IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 124125126127128 138>
Автор
Порака Обратен редослед
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 15:57
ЗБУНЕТ, ДРУГАРЧЕ, ЌЕ МЕ РАСПЛАЧЕШ... КОГА ЌЕ ОДИМЕ НА ПИВО, ОСТАЈ ЈА УМЕТНОСТА?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
mamma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 15:52
A ti si...majstorski dobar
ete,pak kazav,abe nemozam da molcham...црвенеење

Shot at 2007-06-30[/IMG]
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 15:51
Ne mozam da delam nikakov komentar od ednostavna pricina sto umesnosta na majstorce se podrazbirala otsekogas...bi me iznenadilo da napise nesto loso i nestilizirano, a vaka ne...аплауз
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 15:51
Филмаџијката е филмски брза...хахаха
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
mamma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 14:45
Se mislev,...se mislev...dali da napisham neshto-reshiv nema,i onaka gi dadov komentarite predvreme.No posle postot na filmadzijka,navistina
nema da kazam nishto-taa kaza se shto trebaголемо%20гушкање


Shot at 2007-06-30[/IMG]
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 14:40
Originally posted by filmadzijka filmadzijka напиша:

после ова ... што да се каже ...?
прости мајсторче што не можам да те пофалам.
ова е момент кога делото е поголемо од мајсторот.
веке не те гледам тебе - само приказната.
како продување:
никој не ја гледа мајката,
сите се фасцинирани од бебето.


Ништо, ептен ништо не вели, на децата светот останува...хахахахахаха
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 14:38
после ова ... што да се каже ...?
прости мајсторче што не можам да те пофалам.
ова е момент кога делото е поголемо од мајсторот.
веќе не те гледам тебе - само приказната.
како породување:
никој не ја гледа мајката,
сите се фасцинирани од бебето.







Изменето од filmadzijka - 21.Април.2008 во 14:42
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 11:29
III чин

          Војникот што беше успеал да се извлече од заседата и да спаси глава со чудесија својствена за светците, идентификувал двајца од убијците на неговите другари. Оваа вест, заедно со имињата и фотографиите на ѕверовите прошета по сите медиуми, но истовремено со неа една друга вест уште повеќе ми го заскокотка вниманието, па наредните денови ме направи зависник прва класа од информативната програма – нашите органи на прогонот им влегле в траг на монструмите и дека во прашање биле минути кога ќе ги фатат и зведат пред лицето на правдата.
          - Трчала лисицата по јајцата на кочот! – одгорчи стариот во негов стил, - Но попрво на кочот јајцата ќе дочека да му паднат, отколку...- и одмавна со раката.
        - Фарси...Тоа, дедо, ти се викаат фарси! – искоментира мојот постар, единствениот жив син, - Какви рамковни договори!!? Требаше сите, до еден да им отидеме, да ги истребиме, да ги пратиме во мајчината им!                          
        Стариот не дочека да однесе запис на горниот свет за ефикасноста на нашите сили на прогонот. Испушти душа на спиење, тивко, исто онака како што излегуваше на терасата да испие еден тутун, и со спокојство во аглите на усните на човек кој се ослободил од голем товар. Ја испушти душата сам, без сведоци, па никој не виде колку дупки издупчиле во неа клуновите на црните птици на сонот. А да издржеше уште само четири месеци, да имаше место уште за само четири капки трпение во чашата на неговиот живот можеби ќе закрпеше некоја дупка на чаршавот на душата и ќе отпатуваше со олеснителни околности пред божјиот суд, оти...
        - Не викаат на суд! – четири месеци по неговата смрт забележав роишта пеперутки над езерцата на жена ми, а од синилото бликна замрзнато сонце и пеперутките оживејаа и затанцуваа во сребрената мрежа на радоста.                 
        Две години и повеќе немав видено ниту зрно светлина во нејзините очи. – Имало господ! – се отвораа една по една дагите во изворот на расположението кај мојата женичка, - Ги фатиле најсетне ѕвериштата! Ќе им судат за злосторствата                     
        Повеќе од две години соковите од овошјето на овој миг се цедеа во почвата на нејзината надеж и ги хранеа коренчињата на овенатиот цвет на нејзиниот живот – сега наликуваше на тока оган, апокалипса на две нозе, утока на сите реки на одмаздата на светот.       
        Салата во Основен суд со римско два над вратата беше мала за да го собере интересот на новинарите од домашните и странските известувачки агенции за квалитетот на јајцата на новата влада.
        Не знам дали дланката ми пливаше во вода или пак тоа беше потта од дланката на жена ми во мојата, со која таа ја пренесе својата несигурност и страв на моето расположение.
        На клупата за обвинити седеа две млади суштества во придружба на униформирани горостаси со маскирни капи на главата од кои само погледот им шеташе како змијокот низ преполната просторија.
        - Како манекени ги дотерале ѕвериштата! – просска жена ми.
        Нејзиниот немир уште подлабоко ми се зари во испотената дланка.
        - Не можат со крв да ги намачкат по лицата, - реков без врска, во сиот тој метеж од љубопитство, нетрпеливост, жед за нечија крв, веднаш зад менекените, на чии дланки сеуште беше крвта на нашиот син, како да го видов нејзиното лице, вистински, не како дамка светлина на далечните хоризонти на спомените...
        Некој од новинарите не препознал ( та малкумина ли проврвеа низ нашиот дом) и веќе во следниот миг не облета цел осaрник со шаблонски прашања:
        - Што очекувате од судењето?
        - Има ли казна што може да ја ублажи болката во родителското срце?
        - Ги заборави ли државата своите храбри синови?
        Оси... Кога ќе насетат блажина не можеш да се одбраниш од нив... Да ги избркаш...
        Вакум... Уште кога влеговме во просторијата почувствував дека воздухот е редок и загушлив...
        Осите доаѓаа во нов налет и крадеа по парче од воздухот околу нас. Околу вратот ми се затегаше некаква јамка; ја олабавив вратоврската и ги рскопчав последните две копчиња.
        - ОСИ... – се воспаничи жена ми, - Иш...Иш... – како да споулаве во мигот и се размавта со рацете, - Затнете ја дупката, ќе истече сиот воздух...
        - Луге, воздух... – замолив.
        - Јас ви се јавив по телефон... За учество во мојата емисија... Помните... – едно осиче ми доближи до увото...
        - Аман, луѓе, воздух... – замолив уште еднаш.
        Тестото стана уште погусто.
-     Дупката...
          Телото на жена ми провисна преку моите раце.
        Како ли се свитка таа сува прачка, а не се скрши?
        - Луге, истај те се! На женава и се слоши! – најпосле некој се сети да викне.
        Лак од млитава сува прачка имав во рацете. Воопшто не ја чувствував нејзината тежина, само се чудев како не се крши, како не го чув она толку познато „Крц!“ како кога кршевме суви гранки за потпал на скарата кога одевме на викенд.
        Гласот ја раздвои толпата како Мојсеј морето.
        „Жива ли е?“, тивок шепот од едниот брег на раздвоеното море.
        - Итна... Повикајте итна! – пак глас, па дуг, па трет...
        Или повеќекратно одбиено ехо од бреговите.
        Ја зедов сачката нежно в раце. Со чувство на слепец зачекорив низ мракот во ходникот. Некаде кон крајот - матната дамка светлина.
        „Ова не е вистинито, ова е уште еден кошмар!“ – помислив.
        - Што и се случи? – од матната дамка светлина потече шурка тополо ветре.
        Боже, колку ми беше познат тој глас. Како да ми се впил во сунгерот на слухот неизменливо ист и после дваесет и колку ли години. Тој тивок и розов глас што ми го замајуваше умот со една чудна, леплива медовина, како што касноприлскиот повеј ги замајува медоносните пчели, некогаш, кога бев полн со сонце во вените.
        „Халуцинација“, помислив и затресов со главата како да сакав да го истресам од умот дамчето матна светлина што ми пречеша на патот до вратата.
        - Оси! – реков, - И го испија воздухот!
        Двајца во бели мантили ( кога ли толку брзо се најдоа овде ) ја зедоа сувата прачка од моите раце и ја легнаа на носилка. Сирената записка панично.
        - Ќе биде добро... Лесен инфаркт! – рече човекот што и ја намести маската за кислород во транспортното возило на Итната.
        - Спасете ја! – реков. Не, бев давеник што ја бара сламката на спасот, куп очај, - Многу се намачи последниве години! Осите ја докусурија, пусти останале...
        - Знам се за вас...- рече човекот во белиот мантил, оној главниот, сега сфатив дека е лекар во Итната, - Ве гледав неколкупати на ТВ...
        - Децата ни отидоа к*рбан, а ние станавме херои! – одгорчив, - Оси, да не намирисат блажина... Видете што и направија... А таа од пуста љубезност, не знаеше ќепенец да спушти на срцето...
        - Не обвинувајте ги новинарите! – од белиот мантил излезе воздишка, - Си ја работат работата. Сурово е времето во кое што живееме... Но, така стојат работите – влезени сме сите во неговата мелница и тоа не меле....       
        Тој и го опипа пулсот на сачката.
        - Ќе и биде добро! – рече пак, како да сакаше да ме увери во својата искреност.
       Што правеше матната дамка светлина во салата на Основниот? Сега, кога ми се сталожи талогот на возбудата станував свесен дека тоа не беше никаква халуцинација, туку ТАА. Дали ме препозна или од чиста човечност ми го постави прашањето? Не беше многу изменета. Не, вооптшо не беше изменета. Но што правеше таму... Во какво својство се нашла?
        - Ќе биде добро, но ќе ја задржиме на интензивна... Нека одмори малку, нека и закрепнат и душата и снагата – ми рече еден друг бел мантил, кога ги потпишав формуларите за прием на одделението за интензивна нега во клинички.
        - Постапете како што треба! – реков – Само да прекрца...
        - И вие сте истоштен, - забележа тој, - Може едно кафе за закрепнување?
        Климнав со главата.
        - Слатко ! – дополнив со неволна насмевка, - Премногу горчини испив последниве години...
        Истовремено, кога се обидов повторно да ја вратам во мислите матната дамка светлина од крајот на шпалирот во салата на Основниот суд по ходникот се издолжи сенка, која веднаш почна да се собира како во ролна пред тропкањето на женски потпетици.
          Колку ми беше познато тоа тропкање, имаше некое достоинство, некоја цврстина, некоја горда надменост во него, а сепак толку женствено, нежно и отмено како капење на капки од плафон на акустична пештера.
        Тоа тропкање што толку силно ми го раступкуваше срцето, кога ќе го слушнев во ходникот на Гоце...
        - Увериме дека не си фатаморгана! – шепнав молбено.
        - Камо да бев... – ми врати... – седна на столчето до мене – Како и е? – праша.
        - Велат, ќе и биде добро... – реков, - Ти...?
        - Јас...!? Како лик од лош роман... Животот режира чудни филмови...
        Седевме еден до друг, а јас почувствував некаков ѕид меѓу нас двајцата, висок. лизгав ѕид, чиј камења беа обраснати со дебела, лизгава мов, ѕид кој спречуваше радоста на средбата да премине од едното до другото срце и да ги растрепери онака како што посакував понекогаш во мислите, кога ќе ме најавнеше носталгијата за младоста и студентските денови...
        Со решителен поглед се обидуваше да влезе длабоко во мојата душа, да пронајде нешто одамна заборавено во неа, нешто што има голема важност, некаков пергаменет, што ли?
        - Ме сакаше ли? – следуваше прашање, уште порешително од нејзиниот поглед.
        -Знаеш и самата дека те сакав како сестра! – се насмевнав како идиот.
        - Ме сакаше ли како маж што сака жена, те прашав? – испушти болен крик низ забите таа, процеди насобран талог на болка од душата, катран црн, поцрн и од најцрната ноќ.
        Збунет, со подголтнат здив, со голтнати зборови, синтагми, реченици и цели пасуси што ги спремав во скришните ќошиња на желбата да ја видам уште еднаш во животот, гледав во неа, гледав во луда жена, во туѓинка што не ја познавав.
        - Жена ми едвај к*ртули од смрт, а ти ме прашуваш за нешто од пред дваесет и повеќе години... – реков рамнодушно.
        Како да не ме заслушна.
        - Проклет да си...Проклет да си...- истури таа порој од тупаници врз моите рамења, врз грбот, па ме гушна и заплака, - Зошто не им рековме не на предрасудите кога имавме време? Кажи ми - зошто?
        Потоа стана наврапито, си ги избриша солзите и рече              
        - Морам да одам.Мојот син е таму, во судницата.
        Потпетиците затупкаа забрзано кон излезот, како да сакаа во истиот миг да исчезнат, развлекувајки ја за кратко сенката што предмалку ја собраа во ролна.
       
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 07:51
Dusicke, gusicke, musicke,
cuci muci dojdi da ti pravam ja,
da te mazam i pazam
kako nemirna bubacka po tebe da lazam.
Da te gnjavam dur busava kukla ne te storam,
crvena i nababrena sto se pusi,
od dopiri i baknezi bezbroj
bez nieden sekund odmor
za bilo koj del od telo tvoe
na pregled sto mi lezi,
prepusteno na moj sud i presud.
Sega busava i so plamen vo oci
vo mene gledas,
spremna i gladna
od mene cekas
so podzinati usni i
taze obliznati,
no ne mi e bas jasno
nameri kakvi ti se
i sto bi trebalo
sega da storam ja
vo ovoj moment i svetlosen mig,
a pogresno da ne me svatis.
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2008 во 00:35

Со прсти ти зборувам,
додека топлава априлска ноќ
ми го носи мирисот
на свежо искосена трева.
И јас како неа,
продолжение сум на еден корен.
Еден ден ќе ме снема,
исто како и оние што ме искосиле.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2008 во 11:54



ОВОЈ ЧИН НЕМА ЗА ЦЕЛ ДА ГИ ДЕГРАДИРА ЧЕСНИТЕ АЛБАНЦИ ВО МАКЕДОНИЈА НИТУ НИВНАТА НАЦИОНАЛНА И ВЕРСКА ПРИПАДНОСТ, ТУКУ Е ВО ФУНКЦИЈА НА ТРЕТИОТ ЧИН ВО КОЈ СЕ РЕАЛИЗИРА ОСНОВНАТА ИДЕЈА НА РАСКАЗОВ. СЕ НАДЕВАМ ДЕКА И ТАКА ЌЕ БИДЕ РАЗБРАН.БЛАГОДАРАМ!



II чин




        Змијата излезе од телеграмата уште пред да го отвориме пликот и да ја прочитаме нејзината содржина.
        Жена ми исписка прва. В миг истече сета крв од неа и лицето и се стори проѕирно како стакло, а телото и затрепери, се стресе, колената и попуштија и таа се струполи сува сачка на троседот преку кој беше распослана бела јамболија. Јамболијата ми се стори темна како облачна ноќ наспроти лицето на жена ми.
        Можев да претпоставам за содржината на телеграмата. Всушност, вчерашниот ден лиферуваа преку ТВ дневникот дека тројца припадници на редовниот состав на АРМ биле утимички убиени од страна на албански терористи. Имиња не соопштија. Единствено дека биле фатени во заседа, измачувани и свирепо погубени.
          Веста не вознемири. Внесе мигови на мрак во нашиот живот, кој откако почна војната со албанските терористи течеше во корито од трње.       
        - Само тој да не е меѓу нив! – се помоли жена ми анемично.
        - Од твоја уста во божји уши! – се прекрсти стариот.
        - Проклето семе мухамедово! – опцував бесно, - Светот ќе гори од нив!
        - Малку им беше тоа на Косово, па и овде ујдурми почнаа да прават! – забележа старата.
        - Дивјаци! – пламна нашиот постар син, кој пред две години си го отслужи долгот кон татковината – Ниту во Амазон нема повеќе такви како нив.
        Само тој да не е меѓу нив! – пак рече жена ми низ шепот.
        - Тишина! – рече стариот, претворен едно големо уво кон телевизорот, па го зеде далечинскиот и го засили тонот.
          „Од сигурни извори дознаваме дека во возилото се наоѓал уште еден припадник на нашите одбранбени сили, кој успеал да се спаси со бегство, но од Министерството за одбрана не го откриваат неговиот идентитет заради интересот на истрагата во врска со трагичниот настан!’ соопшти спикерот на крајот од вестите.
        Во тој миг мраазев се што не е христијанско.
        - Додека не биде „или тие, или ние„ на овие простори нема да има ниту ден мирен сон! – порасна гневот на постариот син.
        Дневната соба стана претесна за омразата и гневот што плискаа од како шурки крв од пресечена вратна жила кај секој од нас. Ми се чинеше дека сме во бомба со емоционално полнење која може секој миг да експлодира и да ја урниса целата вселена.
        Тогаш, после колку ли години, си спомнав пак на неа. Дамката се отвори како пупка на сончева роза и од неа се појави нејзиниот лик, онаков каков што беше пред да се скожури во кожурецот на заборавот.
        Боже, до каква крајност може да се трансформира човек, а никогаш да не ја сфати вистинската причина за тоа, помислив и се згрозив од самиот себе пред таа помисла. Одамна ми беше позната латинската изрека, „Човек на човек е волк“, но сега првпат ја сфаќав во потполност, како апсолутна вистина, за првпат лично се фатив во пајажината на нејзината непогрешливост. Каде исчезнаа космополитските погледи на светот, алтруизмот, каде исчезна оној уривач на верските и националните бариери и оној градител на мостови од истиот тој материјал!?
       
        Проклето семе мухамедово!, го чувствував отровот на ехото на сопствената клетва што ја изреков пред малку заразен од гнев и од бес.
        Колку лесно витлите на омразата можеле да го повлечат човек во темното море на безумието...        “
        Проклето семе мухамедово!, во истиот тас од кантарот ги ставив црвливото и здравото, скапаното и убавото...
        Постариот син рече:
        - Ќе прошетам низ кафулињата, може ќе начујам нешто!
        Ама ништо не начу. Идентитетот на загинатите војници беше приоритетна тајна за Армијата.
        “Таа ноќ постелата од трње стана погуста.
        - Што не си го прегризав јазикот кога те спречив да му купиш мобилен! – се покаја жена ми по кој ли пат.
        - Нема фајде од самообвинување, - и реков – Ајде, спиј! Та не е само тој на отслужување на воениот рок. Не мисли на најлошото!
        Но јанѕата јадеше, глоѓаше, риеше, раскопуваше по калиштата на стравот и ги вадеше коските на птиците на кобта, не муркаше со нив во ситните ребра на спокојот и ги бркаше дивите ждребиња на бессонот по трнливите ливади на ноќта.
        ... Го потврдив примањето на телеграмата со своерачен потпис што со гест на сочувство ми го поттури к*рирот во Министерството за одбрана, па ја ослободив телеграмата од стисокот на кристалните штипки на жена ми. Немаше потреба да го направам тоа, но сепак ја отворив.

Со голема болка ве известуваме дека
Вашиот син загина на ден
(наведен денот со годината и месецот) храбро бранејќи ги
Интегритетот и суверенитетот на својата татковина.
Бидете горди што одгледавте таков син!

Министерство за одбрана на
Р. Македонија

Плачот обвитка студени јазици околу нашата куќа.

ПРОДОЛЖУВА...
       


Изменето од majstorce62 - 20.Април.2008 во 11:55
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2008 во 22:38
Дел по дел...Ако ги закачам сите од еднаш ќе се исплашат и никој нема да чита... Вака, секој ден по малку...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
mamma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2008 во 22:36
изненадување...se somnevam deka toa vazi za tebe,.....davaj..

Shot at 2007-06-30[/IMG]
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2008 во 22:30
чекај го крајот, не биди нестрплива... патем, аплаузите го расипуваат човека...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 124125126127128 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.