|
Македонскиот јазик и македонската азбука |
Внеси реплика | страница <1 131132133134135 146> |
Автор | |
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Деведесет слависти од светот ќе зборуваат македонски
На семинарот ќе присуствуваат слависти, македонисти, балканисти, историчари, етнолози, универзитетски професори, научни работници, преведувачи и студенти по македонистика, славистика и по балканистика од 27 земји од Европа и САД и Јапонија На претстојниот 42. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, што и оваа година ќе се одржи во Охрид, (10 - 27 август), ќе учествуваат 90 слушатели од 23 земји. На семинарот што е под покровителство на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, ќе присуствуваат слависти, македонисти, балканисти историчари, етнолози, универзитетски професори, научни работници, преведувачи и студенти по македонистика, славистика и по балканистика од 27 земји. - За првпат државата го финансира семинарот со повеќе средства отколку што беше минатите години. Оваа година од Министерството за образование и наука има 2,6 милиони денари и 400.000 денари од Министерството за култура, а семинарот чини околу 5 милиони денари, рече ректорот на Универзитетот "Кирил и Методиј", Велимир Стојковски. Директорката на семинарот проф. д-р Емилија Црвенковска рече дека на собирот во Охрид главен акцент ќе биде изучувањето на македонскиот јазик и оти затоа тој се одржува за да се воведат сите учесници од странство во тајните на нашиот јазик, таа додаде дека најголем интерес владее меѓу славистите од словенските земји (Полска, Русија, Словачка, Чешка, Србија...) но и ќе има и учесници од прекуокеанските земји (САД, Јапонија...). Меѓу веќе познатите имиња се и истакнатите Ала Шишкин од Русија и Иван Доровски од Чешка, професорите Кшиштоф Вроцлавски и Јан Соколовски од Полска, Волф Ошлис од Германија, Стивен Френкс од САД и други. - Наставата ќе се одржува со задолжителни секојдневни лекторски вежби, к*рсеви по избор од македонскиот јазик, македонска литература, старословенски јазик, археологија, како и к*рс по народни ора. И оваа година продолжува со работа преведувачката работилница, а ќе се работи превод од и на руски, англиски и полски јазик наспрема македонскиот. За слушателите се предвидени и по едно до две предавања дневно од областа на македонскиот јазик, литература, култура и историја што ќе ги одржуваат еминентни специјалисти од земјава, рече Црвенковска. Таа посочи дека новина во програмата е драматуршката работилница што ќе ја води истакнатиот драмски автор Горан Стефановски. Во рамките на семинарот, на 24 и 25 август ќе се одржи и 36. научна конференција, која работи во две секции - лингвистичка и литературна. Темите на лингвистичката секција се "Лексичката синонимија во македонскиот јазик" и "Структурата на простата реченица во дијалектите на македонскиот јазик". Темите на литературната секција се "Научното и критичкото дело на Димитар Митрев" и "Македонската литература во европски контекст". На конференцијата ќе учествуваат околу 70 научни работници од земјава и од странство. На семинарот ќе бидат претставени повеќе изданија, како собраните дела на Милан Ѓурчинов, Антологијата на македонскиот расказ во превод на руски од Олга Пањкина. Семинарот и годинава има сопствена издавачка дејност со вкупно пет книги од областа на македонистиката. Во културната програма ќе бидат одбележани 80-годишнините од животот на академиците Гане Тодоровски и Матеја Матевски, а ќе биде претставено и творештвото на скулпторот Томе Серафимовски. Д-р ЕМИЛИЈА ЦРВЕНКОВСКА: НОВИНА Е ДРАМАТУРШКАТА РАБОТИЛНИЦА - Наставата ќе се одржува со задолжителни секојдневни лекторски вежби, к*рсеви по избор од македонскиот јазик, македонска литература, старословенски јазик, археологија, како и к*рс по народни ора. И оваа година продолжува со работа преведувачката работилница. За слушателите се предвидени и по едно до две предавања дневно од областа на македонскиот јазик, литература, култура и историја, рече Црвенковска. Таа посочи дека новина во програмата е драматуршката работилница што ќе ја води истакнатиот драмски автор Горан Стефановски. |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, користи се, само не е глас како во бугарскиот, таа е знак за тврдост на претходната согласка.
|
|
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам ни јас, рускиот јазик не ми е познат, тоа е превземено од МКВики. Би било интересно да ни кажеш дали се користи таа буква кај нив, и што означува таа?
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам кој го напишал тоа, ама во рускиот јазик таков глас нема. Знакот Ъ има сосема друго значење. |
|
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ајде да видиме како гледале некои на македонскиот јазик, но кои не ги засегале многу српските интереси. Имено станува збор за познатиот Abecedar од 1925 год, издаден во Грција. Еве да разгледаме еден текст од истиот, станува збор за текст кој се наоѓа на последната страница.
Lenka, lošata cupa. Petre i Gjorgia odat na-pole za da igrat so drugarite. Malata sestra na Petre, Lenka, sakat i taja da odi sonimi da igra. Petre ja Ja nekeše. Lenka plači, vika i se fírli na-zemnja i fati da klocat. Fustano mu se stori berbat. Babata ja sluša kako plačese ot aurot, kai davaše seno na voloite. Istírca i ja krena, ja istrese i mu dade edno círveno jabolko. Lenka papsa da plači i si go jade jabolkoto. http://damj.manu.edu.mk/pdf/0006ABECEDAR%201925.pdf Потцртаните форми се всушност нашите зборови фрли, истрча и црвено, но со знакот í пред Р! Зошто е тоа така? Гледаме дека е во прашање латиница а не нашата кирилица, одговорот е логичен- í е замена за Ъ. Тој т.н. полуглас или поточно речено, темната самогласка Ъ е присутна и денес и во други европски јазици и сите тие си имаат соодветна буква за него, освен се разбира, ние Зошто Грците би го вметнале тој глас во Абецедарот? Затоа што многу одамна тој глас бил присутен и во старогрчкиот јазик, но со време се развил во самогласките о, а, е, пред или по р или л, додека кај нас таа темна самогласка во најголемиот број на случаи пред буквата Р е зачувана и до ден денес, но не ја бележиме, од некои причини. Еве нешто и од МК Wiki Азбуката на првото издание на Абецедарот со кирилична еквиваленција:Aa /а/, Bb /б/, Cc /ц/, Čč /ч/, Dd /д/, Ee /е/, Ff /ф/, Gg /г/, Hh /х/, Ii //и, Îî / ' или ɘ/, Jj /ј/, Kk /к/, Ll /л/, Mm /м/, Nn /н/, Oo /о/, Pp /п/, Rr /р/, Ss /с/, Šš /ш/, Tt /т/, Uu /у/, Üü /ʏ/, Vv /в/, Zz /з/, Žž /ж/, Dz dz /ѕ/, Dž dž /џ/. Диграфи и триграфи: јa /ја/, јe /је/, јo /јо/, kja /ќа/, lja /ља/, nja /ња/, kjo /ќо/, ljo /љо/, njo /њо/, gja /ѓа/, gjo /ѓо/, ae /ае/, ei /еи или ој/, oi /ои или ој/. Ü- буквата Ü го претставува гласот /ʏ/. Тој глас го нема во стандардниот македонски јазик и е еднаков по вредност на германската и турската буква Ü и албанската буква Y. Оваа буква во македонскиот јазик се користела само во Абецедарот и најверојатно е здобиена од влијание на турскиот јазик. Î- буквата Î во Абецедарот го претставува гласот /ɘ/. Денес тој не се смета како глас во стандардниот македонски јазик туку е полуглас и најчесто се сретнува пред буквата Р каде тогаш буквата Р добива вредност на самогласка. Гласот се сретнува во многу јазици како на пример во албанскиот јазик е претставен со симболот Ë, во турскиот јазик е преставен со буквата I а во бугарскиот и рускиот јазик со буквата Ъ. линк |
|
g-1
Сениор Регистриран: 10.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
SE E RABOTA NA DOGOVOR. Dali ke se zapisuva "гласот Ъ" ili ne, e rabota na dogovor i odluka. Istoto se slucuvalo i vo antikata. Taka na prostorot na Makedonia, Trakia i posiroko na b Balkanot, iako upotrebata na "гласот Ъ" vo izgovorot bila mosne cesta, TOJ VOOPSTO NE SE NI ZAPISUVAL, niti pak NA BILO KOJ NACIN REGISTRIRAL. No zatoa vo Frigia kade fakticki se zboruval makedonski dijalekt "гласот Ъ" se registriral so bukvata "A", a vo Dakija pak, vo "klasicniot" getski jazik, "гласот Ъ" bil zapisuvan i izgovaran kako klasicno "O". |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зависи каде живееш - кај нас е едноставно РБЕТ Е РБЕТ, ТРН Е ТРН - пробај ке видиш
|
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Трн може да се изговори како Трън... и како Търън и како Търн. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вокалното Р во својата суштина заменува вокал, поради тоа не треба да
се третира како согласка...што имплицира дека зад, пред, над, под него
нема темни призвуци...спрема тоа
РБЕТ Е РБЕТ, ТРН Е ТРН, во прашање е изговорот...обидете се повторно да ги изговорите... |
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Едно интересно мнение од еден форумец, коj одамна не е писал тука: Нашата азбука, кирилицата, е фонетско писмо, што значи дека за секоја фонема имаме графема,т.е. графички знак- буква. Во гласовниот систем на Македонците има 32 гласа, а нашата кирилица има 31 буква, што значи дека графички не бележиме некој глас. Се работи за темниот вокал или јорот,т.е. големиот „ер“, за кој немаме графички знак, поради што имаме неправилно читање на вокалното Р... ----http://lpartikov.blogspot.com/2008/04/blog-post_20.html |
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
не знам зошто расправате за јазик кој веќе официјално постои, сите го пишуваат и горе долу го говорат, а официјализиран е пред пола век
и да не му се допаѓа на некој не знам зошто воопшто се труди, а уште помалку вреди да одиме со теории што би било ако би било |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Токму така во името на народот на чело со првиот Претседател Методија Андонов - ЧентоЗа тебе кој е Србофил,Ченто ли што го потпишал указот за новата азбука,бил принуден а?Иако никаде не даде доказ дека бил принуден да потпише таков указ кажи ми зар сега тој е издаица бидејки според делата на Ченто тој попрво ке умрел но СрбоКомунистички документ не би потпишал.
И на крај оние што пишувале „Свобода или смърть“ предавници ли се што не ја користеле оригиналната азбука на св.Климент,кој ги принудил нив да го напишат тоа така,повторно политика,политика и само политика |
|
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бугарофилска азбука велиш...Го споредувам со српската азбука бидејќи е очигледно на која страна ги придвижувале работите оние со просрпска провиниенција во Македнија. Истите оние кои ги ликвидираа (политички или буквално или и двете) најистакнатите македонски дејци како Ченто, Шарло, Брашнаров, Шатев, Рацин итн. И кога велиш бугарофилска, одговори ми тогаш, кои се бугарофили според тебе- претпоставувам и оние кои пишувале „Свобода или смърть“ на своите знамиња?! Дали знаеш која песна била интонирана како химна на првото заседание на АСНОМ ?Знаеш ли што всушност е жално Буги? Тоа што ние го земаме здраво за готово она што некои други ни го кажувале како апсолутна вистина, како на пример дека нашите предци се бореле за ние денес да пишуваме токму на оваа азбука, и дека тие на времето биле којзнае колку воодушевени со решението на Конески. Има и други гласови во целата таа приказна, но кои беа премолчувани 50-тина години. Еве една интересна статија по тоа прашање: Кодификација на македонскиот литературен јазик Стојан Киселиновски - Расправа © Дневник, сите права задржани. Број 1339 сабота, 18 март 2006 Се поклонувам само пред Бога, вистината и Татковината! Во 1944 година почна процесот на кодификација на македонскиот литературен јазик. Но во какви политички рамки и во какви политички услови се развиваше овој процес? По поразот на македонската национална автономна ориентација (Методија Шаторов-Шарло од 1941 и Методија Андонов-Ченто по 1944), политичката власт во Македонија помина во рацете на "пројугословенската" ориентација, персонифицирана и симболизирана од Лазар Колишевски. Победата на "југословенската" ориентација во македонскиот политички живот сериозно ќе влијае и врз судбината на македонскиот јазик. Во такви политички услови почна да работи и Првата комисија за јазик и правопис (11 члена, речиси сите специјалисти во дадената проблематика). Во текот на работата на Првата комисија за јазик и правопис од самиот почеток се појавија две јасни и непомирливи тенденции. Од една страна се појави едно мнозинство на чело со В. Марковски и од друга страна едно малцинство на чело со Б. Конески. Судирите меѓу мнозинството и малцинството беа од суштинска и принципиелна природа. Прво се разговараше за тоа кои дијалекти ќе се сметаат за централни и ќе стојат на темелот на идниот македонски литературен јазик и второ каква азбука треба да се прифати и да се примени во Македонија. Во врска со дијалектичната основа на идниот литературен јазик се изразија длабоки несогласувања. Мнозинството сметаше дека како основа на идниот македонски литературен јазик треба да се земат централните македонски дијалекти (Велес, Прилеп, Битола и Охрид)(како што сметал и Мисирков м.з.), а малцинството сметаше дека треба да се земат таканаречените западномакедонски дијалекти (Тетово, Скопје, Велес, Прилеп и т.н.). Во врска со азбуката се појавија сериозни недоразбирања. Мнозинството се залагаше за формирање посебна македонска азбука (со посебни македонски фонеми - букви), а малцинство се залагаше за целосното прифаќање на Вуковата азбука. По тешки дискусии и со гласање (9-2), мнозинството го порази малцинството и предложи азбука од 32 букви. Во врска со темниот вокал, мнозинството членови на Комисијата за јазик и правопис сметаа дека темниот вокал "ъ е нужен за македонскиот јазик, а е и старомакедонска буква". Поразот на малцинството и неприфаќањето на Вуковата азбука од страна на Комисијата за јазик и правопис ја вознемири "пројугословенската" македонска политичка номенклатура. За да се попречи примената на новата македонска азбука, Страхил Гигов на 14-тата седница на Президиумот на АСНОМ предложи до дефинитивното прифаќање на понудената азбука од страна на Првата комисија да се поканат и да се изјаснат и руските слависти Н. С. Державин и С. Б. Берштејн. Целта на предлогот не беше да се поканат руските слависти, туку да се одложи и да се оневозможи прифаќањето на новата македонска азбука предложена од Првата комисија. Веднаш македонската политичка номенклатура (ЦК КПМ), со писмо, го извести ЦК КПЈ дека успеаја привремено да ја отстранат таа опасност со предлогот на Страхил Гигов на 14-тата седница на Президиумот на АСНОМ за покана на руските слависти. Со помош на "пројугословенската" македонска номенклатура се формира нова, но сега партиска комисија за кодификација на македонскиот литературен јазик. Во Втората таканаречена комисија за јазик и правопис влегоа и луѓе што дури не го знаеле македонскиот јазик. Главна улога во Втората комисија заигра претставникот на малцинството од Првата комисија (Блаже Конески). Новата комисија за јазик и правопис реши "да се усвои наполно Вуковата азбука...". Членовите на Втората комисија за јазик и правопис решија исто така дека "ъ не е каракеристичен за македонскиот литературен јазик и не треба да се внесува како буква во азбуката". Така графемата "ъ" доби политичка димензија. За нејзино отстранување особено се залагаше Б. Конески. Мотивот беше едноставен: пирова ќе беше победата на Вуковата азбука во Македонија ако беше прусутен и "ъ" во неа. За многумина таа буква "мирисаше многу на бугарски". Со желба да се отстрани таа графема дури се скрши и фонетскиот принцип во јазикот и графемата "ъ" беше заменета со апостроф. Против решенија на Втората јазична комисија енергично беше В. Марковски. На тој начин малцинството, со помош и поддршка на ЦК КПЈ и ЦК КПМ, од малцинство бргу се претвори во мнозинство и ја наметна својата волја, спротивно на волјата на македонскиот народ, која ја изразија претставниците на мнозинството од Првата комисија (д-р Г. Шоптрајанов, д-р М. Петрушевски, В. Марковски, Г. Киселинов, Д. Џамбаз и др.). Прифаќањето на Вуковата азбука ја вознемири македонската јавност. Македонската "пројугословенска" политичка номенклатура, по договорот во Белград меѓу М. Ѓилас, В. Малинска, Б. Конески и В. Марковски, создаде Трета комисија за јазик и правопис. Третата комисија на 3 мај 1945 година донесе своја дефинитивна (компромисна) одлука по прашањето на македонската азбука(ќ,ѓ и ѕ, з.м.). Со тоа духот на малцинството победи и стана основна јазична политичка ориентација во Република Македонија. По кодификацијата почна еден суптилен процес на историски јазичен дисконтинуитет на македонскиот јазик што постепено го оддалечуваше од неговиот природен и нормален историски тек и континуитет. Денес, кога се штити духот на малцинството, всушност не се штити македонскиот јазик, туку српскиот отпечаток врз македонскиот јазик. На тоа всушност се должат неодговорните напади врз Македонскиот историски речник и врз главниот уредник. Тие напади земаат размери на вистинска вербална граѓанска војна и главни носители се "Утрински весник" и "Старт". Крајна цел на тие напади е да се овековечи историскиот дисконтинуитет на македонскиот јазик (да не се дозволи никаква јазична ревизија) и да се ограничи, диригира и да се потчини повторно македонската научна мисла. П.С. За веродостојноста на пишаното ги упатувам сите читатели што им е мила вистината да ги прочитаат записниците од комисиите за јазик и правопис што се наоѓаат во Архивот на МАНУ или да ја прочитаат извонредната книга на д-р Стојан Ристески, "Создавањето на современиот македонски литературен јазик", Скопје 1988 година, каде што исто така може да се најдат записниците од комисиите за јазик и правопис. (Авторот е доктор по историски науки) „У име народа“- така ли Буги? Изменето од Владо - 01.Август.2009 во 18:45 |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас не видов ниту еден доказ,писмо,исказ,исповед дека буквите се изгласани под некаков притисок - баш напротив мислам дека денешната Македонска азбука е донесена најлегално со согласност на најголемите Македонски дејци од поствоениот период,тоа што се оспорува од одреден број на нејасни луѓе искажува само за политички притисок од страните држави - кои Српски кои Бугарски - но впрочем ако прочитате малку поназад во темава ке видите дека сум напишал како не само Македонската азбука проживеала еволуција туку и др. кирилични азбуки имаат исти промени а тоа се благодарејки на говорот во државите а не на политиката.Според тоа најголемиот аргумент за денешната Македонска азбука е и Македонскиот литературен јазик кој сеуште е на највисоко официјално ниво во Р.Македонија
|
|
Внеси реплика | страница <1 131132133134135 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |