IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти и колачи што не се печат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти и колачи што не се печат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 16>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2014 во 22:28

ЧОКОЛАДЕН НЕПЕЧЕН РОЛАТ

11

Состојки:
За белиот дел:
50 мл слатка павлака
50 мл кондензирано млеко
120 гр бело чоколадо
75 гр маргарин
30 гр шеќер во прав
1 жолчка
120 гр мелени бисквити
50 гр сецкани лешници
За црниот дел:
200 гр млечно чоколадо
150 гр маргарин
100 гр шеќер во прав
1 јајце
200 гр мелени бисквити
Подготовка:

Кондензираното млеко и слатката павлака загрејте ги на тивок оган, па додадете го чоколадото да се растопи и оставете го да подолади.
Во сад за матење пенасто изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па потоа додадете ја жолчката и повторно убаво изматете. Додајте ја и стопената смеса со чоколадо, па откако добро ќе изматите, вмешајте ги рачно мелените бисквити и додадете ги лешниците. Нека не ве плаши тоа што ќе добиете потечна смеса. Ставете го во фрижидер 1 час, тоа убаво ќе си се здрви.
Откако се стегнала белата смеса, извадете ја од фрижидер и врз мрсна хартија оформете ја во цилиндар со најмалку 30см должина, а ако сакате потенки парчиња, издолжете уште малку.

На пареа или во микробранова растопете го црното чоколадо.
Маргаринот и шеќерот пенасто измиксирајте ги. Додадете го јајцето и повторно миксирајте додека се фино не се спои, па додадете го растопеното и веќе подизладено чоколадо и уште еднаш убаво измиксирајте. Додадете ги на крај мелените бисквити и рачно измесете со рака или пак со потврда алатка за мешање.
Ставете ја и оваа смеса во фрижидер на 1 час. Потоа врз мрсна хартија истенчете ја во правоаголник со должина колку што сте го формирале белиот ваљак. Ставете ја белата смеса на почетокот и завиткајте/обложете ја со црната.
Оставете го ролатот неколку часа во фрижидер, убаво да се здрви.
Доколку немате кондензирано млеко, ставете вкупно 90 мл слатка павлака.
Доколку не сакате да користите свежи јајца, тогаш истретирајте ги предходно на пареа некои 10на мин, па измиксирајте ги со предвиденото количество шеќер и потоа откако ќе изладат измиксирајте ги со маргаринот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2014 во 08:36

БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: КОЛУМБО КОЦКИ СО БИСКВИТИ

16

Состојки:
300 гр мелени чоколадни бисквити
250 гр шеќер
3 јајца
125 гр маргарин
100 гр сецкани ореви
100 гр сусам
100 гр чоколадо за готвење
1 лажица рум
1 лажица чоколадо во прав
2 ванили
Прелив:
300 гр шеќер во прав
60 мл млеко
Неколку капки лимон

Подготовка:

Ставете ги во тенџерче маргаринот, шеќерот, јајцата и чоколадото и на не многу силен оган варете ги неколку мин. мешајќи.
Потоа тргнете го тенџерчето од шпоретот и ставете ги и другите состојки. Кога сето ќе се соедини, турете го во некое правоаголно плехче, 20*30 цм.
Кога ќе се олади, направете го белиот фондан. Млекото зовријте го па турете го врз шеќерот, па капнете и некоја капка лимон. Нека постои така минута-две, па потоа измиксајте го со миксер и прелијте го колачот.
Нека се олади добро, па исечете го со нож потопен во врела вода, на коцки 3*3 цм.



Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2014 во 16:43

Сникерс десерт без печење готов за 20 минути


Богатиот вкус на совршената комбинација на чоколадо, карамела и кикирики сега можете да го направите и дома, со овој рецепт за Сникерс десерт, чиј вкус е еден од омилените меѓу слатките задоволства. 

За истиот ќе ви бидат потребни само 20 минути!


Состојки:

Прв слој

  • 4 лажици агаве сируп (алтернатва - мед или друг засладувач)
  • 4 лажици растопен путер
  • 2 полни лажици путер од кикирики
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 2,5 шолји шеќер во прав
  • 400 гр чоколадо

Втор слој

  • 2 шолји карамел
  • 4 лажици пржени кикирики
  • 350 гр темно чоколадо

Подготовка:

Во еден сад помешајте половина од сирупот, растопениот путер, путерот од кикирики и екстрактот од ванила и со миксер мешајте на најмалата брзина додека сите состојки не се поврзат.

Полека додадете го шеќерот и продолжете да мешате додека не добиете изедначена, густа и леплива маса. Доколку таа е премногу тврда, додадете уште малку растопен путер, а доколку е ретка, додадете уште малку шеќер.

Со раце втиснете ја смесата во калап или сад за печење и ставете ја во фрижидер додека не ја подготвите смесата за вториот слој.

Во тенџерче, на средно силен оган растопете го карамелот и остатокот од сирупот, додадете ги кикириките и измешајте сè убаво, па тргнете го тенџерчето од оган.

Извадете го калапот од фрижидерот, прелијте го чоколадниот слој врз првиот и вратете го во фрижидер.

Кога смесата ќе се стврдне, извадете ја од калапот и исечете ја во лентички со средна дебелина.

На умерен оган растопете го чоколадото и во него потопете ги лентите една по една.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2014 во 19:06

БЕЗ ПЕЧЕЊЕ, ГОТОВА ЗА 20 МИНУТИ: БЕЛА БАЈАДЕРА

24

Состојки:

  • 180 грама Чоколадо
  • 100 грама Путер
  • 400 милилитри Млеко
  • 60 грама Малини
  • 250 грама Кекси

Подготовка:

Во калап во кој ќе ја сипете смесата ставете најлонска фолија.

Во огноотпорен сад ставете го слаткото кондензирано млеко, путерот и мелената бела чоколада.

На умерен оган сето тоа стопете го и оставете го малку да се олади, па додадете го мелениот кекс и исецканите малини, па убаво промешајте за да добиете компактна смеса.

Смесата сипете ја во калапот, прекријте со фолија и оставете на ладно место околу 4 саати или преку ноќ.

Кога ќе се стегне, извадете од калапот, одмотајте ја фолијата, исечете и послужете.



Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2014 во 07:40

ЛЕДЕНА ТОРТА СО БИСКВИТИ И ЧОКОЛАДО

16

Состојки:

  • 7   Јајца
  • 300 грама Бисквити
  • 50 милилитри Млеко
  • 250 грама Путер
  • 30 милилитри Рум
  • 100 грама Чоколадо
  • 250 грама Шеќер
  • 3 кесички Шлаг пена

Подготовка:

Путерот и шеќерот во прав пенесто се матат, се додаваат една по една жолка при што непрекинато се мати. На ова се додава стопена и оладена чоколада и уште се меша да се добие еднолична маса. Одделно се мати цврст снег од белките и внимателно постепено се додава во масата со чоколадата. Се става во фрижидер. Се мати шлаг-пената во која се додава две кесички ванилин шеќер.

Во четвртест сад се реди ред натопени бисквити во мешавина на млеко и рум, се премачкуваат со фил, а врз филот се премалкува слој шлаг-пена. Повторно се реди ред натопени во млеко и рум бисквити, фил и шлаг. Се реди така тортата додека да се заврши материјалот, но треба да се заврши со шлаг. Тортата се става во фрижидер добро да се олади и да се стегне.



Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 17:14
МОНТЕ ТОРТА: РЕЦЕПТ КОЈ НЕ СЕ ПЕЧЕ

Ви предлагаме да направите еден вкусен колач чии главни состојки се чоколадо и слатка павлака, но сепак не е тежок десерт. Станува збор за Монте торта која е одлично слатко задоволство за кој било дел од денот.

Потребно:

 Бисвкити
 1 фил : 1 литар млеко, 100 г скробно брашно, 100 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 125 г путер
 2 фил: 500 мл слатка павлака за шлаг, 200 г чоколада, малку рум

Подготовка:

 На дното на помало тавче за печење наредете ги бисквитите па премачкајте ги со малку млеко помешано со рум.

 За првиот фил ставете да се загрее млеко и додајте малку рум. Во друг сад измешајте шеќер и брашно со малку ладно млеко да добиете убава мека смеса. Кога млекото што го ставивте да се загрее почне да врие, додадете ја смесата со шеќер и брашно и мешајте на тивок оган околу две минути. Додајте го и путерот и убаво измешајте. Филот поставете го врз бисквитите во садот, па наредете пак бисквити.

За вториот фил на тивок оган загрејте ја павлаката во која сте измешале насецкана чоколада, кога чоколадото ќе се стопи филот нанесете го преку првиот фил, оставете да се излади и десертот е готов.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2014 во 19:54

БРЗА ПУДИНГ ТОРТА

20

Состојки:

  • 1,2 л млеко
  • 4 пакетчиња пудинг од ванила
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 1 коцка маргарин
  • 100 гр шеќер во прав
  • 100 гр кокосово брашно
  • 100 гр мелени бисквити
  • 1 лажичка какао

Подготовка:

Прашокот за пудниг се приготвува според упатството на пакетчето, само овој пат 4 пудинга се варат во 1,2л млеко во кое претходно сме ставиле 2 пакетчиња ванилин шеќер. Готовиот пудинг се остава да се излади, додека се лади треба да се покрие со фолија за да не фати коричка.
Во меѓувреме коцката маргарин  (што стоела на собна температура за да омекне) се мати со 100 гр шеќер во прав. Изматениот маргарин се меша со изладениот пудинг. Таа смеса се дели на 2 дела – во едната половина се додава кокосовото брашно , а во другата половина се мешаат мелените бисквити и една лажичка какао.
Во калап по желба, (треба да биде мокар или намачкан со масло, за да не се залепи пудингот) наизменично се става слој од светлиот и слој од потемниот пудинг (фил).
Се чува на ладно место 2 часа, за да се стегне убаво и да добие форма. Кога ке се извади од калапот може да се украси со шлаг или да се посипе со кокос или чоколадни трошки. Се сече како парче торта или на коцки, како колач.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2014 во 16:38

НЕПЕЧЕНА ТОРТА СО БИСКВИТИ, ЧОКОЛДО И РУМ

12

Состојки:
800 гр бисквити цели
2 филџани инстант кафе
Фил:
220 гр сецкани чајни колачи
120 гр мелени бисквити
200 гр шеќер
8 лажици млеко
50 гр чоколадо рендано
100 гр маргарин
50 гр мелени ореви
1 лажица рум
Фил 2:
500 гр слатка павлака
50 гр чоколадо рендано, како и рум по вкус

Подготовка:

Како и кај многу непечени бисквитни десерти и тука се топат бисквитите во инстант кафето и се образува кора со ширина и должина по ваша мерка.

Што се однесува до филот пак, неговата подготовка започнува со тоа што се топи шеќерот во млекото, се додава и маргаринот така стопени се полеваат мелените бисквити и кршени на парчиња чоколадираните кекси, се става рендано чоколадото, оревите и рум.
Се премачкува измешаната смеса над првиот ред од бисквит-кората, потоа се бие слатката павлака, се дели на половина едната половина останува чиста, а во другата се става чоколадото и рум малку, да ја засили аромата колачот, за да се разликува по бојата малку какао се става. Се оставаат двата дела слатка павлака во фрижидер додека ја образуваме втората кора од бисквити во нескафе, над нив се става делот со бела слатка павлака, повторно ред бисквитна кора и најгоре делот со малку обоена слатка павлака со чоколадо.
Украсете ја по избор, се лади во ладилник и така се служи..

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 17:44

НЕПЕЧЕНА ТОРТА: МОЗАИК

13

Состојки:
2 л млеко
6 пудинзи од ванила
1 филџан шеќер
1 маргарин
300 гр мелени бисквити
300 гр стопено чоколадо
300 гр мелени ореви
3 пакетчиња ресани
100 гр рендано чоколадо

Подготовка:

Млекото се вари со пудинзите и шеќерот и се остава да се излади.

Маргаринот се бие со миксер и лажица по лажица се додава во изладениот пудинг.

Филот убаво се бие додека да стане пенест и се дели на 3 исти дела.

Во првиот дел од филот се ставаат мелените бисквити, во вториот дел се става стопеното чоколадо (се топи на пареа со 2 до 3 лажици масло) и во третиот дел од филот се ставаат мелените ореви.

Во правоаголна тава се става фолија и над неа се става првиот дел од филот, убаво се мазни и над него се става вториот дел од филот. Потоа се редат ресаните по целата површина на тортата и на нив се става третиот дел од филот.

Одозгора се става ренданото чоколадо па тортата се става во фрижидер да се замрзне и се послужува другиот ден.

 

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2014 во 16:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2014 во 15:51

БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: БРЗИ ТРИЈАГОЛНИЦИ

12

Состојки:

  • 3 јајца
  • 300 гр шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 200 гр маргарин
  • 300-350 гр мелени бисквити

глазура:

  • 30 гр маргарин
  • 100-150 гр чоколадо за готвење
  • 1 лажица млеко

Подготовка:

Добро се матат јајцата со двата вида на шеќер. Се ставаат во тенџере на многу слаб оган или во поголемо тенџере со вода и со постојано мешање се варат околу 5 минути.
Маргаринот се дели на 10-ина коцки. Една по една се додаваат во топлата смеса од јајца. Додека едната коцка не се истопи во јајцата, не се додава друга.
Смесата постојано треба да се меша. Се остава така да се вари 20-ина минути.
Смесата, која треба да биде течна се трга од оган и во неа постепено се додаваат мелените бисквити. Која количина на бисквити е потребна зависи од видот на бисквитите. Смесата не треба да биде многу тврда.
Се остава смесата малку да се излади и да се стегне за да може да се обликува. Ако сакате да правите коцки, тогаш уште додека е топла смесата се сипува во сад подмачкан со масло  и се остава да се излади.
Ако сакате да правите триаголници, смесата се обликува со раце. Така обликуваната смеса се витка во фолија за храна и се остава да се излади 1 час. Потоа се прелива со глазура која се прави од стопено чоколадо во кое се додаваат малку маргарин  и една лажица млеко.
Се остава 2-3 часа на ладно да се стегне и глазурата и потоа се сече на парчиња дебели околу 1 цм.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 02:48
,,, ,,,e aj da se selam od tuka dodeka e. vreme,,, ,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
la fille Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 42032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај la fille Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 02:44
А пред да му стане и на Кастро сомнително, да се префрлите во друг „посоодветен“ подфорум? плазење
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 02:42
,,kastro ostai sea toa zalutuvanjeto ,,,
,,,tiki ,,,toa beliot šlag mi e nešto somnitelen,,, ,,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.