.
Посебно се мати маргаринот и и’ се додава на претходно оладената готова смеса од жолчки (мора да биде оладена, инаку ќе се растече многу). Потоа од белките се мати цврст снег и се додава мелената плазма. Оваа смеса се меша заедно со кремот од жолчките, па се дели на два дела. Во едниот дел се додаваат растопените бели чоколади, а во другата темните. Правоаголно длабоко тавче се обложува со алуминиумска фолија и се редат плазма бисквити натопени во млеко, не само на дното туку и од страните. Потоа се ставаат филовите еден врз друг, прво белиот, потоа кафеавиот. Повторно се редат плазма бисквити натопени во топло млеко. Се остава во замрзнувач 24h, потоа се превртува на чинија и се украсува со готов шлаг.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 16:17

ЕДНОСТАВНА, А УБАВА ТОРТА ШТО НЕ СЕ ПЕЧЕ: РЕСАНА ТОРТА

26

- Еден килогам ресани ги сечете на пола и ги ставате во некој подлабок сад,
- Им додавате една мала шолја (како за кафе) толчени или сецкани ореви,
- На шпорет ставате еден маргарин (од оние Кристал), а откако ќе се стопи во него додавате 250ml млеко,
- Убаво ја мешате смесата и откако ќе стане врела ги попарувате ресаните и оревите,
- Од топлината чоколадото на ресаните ќе се стопи, желето и бисквитата ќе се одвои, а целата смеса од топеното чоколадо ќе добие боја,
- Потоа убаво рамномерно промешајте ја смесата, а откако ќе се подолади ставете ја во калап и направете и некаква форма по ваша желба.
- Сматете шлаг (две кесички се доволни) и премачкајте ја тортата,
- Ставете ја да се олади во фрижидер

Побрзо здравје, повкусно здравје!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 08:36

Непечен колач


nepeceni-kolac

Состојки:

  • 3 жолчки
  • 250 гр шеќер во прав
  • 250 гр маргарин
  • 100 гр мелени ореви
  • 100 гр мелени кекси
  • 2 дл сок од портокал
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 1 лажица екстракт од ванила

За премачкување:

  • 3 белки
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 2 дл слатка павлака

За украсување:
чоколадни ронки

Приготвување:
1. Во подлабок сад се матат жолчките со шеќер во прав и со омекнатиот маргарин.
2. Мелените ореви и кексите се преливаат со сок од портокал и се промешува.
3. Се соединуваат двете смеси, се додава екстракт од ванила и добро се меша.
4. Добиената смеса поделете ја на два дела па во едниот додадете чоколадо изрендано на ситно ренде.
5. Подгответе соодветна тацна за колач и пренесете ја таму смесата со чоколадо и обликувајте ја долната кора. Оставете ја во фрижидер да се стегне. Потоа нанесете го вториот посветол дел од филот и израмнете го со долната кора. Повторно ставете ја во фрижидер да се стегне.
6. Посебно пригответе фил за премачкување на колачот. Изматете ги белките во цврст снег, а потоа постепено додавајте 3 лажици шеќер со постојано мешање. Одделно изматете слатка павлака со 3 лажици шеќер во прав. Соединете го шамот од белки и шлагот од слатка павлака па полека измешајте. Добиената смеса премачкајте ја врз колачот и поросете со чоколадни ронки. Оставете го колачот во фрижидер да се стегне, а потоа исечете го на парчиња.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 20:03
Крем торта

1л. млеко
8 лажици шеќер
4 пудинга од ванила
1 маргарин
250гр. шеќер во прав
200гр. мелени бисквити
200гр. мелени лешници

Се варат млекото, шеќерот и пудинзите. Откако пудингот ќе се свари, се лади во фрижидер. Се матат маргаринот и шеќерот во прав. Ова се додава кај изладениот пудинг. Се меша со лажица. Пудингот се дели на 3 дела. Во првиот дел се додаваат бисквитите. Се меша со лажица и се става во округло тавче. Одозгора се става вториот дел (да биде празен). Во третиот дел се додаваат лешниците и се меша со лажица. Овој дел се става одозгора. Тортата се лади во фрижидер.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 20:02
Слика

Торта Монте, која се состои од три слоја, а за нејзината подготовка не е потребно печење.



Состојки:

- Прв крем: 1 л. млеко, 100 гр. густин, 100 гр. шеќер, 1 ванилин шеќер и 125 гр. путер

- Втор крем: 500 мл. слатка павлака (хопла) и 200 гр. чоколадо

- бисквити

- малку рум

Подготовка:

1. На помало тавче за печење наредете ги бисквитите во еден слој и премачкајте ги со малку млеко помешано со рум.

2. За првиот крем ставете го млекото на рингла да се топли и додадете малку рум. Во друг сад измешајте го шеќерот и густинот со малку ладно млеко за да добиете изедначена смеса. Кога млекото ќе зоврие, додадете ја смесата со густинот и на послаб оган мешајте околу 2 минути. Во врелата смеса додадете го путерот и прелијте ја врз бисквитите.

3. За вториот крем, на послаб оган загрејте ја слатката павлака во која сте го додале исечканото чоколадо, а кога истото ќе се стопи, прелијте го врз првиот крем и оставете ја тортата да се олади.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,195 секунди.