![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1213141516 138> |
Автор | |
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
vetuvase od malecka uste... iskreni cestitki...
![]() ![]() |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
НОЌ ЗА РОМАНТИКА
Не плаши се, испиј го отровот, ноќта е создадена за волшепства и докажување на љубовта - јас ќе бидам сведокoт на твоето оживување... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
НАИЗГЛЕД ЛЕСНО
Ме прашуваш што повеќе љубам: росата или шумот на твоите табани- како тоа да се две работи!? Ох, да научев да ја љубам едноставноста ќе се љубев и самиот себе... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Завесата полека се спушташе,тешко и полека влечејќи се по подот,исто како и нејзината болка.Еден мал момент и го преврте целиот свет....ја освести...и тоа само заради едно огледало.Несакајки се загледа во него,а секој ден минуваше оттука и никогаш го немаше погледнато досега.Призорот и привлече внимание...Таа стоеше пред неа...иста како неа а сепак различна.
-Која си ти?Ја праша и не чекајки одговор продолжи... -Те познавам од некаде! -Ќе се сетам.Си мислеше не помрднувајќи се од местото на кое стоеше. Одеднаш ужас се појави на нејзиното лице,како да ја погодил гром...Па таа беше другата!!! А ТАА....ја гледа со чуден сјај во очите и и се смее в лице.Громогласна смеа телото и го згрчи и кожата и ја наежи како да слуша сирени од милион страни.Ниту рацете на уши и помагаа,ниту затворените очи во пробувањата да го оттргне филмот во главата кој почна сам да се размотува,а смеата беше се посилна....Посилна од татнежот на возот.Посилна од звукот на сирените за опасност...Но...Не и посилна од нејзината болка. ТАА беше крива за се,а стоеше како бесрамница пред неа и ја понижуваше со громогласната смеа. Немаше сили веќе во себе,само ги спусти лабаво рацете покрај своето тело,како ранета од огнено оружје.Се тетеравеше,но не падна.Силата си ја поврати малку,незнаеше и самата од каде и дојдетаа сила,и само мирно го подигна погледот,ја погледна во очи и милно се насмеа.Како и секогаш и сега нејзината насмевка беше тука иако таа самата е понижената.Немо ја гледаше во очи како да сакаше да и каже "ќе испливам јас и без тебе".Уште еден миг ја гледаше,а потоа мирно се сврте и си го продолжи патот не свртувајќи се повеќе назад. Смеата беше стивнала,но таа не се сврте пак,само одеше напред.Ликот не и го гледаше,но во себе ја виде болната гримаса која и го изобличи лицето и и ги слушна двете солзи како тешко паднаа на подот. Се разделија....Секоја по својот пат и со својата среќа. ТАА остана назад во болката,а нејзе и се отвори нов пат напред по кој гордо зачекори сигурна во себе и својата среќа. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БЕЗИМЕНА
Го гледам тој ангелски лик само очи да затворам. Тие смарагди зелени никако да ги заборавам. А сакам ли? Го допирам твојот образ мил, кој се стопува во дланкава моја. Тие меки усни медени никогаш не престанувам да ги љубам. А можам ли? Ја спуштам раката своја во меката дланка твоја. Тој нежен поглед полн љубов никогаш не бил поинаков за мене. Ќе се промени ли? Легнувам тивко во постела мека, прилепувам тело до тебе. Тој блажен израз на лицето твое додека буден ме сонуваш. Ќе го изгубиш ли? Се будам во зори рани со насмевка на лице сонливо. Тој мирис на свежина,љубов, кој се шири меѓу нас. Ќе се изгуби ли? |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ИНТЕРМЕЦО
Те сретнав помеѓу две ненапишани песни во ветрот што го боеше воздухот со топол мирис на темјанушки, прелетувајќи како опијанета птица над широките ливади на твојата душа. И видов, небото се одљуби од ѕвездите, морето се одрече од рибите, а јас ги растурив песните на милион молекули сфаќајќи колку е тешко да се биде обичен поет на очи со боја на темјанушки... Изменето од majstorce62 - 16.Јануари.2011 во 23:34 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ОБИЧНА ПЕСНА
Сакам да ми раскажуваш за твоето детство: за првите играчки, првата коцка чоколадо, првата насмевка на учителката, за палачинките што ги правеше мајка ти со мармалад од миризливи кајсии... Знам се, но сепак раскажувај ми за твоето детство - кога ти раскажуваш се изгледа поинаку и се во мене мириса со твојата изгубена среќа во некој од ходниците на големиот лавиринт: и твоето прво разочарување, првите солзи, првото фустанче што самата си го соши за да ми се допаднеш на твојот шеснаесетти роденден... Раскажувај ми се по ред, времето ми е единственото богатство со кое можам да ти платам, но немој, не спомнувај ме мене во твојата приказна, дозволи да бидам само обичен слушател... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ИМАШ ПРЕКРАСНА ДАРБА ДА ГО ПРЕТОЧУВАШ ПОЈОТ НА СЛАВЕИТЕ ВО ЗБОРОВИ, ЗАЧУВУВАЈЌИ ГИ НЕГОВАТА МИЛОЗВУЧНОСТ И НЕГОВАТА ТОПЛИНА...
|
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не сум совршена.
Не сум ангел. Не можам да те имам до себе, а и не те заслужувам. Не сум цвет да ти мирисам. Да те опивам со својот мирис. Немам ниту корени кои цврсто ќе ме држат до тебе. Никогаш не сум била родена за тоа, да стојам мирно на едно место. Не сум икона пред која ти би стоел долго, за да го впиваш мирот од еден лик, кој само ќе стои тука пред тебе и твоите молитви. Единствено што можам е да те сакам несебично, искрено,длабоко,долго. Можам да ти подарам душа која талкајки наоколу долго, се изгубила и самата себе, а само успеала да те сочува тебе. Можам да ти подарам едно срце кое секогаш трепери под погледот твој. Заигрува со тебе секогаш додека ти мирно го држиш во рацете свои. Стопли го с дланките твои и чувај го се додека чука само за тебе. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
butterflyM55 ![]() Сениор ![]() ![]() ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЗАСЕКОГАШ
Запролетува во душата моја секогаш кога мисла за тебе лебди околу мене. Душава е градина зелена која секогаш мириса на свежа трева откако си ти во неа. Сакам пак да зачекориме натаму, по патот кој води кон градината на ангелите. Ги гледаш цвекињата? Исти се како и порано, мири цветни,измешани околу нас. Песната на славејчето мило се слуша и сега...исто како порано исто како вчера,и денес и утре.... Милозвучен пој на птица, сладок опоен мирис на цвеќињата, свеж мирис на млада трева.... Зеленило...мир...НИЕ... Насмевки...бакнежи... Смеа мило мое...смеа. Насекаде ѕунат ѕвончиња кои излегуваат од устите на двајца заљубени. Ти ги гледам очите убави, и тие се насмеани мило мое, а мене тоа ме исполнува,ме прави среќна. Среќна сум со тебе. Секогаш ќе бидеш дел од мене. Секогаш ќе бидам дел од тебе. Секогаш...Засекогаш...оти... ти мило мое живееш во мене. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БАДИЈАЛА
Ги научивме сите уроци - посилен од нас стравот беше да се преслушаме... (насловот задолжително се чита без цезура) |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
A taa naculila usi, okokorila oci, se topi seta od milina, koga naednas - laden tus... ili imala debela koza pa ne setila tusot...
|
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1213141516 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |