IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Дневник - во малку поинаква форма...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дневник - во малку поинаква форма...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 22>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2011 во 01:22

„ПРОГОНУВАНА .... “

 

 

Прогонувана од мирис на маслинка во пролетен цут,

И лесен немир како тапа главоболка толку иритирачка,

Само лежам мирно во подножјето на ноќта,

Растопена до болка во неразделно измешани бои ...

Прогонувана од тежината на сопствените капаци,

Кои како четки сликаат нова слика на секое спуштање,

Мачкаат и премачкуваат шаренила врз црнило,

Да измамат насмевка како пауза од залепен бакнеж ...

Прогонувана од огнот на сопствената клада,

Како запален бршлен обвиткан околу мене,

Оков залепен  на рацете кој ме држи толку блиску,

Неподносливо топло, до гушење секоја ноќ ...

Преку раскрилен танц на црни пеперутки,

Во глува тишина пред очајна филхармонија,

Го слушам срцето кое дава ритам за почеток,

Пред утрото да го разбуди разумот за да досуди крај ....

Прогонувана од сопственото огледало надвиснато над мене,

Јас пак се прекршувам на половина во два тека,

И ја предизвикувам силата до последна капка,

Да продолжи да те љуби и кога веќе почетокот е заборавен ....

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2011 во 02:14

МОЛЊА ....

 

Подзамижувам во обид да видам,

Трага оставена на црно небо  после полноќ,

После кратката молња што ми го осветли лицето,

Остана ли нешто зад  нејзината светлост?

И спремно ја чекам грмотевицата,

Опуштена без стегање со безобразна насмевка,

Предизвикувам ко за инает - пркосам,

На татнежот кој од далечина ми се приближува .....

Си ги подгризнувам усните на секоја капка,

А станаа веќе многу и се побрзи,

Се плашам дека нема ништо да остане од уснава,

Со што ли ќе те бакнувам?

Насмеј се со бела насмевка во дождлива ноќ,

За моето будалесто повикување на сонот,

Кога останувам накисната до гола кожа,

А не чувствувам ништо .... ништо освен тебе ....  

И се затрчувам па подклекнувам задишана,

Ја кревам главата со отворена уста без збор да изустам,

И ги голтам капките  на својата самотија,

Низ звуците на грмежот што ми ја растресува душата ....

Молњата беше тука и замина,

А јас уште гледам нејзини одблесоци на небото,

Кои ја распараа мојата темнина со немир,

Во една толку моја убава дождлива ноќ .....

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2011 во 12:13

„Утрото на пророкот“

 

Убаво спакувани зборови,

Со мирис на утринско кафе,

Здив во заминување половичен,

Како насмевка во аголот на усните.......

Преспиени копнежи во краток сон,

Со појадок на маса од огадени зраци,

И низа негодувања и недоразбирања

Со огледалото кое умее да посака „Добро утро“ ...

Виновникот го сече воздухот,

Со мирис на свежо окосена трева,

И неколку капки дожд за утеха

Како предвидување за дождлив ден ....

Пророкот го измами времето,

Ги навлече облаците како маска,

Предизвикува и мами со ветерот во ракав скриен,

За да го растера сонот со ново утро ....

Да, извлечи ми го од срцето

За да престане да се крие,

Постави го пред мене за да можам да го згазам,

Да имам со кого да се борам пред огледало ....

Без надвиснати прашалници над главата,

Прокоцкани ноќи со многу цигари и малку вино,

Кога учам како да се дочека утрото на пророкот,

Измамено, измамени во безначајна игра на времето ....

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2011 во 01:59

„Изгубен пат“

 

 

Се обидувам да се прекријам себеси,

Со тешка свила која лизга и паѓа,

И пак ме остава разголена пред тебе,

Како голите штици под моите нозе....

Ти незабележително седиш во облак од чад,

Додека се опкружувам себеси со долги воздишки,

Си го подгризнувам јазикот и подголтнувам

Со суво грло сервирани мисли во зборови .....

Па се фаќам себеси како го кревам погледот,

Кон тешките завеси од црвен сомот,

Знам дека ќе се спуштат пред тебе

Како прашината долго собирана под моите нозе....  

Плукам на очекувањата и надежите,

Врзани за монодрама со небитен аплауз,

Светлата се гасат секако без пардон,

Во пресрет на темнината која некогаш знаеше да сокрие .....

Сега разгорува само обрач од див оган,

На портите на страста со ветувања за љубов,

За слепиот да помине без да се изгори,

За немиот да застане без збор да изусти,

За глувиот да не си го препознае својот гласот  .....

А јас да трагам долго по изгубениот пат,

По завеани стапки и озлогласени улички,

Со непишана мапа на номадите,

Се додека не те најдам тебе на другата страна на мостот ....

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2011 во 16:28

“Крик во Ноќта“

 

Отвори ме, како процеп кон пеколот,

И нека излезат сите мои демони ,

Нека го видат светлото на денот

За да го помрачат убавото и нежното .....

Ќе ги стегнам забите на првиот рез,

И ќе ја голтнам болката како капка,

Жедниот не пребира туку само зема,

Собира остатоци отфрлени како свои ....

Ќе слушам убава музика како анестезија,

За експанзија на болка со секое подголтнување,

Отпната на понудени милости со контра ефект,

Со излиен гнев и наострени песјаци ...

Закрвавени очи од собрани солзи,

Солени што горат за излез па печат,

И стегнати заби во цинична насмевка,

Никаде не одат, тие се мои ......

Остани вечерва и гледај го помрачувањето,

На крвавата месечина како гласник,

 Одговор може да му даде само волкот самотник,

Кога ќе ја крене главата високо за нов крик во ноќта .....

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2011 во 02:35
Aj za dobro utro .... голема%20насмевканамигнување
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2011 во 02:32
uuuuuuuuuuu Scarlet bejbi
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2011 во 02:23
Кој може да ја разбере .....

Кој може да ја разбере,

Кога плаче и проколнува,блуднички  се соблекува,

Кога кошулата и паѓа и останува разголена пред тебе,

Заслепувачка бела светлина која несакаш да ја гледаш ....

Кој може да ја разбере,

Кога се смее на цел глас и трча босонога,

Палаво те мами и те довикува да ја дофатиш,

И пак бега и се крие по темници за тебе непознати ....

Кој може да ја разбере,

Кога црвенее и се бунтува, вика и навредува,

Дивее како оган разгорен на суво поле со летен ветер,

Гори и пеплосува со истиот жар со кој умее да љуби ....

Кој ли може да ја разбере,

Кога седи со часови на подот во аголот на собата,

Безживотно, без  да се помрдне и трепне,

Кревањето на градите ја оддава – да, жива е ....

И зошто е битно дали некој ја разбира,

Таа е и жена, и дете и мајка .....

Издраснала, се преродила и родила,

Љубов во болка никната за да биде запаметена,

Украс како златен синџир на стар часовник,

Времето ќе продолжи да се врти во круг заедно со неа ....



Изменето од Blue Scarlet - 25.Мај.2011 во 02:24
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2011 во 11:42
„Патувачка желба“


Мириса на дожд  без капки и облаци,

Мириса на копнеж  од далеку,

Патувачка желба како театар без актери,

И долг пат по темнината, по темни сокаци ....

Попатно ќе ги пребројувам ѕвездите,

За да не ги слушам тешките чекори зад мене,

Слепо ќе го следам крикот  по свиоците,

И ќе потпевнувам неразбирливо ....

Ќе ја плетам и расплетувам црната коса,

За да оставам трага од невидливи мириси,

На расцветана цреша во рана пролет,

Да се стопи со прашината на патот ...

Нема траги од умор на моето лице,

Ветрот ги брише нежно и кога удира јако,

А срцето уште ми стои високо во грлото,

Преселено како потстанар ....

Ми требаш како утринска роса,

Којa може да ја симне нечистотијата,

Да ја згасне и смири прашината,

И да ги омекне распуканите усни ....

Ќе продолжам да те барам ......




Изменето од Blue Scarlet - 23.Мај.2011 во 11:43
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2011 во 11:36
СОНУВАЈ ....


Не сонувам  за акварели од помешани бои,

Без ред и крај за бујна фантазија,

Па да можам  во нив да видам одсликана желба,

Која не сум смеела да ја изговорам гласно ...

Сонувам за остри црти, одлучни и јасни,

Кои го расечуваат платното храбро,

Па белото го претвараат во црнила од линии,

Од кои ти доаѓа да плачеш .....

И никој несака да ги види, да подзастане,

Уплашени погледи и изговори за излез,

Како будење од детски кошмар

И добро позната реченица како утеха:

Се ова е само сон, помина и заврши ....

Јас несакам да побегнам од темнината на моето платно,

И со љубов ќе продолжам да го гледам,

Со уште поголема љубов ќе сечам парчиња од него,

Ќе ги залепам длабоко во душата ....

Едно покрај друго за да биде зачувано засекогаш .....


Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2011 во 17:35
ЗАСТАНИ ....

Остави ме клекната на колена,

Кога во мислите ти се предавам во целост,

Глува тишина без зборови и обвинувања,

Отргнати воздишки без бакнежи и милувања...

Остави ме сама во камено бели  ѕидини,

Да слугувам на ноќта со своите бели раце,

Па да продолжи да ме штити од сонцето,

За да останам бела со мирис на млеко ...

Повикај ги дождовите во слава на животот,

Да одмијат грев во прво лице – еднина,

Можеби и ќе се обидам да останам чиста,

Со илјада безобразни и грешни мисли....

Кој може да суди и осуди?

Воздишки без милувања,

Бакнежи без допири,

Љубов која талка и не застанува .....

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2011 во 19:48
ТИ СИ МОЈОТ БЛУЗ ....
 

Зависник,

На чад од цигарите кој го вовлекувам што подлабоко,

Со полузатворени очи во црна темница,

Уживам во задоволството кое ме убива,

Па што дека, сите задоволства имаат своја цена .....

Си играм со голтката црвено вино,

Се предизвикувам себеси да ја задржам подолго,

Така вкусот ќе трае се додека не го проголтам,

Ќе го разлеам на душата а чашата ќе остане празна....

И кој ли ќе ме знае зошто главата ја спуштам,

На перница од  добар блуз кој се топи со ноќта,

Кога знам дека така само ќе го растерам сонот,

А тебе ќе те мирисам од далеку и само ќе те гледам...

Ќе се обидам да ја надојам душата со црвенило,

Иако утре ќе се разбуди уште пожедна,

А во главата ќе продолжи да ми звони блузот,

Цел ден како потсетник на ноќта помината ....

Зависник,

Кој никогаш нема да се осмели да се откаже,

Од  болката која се вовлекува во душата и ја растегнува,

Од љубовта која никогаш нема да те опие,

Секогаш ќе биде премалку, недоволно ....

А блузот, доволно е еднаш да го засакаш,

Еднаш да се навлечеш на него,

И ќе продолжиш да го сакаш и бараш секогаш,

А ти си мојот блуз,

Го знаеш тоа нели?

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2011 во 19:47
"КУЛА"

Пак ќе ги редам картите една врз друга,

И ќе им се восхитувам на мирните раце мои,

Не на својата упорност да се изгради кула,

Наивно и детски ќе си играм со чувствата ....

Па ке ги редам срцињата едно до друго,

Црвената боја подалеку од црната,

Ќе се преправам дека сум уништувач,

Со однапред подготвен план за уривање...

И пак ќе почнам од почеток за да се изморам,

И да почнат да ми се тресат рацете од умор,

Па да побарам мир во празна постела,

Без сон да ја осознавам темнината ....

Многу демони и самовили скриени на таванот,

Сите мои драги гости и верни пријатели,

Носат мирис на крв и полско цвеќе,

Израснав босонога газејќи го по трнливи ливади ....

Ќе продолжам да ги пружам усните на незнаеното,

Ќе шепотам дека умеам да сакам и сакам,

И ќе знам дека ноќта сето тоа ќе го прекрие,

Ќе го премолчи и сокрие за да го сочува само за мене....

Кому му треба моето лудило кое ме тера во бес,

Кога сум подготвена да ја распарам и сопствената кожа,

За да откријам дали темнината има крај,

Или ќе продолжам  пагански да и се поклонувам...

И да, ќе си ги редам картите секоја вечер една до друга,

За да ја завршам мојата кула до утрото и првиот зрак,

А следната ноќ пак ќе почнам одново ..... со истите карти ....

Сите на број .....

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2011 во 23:25

Благородни

 

Плукни и светни си го поубаво оклопот сјаен,

За туѓи воздишки и мојот одраз во него,

Како сочувана слика во рамка од сребро,

Заледено време отидено во неповрат ....

Се насмеав како на искривено огледало,

Еднаш ќе го видиш за да му се потсмеваш цел живот,

На сопствениот одраз со благородна насмевка,

Онаа цинична, искривена а толку посакувана.

Загноени рани кои смрдат на гадост,

Прекриени со свилена кошула со извезена желба,

И црвен тефтер со цртички на неписменост,

Зар некој ја брои колатералната штета?

Гордоста нема цена ниту лик за титула закачена,

Па може лесно да се изгуби како златник во искинат џеб,

А просјачењето е забрането со закон непишан,

Еднаш кажан , ветен и запомнет засекогаш....

Прескокни ме со лажна к*ртоазија,

Благородна и човечка  како Дарвинов сведок,

Па голтни и подголтни со суво грло,

Жедно за вино со вкус на јагоди во пролет....

Водата неможе да го одмие пелинот нели?

Изменето од Blue Scarlet - 13.Мај.2011 во 23:43
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.