|
Македонскиот јазик и македонската азбука |
Внеси реплика | страница <1 127128129130131 146> |
Автор | |||||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Не ме мачи мене ништо, а најмалку пак некаква евтина провокаторска реторика. Ниту пак се поплакувам! Едноставно, не сум ни првиот ни последниот кој ќе го покрене ова прашање. Но ќе ти кажам што ми пречи; ми пречи лицемерниот однос кон историјата кој сме го развиле! Од една страна се гордееме со Ченто, Брашнаров, Павел Шатев, последниот од солунските атентатори, а од друга страна ги браниме бедемите кои ги поставиле оние кои ги ликвидирале. И Блаже Конески исто така преку интриги го отстранил Венко Марковски од политичкиот живот, и практично му го уништил животот, за да се наметне себеси како прв лингвист, прв поет, во се’ прв, а најмногу во љубовта кон северните му браќа, што е очигледно; од стенографските белешки од првата јазична комисија, од негови интервјуа, од сеќавања на други од тоа време. Ајде и тоа, ама од чисто лингвистичка, значи од научна гледна точка, тоа решение не е правилно, исто како што не е правилно затоа што не отсекло од Пиринците и од Егејците, и затоа што не отсекло од нашата автентична традиција. Досега видовме дека не сме ние тие кои си ја скроиле капата, туку сме оставиле други да ни ја скројат! Самото вметнување на љ,њ,џ и ј во решението на првата комисија е компромис со Конески, кој во секој поглед се однесувал непринципиелно и непрофесионално. Инсистирал уште од почеток на воведување на Вуковата азбука, и тоа целосно, напуштал дискусии, и испраќал жалбени писма до неговите претпоставени во Белград, за да се поплаче на „некои негативни елементи кои уште не сраснале со Федерацијата и кои се закануваат да го оттргнат македонскиот народ од братските народи на Југославија“(парафраза на една негова реченица) Тие негативни елементи, почитувани мои Македонци, меѓу другите биле и знаете веќе кои. Човек просто не знае од каде да почне, дали од скопското кале, дали од убиствата во Велес и Струмица, дали крајно недостоинствениот и нехуман крај на Павел Шатев и Панко Брашнаров.... На втората комисија, како што веќе видовме, му се исполнува желбата на Конески, но не и на македонскиот народ- за Ченто тие букви се симбол за најцрното ропство на Македонскиот народ. Ѓилас ги повикува учесниците во кавгата, и што се случува? Конески мора да се откаже од српските еквиваленти на Ќ и Ѓ, Марковски да се откаже од Ъ, и да се задржат српските графеми љ,њ,џ и ј. Ти еднаш ме праша за ј? Јас те прашувам сега- кој преродбеник ја користел таа буква? Дали Мисирков? Мисирков ја користел i како најблиска до старословенската ї. Македонскиот народ едноставно бил уценет да го прифати денешното решение. Со што сме уценети сега? И ќе те прашам, кое историско културно наследство браниш ти? |
|||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Добро бе човеку, ќе кажеш ли конечно што е тоа толку многу што те мачи? Дали навистина македонскиот правопис те прави да се чувстуваш помалку Македонец од она што си?! Па добро, ете таа буква е избришана. Колку што гледам никому не му смета или пак чувствувам дека таа буква некому му фали. Направи една иницијатива, доставија до МАНУ, па да видиме како академиците ќе се изјаснат. Мислам дека на погрешно место и на погрешни луѓе им се поплакуваш. Да, се гордеам со тоа што се грижам да се зачува македонскот културно наследство, неговата засебност, автентичноста и уникатноста на македонскиот јазик, а притоа да гледам напред, а не назад. Тоа е единствениот можен начин кој ќе ни овозможи да фатиме приклучок со поголемите и посовремените општества. Соседствот никако нетреба да ни биде репер. Пак ќе те прашам, ти за што се грижиш? Изменето од Platenik - 16.Август.2009 во 14:26 |
|||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Буги, која буква ја измислил Блаже Конески, ајде кажи ми? Па нему му пречеле и нашите Ќ и Ѓ, а пак што да се каже за Ъ!!!
|
|||||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ех, абе улогата на душегрижник ја играш ти, а не јас! Што се вели, од петни жили се трудиш да одржиш нечиј мит. Вистината за Конески допрва ќе испливува...Но, како и да е, по вторпат ќе ти кажам, таа буква не е безгласна, таква ја направија србокомуњарите, тој глас постои во македонскиот јазик, и тоа во сите дијалекти, вклучувајќи го и централно-западното наречје. |
|||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
По твојата логика и дваицата би биле полтрони - а никогаш не сум кажал дека некој освен Македонците е Македонец,Македонизиран е тоа е веке друг муабет има таква тема
|
|||||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Абе Буги, па нели ти беше заговорник на идејата дека и Полјаците и Чесите се’ се тоа Македонци, само што тие не знаат И во секој случај не можеш да го споредуваш Св. Климент со Св. Блаже Конески- првиот е инвентор, а вториов полтрон! |
|||||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
другу немам
|
|||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Сигурен сум дека биле и членови на ЦК на БКП. И двајцата имаат оригинални бугарски имиња. Колку што мене ми познато бугарскиот став према Македонија е непромелив. Комунизам, Фашизам, Социјализам, Хегемонизам или Парламентарна демократија неправи никаква разлика. Слаби ти се аргументите со кои ќе можеш да го дескредитираш професорот Миниси. Пробај нешто друго! Изменето од Platenik - 16.Август.2009 во 10:14 |
|||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
бе комунизам бе |
|||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Други не ценат, а самите себе не! Длабоко нурнување во македонството „Граматиката на македонскиот јазик“ на Блаже Конески оценета од големиот европски лингвист Нуло Миниси Трајко Стаматоски Појавата на „Граматиката на македонскиот јазик“ на Блаже Конески означи настан во нашата наука за јазикот. Беше неочекувано, во еден краток период од само седум-осум години од кодификацијата на литературниот јазик, да се појави обемна, научно фундирана граматика на тој јазик. Природно, Граматиката предизвика жив интерес, не само во нашата туку и во светската научна славистичка јавност, па се појавија многу брзо прикази, а и посериозни осврти на нејзините достоинства, во угледни домашни и странски научни списанија. Сега, по една дистанца од половина век од појавата на Граматиката на Конески, доаѓа, како круна, оцената на сите нејзини сегменти од големиот европски лингвист Нуло Миниси. Оваа своја книга големиот автор ја најави пред десетина години во свое интервју. Тогаш тој ја искажа и својата есенцијална мисла: „Никогаш не ќе можам да не го истакнам фактот дека Конески беше голем македонски лингвист и голем македонски поет. Лингвистите треба да научат: јазикот треба да се сфати со интуиција, не на лингвист, туку на поет, меѓутоа и многу вреден работник. Да ја напишеше македонската граматика некој друг, ќе немавме македонска граматика - ќе имавме сосема спротивна граматика, според некои теории од генералната и деформираната реторика, според шеми од латинската или од француската граматика. Конески, со интуицијата на уметник и со интелигенција на лингвист, знаеше да му го даде на македонскиот јазик неговиот вистински изглед. Ова е факт што никој не треба да го заборави“. Миниси се зафаќа со разгледување на начините на настанувањето на националните јазици. Тука е Миниси во свои води, го знае прецизно настанувањето на многу јазици (балкански, словенски, европски) па му е лесно да прави споредба со настанувањето на повеќе јазици, да ја гледа различноста на настанувањето на македонскиот модерен јазик и токму во таа различност да ја смести „исклучителноста на ликот на Конески“. Тука Миниси и ја доразвива својата мисла за Конески како поет и лингвист: „Конески, човек од науката, ја отфрла затворената концепција на лингвистите и се зафаќа со разгледување на проблемите на јазикот, во сите негови правописни и граматички особености, со жар и со интуиција на писател“. За македонската наука за јазикот е многу значајно што Миниси им посветува посебно внимание на специфичностите на македонскиот јазик. Многу често ги подвлекува суштинските разлики во определени сегменти меѓу македонскиот и бугарскиот јазик. Тоа е негов одговор на приговорите за самостојноста на македонскиот јазик што доаѓаат од некои злонамерни поединци однадвор, односно на приговорите на одделни решенија на нормите на литературниот јазик од такви однатре што не можат да се пофалат со компетентност во проблематиката. Природно, провејува понагласено мислата на Миниси за Конески како поет и граматичар. Тој самиот соопштува дека неговата книга „е резултат не само на внимателно набљудување туку, пред се', на она навлегување во јазикот што е овозможено со помош на интуицијата на книжевникот потхранувана од филолошко искуство“. Мене пак ми останува да го кажам истото и за Миниси: не го оценува Конески застарен граматичар, туку исто така човек што има високи знаења за поетиката и воопшто за уметничката реч. Не ќе беше доследен Миниси, ако во последниот поздрав не го изнесеше и својот порив за пишувањето на својата книга и не заклучеше: „По половина век, откако целта на Конески е во целост исполнета, се наметна потребата неговото дело да се заокружи со една типолошка анализа која ќе ја изнесе на виделина генијалноста на интуицијата на поетот граматичар и на посебноста на македонскиот јазик“. Што ми останува мене да кажам? Ми беше привилегија да пишувам за двајцата големи лингвисти и искрени пријатели Конески и Миниси: за првиот, зашто напиша „Граматика на македонскиот јазик“ што опстојува повеќе од половина век и што тешко ќе може да се надмине во релативно блиска иднина; за вториот, зашто викна во срцевината на делото, зашто не го гледаше него како научен продукт, туку и како уметнички а, во крајна линија, и како израз на македонството широко сфатено. Така може да општат меѓу себе со оваа граматика само луѓе што имаат сериозна научна подлога, но и изострен уметнички вкус. Едно е сигурно. Секој сериозен проучувач на граматичкиот систем на македонскиот јазик во иднина ќе мора да тргнува од „Граматиката на македонскиот јазик“ на Блаже Конески, но и од погледите на Миниси за неа, изложени минуциозно во делото „Блаже Конески - поет и граматичар и типологијата на македонскиот јазик“. |
|||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ајде ќе те молам да ни дадеш толкување на излистаните зборови на источно македонски (присирнски) дијалект? Еве ти ги толкувањата на ти зборови на македонски јазик или нивните синоними. Контраверзен - матен, нејасен, нечист,скоро нелегален Дефинитивен - краен, неспорен, конечен Седница - состанок, конфернеција, заседание Одлука - решение Јавно(ст) - отворено, транспарентно, достапно на широките народни маси Стучњаци - експерти, луѓе со високи достигнувања во својата струка Настани - случки Состојба - положба, пресек позиција на нешто или некого во даден момент Образложува - толкува, изјаснува, објаснува Искористил - од корист, некој нешто добил,стекнал Заеднички став - заедничко мислење Наишол - Поминал, свратил, дошол Инистира - настојува, упорност, тврдоглавост Истражува - испитува, пронаоѓа, чепка, копа (во смисол да дојде до некоја вистина, податок или пронајдок) Занес - транс, замајана состојаба Цврст - јак, тврд, темелен, солиден Не сложуат, туку сложуваат - да калапат или ставаат нешто едно врз друго или пак да се се согласуваат по однос на некој став или прашање Здрави разлози (разлог е србизам)- разлог на македонски е причина но во овај контекст јас би рекол задрава основа, здрави постулати Пракса - рутина, нешто што станува нормална постапка при обавување на работните задачи илидел од секојденвието Јас неможам да сфатам дека некој во Пиринска Македонија кој има соодветно образование би имал проблем да ги разбере овие зборови. Ако ништо друго би добил јасна претстава од самиот контекст на реченицата. Проблемот може да настане само тогаш кога зборот ќе се слушне за прв пат. Кога луѓето тој ист збор ќе го слушнат по втор пат, верувам, ќе имаат чувство дека тој проблем во суштина и не постоел. Меѓутоа ова е само уште една потврда дека на луѓето на кои не им било дозволено да го изчуваат литературниот Македонкси јазик, со жалење морам да констатирам, заостанале во својот развој. Нивното ниво на комуницирање останало на ниво на локалниот дијалект. Во такви услови каде недостигот на ресурси е евидентен и каде се чувстува силна опресија врз нивниот национален и културен идентитет неможе ништо друго ни да се очекува. Македонците и во Грција и во Бугарија, а и било каде да се во светот, доколку не им се обезбедат елементарните услови за изучување на мајчиниот јазик, тие луѓе ќе бидат поелоквентни на грчки, бугарски, англиски..... Нивниот македонски јазик ќе биде на нивото на дијлект односно на регионот од каде доаѓаат нивните родители. Жално, ама вистинито! Сега некој душегрижник ќе развива теории или ќе се лути зошто безгласната буква била пропуштена?! Ајде ќе ве молам, неможеме да ги видме дрвата, а шумата ни е пред нос. |
|||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
ДА за Пулески има тема посебна затоа нема да давиме тука,ке додадам само дека значи ти владо не си разгледал убаво затоа и не ја разбираш самата еволуција на Македонската азбука.
И немој сега финти Русите користеле Македонски букви,ај да го вратиме ако не глаголичното писмо,тоа е најизворно Македонско,може биле св.Климент и св.Наум Србомани што ја промениле азбуката на нивните учители |
|||||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Imame tema za Pulevski, toj ja prifakja azbukata na Vlkan Karadzhovski kako "nasha" (se izvinuvam za latinicata, mal tehnichki problem)
Изменето од cercetator - 15.Август.2009 во 20:48 |
|||||
Владо
Сениор Регистриран: 25.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Абе знам јас што значи „руска граѓанска азбука“ туку ти викам, што има руско во нејзе освен Я и Й? Тоа да му го кажеш на некој Русин ќе ти се смее. Таа азбука е за првпат воведена од Св. Климент, во Охрид!
Од Пулески немам читано ништо во оригинал, приложи, па да анализираме. Сега за сега се што можам да приложам е ова: љ, њ, џ Изменето од Владо - 15.Август.2009 во 20:26 |
|||||
Внеси реплика | страница <1 127128129130131 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |