|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 135136137138> |
Автор | |
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Стариот...Дел Прв Сребрената коса беше добила чуден, сивкаст сјај, небаре ја исчадил некој стар оџак. Лицето беше бледо а образите виснати надолу...Сал в очите скриени зад бескрвните виснати клепки сеуште се наѕираше живот. Во собата која мисрисаше на мемла, ѕидовите одамна беа излуштени, па се наѕираа разни бои, од дамнешните животи. До ѕидот имаше стар мијалник, а над него пожолтено огледало, во кое лик човечки можеше да се види само како низ магла. Стариот бркна во џебот и извади ефтин, црн пластичен чешел. Плукна во сувите пожолтени дланки а потоа со нив мина по сивата коса и ја замазни. Фрли поглед во маглосаното огледало и си помисли: Уште днаш само. Светна стариот жар во испиените очи а исушеното тело доби крилја, па како да летна низ врата и се симна по скалите. Но “Кино Вардар “ веќе не постоеше. Некои нови дечки, модерни, натафрени, намирисани... Некои нови места за излегување... Некое ново, модерно време. А? |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
mamma
Сениор Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Moj zivot...moja prikazna,moja taga,moja srekja,moja ljubov,
moj svet,moja iluzija,moja zelba,moja nesrekja,moja malinska, moj kamen,moja nasmevka,moi solzi,moi deca,moja rutina,moja muzika,moja mesechina,moe sonce,moe leto,moja bolest,moja borba, moja glupost,moe sorry,moja gordost,,....moj,...moj...moja Изменето од mamma - 12.Март.2008 во 15:25 |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Si pomisluvam, si zamisluvam
vo alcnosta svoja i nezasitna glad kako bi bilo koga stihovi zenski sto ovde gi gledam dur oci mi solzat za mene samo bi bile so siot kopnez svoj. |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Исчезнат
Слушнав дека те украле амазонки (зар не беше тоа твој дамнешен сон?) те заклучиле во црна палата да не знаеш за ден и ноќ. Слушнав дека нивната кралица (некогашна отфрлена љубовница) те казнува со дивите прегратки на нејзините гладни поданички. Слушнав дека шумите треперат од твоето завивање и нејзината болка (а ти се мајтапеше со својата машкост!) и гргорливата смеа на твоите синови. |
|
Tonchie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Поискрен од Мона Лиза Регистриран: 02.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 290 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Приказната на Тончи PART I
Беше лето 2002... долго фино лето... отидов во Кочани, градот од каде што е мојата мајка... градот каде што поминував прекрасни викенди за време на средно... И се случи година дена претходно да запознаам некои нови лица, интересни, шарени, кои ја слушаат мојата омилена музика... кои помалку или повеќе ги делат моите хобија... и сите ми спомнуваа една Драгица. И ете лето 2002 како и секое пред тоа отидов во Кочани, и една топла летна вечер, шетајки со другарчињата видоф едно мало кршливо бушаво девојче со подочњак до вилица и сјај во очите. Ја запознав Драгица... во тој момент таа помислила дека јас сум некој дилер од Кавадарци а не Тони за кој што и зборувале нашите другарчиња изминатава година. Сепак отидовме во еден малечок парк да седиме и да си правиме муабет и да пиеме Смедеревка. Драгица и другарка и Ивана отидоа да мочаат позади зграда, човекот од 3ти спрат ги гледал и кога завршиле почнал да пцуе по нив и им фрлил кофа вода. Драгица целата нак*рчена му кажа да му се исуши... ама не денес, утре да му се исуши... Потоа дојде марица и лада нива. Полицајците излегоа сите спремни да апсат и кога дојдоа видоа познати ликови... Драгица, па тоа си ти, Максимова и ти си тука... Сите ли сте од тука??? Јас кажав дека сум од Скопје и дека сум на гости кај дедо ми на ул. Руен. Полицаецот што ни е обрати прв не замоли да бидеме тивки и да се преселиме во другиот дел од паркот. Ние останавме таму, и продолживме со муабетот. Случајно падна тема филмот Титаник. Јас го немав гледано, само неколку трејлери, и денес сеуште го немам гледано. Драгица ја пружи раката кон мене (седевме на спротивни делови од кругот) како Кејт Винслет... Јас ја пружив мојата и ја повлеков во прегратка. Кога сите се разотидоа останавме да се бакнуваме во паркот до изгрејсонце. Наредната вечер нејзиниот несуден сопруг (невеста-бегалка), дојде во паркот. По долга расправија сепак си отиде без да биде насилен (изненадувачки од негова страна, од моја страна коските ми се тресеа). Потоа отиде типот исчезна..... Ние останавме, пиевме Смедеревка за сите пари што ги имавме. Таа ме зафркаваше затоа што не пиеф. Јас и викаф дека кршам семејна традиција, и ретко пијам. Таа само возврати, пиеш ретко, ама квалитетно и ми пружи полно шише. Јас испив половина во една голтка. Бефме пресреќни... Секоја вечер ни беше исполнета со многу алкохол и долго бакнување, секое утро ме болеше цела вилица Еден ден беф кај еден другар што има печатница, покрај тоа што му помагав во печатењето инхалирав од една боја за печатење што ја викавме спеарминт. Чувството беше како да ти бушат две бургии низ носот кон мозокот и кога ќе стигнат таму веќе е многу убава глетката пред тебе. Кога се поотрезнив малку излегов во град. Таа вечер таа ми предложи да спијам кај неа дома, јас прифатив, таа воскликна.... И стигнавме кај неа дома, собата и беше прекрасна, типична соба на слободен ликовен уметник. гледавме екстрим ТВ и почнафме да се бакнуваме... секс немавме... немавме кондом... Наредното утро беше најубавото будење во мојот живот, кога ги отворив очите пред мене беше најмилото суштество на планетава. Околу 12 почна да ѕвони телефонот како луд, без престан. Драгица стана од креветот и го прими повикот.... Тоа беше мојот братучед Никола (потајно вљубен во Драгица). Никола: Здраво Драгица Драгица: Здраво Никола Н: Шо праеш, да не знаеш кај е Тони Д: Знам Н: Каде? Д: Кај мене у кревет. Н: Доборо.... нека се јави дома... мајка му го бара... Д: Добро, чао Н: Чао... Кога отидов дома мајка ми фрикнала да не сум упаднал во некоја тепачка (честа појава за тој дел од Македонија, кога ќе се напијат младите момчиња од источна Македонија се тепаат меѓу себе... често има и смрт...) Се дружевме уште два три дена... Кога се враќав дома накај Скопје од возот забележав ВИНОЖИТО над полето околу Штип. End of Part One. Ако не е страшна приказнава, ќе го постирам и вториот дел. :) |
|
Немам потпис, ама имам профил на YouTube
|
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сум виновна. Иако ме обвинуваш за најголемото злосторство, иако ми ја припишуваш најголемата грешка што едно младо срце може да ја направи, сепак не сум виновна. Да, признав, за жал ја немам превртливоста и итрината на таа во чии раце си сега, моето срце не познава лага, а тоа... можеби тоа е мојата најголема грешка. И сега, додека мисливе ми тежнеат на душава и со секоја нова воздишка се молам да заборавам на понижувањето, на страдањата, ти си околу мене. Кога се будам со солзи од кошмарот, ти си морничавоста што не ми дава пак да заспијам. Кога сакам да погледнам кон светот, да заборавам на темнава соба во која едвај дишам, ти си студеното стакло од прозорецот. Кога сакам да врискам, да молам некој да ме чуе и да ме спаси, ти си дебелите ѕидовите со кои ја зароби мојата душа. Не, не може љубовта да е толку тежок грев. Не може нежностите, топлите допири, слатките зборови, да се толку страшни злосторства па да ја заслужам казнава која ми ја пресуди. Претпоставувам, и не може, доколку љубовта е возвратена. А ако не е, само копнежот што полека убива останува.
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
Eli
Сениор Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1968 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vo mene cuvam 5 sveta,za samo 1 angel od edno srce...od moevo srce skrseno koe place po tebe..i togas koga tie svetovi koi gi cuvam samo za tebe ke zgasnat,istoto toa srce ke prodolzi da cuka podaruvajki ti uste eden nov moment na zivot so sekoe negovo odcukuvanje..vremeto za mene zapre odkoga te izgubiv,a prodolzuva ponatamu da zivee samo spomenot moj za tebe...
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зборно место
Овде се собрани наивни еретици Ненамерни пустиници Случајни аџии Преселници и веселници. Ги гушнале бовчите со сомнежи и надежи а во џебот понеле пера полни копнежи. Породуваат стихови за една употреба - Како тоалетна хартија. О, каква иронија! |
|
super babicka
Сениор Регистриран: 18.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 348 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Razmisluvav dolgo sto da vi ispratam i se odluciv za kus prozen tekst nema da mi zamerite
Prikazna za taznata babicka Odamna veke bea padnati lisjata od drvjata koi go krasea kejot na Vardar.Bea polegnati na trevata pod starata klupa so izlupena boja i ispishanite iminja po nea.Vardar teceshe po svoeto korito, si go vrveshe patot nosejki so sebe frleni kesi i plasticni sisinja peejki ja svojata pesna so vekovi no sega so podzasilen glas zatoa sto imashe poveke voda od dozdovite koi padnaa minatata nok. Na starata klupa sedeshe stutkana babicka gledajki vo Kaleto koe gordo se izdigashe nad kejot i Kameniot most.Gledashe vo oblacite koi tivko patuvaa nekade daleku.Posaka da vidi nekoja ptichka koja bi gi odnela nejzinite pozdravi ili da gi prati po oblacite tamu nekade daleku kaj nejzinite vnuci.No nemashe nitu edna ptica.Kade li e maliot vrabec so svoite drugarchinja? Si pomisli:-Sigurno i tie zaminale daleku od gradskiot asvalt,gradskata vreva,zagadeniot vozduh, visokite zgradi i celata meshanica vo ovaa zemja,za da si ja pobaraat srekata i mirot?Nekade vo nekoj park so mnogu cvekinja i drugi ptici? A koj znae? Od nekade se slushna dzagor na detski glasovi.Nekolku decinja so baloni i cvekinja vo racinjata tracaa kon ploshtadot.Sigurno gi kupile za nivnite najsakani,majki,babi,ucitelki,tetki,sosetki bidejki e 8mi mart..... Taznata babicka ushte poveke se stutka,cvrsto drzejki go svojot shal so slabite race.Od ocite i potekoa solzi i pak pogledna kon neboto i dlaboko vozdivna. Po studenite obrazi se strkalaa solzi i glasno rece stanuvajki od klupata:-Koj veli deka solzite se zeshki? Nejzinite solzi bea studeni kako i srceto,bidejki beshe prazno,tazno i osameno. /ova e izvadok od prikaznata-veruvam ne vi odzedov od vaseto vreme/ |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Иронија 2
Се криеме зад белите чаршафи на баба ми Оптегнати на жиците во задниот двор Ветрето ги мафта како весели духови И ја разнесува нашата мисловна пошта: „Најди ме, најди ме....“ Изменето од filmadzijka - 15.Март.2008 во 19:46 |
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од мојот агол
Би го сменила сопственото име во Тишина. Толку неизречени зборови пловат врамени во мојот темен агол потонат во океанот од солзи. Тие пловат, а јас се давам. Погледнувам нагоре за да видам дали ќе се појави некој кој ќе ме извлече, но нема никој. Само претам во длабочината надевајќи се дека ќе стигнам на површината и ќе почувствувам копно под моиве нозе по кое ќе можам сама да одам. Ама заборавив дека не знам да пливам и дека цело време гравитацијата ме влече надолу кон дното. Престанав со моето безнадежно претање и им се препуштив на струите сами да ме носат, како лист кој плови во прегратките на ветрот, и слушајќи го жуборот пробував да го разберам јазикот на океанот од солзи. Таму беа заробени сите неизречени зборови. Се што ми преостана беше само малата надеж дека барем еднаш ќе ја видам светлината која ќе заблеска во мојот агол кој е веќе подолго време в канџите на сенката. Погледнав низ прозорецот и посакав ширум да го отворам и секоја капка солза која не ми дозволува да го почувствувам свежиот воздух како прострујува низ моите ноздри да биде закопана во ровката земја, или барем се надевав дека светлината ќе си го направи своето, дека секоја капка ќе испари, но од другата страна на дебелото стакло владееше мрак, а јас се што можев да видам беа само силуети кои не знаев дали се вистинити или беа само продукција на мојот ум. Се беше толку нејасно. Губејќи ја вербата дека сеуште има надеж за мене, погледнав уште еднаш кон прозорецот мислејќи дека е за последен пат, но овој пат појасно ги видов оние силуети кои мислев дека се само измама на мојот самокритичен ум. Сега толку беа јасни за моиве очи кои беа заслепени толку долго. Беа заслепени од мојот обид за бегство од минатото кое секогаш било во чекор со мене, само претопено во друга форма. Од другата страна на прозорецот видов лица на луѓе исполнети со тага, болка, гнев и се запрашав: Ова ли е мојот живот? Но, не се откажувам, борбата продолжува и понатаму. Секојдневно очајно расте копнежот за нови видици, но мојот агол е обземен од црните магии на некоја вештерка, проколнат, а јас заробена во окови само ги чекам мршојадците да дојдат и да почнат да клукаат по она што останало од мене. Се што ми остана е само трошка надеж. Надежта е дрвото кое ме задоми во гнездото во неговата крошна и се надевам дека ќе ја разбие црната магија која ме заробила и еден ден ќе полетам слободно не плашејќи се од клуновите на мршојадците. |
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Иронија 1
Можеби сум понекогаш твојата црква и џамија, но таа е твојата дома. Можеби сум твојата глад, но таа е твојата вечера. Изменето од filmadzijka - 15.Март.2008 во 19:48 |
|
Astra
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 297 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zboruvam,
no ti ne me slusas. Te dopiram, no ti gi trgas moite prsti, Placam, go trgas pogledot na strana, Zaminuvam, ti ostanuvas nedopren kako kamen, vo pustinata na tvojata dusa. Изменето од Astra - 06.Март.2008 во 20:09 |
|
What you see,hear and feel is not always true.
|
|
neobicna
Нов член Регистриран: 05.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mojata dusa skitnik lutase po bregovite na zaboravot, bez pravec i nasoka,no odednas nesto blesna pred zamorenite oci ko sjajna zvazda, mi osvetli pat,pat po koj cekoram,patot do tvoeto srce.
|
|
Внеси реплика | страница <1 135136137138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |