|
Топлификација |
Внеси реплика | страница <1 1112131415> |
Автор | |||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
НАСПРОТИ ОБИДИТЕ ЗА НОВИ УСЛОВУВАЊА ЗА ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ
Уставните права ја ладат „Топлификација“ ...a be, ubavo e toa samo....vo zemjava edno zborish inkognito a,...sasvm treto, koga i navistina ke treba da odluchuvash,...pa makar i ustaven sudija bil ! ...ama , aj ,...da mu veruva chovek deka ,...taka i ke bide,...kako shto vika! ...iako e samo sudija ...ne i gospod! Изменето од brza - 26.Март.2012 во 16:36 |
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
137?!..7000?!?..i si otishol chak tamu,...so tolkav stan ...tuka?!....
...znachi jas plakjam mnogu povekje od tebe,...4000 ama za stan od...neshto povekje od 50m2!! ...mameto nivno *batorsko,...da dade bog da im skape semeto ! Изменето од gonzo - 27.Март.2012 во 13:10 |
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
последната сметка беше скоро 7 илјади, а станот е 137 квадрата грејна површина.
Тоа нивното порамнување вероватно се однесува на последните 4 месеци и пола фебруар, што според сметките отприлика толку ќе му дојде. |
|||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
============================================================================== ...jas samo na shalter prashav do koga ke mi prakjaat snetki ,i toj vika otkako ke te ''otkachat'' nema povekje! ...znachi, mi stigna za februari sega ,...a za ponataka ke vidime... ...ama , kolku i da te ''ramnat (pizda i* materina!)...ne e mozno tolku da bide kolku shto tebe ti ''presmetale''! ...osven ako stanot ne ti e barem...200m2 ! Изменето од gonzo - 27.Март.2012 во 13:10 |
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сметката е поделена на рати низ годината и завршува со јуни... тоа може да се разбере.
Но, ако ти си се греел до фебруари тогаш само износот до тогаш треба да ти биде пресметан до јуни, а не оној целосниот како што би требало да платиш доколку си се греел до крајот на сезоната. Ако во пресметката е наплатено само до фебруари и поделена во рати до јуни, тогаш ќе си платиш. Hема основа да се жалиш. Спореди ги сметките од комшиите кои платиле за целосна сезона со онаа што ја плаќаш ти и види дали има разлика. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
мамамд,
Тие скоро 25 илјади се разликата од фебруар до јуни. Нели сметката е една ама поделена на 3, 6 или 12 месечни рати кој како сака, е мене бидејќи ми беше кажано дека нема потреба ништо да плаќам а за тоа имам и доказ, затоа и го исклучив у сред зима. Ама тие со нивната сметка за до јуни ми кажаа пу-пу не важи тоа што ти го кажале на телефон во центарот за грижа на корисници. А за вакви дупешки, ако треба има до Стразбур да се тераме.
|
|||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
мамамд, веќе реков дека потполно се сложувам со тебе и реков дека како поединци слаби ви се шансите на спротивставување со монополска организација како Топлификација, но како поголема група граѓани која ќе превземе групна судска акција против оваа фирма нештата стануваат подруги.
Топлификација по никоја законска основа нема право да го прави ноа што ви го прави вам таму ! Топлификазија се сили затоа што веќе подолго време лежи во ист кревет со владата - поради зголемувањето на цената на енергијата владата неколку пати ја има замолено да не ја зголемува цената на нејзината услуга за да не се создаде реакција кај народот кој ќе бара одговорност од ВЛАДАТА. И Топлификација излагаше во пресрет на таквите владини барања, па наместо да ја зголемува цената по реална стапка таа тоа го правше со намалена или воопшто не ја зголемуваше. Сега дојде до момент кога треба да бира да работи со загуби и да биде затворена или да ги зголеми цените. Владата се наоѓа обврзана да ја подржи оваа организација и со тоа да ги врати некогашните услуги направени од неа. Затоа таа ќе се обиде да дојде до некаков модус со кој ќе гарантира дека Топлификација ќе има обезбедено непречено наплаќање по цена која смета дека е според пазарните норми. Но, работата е дека за вас, како конзументи и граѓани на оваа држава, не ви е важна релацијата меѓу владата и Топлификација, туку законската валидност на условите пред кои сте поставени ! Бидејќи таква валидност не постои, доколку се организирате како што треба и поведете широка и силна акција со квалифицирани адвокати и преку сите медии, ќе ја приморате владата да го испочитува законот и да се повлече од ветената подршка доколку сака да си ги зачува своите позиции пред народот. Топлификација, останата сама без владина директна или индиректна подршка, нема шанси да го споведе оноа што е неспроведливо. П.С. Сите оние пратеници (од опозицијата и позицијата) кои нема директно и активно (не само со еден или два паушални коментари) да ве подржат во вашата акција треба недвосмислено, конкретно и прецизно да ги информирате оти нема повторно да бидат изберени од вашето гласачко тело. На тоа треба да ги потсетувате постојано и секојдневно на сите можни начини. Изменето од Messenger - 25.Март.2012 во 22:24 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Меси, кога го кажав она со оговарањето како национален спорт малку беше со сатира, алудирајки на оговарањата кои си ги вршат нашите политичари со вискито и кокаинот, но нејсе. Околу твоето вие живеете со телата во денешниот капитализам, но со свеста с'е уште битувате во социјализмот. Ви недостасува самодоверба, самоиницијатива, фокусираност, организираност, продорност, чувство за можности (opportunities) и т.н. ќе ти одговорам со ова на Зексичот Инаку топлификација има сопственост на мрежата до разводните шахти пред зградите, додека од шахта до подстаницата и понатаму низ становите целата мрежа е сопственост на сопствениците на становите. И сега те прашувам-Како ние да живееме во капитализмот со духот кога не ограбуваат феудално? Пази сега-Топлификација (нормално под закрила на власта-ама на сите до сега) место да се брани, да размислува дека станарите имаат право да бараат надокнада за користење на нивниот простор во остварување профит, ги става во позиција да се бранат, односно да и плаќаат токму за она узурпираното токму под флоскулата-заедничко домување. Објасни ми те молам-онака прозападно-каде во светот смее некој да му го користи сопствениот простор некому, а да не му плати и колку да изгледа смешно-уште и да му ги одржуваме-ги бришеме цевките со влажна крпа, ги мачкаме боја да не рѓосаат??? да не збориме за нарушената естетика. Кажи ми која е разликата меѓу крадецот кој влегол “илегално’ и украл 100тина евра и ако го фатат ќе лежи затвор и Топлификација која “легално“ со помош на регулаторна сака да ми наплати 50% за тоа што ми узурпира простор со своите цевки за кој твврди дека ме греат- за да секој месец остварува ќар оти ако МОРА да ги стави цевките однадвор ќе мора таа самата да го прави она погоре спомнатото, плус, да плаќа редовно одржување, изолација оти надвор или по ходниците тоа нема да биде зачувано како што е во нашите станови- доволен е примерот со крадењето шахти, бакарни жици-има секој месец да шфајцуваат цевки оти ќе им ги сечат арамиите без око да им трепне, па ќе мора на станарите да им плаќа оштета за поплави. Знаеме Меси ние како се живее западно, ама не со социјалистички манири на МОНОПОЛИТЕ. Прашав јас адвокат, прашав и му ко кажав сето ова-ама и тие се со социјалистички манири-па ми вика ехеее ова се е фикција, ова може да ти успее во капитализмот-на запад, кај нас НЕ, ќе се влечеш по судови со години. И како куриузитет една најнова информација-луѓе добиваат присилна наплата веројатно по тужба за заостанат долг, некои наплата на камата оти главницата им е одамна платена за сметки од пред 20тина години-образложение -неажурност на судовите.Нити биле информирани декив против нив се води спор,нити важи законот за застареност, ако не платат ќе им пуштат извршители и долгот ќе им бил околу 150 евра. Некна комшиката пензионерка со 8 000 пензија дојде да и позајмиме пари па да ни ги враќа кога ќе може па ја носеше сопругот до топлификација да плати 2000 денари оти си е троа болничка.Дали е ова даш што даш, дали навистина не застарува долгот иако е по кривица на судот-луге плаќаат.Може да се спасат само ако покажат сметка дека платиле на време или кога платиле. Е ај сега кажими како е на запад-како човек докажува дека платил- чуваат сметки по 20 години-имаат дома архиви???? Ангажираат адвокати? Како им плаќаат со пензија од 200 долари? Оти кај нас адвокатите не се нафаќаат да застапуваат за спор како овој-барем оние кои ги прашавме. И да не должам- Меси- кај нас со тело во капитализмот а дејанија во социјализмот- е најважно - МОЛИ БОГА ДА НЕ ТЕ СНАЈДЕ. Обратно се Меси работите поставени, обратно. Ииии Зексич-добро утро Какво е чувството-да живееш западно со социјалистички проблеми Инаку тие 20 и кусур илјади ти се за водата која демек морале да ја празнат-иако ним цевките им се празни чим заврши грејната сезона оти пред почеток на сезоната не информираат да сме дома оти ќе пуштаат вода па да не се поплавиме.Таа наплата е по ситем-што би било кога би било. Инаку незнам како те исклучиле во февруари оти ние кога прашавме ни рекоа дека мора да си плаќаме до јули, дека до тогаш не може да не исклучат?!Сега чекаме да ојде јули Изменето од mamamd - 25.Март.2012 во 08:56 |
|||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
откако ги откачи дали ти стигна и белешка за порамнување на сметките до јуни месец??? јас кога се јавував на телефон во почетокот на фебруар месец во топлификација ( целиот разговор ми е снимен со име и презиме на вработената и беше предупредена дека разговорот го снимам ), кога и кажав дека сакам да се откажам од парното, таа ми рече нема проблем, дојди и поднеси барање. Исто ја прашав а таа ми кажа дека нема да има никакво порамнување на сметките до јуни месец, односно од моментот кога ќе се исклучам ( мајсторите дошле на 16 фебруар ) ќе треба да платам за оној период за кој сум користел услуги односно до 16 фебруар, и дека после тоа немам никакви финансиски обврски спрема топлификација. Барањето го поднесе татко ми со полномошно од мене ( бидејќи станот е на мое име ) да ја заврши таа работа. Овој месец стигнала сметка за порамнување до јуни од скоро 25 илјади денари. И сега што, суд не ми бега, пошто татко ми отишол да се објасни со нив бидејќи другачие ни беше кажано, а од таму му рекле таа што ви кажала такво нешто таа нека ви плати за до јуни. Ова ти е во права смисла на зборот луд јебе збуњенога, ама јас тие пари не им ги давам. Сакав само мојот пример да го кажам за да знаат и другите со што можат да се соочат. Инаку топлификација има сопственост на мрежата до разводните шахти пред зградите, додека од шахта до подстаницата и понатаму низ становите целата мрежа е сопственост на сопствениците на становите.
|
|||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Извини, навистина немав никаква намера да ти правам психолошки профил ! Оноа што го гледам однадвор е токму тоа - иако веќе дваесетина години државата егзистира во капиталистички економски систем најголемиот број луѓе с'е уште размислуваат и се однесуваат како да се во социјализам. И тоа не го гледам само во дискусиите со членовите, туку и во контактите со моите роднини и пријатели во Македонија. Веројатно 20 години не се доволни за да се cмени оноа кое било натурано за 60 години. Убеден сум дека токму тој раскорак меѓу оноа што Е и оноа што останало во умот на луѓето како БИЛО, претставува една од најголемите пречки на модерново македонско време. Ако сметаш дека оваа моја обверзација претставува кршење на правилата на форумов тогаш јас веднаш ќе ја едитирам ! Изменето од Messenger - 25.Март.2012 во 01:55 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сакаш да кажеш... ОСМЕЛИ СЕ... НАПРАВИ ГО ПРВИОТ ЧЕКОР...
Тоа вие изгледа дека се однесува на нас кои живееме тука... Не е убаво да се лепат етикети на својот народ... П.С. Ако не се лажам... ми направи психолошки профил... во согласност со правилата на форумот... Изменето од којсумјас - 25.Март.2012 во 00:51 |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Често имам чувство дека во нашите разговори се вртиме во кругови. Нема потреба од зборувањето да се прави национален спорт - ТОА Е ПОГРЕШНОТО. Многу зборување, а малу соодветна акција.
Со толку адвокати во државава и со уште толку завршени адвокати без работа, со толку јавни медија , со толку незадоволни луѓе од работата на организации како Топлификација, вие не можете да се организирате и да застанете на здрава основа и со точно одредена цел од заеднички интерес ??? Ниту еден од вас таму не гледа можност за развивање на еден толку потребен и доходовен бизнис од општ интерес ??? Не ме разбирајте погрешно, но ова е слично како со акцијата со становите и некои други нешта кои сме ги дискутирале тука... вие живеете со телата во денешниот капитализам, но со свеста с'е уште битувате во социјализмот. Ви недостасува самодоверба, самоиницијатива, фокусираност, организираност, продорност, чувство за можности (opportunities) и т.н. Знаете што, Топлификација е опортуниста за себе и ќе си ги брани своите интереси, а не вашите. И ако таа е посилна од секој од вас како поединец - таа ќе победи ! А вие и натаму спортувајте зборување и жалење. И натаму карајте се меѓусебно за тоа која партија е подобра, кој пратеник е пошарматен и поелегантен, кој кому се удварал по телефон за време на седница, кој пратеник си го запослил детето... и во меѓувреме ќе им го плаќате цехот на оние кои помалу зборуваат, а повеќе се организираат и работат за своите интереси. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Е мој Меси знам дека не ти се верува дека ова се случува.
Има одлука од Уставен суд. Има Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ). Арно ама нивната изјава е дека не се официјално повикани при “кроење на капата“. Опозицијата-Либералите почнале некоја акција со собирање потписи, ама тоа е онака за на ТВ. Оти, ако сакале тоа сериозно да го сторат требаше да се ангажираат малку посериозно. Застанале на плоштад или каде беше и чекале да одат луге да се потпишуваат. Е сега кој можел, отишол, кој не не отишол. Кога е за избори одат од врата на врата, за потписи за интересите на граѓаните им беше тешко да рашетаат нозе. Барем ко што рече еден комшија-немоќен пензионер да дојдеа по населбите па на неколку пункта да собираа потписи, да можеа да се потпишат и оние немоѓните, болните, оние кои нмемаат пари за одвишок трошење за превоз до плоштад, вработените кои од сабајле се на работа. Тоа беше само мачкање очи. Народниот правобранител само кажува колку е немоќен-оти кутричкиот само слуша поплаки, ама некои ингеренции очигледно нема. Владеачките малку подигаа прашина преку сител, ама онака колку да се види дека мислат на народот, ама еве не и можат ништо на Топлификација. И така да не редам. Инаку, трошењето енергија и не е некој напор во Македонија. Отрпнавме ние на вложување напор во зборење, тоа ни стана национален спорт оти за дела и нема воља кога однапред се знае резултатот. Правдата е кај парите, не кај правдата -правдина. |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не може никој човека да го обескуражи, обесправи и окова како што може тоа да си го направи тој самиот себе си... Велиш:
... ама самиот велиш дека тоа никогаш не било направено ! Следи се како размислуваш... па ќе ти биде јасно зошто некои работи се случуваат онака како што се случуваат. Креацијава и животот ги сакаат позитивните, оние кои постојано активно прават нешто, оние кои се сокреатори , оние кои секогаш велат "Да", никогаш не застануваат пред било која пречка и кои никогаш не чекаат некои други да им ги решат проблемите. Или што рекол народот: волкот има дебел врат оти самиот си ги решава работите. Јас можам да ти помогнам со покажување на патот, но не очекувај од мене да дојдам таму, да те организирам cо твоите сомислениции и да се изборам за твоите права и интереси. Тоа треба самиот да го сториш. А ако сметаш дека не си подговтвен за нешто такво, тогаш помири се со својата состојба и не се мачи со нешто за кое веруваш дека е невозможно. Почни да го уживаш животот наместо да имаш несоодветни очeкувања... оти тоа постојано ќе те прави несреќен. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Внеси реплика | страница <1 1112131415> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |