IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 138>
Автор
Порака Обратен редослед
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 18:45


Жаба или принцеза 


Те чекам,

не да ги тргнеш испреплтените  крошни и лијани,

не да ги собереш  лотосите и комарците,

не да ги  смириш птиците ,

не да ги…

не да…

Неееееее!!!


Те чекам,

не да ми ја искрекаш песната со сто штурци,

не да  ми го осветлиш небото со безброј светулки,

не да ми го направиш водоскокот  со иљада рипчиња,

не да ми…

не да…

Неееееее!!!


Те чекам,

не дека се надевам во некое чудо или магија,

не дека си ти волшебник или некој принц,

не дека немам  црвени усни и круна на глава,

не дека немам…

не дека …

Неееееее!!!


Те чекам,

трпелива и љубопитна како ќе се одлучиш,

замислена и  уплашена како ќе го изведеш,

дали со бакнеж принцеза ќе ме направиш,

дали со бакнеж…

дали со …

Дали…

Во жаба  ти ќе се претвориш ???

http://stonetown.ca/forum/uploads/the.frog.prince.jpg



Изменето од bijonse1 - 09.Февруари.2011 во 18:45
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2011 во 08:53
СПОКОЈ

Се преполнило срцето со радост,
песните вo спокој чмаат -
тишино прекрасна,
за каква ли бура се токмиш...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 22:26
Драганче мило...ем од Лескоец де...мнооооогу убава...„содржајна песна“
а да ти префрлам ја ова бе батка кај политичарине,а?
или кај југоносталгичарине....мммммммм шо убо ќе ја личи таму

вие двајца револвераши после Драганче...разлаз
не му расипујте уметнички дојам на малиот
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 21:58

 

definicijata za Patriotizam zapocnuva so zborot Ljubov

 

patriotizam ne se pokazuva so

duvanje,

puvanje,

grakanje,

shtrakanje,

zdriganje

od prejaduvanje...

...

go**a

 

 

 

 

 


Изменето од Andjelina - 06.Февруари.2011 во 23:20
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 20:59
Диво Племе

Селани прости и овчари диви
Слегоја од планина, скокнаја од ниви
Расипан мозок и испечен сурат
Се наместија меѓу нас, цел да ни го т***т

Се собраја цел чопор, дива орда
На Белград мизерна и гнила творба
Со сила и оружје застанаја на чело
И рак станаја во општеството цело

Почнаја да пљачкат, да урлат
Да дивеат низ градови и села
Дека е нивно се, добија некаква идеа
Зедоја се без милост и срам, а
Во срцето нивно чоечност ни грам

Кој ве клал вас овде копиљаци едни
Убијци и крадци, гнаси бедни
Вашата дружба од злоба рика
Начинот на контрола УДБА се вика

Цркнати сте вие, гниете в гроб
Но на вашиот начин уште сме роб
Децата ваши царови се сега
Ама и нив вашата судба не им бега




Изменето од DragancoLeskoec - 06.Февруари.2011 во 22:59
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2011 во 18:51


          ДО СЛЕДНОТО ВИДУВАЊЕ

Ме опиваш полека
како вино црвено
кога потекува низ вените.


Сладок вкус на горчина
измешано со арома на љубов
која те обзема ненадејно.


По некоја си шема,редовно,
се давам себе си,како милостина
што се подава на сиромашни.


Редовно сум сестра натагата,
дежурна лудача,
која само чека да и ги одврзеш рацете
кои и се на грбот стегнати.


И пак чувството на опојност
кога тие насмеани очиња
ќе ме погалат нежно со поглед
како мајка своето бебе.


А рацете како канџи се зариваат
во твојата мека кожа,
небаре последен сплав си
на отворено море.


Се качувам панично на него
и како брод кој се губи
под последните зраци на сонцето,
тонам во твојата прегратка.


Се топам како сладолед на жештина
оставајќи трага своја
на твоето голо тело,
прекривајќи ја твојата кожа
со слатка смесакоја ќе ти остане
како спомен.




Изменето од butterflyM55 - 05.Февруари.2011 во 18:53
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2011 во 20:26

[&amp;#8203;IMG]

Доверба


Што би било тоа?
допир од галено најгаленото,
допир од нежно најнежното,
допир од топло најтоплото.

Како би било тоа?
чувство на припадност,
чувство на сигурност,
чувство на бескрајност.

Кое прашање би било тоа?
одговор на присутност,
одговор на чуствителност,
одговор на трпеливост.

Што би било тоа?
зарем ништо од тоа?
ја отворив дланката,
ги затворив очите се замислив.

Тоа би било навика,
тоа би било блискост,
Да, тоа би било љубов!
ги отворив очите и тогаш се сетив ,

тоа е ДОВЕРБА !



Изменето од bijonse1 - 08.Јули.2018 во 19:37
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2011 во 12:07
КОЛАЖ

Нешто ќе остане -
немоќта на дивокопачот
да ги пронајде во твоите очи
задоцнетите патници
на утрата под планините...

Меѓу сонот и јавето,
сосема неразлично од тебе
мост изѕидав,
но јас, клучевите од капијата ги сокрив
во тегла со слатко од цреши
што смо наликуваат на зборови...

Остај ми ги кулите,
мостовите до нив ги градевме
со музиката на паганини...

На улицата на амајлиите
куфери полни со наши средби
чекаат проценка,
но цер за камчето во совеста
никој не нашол во аманетот
на коренското менување на нештата.

Сирена ја именував безимената сила
што од инает напиша балада за животот
и долгот на идиличната песна го трампа
со сенката на проклетството
пред иконостасот на збунетата песна
од страв дека некои деца
ќе ја откријата тајната на магијата
и ќе го осветлат патот до срцето на ноќта...

И покрај се, нешто ќе остане...


Како лексички материјал за песната се употребени насловите на лирските единици од стихозбирката МОСТОВИ, по истиот редослед по кој се распоредени во книгата...





БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2011 во 14:03

http://3.bp.blogspot.com/_FxBSu4PG2wg/TPqG7TvF7HI/AAAAAAAAAGg/v7hPc-8T0hw/s1600/kole.jpg

Замислена 


Кога сум замислена…

секогаш  мижам  и  чекам,

дали  ќе  се појави  твојот лик?

кога сум замислена …

секогаш воздивнувам и чекам,

дали ќе го осетам твојот здив ?


Кога сум замислена …

секогаш во насмевка ги спојувам усните ,

дали ќе го осетам твојот бакнеж ?

кога сум замислена…

секогаш со прсти ја мрсам косата,

дали ти неа ќе ја погалиш ?


Кога сум замислена…

секогаш го мирисам твоето тело ,

дали тоа ќе се спои со моето ?

кога сум замислена…

секогаш ги прекрстувам нозете ,

дали ти ќе ме освоиш ?

http://www.flash-screen.com/free-wallpaper/uploads/200812/thus/1228204946_470x353_red-abstract-flower.jpg

Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2011 во 23:21

younger%20couple%20dancing%20in%20snow

.

- повторно паѓа снег. ладно ти е?

- малку, ама , рацете ми смрзнаа

- сега, сега ќе бидат готови. слушаш како пуцкетаат на жарот?

- да, како тивка, спора балада

.

се доближи кон неа и во смрзнатите нејзини дланки и‘ стави пет топли печени костени

ја прегрна силно а ладното ветре, кое играше околу нив, мирисаше на врелите костени

играа и тие со него на снежната ливада

во ритамот на нежната балада

.

.



Изменето од anakin - 28.Јануари.2011 во 07:48
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2011 во 00:30
ПРИКАЗНА ЗА РАСКОЛНИЦИТЕ

И мала и голема
и јужна и северна
и Беломорска и Шарпланинска
и покорна и воинствена
и таткова и мајчина -
каква и да си,
од Бога си,
за нас си...

Те имале -
те губеле,
со крв те оплакувале -
со солзи те оживувале,
во лелек те завивале -
со воздишки те повивале,
и пак се имале
и те имале

Кај отидовме -
што се сторивме,
едни во други се загубивме -
се немаме
и ќе те немаме...












БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 06:51
ЗРНО ПЕСОК

Ме најдоа во мојата пустина
Камсин и Сироко,
спокојно заспан во сенката
на белиот Хименокалис.

Што ли видоа во мене
па ме кренаа кон морскиот брег
да те најдам,
бисер да ме направиш!?

Некои други зрна песок
секој ден ги чекаат
Камсин и Сироко
да ги однесат до нивната школка.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2011 во 08:16
ПРЕКРШУВАЊЕ

Детето што си игра пет камчиња
со своите воздишки
кога спие
има замок од пролетни мириси
во секое мое прекршување
низ горчливата кора на зборот.

Кога тоа ги отвора очите
утрата ми слетуваат на рамо како птици
со прегладнета песна во грлата
а јас брзам да му ја уловам првата насмевка
и да го сопнам чекорот на денот
со нејзината милност.

Детето што живее во замок
од пролетни мириси
го развлекува денот како пресен локум
од едно до друго прашање
и го задоцнува доаѓањето на ноќта
во распупените гранки на претежнатиот сон.


Пак гребам во горчливата кора на зборот
и градам уште еден замок
од мириси на пролет
за детето што си игра пет камчиња
со своите воздишки
кога спие.







БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2011 во 23:32
СНОШТИ ЛЕЖЕВ

Сношти лежев во високите треви на омразата
и слушав како бие срцето на најцрниот пекол -
длабоко, длабоко, длабоко во мене
ечеа фанфарите на нечија туѓа смрт...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.