IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поуки од Светите Отци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поуки од Светите Отци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 32>
Автор
Порака Обратен редослед
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2009 во 04:43
Митрополит Стумички Наум

Телесниот пост е неразделно поврзан со духовниот пост. Нема вистински пост без покајание и плач, без смирение, без молитва, без трпение, без љубов и милост кон ближните и без другите Свети Добродетели. Од телесниот пост духовниот отец, како што видовме, може да не разреши, но од духовниот пост – никој, па дури ни ангел од небото.


Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2009 во 02:47
Некој монах дојде при авва Макариј Египетски, и му рече:
– Авва, кажи ми поука како да се спасам.
А старецот му рече:
– Појди на гробиште и почни да ги кудиш умрените.
И отиде монахот на гробиштето и почна да ги куди умрените и да фрла камења по нив. Кога се врати, му раскажа на старецот. А овој му рече:
– Ти кажаа ли нешто?
Монахот одговори:
– Не.
Старецот му рече:
– Појди повторно утре, и пофали ги.
И, откако повторно отиде на гробиштето, монахот почна да ги фали, велејќи:
– Апостоли свети и праведници.
Па се врати при старецот и му рече:
– Ги фалев.
А авва Макариј го праша:
– И ништо не ти одговорија?
Монахот рече:
– Не.
Тогаш старецот му рече:
– Гледаш ли, ги навредуваше и ништо не ти рекоа, и ги фалеше и пак ништо не ти одговорија; така и ти, ако сакаш да се спасиш, биди мртов: како и овие умрени, немој да ја имаш на ум ниту неправдата ниту славата човечка, и ќе можеш да се спасиш.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2009 во 18:49
Старец Паисиј

  Веќе кажав дека, за да го очисти умот и срцето, човекот не треба да прима лоши помисли кои му ги наметнува ѓаволот, ниту тој самиот треба да помислува зло. Треба да настојува секогаш да има добра помисла, лесно да не се соблазнува и со благост и љубов да гледа на гревовите на другите. Кога ќе се умножат добрите помисли, човекот во душата се осветува, се однесува побожно, станува помирен и животот му станува рај. Во спротивно, на сѐ гледа со недоверба и неговиот живот се претвора во пекол. Така човекот самиот свој живот го претвора во пекол.

Потребно е да се помачиме околу очистувањето. Можеме и да бидеме свесни за она што е лошо во нас, но тоа не е доволно. Ако не само што не прифаќаме лоши помисли и сами не помислуваме лошо, туку уште и за сѐ што ни кажуваат и што гледаме имаме добри помисли, ќе ни се очистат и умот и срцето. Искушувачот, се разбира, нема да престане да ни праќа лоша телеграфска порака. Бидејќи, дури и откако ќе се ослободиме од сите лоши помисли, и понатаму ќе има ѓаволски напади, но тие немаат влијание, ако е срцето чисто.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2009 во 18:41

Старец ПаисијСветогорец

Често, искушенијата самите си ги создаваме, кога сакаме да се издигнеме себеси над другите. На небото никој не се качува со световно качување, туку со духовно слегување. Кој оди ниско, секогаш оди сигурно и никогаш не паѓа. Оној што не се советува при својот духовен од, ги меша патиштата, многу се заморува и заостанува. Ако не се смири да праша, макар и подоцна, тешко ќе стигне до целта. Додека пак, оние што се советуваат го минат патот одморени, сигурни, просветлени од смирението и под закрилата на благодатта Божја.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2009 во 02:30


Старец Паисиј

За време на молитвата, особено пред молитвата, во своето послушание, чувај се од непотребни разговори, за да можеш подоцна да се молиш нерасеан и неповреден, бидејќи многуте зборови предизвикуваат и многу недоразбирања. Ако сакаш да зборуваш, Христос со радост сака да Му се обраќаат Неговите деца низ молитвата.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2009 во 00:52
Свети Силуан Атонски

Колку е поголема љубовта, толку е поголемо страдањето на душата.
Колку е попотполна љубовта, толку е попотполно познанието.
Колку е поогнена љубовта, толку е попламена молитвата.
Колку е посовршена љубовта, толку е посвет животот.

Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 16:46
Го прашаа авва Агатон: „Што е поголемо: телесниот труд или внатрешното воздржување?“ Старецот одговори: „Човекот е сличен на дрво. Значи, телесниот труд се лисјата, а внатрешното воздржание плодот. Зашто, напишано е: „секое дрво што не раѓа добар род се сече и во оган се фрла“, па јасно е дека треба да се грижиме за плодот, односно за воздржанието на умот. А потребна е и покривката и украсот на лисјата, што е телесниот труд.“
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2009 во 21:56
Свети Јован Златоуст

Како што сонцето е светлина за телата така молитвата е светлина за душата. И така ако бедата на слепиот се состои во тоа што не го гледа сонцето, колкава ли е бедата на христијанинот кој не се моли непрекинливо и не ја внесува преку молитвата во својата душа светлината Христова? Исто така, кој не би се чудел и восхитувал на човекољубието што го излева Бог над нас, дарувајќи ни нам на луѓето толку голема чест  што сме удостоени со молитвата, и со разговорот со Него? За време на молитвата ние навистина зборуваме со Бога, преку неа стапуваме во заедница и со ангелите и толку јасно се издвојуваме од множеството на бесловесните суштества.

А дека и самото дело на молитвата е - нешто возвишено, нè учат тие самите, со голем страв вознесувајќи ги своите молитви и давајќи ни да знаеме и да сфатиме, дека на Бога треба да Му пристапуваме со радост и со страв, за да не се покажеме недостојни за молитвата; со радост заради величината на честа, со оглед дека како смртен род сме удостоени со ваков голем дар, непрестајно да се насладуваме со Божествениот разговор, преку кој, иако по природа смртни, престануваме да бидеме смртни и минливи, зашто општејќи со Бога влегуваме во бесмртниот живот. И според природата на нештата, ползувајќи се со заедничарењето со Бога се издигнеме над смртта и секоја пропадливост. Сходно на тоа, како совршено неопходно, насладувајќи се со сончевата светлина ја избегнуваме темнината, токму како што е совршено потребно за насладувајќи се со Божественото заедничарење по ова да не бидеме смртни со оглед дека самата величина на славата нѐ возведува кон бесмртност.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2009 во 07:47
Старец Паисиј Светогорец

Егоизмот во повеќето случаи ни ги прави најголемите духовни штети, бидејќи е најживото и најопакото дете на гордоста. Природно, ако не постоеше тоа “јас” и доколку луѓето би го употребувале само она “ти”, “тој”, “оној”, ќе постоеше смирение, љубов и благослов Божји во светот, така што луѓето ќе живееја рајски уште на земјата. Милостивиот Бог нека го даде овој благослов на своите созданија. Амин.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2009 во 07:44
Прости и Господи оти незнаат што прават
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2009 во 21:36
Класичен пример за потсмевање со Светото Писмо, и исмевање на православието. Ако. Фала ви за се!
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2009 во 17:34
Чуварот ги прашал авва Павле и авва Сила
 
"Господа, што треба да правам за да се спасам?”
 
Тие му одговорија:
“Верувај во Господ Исус и ќе бидете спасени ти и твојот дом.”
(Од Светото Писмо, Дела апостолски 16,31)
 
Евреите го прашале авва Петар
 
Мажи, браќа, што да правиме?”
 
Авва Петар им одговори:
 
„Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исуса Христа за проштавање на вашите гревови; и ќе примите дар од Светиот Дух."
(Од Светото Писмо, Дела апостолски 2,38)
 
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Miki_P Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 985
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miki_P Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2009 во 15:32




Авва Памво го прашал авва Антониj

…„Што мора да правам за да се спасам?”

Старецот му рекол: „Не надевај се на својата праведност, не жали за она што поминало и зауздувај ги јазикот и стомакот.” Од „Древен Патерик“.






Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј нè.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 22:27
Aко без престан Го повикуваш на помош Царот секогаш кога ќе ти се приближуваат непријателите, биди спокоен и нема многу да се намачиш;тие сами од себе ќе отстапат од тебе. Бидејќи нечистите духови не сакаат да видат како со молитвата добиваш победнички венец за борбата со нив. Освен тоа, тие ќе мора да побегнат, зашто молитвата ги гори како оган. Биди храбар секогаш и Бог Самиот ќе те научи како да се молиш.

Свети Јован Лествичник
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 2,109 секунди.