IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Дневник - во малку поинаква форма...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дневник - во малку поинаква форма...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 22>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2011 во 02:03

„ВРЕМЕ....“

 

Мириса на дожд од далеку,

Мириса на исчекување мерено во денови,

На стар часовник кој времето го мери со живот,

А сепак е толку недоречено спор .....

Ги затворам очите за да го фатам мигот во лет,

Низ долги трепки извиткани со црнило,

За да ги наѕидам во ѕид на фатени насмевки,

Ретки трофеи ловени од срцето .....

Па ќе имам што да гледам кога ќе ја кренам главата,

Со заталкан поглед кој бара далечина,

Ќе запрам и застанам на чаша воздишки,

Убаво ќе и легнат на душава....

Потсетуваат на ледени капки вода,

Кои лизгаат по р’бетот низ изрезбарени лузни,

Секоја со својата патека и почесно место,

Во долината на слики од ретровизорот ....

А јас?

Јас сум уште на балконот на кривата кула,

Во исчекување на дождот кој го запечатува вемето,

Со невидлива прашина која ја собирам во себе .....

 

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2011 во 01:43
„ПРОКОЛНАТА .... “

Проклетнице од каде ти е силата
Да ледиш со поглед во летна ноќ,
Зар не умееш да и се предадеш на топлината
И еднаш да легнеш и заспиеш со затворени очи.
На вратот како украс уште го носиш клучот
Од собата со стотици скршени огледала,
Ја предизвикуваш болката без да трепнеш
Под кожата носиш остри парчиња кои те распаруваат....
Насмевката ја местиш на сувите усни
Само за да ги покажеш острите песјаци
За да можеш слободно да зачекориш на исчистена патека
Стравот секогаш на чекор пред тебе ....
Го голташ сопствениот глас како вечера
Поставен на маса во црна темница
Со расфрлани воздишки блуткави без вкус,
Ефтини за преживување во самотија ....
Перницата ја користиш за задушени крици,
Проголтани во заборав уште со раѓање,
Не заживеани, не доживеани а сепак твои
Непотребен отпадок на твојата волчја душа .....
Со милост ги галиш само сончевите зраци,
На сонцето кое се раѓа на запад,
Ја чуваш само за соствената крв и две парчиња месо
Откинати од тебе со вдахната душа ....
Тебе сите те сакаат без љубов во незнаење,
Родена различна и толку своја,
Зборуваш со јазикот на душата одамна изумрен,
Проклетничка која никогаш нема да се предаде во целост ....

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2011 во 20:25

„Едра на страсти“

 

 

На полноќна месечина без сидра на надежи,

Пресечени синџири кои влечат во длабочина,

Раскинувам нишка која ме држи закотвена,

Во песок кој веќе не се гледа од мрачно плавенило.

Боја на сафир прекршена во водено огледало,

Проголтана од самрак на стапки по површината,

И едро во боја на крв во моите раце,

Со задскриен поглед низ пуштена коса...

Ветерот си поигрува со платното на моите страсти,

Па ми го плетка низ рацете кои сакаат да го смират,

Понекогаш грубо ќе стегнат за да задржат,

Често нежно ќе помилуваат за да покажат дека љубат ...

Некаде на пола пат од ноќта  ќе ги развеам,

Оддалеку ќе се гледа крвав отсјај без закрпи,

А јас со насмевка ќе ги кренам рацете од кормилото,

Едрата на страста ќе ме одведат далеку одовде ...

Таму некаде ќе најдам мирна вода,

Едрото ќе го симнам за прекривка за сон на палубата,

Ќе се обвиткам со сопствените раце во пламен,

И ќе му пркосам на ветерот кој уште се игра ....

Отсјајот ќе остане скриен во сенката на моите очи .



Изменето од Blue Scarlet - 27.Јуни.2011 во 20:32
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2011 во 23:04
Создадов за тебе
чудесен свет од илузии.
Го закитив со соништа
и осветлив со надеж.
Исплетов мрежа од желби,
ја оставив пред портите,
и го фрлив клопчето
да се тркала до тебе,
да ти го покаже патот.
А ти . . .
Ти го пречекори и замина.
always look on the bright side of the life!
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2011 во 13:29
Потсетување .....
 
 
Погледни ми ги рацете, ја изгубиле нежноста,
И кога сакаат да те помилуваат нежно ќе ти остават лузни,
Ќе ги врежат длабоко за да ги чувствуваш без да гледаш,
Обележан за секогаш а само ти ќе знаеш ....
И усните заборавиле што се бакнежи долги,
Можеби сега умеат само да го одземаат здивот,
Како себични посредници за полни плуќа,
А не размена на две души како што треба да биде ......
Телото не знае како да води љубов,
Со целосно предавање и воздишки низ отворени пори,
Па се храни повремено со животински манири,
Задоволување  на сирови нагони за месо ......
Вкусот секогаш останува блуткав и горчлив,
Со полни очи на празна вечерна трпеза,
Како отрпнат јазик кој не знае да зборува за љубов,
Склештен меѓу стегнати вилици ....
Човекот умира неколку пати во својот живот,
А јас повторно се родив за тебе со потсетување,
На изгубеното....
На заборавеното ....
На наученото ......
Како повторено возење велосипед  во летна вечер....


Изменето од Blue Scarlet - 22.Јуни.2011 во 13:29
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2011 во 22:49
‎"Лошо скроен план
од неправилно исечено време
и распарталени копнежи.
Изговореното не ја следи
формата на помисленото,
...насмевките имаат ефтин сјај
на кич апликации.
Закрпи од фрази
невешто ги покриваат
попуштените рабови
на комуникацијата.
Непријатно чувство на допир
од синтетичка љубов.
Не, ова не сум јас.
Ова е туѓ костим
во кој ми е неудобно.
Излегувам."
always look on the bright side of the life!
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2011 во 21:06
Застанато време ....

Распукани усни пред извор од застојана вода,

Убав е само одразот кој се бранува во неа,

Нечист и заматен, прекршен со лесен допир,

Треперлив како светлина на свеќа од аголот ...

Пак ќе поминам со рацете по резбите на креветот,

Ќе го извадам најнежното од мене без траги од прашина,

Ќе ги помилувам длабнатините како мои деца,

Заспани и убави откорнати делчиња од мене ....

Легнав во постела од бели пердуви, пропаднав,

За да можам да ги расфрлам бесно како снегулки

Од снежна топка како застарен сувенир,

Да го задушат паѓањето со болна мекост ....

Кога со стаклен поглед го барам вртлогот,

Надвисната над некој мој мост од лошо распоредени штици,

Скокнам сама без да побарам милостива рака,

Која ќе ми помине по грбот за нов бран морници ....

Тргнувам сама низ заборавената свежина,

На ветерот кој ти го милува лицето пред падот,

И насмевката без грч во прегратка на водата,

Со мирис на згасната прашина во дождлив летен ден ....

Се прашувам како се распоредуваат стутканите души,

На преплашени нежни суштества скриени во сенките,

Кога мојата тага, може да ги прекрие сите заштитнички,

Како рачно изработена прекривка од  навезени солзи ...  

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јуни.2011 во 11:58
Себични ....
 

Јас не сум таа разлеана во пролетни бои,

На сиви улици во лелеави фустани,

Акварарел, растечен во грубо сивило,

За далтонистите едно монотоно исто ......

Јас не сум таа насмеана на пролетно утро,

На прошетка со наведната глава и покорна под сонцето,

Јас живеам на улица од седум скршени неба,

А таму не престанува дождот да лие .....

Јас не сум таа излезена од убавата страна на приказните,

Кои секоја вечер се шепотат на ѕвездите со желби,

Јас сум своја меѓу скитниците – талкачи ,

Свој дом само во сопствената кожа ....

Јас себично водам љубов со својата душа,

И се гризам себеси до болка во темнината,

А секое утро се напушам најтивко што можам,

И се оставам во празна постела со распуштена коса ....

Јас сум уличен изведувач кој несмасно жонглира,

И намерно ја испушта среќата да излизне и да се скрши,

За да останам со полни раце растечена тага,

Која жедно ја впивам преку порите отворени ....

Јас сум наопаку свртена на другата страна на светот,

И наопаку читам со свртени мисли испишани чуваства,

Јас сум безбожничка во време дадено од Бога

И не умеам да се покајам за ништо .....


 


Изменето од Blue Scarlet - 11.Јуни.2011 во 19:43
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2011 во 14:51

„Невидлива прегратка“

 

 

Пак разиграна во невидлива прегратка,

И немам на што да ја спуштам главата нежно,

Кога чувствувам допир кој не постои, го нема

А ми ја крева кожата како топол ветер ....

Ја кревам главата високо без страв,

Со затворени очи танцувам на врвот на прстите,

„Ќе те достигнам и дофатам“ - си велам,

Само уште малку да потрае музиката ....  

Месечината лепи одблесоци на моето лице,

Го дели на половина како во игра,

И која и да ја свртам кон тебе свети,

Како одблесок на сребрено огледало ....

Плаќам со длабоки воздишки без стегање,

За уште еден круг на копнежи по допир,

Се рафрлам со парчиња душа пропаднати по џебовите,

Ги наоѓам и едно по едно ги фрлам како бакшиш ....

Скапоцености замачкани за да бидат сокриени,

Да останат мои во алчност негувани,

Ги расфрлам сега како бисери од скинат ѓердан,

Некогаш стегнат на моето грло ....

Наречи ја љубовна, кога свири душата а јас слушам ехо,

Кое ми одзвонува во ушите како награда,

Затоа продлжувам да танцувам лесно и безгрижно,

Во твојата невидлива прегратка .....

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2011 во 14:04

СЕ Е ВО РЕД ....

 

Држам празнина за рака на прошетка до УТРЕ,

Со нема уста за слатки зборови пресечени со острина,

Низ лесни чекори толку нестварни и мали,

И се е во ред нели?

Ја облекувам и пресоблекувам сопствената кожа,

По стотина пати пред истото осудено огледало,

Некогаш преголема, некогаш пука на  шавови,

Тоа е во ред нели?

Умеам да танцувам само со себе без да се згазнам,

На музика од сопствено лудило на врвна филхармонија,

И не умеам да се изморам и да застанам,

И тоа е во ред нели?

Ја предизвикувам болката секоја вечер на двобој,

И како неподвижна мета застанувам со насмевка,

Па сама бирам и избирам колку длабоко ќе се повредам,

О да, и се е во ред сигурно....

Заминувам и оставам со мислите наводенети,

Конзервирани во чувства непроменети и постојани,

Љубовта нема рок на траење ако е отворена,

Се е во ред!

Јас сум таа едната, истата брливо зборлеста,

Впивам како сунѓер солена вода не допрена,

Да се пофалам со изградена брана од пукнатини,

Се е во ред, само јас и ти не сме во овој свет...

За овој свет .....

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2011 во 22:15

„Ода на МОЈАТА ноќ“

 

Некаде пред полноќ,

Брзам кон маглива крстосница босонога,

Пак ќе блудничам со невидливиот мој љубен,

Со лажлива црна наметка испрскана со ѕвезди ....

Некаде пред полноќ,

Ќе те достигнам со брзина на мислите,

Па ќе се качам со извалкани нозе во бела постела,

Од ѕвездена прашина што не остава траги ....

На полноќ,

Ќе те бакнувам низ длабоки воздишки,

Со подотворена уста за шепотење,

За да го задушам молкот кој не раздвојува .....

На полноќ,

Ќе ја распарам темнината како кошула,

Со силни одблесоци од две бели тела,

Кои водат љубов без ниту едно движење ....

Некаде после полноќ,

Ќе те оставам да изчезнеш и да се одмориш,

Со болна воздишка низ пригушен вресок,

Затворен со нежно минување со прст на твојата уста...

Некаде после полноќ,

Ќе останам сама легната во постела од скршен сон,

Со широко отворнени очи ќе те цртам на таванот,

И ќе го дочекам утрото непроменето како сите други ....

Без тебе ....  

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2011 во 21:24

„Меури од сапуница“

 

Зошто остана таму?

Затворен, заштитен ....

Не можеш да ми го видиш кревањето на градите,

Во луд ритам избезумен па не можеш да знаеш

Дека мојот здив може да те запали, изгори, пеплоса ...

Зошто застана таму?

Предалеку, недостапен ....

Не можеш да знаеш колку долги ми се рацете,

Каква сила кријат во својата бела нежност проѕирна

Да те обвиткаат како див лилијан разгранет...

Зошто пак се насмеав сега?

Гласно,извештачено ....

Два чекори наназад, на еден мој чекор кон тебе,

Мојот мал незначаен, твоите тешки и болни,

Играме игра со меури од сапуница,

Неможеш да ги имаш никогаш, бегаат и исчезнуваат .....

И го барам ѕверот секое утро во огледало,

Да му ги видам стегнатите заби до болка,

Закрвавени очи во стаклен поглед  како црн кристал,

И знам зошто само јас не бегам од себе ....



Изменето од Blue Scarlet - 02.Јуни.2011 во 21:27
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13949
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2011 во 13:47
 A+намигнувањеда
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2011 во 01:47

СЕДУМ ....

 

Подзастанав на сите СЕДУМ златни плочи,

На кратка патека покрај познат патоказ,

Не го прочитав го носам како света резба

Истетовирана на душата – Заминување ....

Ја погалив првата со раце во златни окови,

Ги затворив очите да не ослепам од сјајот

Малодушност спакувана со златни синџири

Во одзвонување кое звони на допир и продожив ....

Се потсопнав на втората мазна како стакло,

Па удрив силно на коленици разголени,

За да ја почувствувам повторно силно

Незаменливата топлина на сопствената крв ...

Ненаситно пиев црвено вино на третата,

Барав уште послужено од твои раце,

А голтките секогаш беа толку мали,

Сервирани за чувствителен стомак .....

Ги бакнав огледалата наредени на четвртата,

Сите до едно со цинична насмевка,

Ниту еден мој лик во нив како одраз,

И устата ми остана безнадежно сува ....

Мал чекор ме одведе до петтата немилосрдно блиска,

Толку моја што ме разголи пред жив оган,

Да ме проголта и присвои како свое чедо,

Да остане да дивее на мојата кожа засекогаш ....

Разгневено сама во празнината на шестата,

И нема што да скршам освен прашина заборавена,

Со застојан мирис на тамјан и пепел,

Завртени во вртлог на немирен ветер ....

Се поклонив на седмата со крената глава,

Свој на своето и секогаш САМА,

Ги раширив градите како крилја со длабоко вдишување,

Суетноста одсекогаш била мојот омилен грев ....

И секаде по патот зад секоја стапка,

Те наоѓам тебе како придружник или изговор,

А сепак го изодев сама до крај,

ТИ и не си тука кога си ВО мене .....

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.