![]() |
|
Извадоци,исечоци,цитати |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1112131415 46> |
Автор | |
sneska_v ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
За предавство потребен е страв, за одмазда љубов, за умирање живот, а за
копнеење - отсуство поприсутно од присуството треба да се има. Се
копнее по нешто што нетука е, а секој миг пред очите ти е; нетука а тука
- тоа ти бил копнежот.
пламенот кога се дели, се умножува како и љубовта, мил мој; оган е љубовта, оти колку повеќе го даваш, толку повеќе го имаш. Внатре се наоѓа најкршливото нешто на светот; но иако кршливо, може да ја сломи секоја душа која не е подготвена за средба со него. Ќе дојде време, тајната сама ќе се отвори, кога страста ќе стане неподнослива; убавината е во одлагањето на задоволството. Немаше никогаш да си простам ако те напуштев, ако се удавев, будалче мое, ќе умрев пред да се удавам, ќе умрев од скрб да не останеш сам, јас ќе умрев за тебе пред да умрам за мене. ВЕШТИЦА - Венко А. |
|
![]() |
|
sneska_v ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
,, .. Постои една глетка што е поголема од морето, тоа е небото;
Постои една глетка што е поголема од небото, тоа е внатрешноста на душата.. ‘‘ ( Клетници - Виктор Иго ) |
|
![]() |
|
bluebell ![]() Сениор ![]() ![]() the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ја држам за рацете и ја стискам врз моите гради. Пробувам својата прегратка да ја исполнам со нејзиниот шарм, со бакнежите да и украдам слатка насмевка, со своите очи да го испијам нејзиниот темен поглед. Но каде е сето тоа? Кој може небото да го остави без неговото синило? Пробувам да ја сфатам убавината, но таа ми бега и во рацете ми останува само телото. Измамен и уморен се враќам. Како може телото да го допре цветот, кој смее да го допре единствено душата? Градинар- Тагоре |
|
always look on the bright side of the life!
|
|
![]() |
|
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Повеќето се сосема неспособни да извршат вистинско самоубиство, зашто длабоко спознаа колкав грев е тоа. За нас тие се сепак самоубијци зашто живеат во смртта, а не во животот што носи спас, зашто се готови да се отфрлат самите себеси, да се предадат, да згаснат и да му се вратат на почетокот. Поблагородно и поубаво е човек да дозволи да го победи и собори самиот живот одошто спствената рака. Ниту едно Јас па ни најнаивното не е целина, туку многукратен свет, мало ѕвездено небо, хаос од форми, степени и состојби, хаос од наследеното и од разни можности. Човекот е лукавица составена од стотина лушпи, ткаенина од многу нишки. Очајничката сврзаност на сопственото Јас и очајничкиот страв од смртта се најсигурните патишта до вечната смрт, додека оној кој е во состојба да умре, да го отфрли своето тело, своето Јас засекогаш да го предаде на непостојаноста, тој станува бесмртен. Ни самоубиството, кутри Степски Волку, нема вистински да ти помогне, ќе мораш да тргнеш по подолгиот, по помачниот и потешкиот пат за да станеш човек, својата многукратност мора да ја удвоиш, својата сложеност да ја направиш уште посложена. Наместо да го стесниш својот свет, да ја упростиш својата душа, за можеби, еднаш на крајот да го најдеш својот мир. Но, ако за секое задоволство бараш дозвола од луѓето, е тогаш си навистина за жалење. Хермина беше како животот: секогаш само мигови, никогаш ништо однапред да се предвиди. Оној кој умееше да живее во мигот, кој живееше во сегашноста и со таква радост и грижа му се восхитуваше и на најмалиот цвет на патот, умееше да го цени и најмалиот разигран миг на животот, нему животот не можеше ништо лошо да му стори. Животните – тие се најчесто страшни, но многу поискрени од луѓето. Тие не сакаат да ти се умилкуваат, не сакаат да ти импонираат. Нема глума. Тие се онакви какви што се, како камењата и цвеќињата или ѕвездите на небото. Животните се најчесто тажни, а кога еден човек е тажен, не затоа што го боли заб или ги изгубил парите, туку затоа што за миг ќе почувствува каква е стварноста, каков е животот, тогаш е вистински тажен и потсеќа по малку на животно – тажен е, но затоа поискрен и поубав. Така е тоа, а така изгледаше и ти, степски волку, кога те видов прв пат. Ќе те научам да танцуваш, да се забавуваш и смееш, а сепак да не бидеш задоволен. А јас од тебе ќе научам да размислувам, да знам, а сепак да не бидам задоволна. Знаеш, обајцата сме деца на ѓаволот! Наводно, секој човек се состои од десет, сто или илјада души. Мислителот Хари е стогодишен, а танчерот Хари едвам да има половина ден. Него и сите негови мали братчиња, кои се исто така ситни, глупави и недораснати ќе ги развиваме. -А зар мора да се умре, Степски Волку? Бев среќен и радосен што во моето изгорено срце се` уште можев да најдам нешто што заличува на чувство. Збогувањето е убаво, создава пријатно расположение. Во мене тлееше минатото, и слабо зрачеше едно во меѓувреме изгубено соѕвездие. Јас не бев повеќе јас, мојата личност се стопи во занесот на свеченоста како сол во вода. …го почувствувавме блискиот крај на задоволството… Пред нејзиниот поглед, од кој како да ме гледаше сопствената душа, потона стварноста, дури и стварноста на мојата страсна потреба од неа. Како маѓепсани гледавме еден во друг, како маѓепсана гледаше во мене мојата ситна душа. Степски волк - Херман Хесе
|
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
![]() |
|
sneska_v ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
звадок од книгата " Парадоксот на Диоген" - Томе Арсовски
Драшко: Каков е тој куп месо што се вика “ Јас “ ? Кој сум јас? Што си ти? Борика: Јас сум жена. Ти - мое око , мој плен, мој Бог. Драшко: Мојава рака, мојава дланка, моиве прсти - тоа се грбави кокалести зглобовии јазли од вени, нерви, небо и глад. Борика: Јас сум клучот на смртта. Твоја и моја. Драшко: Се плашам! Не ми зборувај за неа! Се плашам како децата што се плашат од мракот, зошто не знаат што има таму. Раскажи ми нешто убаво..... Борика: Ќе бидам мајка на твоите деца. На трепките од смртта ќе те задржам.... Ќе бидеш река, ќе бидам мост што ќе те држи в преград, и со вкочанет поглед, во недогледната вечност..... Драшко: Стородице! Цвету што ме мамиш! Стосмртнице! Пчело што ме облетуваш! Јас сум ....Земја! Борика: Не .....Јас сум земја! Ти сонце што ме облева со живот. |
|
![]() |
|
sneska_v ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Само време има. Моето време стои, ако тебе те нема. Давам цел век, за
само еден момент. Не е доцна. Немој никаде да одиш. Немој никаде да
стигнеш. Остани со мене. Дај ми рака. Слушни како ми чука срцево.
Погледни ме. Кажи нешто смешно. Ајде да се смееме. Како будали. Ако било
лошо, ќе биде подобро. Ќе си кажеме нешто. Ајде да имаме тајна. Кажи ми
тајна.
Добро. Ми требаш. Ми требаш како добра вест. Како од сабајле цигара. Како ти од сабајле... Како на куче коска. Како на џанки дилер. Како на гробар смрт. Како на свиња леш. Како на војник оружје. Како на дилер со оружје војна. Јас би рекол. Никогаш не знаеш. Ако си глупав, не си паметен, да знаеш дека си глупав. Месечината е патетична. Тажно умира, како човекот. Сонцето е зелено. Мерк*р е невин. Венера е заљубена. Марс е бесен. Ти си глупав. Сакам обични работи. Да се разбудам покрај тебе. Да го убијам лошиот здив со првата цигара покрај тебе. Да ти направам кафе. Да те испратам на работа. Да те чекам за вечера. Да те прашам, како си. Никогаш не сум те прашала, како си. Сакав многу. Сакав само многу обични работи. Да ме носиш од овде. ММЕ кој прв почна - Дуковски |
|
![]() |
|
mrzla ![]() Сениор ![]() ![]() натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
![]() |
|
Andjelina ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
„Зависта е религија на медиокритетите.Таа им ја враќа силата,таа е одговор на немирите што ги јадат и,на крајот на краиштата,им ја растура душата и им дозволува да ги оправдуваат својата беда и својата алчност се’ додека не поверуваат дека тоа се доблести и дека вратата на рајот ќе се отвори само за несреќниците како нив,што поминуваат низ животот не оставаќи никаква друга трага освен намерата да ги омаловажуваат другитеи да ги исклучат,а ако е можно и да ги уништат оние што,со самиот факт дека постојат и дека се такви какви што се,укажуваат на нивната беда на духот,умот и силата.Среќен е оној по кого лаат кретените,зашто неговата душа никогаш нема да им припаѓа“
Играта на ангелот Карлос Руиз Зафон |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
![]() |
|
sneska_v ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Тоа е порнографија, младичу. Албина дојде да стане манекенка, но
всушност сакаше да биде гола. Уште една балканска слабост: би се сликале
и на рентген за да бидете поголи, би го исплазиле јазикот, би си ја
превртеле утробата надвор,само да ве видат однатре. На човек да му се
згади од тоа ваше словенско соголување, покажување на утробите, на
најинтимните делови од телото и душата. Лирска поезија, романтика,
порнографија, чувства до коска. Примитивни форми на допаѓање: ласкање,
додворување, снисходливост. Доаѓате овде и се натпреварувате кој полошо
ќе каже за Истокот, мислејќи дека така ќе станете Запад. Праќате по
пошта, драми, поезија, слики, велите дека тоа кај вас никој не го
разбира оти вашите татковци се заостанати; мислите дека светот ќе падне
на газот ако се критикувате себеси. Се борите против класика, а се уште
ја немате. Да можете би се посрале и на дедовиот гроб само ако запад
каже дека тоа е уметност. А всушност правите западен кич. Наместо да
сликате фрески. Знаете ли што би сторил Запад да ги има вашите фрески:
Би плукнал врз своите скапани авангарди,трансавангарди и постмодерни!
Но ако Запад каже дека лајното е симит, вие ќе верувате. Словенскиот ковчег - Венко Андоновски |
|
![]() |
|
bluebell ![]() Сениор ![]() ![]() the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Се што добивав како подаок, се мислев ќе го снема, знаев дека ќе го снема. Како да не било. И затоа сакав уште од почетокот ништо да немам. Да не ме боли еден ден кога ќе го изгубам. Затоа посакав да ги пронајдам вечните нешта.Затоа решив да се вљубам во Бог, а не во човечки суштество.
Гоце Смилевски |
|
always look on the bright side of the life!
|
|
![]() |
|
sneska_v ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
...растураме на интернет. Што знаеш, бе, ти за
интернет? Ништо. Не си пишувал ни домашна на времето, а камо ли еден
алгоритам денес. Божем знаеш за војната, а барут не си помирисал. Ти си –
се гледа – од онаа генерација заглавена у меѓувреме. Тогаш: рано да
бидеш партизан; сеа: касно да бидеш резервист. Железничар, од оваа
забраена станица, ете тоа си ти. Ја, бе Киро, на компјутер сум водел и
војни, затоа сум одбрал да си идам. Зашто знам дека во секоја војна
некој друг те активира. Сум се изнапукал со џојстикот и сè си викам: ако
виртуелните војни се така жестоки, какви ли се, тек, овие, стварниве?
"Dvaeset i prviot"-Tomislav Osmanli |
|
![]() |
|
heptagram ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член ![]() ![]() Регистриран: 12.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 29 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
"За нас, значи, кои сме еманципирани од сите припрости закони, што треба да направиме за да ја задоволиме својата Волја за Соединување?
Не помала љубовница од Универзумот: не помал бордел од Бесконечната Вселена: не пократка ноќ од Вечноста!" — Алистер Кроули Изменето од heptagram - 13.Јануари.2011 во 19:52 |
|
Нека Оној кој има Разбирање го пресмета Бројот на Нашата Дама; бидејќи е Бројот на Жена; и Нејзиниот Број е Сто и Педесет и Шест.
|
|
![]() |
|
Tiggy Vicious ![]() Сениор ![]() ![]() Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
(разговор околу првиот пат)
-Ќе бидам нежен -Ќе преживеам. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1112131415 46> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |