![]() |
|
НОВИТЕТИ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1213141516 18> |
Автор | ||||||||
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Бродски дизајн за Volkswagen
Новиот модел на Volkswagen, Caddy Topos Sail Design Concept, е возило наменето за оние кои уживаат во кампувања и сонце. Она што е интересно, е што покривот на ова комбе е направен од дрвена платформа со морнарски дизајн, која ја има на палубите на бродовите. Идеите за ваквиот дизајн, се земени од класичните јахти, каде мултифункционалниот дрвен покрив е опколен со алуминиумска ограда. На задната врата од возилото, се наоѓаат четири скалила изработени од дрво и алуминиум кои водат до покривот. Како додатен дизајн, од страните на возилото и задниот браник е употребено дрво за да се добие префинет изглед. Палубата на покривот може да се прилагоди во удобно место за лежење и уживање во патувањето. Дрвениот покрив, за разлика од стандардните метални, не ја апсорбира топлината, што го прави за 1000 пати поладен и воедно е поелегантен. Ова возило е направено според највисоките стандарди и е со тригодишна гаранција. Неговата промоција ќе биде на саемот за рекреативни возила во Диселдорф, кој трае се до 7 септември. Возилата за кампување на Volkswagen, станаа популарни уште во 1950 година, а калифорнискиот модел беше претставен во 1988 година, кога започна производството на третата генерација на Volkswagen Transporter. До сега се продадени повеќе од 80.000 вакви возила, со што Volkswagen претставува една водечките автомобилски индустрии за камперски возила. |
||||||||
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
||||||||
![]() |
||||||||
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Тјунерската куќа ABT го претстави пакетот модификации на неодамна претставениот компактен SUV Audi Q5. Вниманието во овој случај го привлекуваат модификациите на каросеријата, за кои слободно може да се каже дека се поприлично драматични.
ABT исто така ја зголеми снагата на моторот, па така нивната верзија на Audi Q5, која досега доаѓаше со 3,0 литарски V6 TDI со 240 KS, предвиден за S power пакетот, добива 310 KS и610 Nm максимален вртежен момент. Силата на 2.0 TDI моторот е зголемена од 170 на 190 KS, додека 2,0 литарскиот TFSI сега наместо 211 има 240 KS. Првиот примерок на ABT Audija Q5 ќе се најде на улиците кон почетокот на 2009 година. ![]() |
||||||||
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
||||||||
![]() |
||||||||
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Започна производството на Qashqai+2
Во фабриката на Nissan во Сандерленд започна производството на моделот Qashqai+2, особено популарен SUV-a со седум седишта. Qashqai+2 е дизајниран така за да ги задоволи потребите на европските купувачи. За разлика со стандардниот Qashqai новиот нуди две седишта повеќе. Стандардниот Qashqai, само во Европа од март минатата година до сега е продаден во повеќе од 235.000 примероци. Затоа во јуни во Сандерленд воведоа и трета смена, а во погонот за производство дополнително се влошени уште 223 милиони фунти. Испораката на Qashqaija+2 во Британија започнува на 18 септември. Цената на британскиот пазар ќе се движат од 21.675 евра за изведбата 2.0 Visia со преден погон до 30 илјади евра за топ изведбата Tekna со 2.0 турбодизел мотор и погон на сите тркала. |
||||||||
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
||||||||
![]() |
||||||||
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Премиера на Chevrolet Cruze во Париз Chevrolet Cruze своето први и официјално претставување ќе до доживее на парискиот саем за автомобили. Ви ги претставуваме првите официјални фотографии и податоци на финалниот сериски модел. Cruze е потполно нов производ, а на приложените слики може да се види европската варијанта. Американската изведба ќе има посебна моторизација. Во Азија Cruze ќе се продава под знакот на Daewoo. Бензинците ќе бидат 1,6 и 1,8-литарски со 112 и 140 KS. Врв на понудата ќе биде 2,0-литарскиот турбодизел со 150 KS и максимален вртежен момент од 350 Nm. |
||||||||
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
||||||||
![]() |
||||||||
samir_sneijder ![]() Сениор ![]() ![]() Мадридиста Регистриран: 24.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 155 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Се спрема нова генерација на лимузината од Мерцедес Е класа
![]() ![]() ![]() |
||||||||
OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
|
||||||||
![]() |
||||||||
samir_sneijder ![]() Сениор ![]() ![]() Мадридиста Регистриран: 24.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 155 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Volkswagen Polo петта генерација Се чини дека дизајнот на Scirocco ќе служи како инспирација за петата генерација на Polo кое треба да се појави во продажните салони во текот на следната година. Виновник за препознавање на стајлингот на Scirocco кај Polo е предната маска која го напушта досегашниот дизајн со огромна решетка во носот и оди кон нешто многу поeдноставно со само два хоризонтални отвори меѓу аглестите предни светла. Визуелно ова е многу подобро. Чистиот дизајн не е карактеристичен само за маската, туку за целиот автомобил кој делува многу посериозно од сегашниот модел. Новиот Polo ќе биде поставен на платформата со кодна ознака PQ25 врз која веќе лежи Seat Ibiza, што значи дека ќе биде незначително поголем, но сепак, ќе има повеќе простор во кабината. Наследникот треба да биде квалитативно подобар од претходникот. Големо внимание е посветено на изборот на материјали во внатрешноста, но и на опременоста. Барем така велат во VW. Под хаубата ќе работи веќе познатата моторна понуда на бензинци и дизели. Врвот од понудата е резервиран за 1.4 литарскиот TSI со 170 коњски сили кој ќе се вградува во Polo GTi, а најштедливиот Bluemotion ќе има емисија на СО2 помала од 100 g/km и во просек ќе троши 3,8 литри. Покрај вообичаената каросериска понуда со три и со пет врати новиот Polo ќе биде на располагање и како купе-кабрио и како ![]() ![]() изворче http://www.vozi.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2052&Itemid=72 Изменето од samir_sneijder - 22.Август.2008 во 17:25 |
||||||||
OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
|
||||||||
![]() |
||||||||
samir_sneijder ![]() Сениор ![]() ![]() Мадридиста Регистриран: 24.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 155 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Audi R8 и во кабрио изведба
Категoрија: Audi Излегоа и првите шпионски фотографии од кабрио изведбата на R8. На сликите автомобилот не е воопшто прикриен и е видливо дека ќе користи мек платнен кров кој нема дополнително да ја зголеми неговата маса. Дизајнерски, роудстерот нема скоро и воопшто да се разликува од постариот брат, освен задните всисници за воздух кои веќе нема да бидат во црна боја, туку во бојата на каросеријата, што малку го расипува спортскиот изглед но затоа пак ја зголемува елеганцијата. Поради зголемената маса, перформансите на оваа изведба ќе бидат за нијанса послаби во однос на купето. Ќе се користи истиот 4,2 литарски V8 со 420 КС, додека подоцна ќе се вградува и новиот 5,2 литарски V10 со над 500 КС, кој премиерата треба да ја доживее наскоро во купе моделот. R8 Roadster ќе биде достапен во првиот квартал на наредната година по цена од околу 130.000 евра па нагоре, зависно од опремата. ![]() ![]() ![]() Изменето од samir_sneijder - 22.Август.2008 во 17:17 |
||||||||
OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
|
||||||||
![]() |
||||||||
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Еколошка педала за гас
ECO педалата на Nissan ќе се комерцијализира 2009 Компанијата Nissan Motor ja престави ECO Педалаta, прва од ваков вид во светот, a e осмисленa да им помага на возачите да возат поштедливо. Кога е вклучен, програмот го прати секое притискање на педалот за гас и препознава дали има прекумерен притисок, со што го активира регулацискиот механизам за повратен отпор, со тоа на возачот му дава информација дека веројатно троши повеќе гориво од потребното. Индикаторот за “еколошко возење” кој е вграден во инструментната плочка, го известува возачот за моменталната потрошувачка на горивото, со што возачот може полесно да си го прилагоди начинот на возење. Програмот ECO Педала, возачот може да го вклучува и исклучува според споствените “потреби”.
Програмот ECO Педала прима податоци за потрошувачката на гориво во текот на забрзувањето и возењето и на база на тие информации ја рачува оптималната стапка на забрзување.
|
||||||||
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
||||||||
![]() |
||||||||
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Ne izgleda do tolku loso, ama .... BWM si e BWM
![]() Mitsubishi Pajero Sport
Mitsubishi на саемот за автомобили во Москва ќе го престави новиот Pajero Sport, кој на штандот ќе се најде веднаш до концептот рели Dakar верзијата на Lancer. На пазарот на Австралија и на Јужна Америка возилото ќе го носи името Challenger. Изненадувачки и фактот што Mitsubishi одлучи Pajero Sport да не појави на пазарите во Централна и Западна Европа, како и во Северна Америка. Новиот модел е со нешто поголеми димензии од своите претходници: должина 4,695mm (претходникот 4,620mm); ширина 1,815mm (1,775mm); висина 1,800mm (1,730mm); и меѓуосовнинско растојание 2,800mm (2,725mm). Главен адут на ова возило е Super Select 4WD систем на сите тркала, а како опција е ставена и евентуалната блокада на задниот диференцијал. Силата се пренесува на сите тркала со помош на 4-степенскиот автоматски Sport Mode или 5-степенскиот мануелен менувач. Продажбата ќе започна набрзо, веднаш после претставувањето на возилото, закажано за следната недела. |
||||||||
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
||||||||
![]() |
||||||||
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
normalno deka Japoncite na ova mislat
![]() ![]() ![]() Toyota најави хибриди од сите модели
Јапонскиот произведувач на автомобили Toyota потврди дека до 2020 година планира во понудата за секој модел од нејзините автомобили да биде вклучена и хибридната изведба. Една од главните причини за ваквата одлука на Toyota е процената дека зголемената цена на горивата ќе придонесе за се поголема побарувачка на ваков тип на автомобили и оти свеста на возачите ќе се зголеми. Покрај хибридите, Toyota продолжува со истражувањата и развојот на други алтернативни погони, од типот на plug-in хибридите и слично. |
||||||||
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
||||||||
![]() |
||||||||
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Враќање на американската легенда
Покрај Corvette, Mustang, Challenger и Avenger, меѓу легендарните американски спортски автомобили се вбројува и Camaro, моделот на Chevrolet кој за првпат беше прикажан во далечната 1966 година. Дизајнот на новата генерација е многу сличен на концепт-моделот кој беше многу сличен на оригиналот од 60-ите години на минатиот век. И покрај тоа што се истакнува со своите ретро линии, сепак Camaro е особено софистициран автомобил Новото издание на спортскиот автомобил на Chevrolet на европскиот пазар се очекува да пристигне во текот на 2010 година. Цената се уште е непозната. |
||||||||
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
||||||||
![]() |
||||||||
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
ok, sega nesto novosti za ljubitelite na VOLVO, jas definitivno ne spagam pod niv, i ako znam deka Volvo spaga vo povisokata i pokvalitetnata kategorija na Avtomobilite
Volvo го оживува VCC концептот
Автомобилите кои со својот изглед и употребливост нудат спој на повеќе различни класи се веќе одамна реалност, оттука не е ни чудно што Volvo наводно од архивата го извлекол концептот VCC. Шведските медиуми објавија дека Volvo веќе работи на изработката на концептот, VCC, кој претставува спојот на удобна лимузина и практичен караван. |
||||||||
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
||||||||
![]() |
||||||||
seka ![]() Сениор ![]() ![]() Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
ne da e dobar tuku odlicen e, vidi samo sto sve nudi i kolku sila ima
![]() ![]() ![]() a i ogledaj go od naprednata stana samo, bas kako nekoj jaguar, svetlata kako oci na jaguar so "nos" i so "mustaki".... uffff
![]() ![]() ![]() |
||||||||
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
||||||||
![]() |
||||||||
samir_sneijder ![]() Сениор ![]() ![]() Мадридиста Регистриран: 24.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 155 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Insignia Sports Tourer
На саемот во Париз, Opel ќе ја претстави и третата, караванска изведба на новитетот во средната класа, Insignia, која воопшто не заостанува во стилот зад другите две – напротив, Insignia Sports Tourer ќе биде еден од најубавите каравани. Караванот ќе лежи на истата платформа како и другите две верзии, што значи ќе има исто меѓуоскино растојание (2.740 mm), додека ќе биде подолг за 8 cm и неговата должина ќе изнесува неверојатни 4,91 m, повеќе и од некои автомобили од средно – високата класа. ![]() Моторизацијата ќе биде иста како и кај другите две изведби, но со дополнување од два нови мотори, едниот турбо бензинец и другиот турбо дизел, кои нормално ќе се вградат и во седанот и хечбекот, додека багажникот ќе брои читави 540 литри. Како посебни верзии ќе можат да се порачаат EcoFlex верзијата која ја штити околината и ја намалува потрошувачката на гориво, како и верзијата со погон на сите четири тркала. Продажбата на оваа верзија почнува наскоро по претставувањето на саемот во Париз, со цена за околу 1.000 евра повисока за исто опремениот седан. ![]() Изменето од samir_sneijder - 15.Август.2008 во 15:24 |
||||||||
OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
|
||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1213141516 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |