|
Студентски Марш |
Внеси реплика | страница <1 1112131415 17> |
Автор | ||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како овој испит, како и да го наречат, ќе ги издвои студентите кои не учеле и уште поважно дали тоа ќе биде РЕАЛНО? Како студент кој стигнал до четврта година воопшто стигнал до таму без учење? Сам си пишувал оцени во индекс? Како тоа добил оцени кои не ги заслужил,па ај сега пу пу не ти важи факултетот...ќе преполагаш до 12 пати бесплатно а потоа 12 000 ќе платиш Ќе одговара ли некој од професорите за тоа? Малку смешно ми делува и несериозно Нели се изнаслушавме реклами за тоа како имаме успешно образование,меѓу најдобрите во Европа и сега одеднаш студентиве завршувале факултети со неучење И не ми го обојувајте партиски прашањево ве молам(оти си имате таков адет) Прашувам како заинтригирана мајка на два студенти Знаете ли колку кошта денес бесплатното образование? И да,колку сакате пишувајте бројки и букви и навредувајте ги студентите дека се партиски послушници и дека единствено се бунат заради тоа што не учат па се плашат од испитот,јас сум горда на она што го направија оти ние сите сме незадоволни од ова или она ама немавме јајца да бидеме ние таму наместо нив |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
Radijator
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ne sum student, ama bev na protestot i gi poddrzav studentite bidejki mislam deka zasluzuvaat podrrska. I nikoj ama bas nikoj nitu mene nitu na bilo koj drug nema da mi go zabrani toa pravo.
Im se VOsh*tUVAM na studentite za hrabrosta. Veke I bevme zaboravile kako izgledase masoven protest protiv nesto sto ne cini, a da ne e dekorirano so partiski znaminja I slicni rekviziti. A na poltronite nakloneti kon vlasta tolku mnogu im e maka sto da ima kako ke si kasnat od zadnoto debelo meso zaradi toa sto se sluci pred 2 dena. Predlog do vladata na Republika Makedonija: 1. DRZAVEN ISPIT za site vo JAVNATA ADMINISTRACIJA primeni vo poslednite 8 godini 2. DRZAVEN ISPIT pri vrabotuvanje vo JAVNA ADMINISTRACIJA i na kraj moze 3. DRZAVEN ISPIT za studentite Pa togas da videme koj e koj, koj kolku znae, i kakov strucen kadar imame. MRTV, Sitel, Kanal5, AlfaTV (gomna da jadat), javuva: SPORED NASI IZVORI, BLISKI IZVORI, VNATRESNI IZVORI, opozicijata, Branko e kriv, Zaev, bomba, Studentski plenum, Studentski marsh, edvaj 3 iljadi narod, sorosoidi itn.................pisuva Kurir. Изменето од Radijator - 12.Декември.2014 во 10:13 |
||
Just because i see the world with my own eyes, that doesn't make me a sinner !!!
|
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Малце погоре,Panter123 добро образложи како стојат работите во образованието и од каде треба да започни реформата:
Преку намалување на квотите во факултетите посебно во оние смерови каде има суфицит на кадри,а некои смерови потребно е да се стават во временско мирување бидејки се создава дисбаланс на полето на трудот. Но зошто ова нема да се направи туку ке се оди по линија на помал отпор! Ова автоматски би значело намален буџет во универзитетската каса како и укинување на работни места. Навлегуваме во нова техничко-технолошка револуција бидејки започнува создавање и примена на машини кои работат на нови принципи. Тука е суштествено ,да се фати чекор со овие текови бидејки дали некој ке мине со 7 или 10 на тест со кој ке се валоризира знаењето за процеси и технологија од 20 век нема воопшто да биди важно во компанија која употребува најнова технологија за кој мислите дека само во научно-фантастичните филмови ја има. Изменето од Alekxandar - 12.Декември.2014 во 09:06 |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
НЕМА КОНЕЧНО РЕШЕНИЕ ЗА ДРЖАВНИОТ ИСПИТ Владата нема конкретен предлог за државниот испит. Кога ќе биде готов, ќе ги повикаме сите заинтересирани да се вклучат во дебатата и да дадат нивни размислувања, се со цел да се изнајде заеднички прифатливо решение“, изјави денеска министерот за образование Абдилаќим Адеми при претстојот во Тетово. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
zabegan, од коментарите што ги пиша на ова тема разбрав дека за сите оние кои се на некаква позиција во оваа држава не се знае како дошле до дипломи, дека таму има и луѓе кои се полуписмени и дека целта на владата не е тоа да го спречи и реши за идните генeрации, туку преку државниов испит да ги сотре сите млади кои завршуваат факултети (од кои некои би сакале да дипломираат онака лесно како што наводно дипломирале луѓето во владата) и истовремено да го користи тој државен испит за присилно регрутирање нови партијски членови и елиминирање на универзитетски професори. Исто така, доколку добро те разбрав, велиш оти школството не е добро, но дека таков државен испит би можело да биде спроведен од некоја друга влада во која ќе работат вистински дипломирани луѓе кои, исто така, не се компромитирани, туку се морално и етички кредибилни и докажани како такви во општеството. Поправи ме ако грешам. Изменето од Messenger - 12.Декември.2014 во 16:57 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
не можеш да продаваш морал и етика, ако на тебе не ти е чист образот... не е битно во спроведувачите и регулаторите на тој испит, кој како земал диплома и дошол на позиција, битно е секој после нив што е да биде сотрен, нели? свесен си дека со новиов систем може да се собираат присилно нови партиски члнови со тоа што ќе те условуваат да имаш досега колку години, мандати, и министри за образование истера оваа влада? сега мораше да биде спроведен? во своите редови имаат луѓе што не знаат да прочитаат готова реплика испечатена на лист, за да ја кажат во собрание, ама они ќе ми кажуваат на мене како сум полагал и ќе ме тестираат дали сум поштен и учам доволно ај сега ако е така јас ќе станам сериски убиец и ќе шетам по МВР да им кажувам како треба еден детектив да работи... нема смисла и еве како средношколец кој полагаше екстерен матурски испит во третата година откако беше спроведен, можам да ти потврдам колку хаотично и нерегуларно се одржуваа и сеуште се оджуваат тие испити... што би ме натерало да мислам дека нешто подобар ќе биде таков испит на факултетите, каде материјалот кој се учи е далеку покомплексен од систематизираното гимназиско образование? Изменето од zabegan - 12.Декември.2014 во 03:17 |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не знам кому си му го поставил прашањево, но ме заинтригира неговата содржина. Без обзир од која влада доаѓа решението за државниот испит, таа одлука воопшто не зависи од ниту една диплома на ниту еден владин член или пратеник во Собранието, ниту пак како кој бил избран за својата функција на народен претставник или администратор во тоа тело. Истото важи и за времето кога решението ќе стапи во сила. Инаку, ако ја следиме таа логика, тогаш секој човек секогаш ќе може да се повика на вакви или слични "аргументи" за било кој предлог или закон во државата и никогаш ништо не ќе може да се спроведе. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Една добронамерна забелешка до сите членови - коментирајте за темата, а не за коментаторите. Рестриктирајте се од лични префрлања и навредувања доколку соговорниците не го споделуваат вашето уверување, мислење или партијско убедување.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
е тоа е тоа што боли, што некој што се здобил со своите „квалификации“ преку разни средства, освен преку учење и напорна работа, денес ќе ни кажува како другите треба да учат... повеќе ми смета тоа, отколку да си ја тераме сите, кој со учење, кој со други средства, па после кој како се снајде во животот
владата не презентира јавно предлози и проекти, ниту пак некогаш постоела реална можност граѓанин да учествува во нејзините одлуки, ова не можеш да го негираш и да се лажеш себе најпрво... како прво, преку кој орган ќе делуваат студентите? преку студентскиот парламент и нивниот претседател кои се полтрони на истите оние кои го предлагат тестирањето? кого владата ќе праша што сака? а како второ, ако владата презентираше проект, а студентите поднесеа жалби и предлози, и истите им беа одбиени, тогаш што ќе беше аргументот? тоа како опозицијата креирала протести? или па пак ќе се одржеше „мирен“ контрапротест од загрижени студенти кои обожаваат да полагаат државен испит и едноставно со нетрпение чекаат да се воведе? ...дај жити све, на памет веќе научивме како одат работиве и еве пак ќе прашам прашање кое упорно се избегнува... кога и како политичкава фела која денес ни кажува како се учи и како се полага, ги положила своите испити, и како стигнала таму каде што е денес? и како тоа, екстерно тестирање кое се предлага од поодамна, дури сега треба да стапи во сила? Изменето од zabegan - 14.Декември.2014 во 02:15 |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Studenti imalo,ima i ke ima,a i NEMA,veruj mi,i zatoa se sega Vladinite zalaganja da se vidi koj bil na masa,a koj bil na kasa...Vidi,so disperzijata na Fakultetite,trebase da im oleswni na Skopjaniscava,Skopjancive,Pederive,barem za prvput vo svojot roden grad da se osekaat ...ko vo svojot roden grad...Da mozat posle skolo,da se zaposlat u Skopje,da ne sibaat u stranstvo,zasto,cela taa Vasa stastika za mladite u stranstvo vazi za Skopje,dodeka Provincijata go zazema nivnoto mesto...Togas Nie trebase da PRAIME zEMJOTRESposto ni se slucuvase Asimilacija,Progon,i ubistvo na rati... Protestot e nesoglasuvanje za odluka so koja pri,debata,sobor,sobraniski,VLADINO,eTC,NE SE ISPOCITUVANI ILI DEMOKRATSKI SE nadglasani tvoite opcii,solucii i percepcii...NISTO OD TOA NE BESE ISPOSTOVANO ZAVCERA...Aj,DA ne se povtoruvam... |
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Студентски протести имало,има и ке има зошто студентите се иднината и само тие вршат ревизија на генерациите пред нив.
Во земја во која нема протести или владее тоталитаризам или ја зафатило некоја голема непогода во која лугето спасуваат жива глава,бидејки протестот е знак со кој се укажува дека нешто не е во ред и дека треба да се бара заедничко решение. |
||
svetosparki
Сениор Регистриран: 27.Октомври.2013 Статус: Офлајн Поени: 694 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
GAUDEAMUS IGITUR...
Sea ja pustiv na Youtube i ja islusav stoecki...Neka i e vecna slava...Nikogas veke u MKD nema da se zapee,so gordost,lefterno,bez falsh...Pa i neka... Student-kolku toa gordo zvuci...ili zvucese...do vcera... Edna obicna postena ideja-NEJKAM DA MI GO PROVERUETE ZNAENJETO ILI NEZNAENJETO se izgubi u moreto na Politicki paroli...Dali vcera bese Predizboren miting,sto malkucka e rano ili kasno,dali bese Ziv zid od Grafiti,za da denes ima tema na stranicite,koj ke kaze posmesna parola ili koj poise ke se nametne ko lider na Socijalnata Revolucija?!Site,skoro site,go okarakteriziraa ko Protest...Aj,neka e taka...Protest,ali protiv sto i protiv kogo?So tie paroli i gostite so im bea p0okaneti na Ulicnata Zurka(cekaj malce,Eden spominjase deka narodot poleka ke go vozvraka udarot,ama ne mi teknuva koj),toa bese cist predizboren miting...Zatoa sto,Protest e izraz na nezadovolstvo,otkako vo Dijalog,Opsta,Javna rasprava ,debata,vo Sobraniska procedura,pa i na Vladina sednica ,ne izlezes zadovolen od nacrt-resenija ili konkretni resenija,kade so ti e negirano demokratskoto pravo za baranje ili konkretiziranje na tvojata opcija ili solucija Ako baranjata so Studentite gi9 dostavile do Vladata bea ispisani na carsafite so bea istaknati,toa e van sekoja pamet i obid za devalvacija na vistinskite potrebi na Studentite...Kako moze da se protestira za seuste nerazgledani i ne konkretizirani baranja i odgovori...Vladata dae moznost za Drzaven ispit,ko so imavme i u minatoto...Tie so se plasat da ne bidat razotkrieni ko neznalici,tie se plasat od Zavrsen ispit...Dali imase paroli za uslovite vo Domovite,Hranata, Participacijata,i red drugi Vistinski potrebi i macnini na Studentite ili so omilenata parola na Inkvizicijata ke me otekuvate do slednite izbori? Priznavam,se otvorija mnogu fakulteti,ali za Niv ke zboram od druga strana... Do togas,Skopje bese pod okupacija na svega i svacega,so imase Pari i Vrski da studiraat u Skopje...Dva-tri doma ne bea u stanje da gi priberat Hordite so navleguvaa od milion strani,i gi baraa najubavite mesta u amfiTEATAROT cinis se na nekoja premiera...Nie,od Skopje,so bevme solidni srednoskolci, za upis na fakultet trebase da se borime protiv Godzila...Mene upisot poise me kostase za castenje nego Diplomskata...I,sikaniranja po razni osnovi od strana na profesorite,posto ja nemav da mu dadam , za razlika od provincijata...Se osekase frustriranost kaj Skopskive studenti,ali,jebi ga,Moj grad-ne go davam taka lesno...I taka sdi tecese sve,dur ne se disperziraa Fakultetive niz MKD... Znaci,problemi ima i ke ima,ali onie so se vrzani so Obrazovniot proces,so Metodologijata i Politikata na obrazovanie kaj nas,za toa moze da prosereme nesto,domakinski,bez....mi tekna koj bese Toj so go spomnav preeska...i,toa... |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Навистина е освежувачки да се прочитаат разумни коментари необременети со политичка или емотивна обоеност и вжештеност. Оноа што некогаш било општо прифатена норма на нашите простори, а и денес е стандард во проверката на квалитетот на школството ширум светот, кај нас се презентира како некаква девијација и политичка контрола во независното школство. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи тешко дека има и една тема во која политичарите а посебно нивните обожаватели... нема да се заплеткаат... а времето такво е... невреме... или си ВМРО или СДСМ... незнам зошто е толку тешко да се прифати дека гласот на студентот, па колку и да се студентите денес девалвирани, има можеби најголема тежина во едно општество... студентите се идни академски граѓани, интелектуалци, луѓе кои по дифолт ќе бидат оние кои се иден столб на една држава... како е можно да се игнорира тоа... кој може да го игнорира тоа...? само оној кој не бил студент, не може да ја сфати важноста на она што се случуваше... само оној кој ја земал дипломата онака како што многу често денес кај нас се зема-без знаење, не може да ја сфати важноста на студентскиот глас... само оној кој дозволува да биде убеден дека Гејтс и Цукенберг кои немаат класично образование, се идеал а не исклучителност завиткана во плаштот на пропаганда... на крај, само оној кој не е способен да добие диплома со знаење, работа, самоизградување, упорнот, не може да ја сфати тежината на студентскиот глас... но, зошто воопшто студентитее излегоа на улица... суштината како јас ја разбирам е едноставна... не може се еден испит, па како и сакаат да го наречат... да се подобри квалитетот на образованието... не е тоа само глупост, тоа е и повеќе од глупост... прво отварат пун К*рац разноразни факултети... приватни, дисперзирани, вакви такви, онакви... дозволуваат запишување на све и свашта по тие факултети... вработуваат професорски и асистентски кадар со трагично разводнето минимално и сомнително знаење и вештини... го доведуваат критериумот за знаење не на најниско можно ниво, туку на непостоечко ниво... дозволувајќи купување на дипломи, доделување на дипломи... само заради тоа што некој се запишал на дотичните факултети... само заради тоа што ако веќе се вработиле професори, тогаш мора да има и студенти, какви такви, битно ги има на број, за истите да си ја задржат работата ... го еродираат знаењето од било кој аспект... и потоа гледајќи што е направено, воведуваат еден испит... со кој ќе го подобреле образованието... апсурдно е и да се дискутира за бесмисленоста на вакво решение... истите тие на кои ваквиот систем им овозможи да земат дипломи на лесен начин... па благодарение на тоа да дојдат до позиции во урнатините на вредносниот систем чие најголемо достигнување е величење на аматеризам, шундот, непрофесионализмот, кичот... сега го критикуваат тој систем на образование... сакајќи да се заштитат, немоќни да ја сфата суштината, носат безсмислени одлуки... но... зарем е чудно тоа во атмосфера на живеење во која затупавеноста на масата... е главен адут за меланхоличноста на сивилото кое најмногу им одговара на политичарите... од било која провиненција... затоа... дури и по цена да не се сосема сигурни што бараат... гласот на студентите... па што и да останало од нив во академската виртуелна самосвест... е важен... |
||
Внеси реплика | страница <1 1112131415 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |