|
Дали Бог се огрничува само на БИБЛИЈАТА |
Внеси реплика | страница <1 1112131415 17> |
Автор | ||
alf
Сениор Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 631 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
.
Изменето од alf - 20.Септември.2011 во 16:00 |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Zatoa sto seta doktrina im se temeli tokmu na toa.
Ako im se trgne toa od racete, togash nema povekje na sto da se povikaat pri protestiranjeto... P.S. Da ne bidam pogreshno razbran - ne velam deka nekoi raboti na koi svrtuvaat vnimanie ne se na mesto. Samo velam deka veruvanjeto oti Boga go sobrale megju koricite na Biblijata e zabluda. Изменето од Messenger - 07.Ноември.2009 во 14:10 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
нели тоа го кажува БОГОВДАХНОВЕНИОТ ЈОВАН!!! само не можам да разберам зашо овие сола скрипта тоа не го разбираат!!! п.с. ај наздравје!!! |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Bog nemozhe da se sobere megju koricite na nitu edna kniga.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Библијата е книга која сведочи за Божјото Откровение низ историјата - но таа не е целосна книга - целина - што на тој начин ќе го ограничи БОЖЈОТО ОТКРОВЕНИЕ и за тоа сведочат евангелистите и ев. Јован го потврдува тоа :
на тој начин самата БИБЛИЈА потврдува дека БОГ ЖИВЕЕ ВО ИСТОРИЈАТА И ВО СИТЕ ВРЕМИЊА (ПРЕД И ПОСЛЕ БИБЛИЈАТА), А НЕ ВО ЕДНО И ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ... и за едни и определени луѓе.... Христос дојде за сите... - како што кажува св. Иринеј лионски: “Единствен начин човек да добие нетление и бесмртие е самото нетление и бесмртие... затоа Словото стана плот - Синот човечки стана човек за човекот да стане Бог по БЛАГОДАТ!!! затоа св МАКСИМ ИСПОВЕДНИК КАЖУВА: дури Адам да не згрешел - ХРСТОС ЌЕ СТАНЕШЕ ЧОВЕК.... за по тој начин човекот да стани БОГ - ПО БЛАГОДАТ... ТОА Е НОПОИСИВАТА “ЛУДА“ ЉУБОВ БОЖЈА ... ТОА Е ТАЈНАТА НАД ТАЈНИТЕ!!! ФИЛОСОФИЈАТА НАД ФИЛОСОФИТЕ!!! МУДРОИСТА НАД МУДРИТЕ!!! ИДЕАТА НАД ИДЕИТЕ!!! РАЗУМОТ НАД РАЗУМОТ!!! СРЦЕТО ОТВОРЕНО И ЧИСТО - ТОА ГО ПРИМА!!! п.с. чисто срце не е тоа срце - срце без гревови, и срце што спазува некакви морално-етички начала и форми (не дека тоа не е вистина, но има и исклучоци - РАЗБОЈНИКОТ НА КРСТОТ), А СРЦЕ ЧИСТО И ОТВОРЕНО ЗА БОГА.... ВИСТИНСКИОТ БОГОТРАЖИТЕЛ - СЕГОГАШ ЌЕ ГО НАЈДЕ БОГА - ДУРИ И ВО ПОСЛЕДНИОТ ЗДИВ ОД СВОЈОТ ЖИВОТ - ЗАТОА ШТО БОГ Е НЕИЗМЕРНА ЉУБОВ НА СИТЕ ОНИЕ ШТО НЕГО ГО СЛАВАТ И ПОЧИТУВААТ ВО СИТЕ ВЕКОВИ ДО СВРШЕТОКОТ НА СВЕТОТ!!! АМИН!!! Изменето од Tetratka - 07.Ноември.2009 во 06:00 |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ај кога почнавме со поговорки ова се вика умре ромката што ме фалеше. Шо вака демек со тапшање на рамо се охрабрувате?!
А ти евангелосе не се прави мутав туку кажи ми од каде го ископа ВОНбиблискиот термин Христородица и што подразбираш под тоа. Ај ако не клеветиш дека ние сме биле антибиблиаши ајде некако да те разберам,но сега ти како библијаш не би требало да користиш ништо што не е запишани во библијата нели?! |
||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||
vaskapraska
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 127 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Прекрасно срочено, браво ЕвАнгелос. Одлична формулација на современите фарисеи и книжници во Македонија, а јас би рекол и пошироко на балканот. Ова ти се вика: "Со нивни камен, по нивна глава." Сепак мора да ја разбереш нивната потреба да избегаат надвор од Библијата кон нивните вонбиблиски книги, затоа што нивното учење и она што го прават едноставно не се вклопува во Библијата, едноставно не наоѓа место во Божјиот збор. Многупати кога сум зборувал со православни и кога сум им велел дека Библијата вели вака така, тие како да ги затнувале ушите и како потајно да врискале во себе: Аман престани да ми зборуваш за тоа што Бог го вели во Библијата, слушни што вели светот отец или светиот монах, традицијата, традицијата. Не знам дали си гледал некој од оние филмови каде што свештеникот практикува егзорцизам и со помош на читање на Божјото Слово го истерува демонот од опседнатиот и како тој збеснува и не може да го поднесе читањето на Библијата? Епа слично е и со некои членови тука, разбери: едноставно тие не можат да го поднесат Божјото слово, затоа доста ги измачуваш со библиски цитати, греота се. |
||
repetitor
Нов член Регистриран: 01.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 31 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Крај на муабетов , после ова да ја затвориме темава срамота е уште да се брука Евангелост , имајте милост кон него П.с. Да не го ограничуваше Бог само во Библијата ,и самиот Евангелос ке немаше проблем со своето ограничено мислење и свакање и немаше да наликува на фарисеј, фанатист или некој нафуран секташ. Брате Евангелос одмори малку ,со тоа ке ги одмориш и форумџииве од твоите ставови кои наметнуваат мислење и сакаат да им го одземаат она драгоценото што од Бога им е дадено - СЛОБОДАТА ! А можеби и ке ти се подзаборават некои бисери, па ке се најде некој кој без чувство на тортура ке те чита. Изменето од repetitor - 06.Ноември.2009 во 01:29 |
||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Епа евангелосе ти како почитувач на sola scriptum ај тогаш објасни ми откај ја ископа титулата ХРИСТОРОДИЦА,која колку што се сеќавам ја нема во библијата. Ако не ти текнува што зборам еве еден линк малце да се потцетиш ТУКА Православните не ја користат таа титула бидејќи имплицира дека Марија родила само еден месија(христос на грчки)од многуте.Бидејќи знаеш сигурно дека титулата Христос(месија ,помазаник) се давала порано за повеќе старозаветни ликови.А тие нели сепак биле само луѓе па така тоа имплицира дека Исус бил само еден обичен човек-месија-значи не бил бог.Или ако бил тоа станал отпосле??!! Ај малце и од историја..прв кој го користел терминов бил царигратскиот патријарх Несториј,кој бил анатемисан за ова на третиот вселенски собор и пратен во прогонство во провинцијат Либија(денес во една оаза во западен египет)во која умрел како последица од раните кои му ги нанеле црви во јазикот.
Ма што збориш!!Маран ата е ѓаволица?!! Изменето од ahmar1 - 05.Ноември.2009 во 12:03 |
||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Каде тоа јас сум тврдел дека Господ ја изедначува блажената Марија со мене и тебе? На првата клевета побарав од тебе да ме цитираш каде јас го велам тоа, и ти наместо да ме цитираш, ја повторуваш клеветата и повторно без да ме цитираш за она што ме клеветиш. Постои само еден збор за таква личност како тебе, збор кој неколку пати заслужено сум ти го упатил и повторно без ронка грижа на совест ќе ти го кажам: Клеветница! (Зборот "ѓавол" буквално значи клеветник )
Јас никаде не сум ја омаловажувал блажената Марија и никаде не сум ги негирал нејзините титули што и ги дава Библијата: блажена и благословена меѓу жените. Се што јас негирав беа богохулните титули што и ги даваат православните од типот: пресвета и преблагословена (титули кои ниту Господ Бог ги нема во Библијата )
Понатаму: Најголемата, Царица, Владетелка, Господарка на ангелите, Господарка на мирот, Господарка над сите, Таа што на ангелите слава им дава, Спасителка, Владетелка на светот, проповед и слово на сите пророци (иако има само едно пророштво за неа кај пророците, наспроти предавникот Јуда кој има 2). Понатаму нејзиното поставување како заштитничка на градови итн.
Токму ова се богохулните титули кои католичката и православната ткн. "црква" и ги накалемиле на блажената Марија правеќи од неа култ, своевидно божество, поставувајќи ја рамо до рамо со Христос т.е. на позиција за која Христос јасно кажа дека дури ни Тој не поставува, туку Небесниот Татко. Но православните по се изгледа се дрзнале да ја узурпираат положбата на Небесниот Татко и тие, наместо Него, да одлучат на која позиција ќе ја стават блажената Марија на небото.
Јас никаде не реков дека Христовото обраќање кон Марија со "жено" ја омаловажува неа, исто така како што не ги омаловажува ниту самарјанката која Христос исто така ја нарекол "жено", исто како што не ја омаловажува ниту блудницата која ја спасил од каменување, исто така како што не ја омаловажил ни Марија Магдалена, ниту згрбавената жена во синагогата, ниту Хананејката која го молеше за излекување на нејзината ќерка итн.
"Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено (блажената Марија)? Уште не дошол Мојот час.”" (Јован 2:4)
"Верувај Ми жено (самарјанката), дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина ниту во Ерусалим" (Јован 4:21)
"Исус се исправи и и рече: „Жено (блудницата), каде се? Ниеден ли не те осуди?”" (Јован 8:10)
"Исус и рече: „Жено (Марија Магдалена), зошто плачеш? Кого Го бараш?” " (Јован 20:15)
"Штом Исус ја виде, ја повика и и рече: „Жено (згрбавената), ослободена си од својата болест.”" (Лука 13:12)
"Тогаш Исус и одговори и и рече: „О жено (Ханенејката), голема е твојата вера; нека ти биде по твојата желба" (Матеј 15:28)
Како што гледаме, Исус никоја од наведените жени не ја навредил со тоа што ја нарекол "жено", затоа што тоа е тоа што тие биле: жени. Да биле мажи ќе ги нарекол: "мажи", но тие биле жени и затоа ги нарекувал жени. Жената е достоинствено суштество, човек, создаден по ликот и подобието на Бог. Не знам зошто сте го сфатиле тоа како навреда?
А зошто Исус не ја нарекувал блажената Марија "мајка" во евангелијата, а од друга страна пак ги нарекол така Своите ученици, тоа прашање заслужува посебна дискусија.
"И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”"
(Матеј 12:47-50) |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ај остај што дави и гњави, туку се прави дека се’ знае а нема одговор на прости прашања:
Кој го срочил канонот на Новиот Завет? ЗОШТО СЛУЧКАТА СО ЖЕНАТА КОЈА БИЛА ФАТЕНА ВО ПРЕЉУБА ЈА НЕМАЛО ВО БИБЛИЈАТА ДУРИ ОКОЛУ ДЕСЕТ ВЕКА??? Евангелос нема одговор! |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Евангелкос - на темава има многу фанови - читатели -
СО ОВА ТИ УШТЕ ЕДНАШ ГО ПОТВРДУВАШ ТВОЈОТ ЕВАНГЕЛСКИ ФАНАТИЗАМ - крајна сметка луѓето не се слепи па ти си мислиш дека НЕ МОЖАТ ДА ГИ ВИДАТ КНИЖНИЦИТЕ И ФАРИСЕИТЕ!!! ТВОИТЕ ЦИТАТИ СЕ УШТЕ ЕДНА ПОТВРДА (бидејќи се динамичен превод и се изместени од оргиналните преписи - а за твоја информација треба да знаеш (научиш) дека и апостолите носеле мантија бидејќи тоа било вообучаената облека од тоа време) и да разбереш дека со таков пристап - ТИ ГО ОГРАНИЧУВАШ БОГ НА БИБЛИЈАТА.. дали ке се спасат тие со мантија или не... евАнгелос - срамота е за тебе - имаш скоро 10 000 пораки напишани - ЗАШТО СИ ТВРДОГЛАВ И ТЕРАШ ИНАЕТ...???????????????????????????? п.с. никој не те тера да не веуваш во тоа што си - но СИТЕ НИЕ САКАМЕ ДА НЕ НЕ ТРУЕШ (ТУКА НА ФОРУМ) СО ТВОИТЕ ЛИЧНИ СТАВОВИ (СО ТВОИТЕ ГЛУПОСТИ) СИТЕ НАС - ТУКА НА ФОРУМОВ!!! редно е да разбереш барем еднаш - имаш до сега 10 000 пораки - СРАМОТА Е ОД ТВОЈА СТРАНА!!! ПРЕСТАНИ ВЕЌЕ ЕДНАШ СО ТВОИТЕ “ЕВТИНИ“ ГЛУПОСТИ!!!!!!!!!!!!!!!!!!! ПРЕСТАНИ СО COPY - PASTE - НА МУАБЕТИТЕ!!! КАЖИ НЕШТО ОД ТЕВЕ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! - РЕДНО Е!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Изменето од Tetratka - 05.Ноември.2009 во 04:24 |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
"Чувајте се од книжниците, кои сакаат да одат во долги облеки (мантии), на кои им се мили: поздравите на јавните места (баци рака чедо); првите места во синагогите и челните места на гозбите! (рамо до рамо со премиерот)"
(Лука 20:46) "Тогаш фарисеите и книжниците, од Ерусалим, Му пристапија на Исуса и рекоа: ”Зошто Твоите ученици го престапуваат преданието на старите?" (Матеј 15:1-2) Книжниците и фарисеите се тие кои се фалеа со храмот, со церемониите, со свештенството, со родословијата, нешта за кои веруваа дека се суштината на Црквата. На сличен начин и православните се фалат со храмовите (погледнете ја темата Православна убавина), со церемониите, со свештенството и со измисленото "апостолско преемство".
Книжниците и фарисеите се тие кои се повикуваа на преданието на старите, на традициите. Истото го прават и православните денес. Книжниците и фарисеите се тие кои гордо се повикуваа дека се чеда Авраамови. На сличен начин и православните се повикуваат на цели сајнфикшн низи од свештеници со желба да се трасираат себе си до апостолите, небаре се нивни внуци.
Книжниците и фарисеите се тие кои шуруваа и се помилкуваа кај тогашната римска власт и во коалиција со неа го дереа народот. Православната црква го прави истото и денес.
Итн.
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Охх мореее, не само трепкај со очињата, затоа што така само додаваш мера на твојата неразумност и бламирање. Душичке, православните христијани тврдеа и тврдат дека зборот жено, со кој Господ и’ се обраќа на Својата Мајка не претставува омаловажување на Нејзината личност и големина, туку израз на почит, додека ти тврдеше дека со тоа Господ само ја изедначува со тебе и со мене.
Прва работа, дека Павле имал откровение ти воопшто не би знаел, доколку Светите Отци не го срочиле канонот на Светото Писмо за ти денеска да го читаш. Второ, пак и пак да ти напоменам КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО Е ОФОРМЕН ОД СТРАНА НА ТИЕ СВЕТИ ОТЦИ КОИ ТИ ГИ НЕГИРАШ. АКО ТИЕ HЕ БИЛЕ БОГОВДАХНОВЕНИ, ДАЈ МОЛИМ ТЕ, КАЖИ МИ ОД КАДЕ ЗНАЕЛЕ КОЈА КНИГА ДА ВЛЕЗЕ ВО КАНОНОТ??? И молам, без тресење зелени од ракав! Трета работа, откровенијата не завршуваат во 1ви век, туку продолжуваат се’ до крајот на светот, до Второто Христово Доаѓање. Ако тие би завршиле во 1ви век, кутри сме ние, и лажна е нашата вера, затоа што Самиот Господ ветил дека ќе има и понатаму откровенија и дека Тој ќе биде со Неговата Црква до крајот на вековите. И четврта работа, цела година спомнуваш дека светите отци се контрадикторни едни на други, а никако да приложиш докази. Ќе почнеш ли еднаш да се однесуваш како цивилизиран човек од 21ви век и да приложуваш докази, или ќе продолжиш со твоето криење по пештери, како што вели Марко? А да, и да не заборавам. ЗОШТО СЛУЧКАТА СО ЖЕНАТА КОЈА БИЛА ФАТЕНА ВО ПРЕЉУБА ЈА НЕМАЛО ВО БИБЛИЈАТА ДУРИ ОКОЛУ ДЕСЕТ ВЕКА??? Немаш одговор, а? Изменето од Maran Ata - 05.Ноември.2009 во 01:01 |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Внеси реплика | страница <1 1112131415 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |