|
Зен приказни |
Внеси реплика | страница <1 1112131415> |
Автор | |
zenmaster
Сениор Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Od denes sum zenucenik , mojata titula master of zen ja prepustam na ACELERA .
|
|
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Големиот Тао господар Чуанг Цу еднаш сонувал дека е пеперутка која што лета ваму – таму. Во сонот немал никаква претстава за неговата индивидуалност како личност. Тој бил само пеперутка. Наеднаш се разбудил и се нашол себеси како лежи, како личност повторно. Но тогаш си помислил, „Дали бев човек кој што сонуваше дека е пеперутка или сега сум пеперутка која што сонува дека е човек?“ ЗЕН Правила за Животот
Изменето од ACELERA - 21.Септември.2007 во 02:07 |
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еден ден Чуанг Цу и некој негов пријател се шетале покрај некоја река. „Гледај како плива рибана,“ рекол Чуанг Цу, „Стварно ужива.“ „Ами ти не си риба,“ одговорил пријателот, „Како можеш да знаеш дека рибата стварно ужива.“ „Ами ти не си јас,“ рекол Чуанг Цу. „Како можеш да знаеш дека јас не знам дека рибата стварно ужива?“ |
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Си бил некогаш некој КАМЕНОРЕЗЕЦ кој што не бил задоволен со себеси и со својата позиција во животот. Еден ден поминал покрај куќата на некој богат трговец. Портата била отворена и тој видел многу убави нешта внатре и многу важни посетители. „Којзнае колку е моќен овој трговец!“ си помислил каменорезецот. Станал многу завидлив и посакал да биде како трговецот. За негово големо изненадување, одненадеж станал трговец, кој што уживал многу повеќе моќ отколку што самиот си замислувал и му завидувале оние што биле помалку богати од него. Наскоро некој висок службеник поминал покрај него, кој го носеле на столица и го придружувале слуги и војници кои што удирале во гонгови. Сите без разлика колку биле богати морале да се поклонат пред поворката. „Мора да е многу моќен овој службеник!“ си помислил каменорезецот. „Би сакал да бидам висок службеник!“ Тогаш тој станал висок службеник и го носеле насекаде во неговата столица и се плашеле и го мразеле сите луѓе наоколу. Бил жежок летен ден и службеникот се почувствувал многу неудобно во неговата леплива столица. Тој погледнал кон сонцето. Тоа светело гордо на небото, недопрено од неговото присуство. „Колку е моќно сонцето!“ си помислил. „Посакувам да бидам сонце!“ И така станал сонце, светел безмилосно на секого, палел полиња и бил омразен од фармерите и работниците. Ама некој голем црн облак застанал помеѓу него и земјата, па така неговата светлина не можела повеќе да стигне долу на земјата. „Колку е моќен овој облак!“ си помислил. „Би сакал да бидам облак!“ Тогаш станал облак, врнел и ги поплавувал полињата и селата и сите му викале. Ама брзо потоа открил дека е поттурнуван од некоја голема сила за која сфатил дека е ветерот. „Колку е моќен!“ си помислил. „Посакувам да бидам ветер!“ И тогаш станал ветер, откорнувал покриви од куќи, дрвја и сите се плашеле од него и го мразеле. Поминало време и наишол на нешто што не можел да го помрдне колку и да дувал силно – огромен камен. „Колку е моќен овој камен!“ си помислил. „Посакувам да бидам камен!“ И станал камен, помоќен од се на земјата. Но како што стоел таму слушнал звук на чекан и длето како удираат на тврда површина и осетил потреси на себеси. „Што може да биде помоќно од камен?“ се замислил. Погледнал нагоре и видел КАМЕНОРЕЗЕЦ. |
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
navistina ubavi prikazni
osobeno onaa za tatkoto i sinot, da se naezish |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
He... Mnogu lesno prijatele. Pajcheto sekako ke si umre koga ke mu dojde vremeto, a toa ne e vnatre. Ostani mi so arno. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одлични ти се приказните и преводите, Ацелера! Само напред! |
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
nekoj car ... se vo zivotot doziveal ... na kraj najmnogu si go sakal eden petel ... imal mnogu ubavi boi ... i peel tocno vo isto vreme nautro ... ama eden den petelot umrel ... i sovetnicite mu velat ... da go preparirame ... ama carot ne mu e po merak ... i raspisal tender ... se javile mnogu ... eden slikar bil so originalna ponuda ... taka ke go naslika kako da e ziv ... za vreme od edna godina ... carot nego go priaftil za taa rabota ... i cekal edna godina ... odi kaj slikarot 15 minuti pred da bide tocno godina vreme ... go gleda ... slikarot sedi pred prazno platno ... i carot mu vika ... sto e ova ... nema nisto od slikata ... slikarot pocnal i tocno za 15 minuti ... nacrtal takov petel ... isto kako ziv ... i carot go nagradil duplo ... ama go prasal: - zosto me natera da cekam cela godina ... koga mozelo za 15 minuti da se nacrta ??? slikarot go odnel carot vo eden golem hangar ... a vnatre vo hangarot samo sliki od petli ... Vo zivotot ... koga gledame kako nekoj vo nesto uspeva ... ne razmisluvame kolku iskustvo i trud e pozadi toa ... |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Војници на Човештвото
Една дивизија на јапонската армија побарала преноќиште во храмот на Гасан. Гасан на својот готвач му наредил да приготви иста храна, како за свештениците така и за војниците. На тоа војниците се побуниле бидејќи биле навикнати на убави гозби. Еден од нив рекол - ‘Што мислиш, кои сме ние па вака да постапуваш со нас? Па ние сме војници кои го жртвуваат животот за својата татковина! На ова Гасан му возвратил - ‘А што мислиш, кои сме НИЕ? И ние сме војници но војници на Човештвото кои се борат да го спасат секое суштество кое има чувства! |
|
zenmaster
Сениор Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zen vo sekoj moment Ucenicite na Zen so svoite uciteli pominuvaat naj malku deset godini pred da se osudat da poducuvaat drugi . Nanina go posteil Teno koj go pominal svoeto ucenje i stanal ucitel . Se slucilo toj den da vrne i Teno nosel klompi i cador . Vleguvajki vo hramot go pozdravil Nanin koj primetil i prasal : pretpostavuvam deka svoite klompi gi ostavi vo preddvorjeto ? Bi sakal da znam dali cadorot go ostavi levo ili desno od klompite . Teno zbunet nemal brz odgovor . Svatil deka ne e sposoben vo sekoj momnet da ima Zen so sebe . POstanuvakji Naninov ucenik pominal uste sest godini za da go dostigne prisustvoto na Zen vo sekoj moment . Изменето од zenmaster - 20.Септември.2007 во 01:06 |
|
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Време за смрт
Икју бил многу паметен уште како млад. Неговиот зен учител имал една шоља за чај која многу ја сакал и била редок антиквитет. Но еден ден Икју несакајќи ја скршил шољата на учителот. Слушајќи ги чекорите на учителот, Икју брзо ги собрал скршените парчиња и ги скрил зад грб.Кога се појавил учителот, Икју го прашал - Зошто сите мора да умреме? Тоа е природно!- му рекол учителот. - Се мора да умре и се има свој век! Тогаш Икју му ја покажал скршената шоља на учителот и му рекол -Време беше твојата шоља да умре! |
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
isto ZEN prikazna ... zemame sise za mleko ... od onie od litar so siroka ustinka ... i zemame edno maaalo pajche ... i go hranime pajcheto ... i toa raste ... raste ... e sega ... ne smeeme da go skrsime siseto ... a ni pajcheto da zagini ... sto ke napravite Vie ... vo eden vakov slucaj ??? |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
eve druga ZEN prikazna ... Nekoj covek se kacuval so jaze ... nad edna provalija ... i se kacuval nagore .... i gleda ... tigar ... znaci gore nemoze ...!!! pocnal da sleguva dolu ... i dolu dosol tigar ... znaci nemoze nitu dolu ... !!! i taka sedi na jazeto uvisnat ... i gleda ... nad nego dve gluvchinja .. edno belo i edno crno ... go grickaat jazeto .... (toa ni se prijatelite vozivotot)... sega sto pravime vo takva situacija ???? zdogleduvame vo stenata edna sumska jagodka ... ja kasnuvame i velime: - ama e zivotot ubav ... !!! |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nekoj ucel ZEN Budizam ... i posle mnogu godini trebalo da nacrta bambus ... crtal taka tri godini ... ama ucitelot nikako da go bendisa crtanjeto ... - daaa ... lichi na bambus ... ama uste ne e toa .. i taka crtal uste tri godini ... i isto ... i resil ucenikot da zamine vo sumata ... da nauci sto e toa bambus ... posle 10 godini ucitelot pomislil ... sto stana so ucenikot ... otide a ne se vrati ... i ucitelot zaminal vo planina ... da go bara ... ama nikako da go najde ... zatoa sto ucenikot stanal bambus ... covekot e takvo sustestvo ... daj mu mikrofon ke stane peac .. daj mu gitara ... gitarista ... daj mu forum idividi ... ke stane idividista ... e toa e ZEN ... ovaa prikazna pred godini mu ja kazuvav na eden kolega vo avtobusot koga odam na rabota ... i se smeevme ... edna koleska ni veli: - stalno vie dvajca se smeete kako zeleni ... a kolegata: - ami dojdi i ti ... - a sto ke naucam ... - ke te napravime bambus ... i koleskata ni se razvika ... - ako vi udram po edna kolca na dvajcata ke vidite ... |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
Внеси реплика | страница <1 1112131415> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |