IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 119120121122123 138>
Автор
Порака Обратен редослед
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2008 во 00:23
Ова Се теми од нашето секојдневи кое е полно, та дури преполно со политиканство, кое стана наше безумие, и кое мора да запре ако сакаме да си го продолжиме нашето опстојување во иднина на овие простори и под овој идентитет. Нам не ни се непријатели соседите, туку ние, водени од нашата глупост, сме си волци на самите себе. Во една ваква тема секој може лично да се почувствува и како навреден и како навредувач.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2008 во 00:01
се оградив од политичка подлога на расказите. Само глупоста на човекот ме интересираше како материјал за естетско обликување.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2008 во 23:40
Мајсторче, ова е добра сугестија да си ги зацементираме ушите и очите за време на претстојниот предизборен давеж!
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2008 во 22:04
КОНЦЕРТ
Човек што не знае што со себе, има наоѓа маана на сите останати. (не барајте ја никаде оваа поговорка)

и ова е расказ за човекчата глупост, без претензии да броди низ политичките води. Ако некој се препознае, по него вина е, случајноста е намерна.


        Госпоѓата М. службеничка во секторот за финансии при општинската управа беше среќна што дојде до два билета за концертот на светски познатиот виолинист од нашата држава. Не толку колку што уживаше во таа музика, туку повеќе оти ќе биде забележана од највидните фаци на општественото живеење во малото гратче кое, откако тие ја презедоа власта културно и економски почна да заживува со брзина на метеор.
        Беше исполнета со самосебе додека, држејќи го својот сопруг под рака, влезе во концертната сала на Домот на културата.
        - Ене го Претседавачот на Советот, - му дошепна гласно на сопругот, како тој да не знаеше кој е Претседавач на Советот во нивната општина, - Леле, види ја жена му, види што облекла, сељанка една... Ама важно на концерт дошла...
        Мажот и, средовечен човек на некои педесетина години старост, бизнисмен во подем, дискретно и ја стисна дланката со свитканиот лакт на своето тело.
        - Што, зарем не е така? – се побуни госпоѓа М. Не криејќи дека е навредена од неговиот гест.
        Нивниот билет ги упати во претпоследниот ред седишта, но тоа воопшто не и пречеше на госпоѓа М. да се чувсвува омаловажена таа вечер. Напротив, од тука ќе може да направи целосен преглед на гостите во салата, за да може утре да искоментира во својата канцеларија кој се бил на концертот и што и во каква тоалета.
        - Леле, што бараа оваа комуњаркава на концертов? – исписка полугласно, кога со погледот ја регистрира нејзината поранешна началничка, сега професорка на приватниот факултет за бизнис и менаџмент, - Па како се натафрила, уште и говор да одржи.
        Аплаузот што ја исполни немногу големата сала, најавувајќи го влегувањето на нашиот Мењухин, го спречи мажот и да реагира на нејзината забелешка.
        Маестрото врати со задоволна насмевка на аплаузот, ја зеде виолината од масичката до постолјето за нотната тетратка, сврте неколку листа од тетратката, ја заглави виолината меѓу брадата и рамото и го крена гудалото.
        Молк. Низ молкот, како плач на горска вила се разлејаа звуците на една од Моцартовите сонати. Меки, проѕирни звуци, особено во адаџото, нежно и елегантно како допир на летна ноќ.
        И пак, аплауз... Аплаудираше и госпоѓа М. Силно, како да си ги мразеше дланките па сакаше да ги искрши една од друга. Посака да викне „Браво мајсторе!“, но мислата и ја привлече како магнет нејзиниот сосед од вториот ред со жена му, со која таа не зборуваше веќе неколку години, а и самата повеќе не знаеше зошто, но ја мразеше, желудникот и се превртуваше кога ќе и го слушнеше гласот надвор, пред зградата, да госпоѓата М. живееше во двособен стан, на третиот спрат, веднаш над споменатата и сосетка која беше тешка шопка и од инает никогаш не го даваше својот глас за нејзината партија, иако не беше партиски определена.
        - Види ја кокошкана како си ги плеска дланките, ќе си ги искрши! – дофрли полугласно кон својот сопруг госпоѓа М. – Ха,ха, неоти се разбира нешто од уметност, ама ете, се истафрила сељачката во вториот ред . Види ја како се облекла, божем на погреб пошла! Посилно удри си ги дланките, мош ќе те чуе маестрото, шопке една.
        Како нови, стаклени џамлии потскокнаа звуцците на скерцото од Брахамс, и пак аплаузот се стиши. Се раскока нешто во крвотокот на госпоѓа М. и таа затупка со попетиците по подот, заборавајќи на сосетката.
        Маестрото чиниш и влезе во расположението, продолжи со друго, па со трето скерцо. Но ако госпоѓа М. погледнеше во репертоарот на корцетот, што го доби кога влезе, ќе се разочараше и ќе сфатеше дека маестрото всушност не и го прави нејзе ќеифот, туку го следи репертоарот. Ама таа не погледна и си остана уверена дека тој ја забележал па го засили тупкањето со потпетиците додака мажот и не ја бодна со лактот во ребрата, веднаш под десната града.
        - Простак! – просска госпоѓа М. – Најдов јас со кого да одам на концерт! – па налутено ја сврте главата.
        Ако не ја налутеше сопругот со муркањето в ребра, за окото на госпоѓа М. ќе останеше назабележано присуството на нејзината другарка од основното, која ниту тогаш не ја сакаше оти секогаш трчаше како прле пред магаре да се докаже со своето знаење, иако таа лично сметаше дека, всушност, и нема некое големо знаење туку само со наметнување оставаше впечаток кај наставниците. Така заврши и факултет, така магистрираше, така се провлече и со дисертацијата и стана претседател на унијата на жените во нејзината партија. А татко и беше комуњарски директор и цел работен век помина во таа фотелја и се обезбеди финансиски за три генерации негови внуци и паравнуци. И цвеќе понела, натрапничката, да видат од раководството на партијата дека е на европско ниво...Ха,ха,ха...Таа и европско ниво... Уште супата ја пие од чаша и нема научено со нож и вилушка да се користи кога јаде, па копаните ги ратрга како гладна кучка, до коска додека не ги изглода.
       Сепак, набрзо и стана криво што и таа не набра од трендафилите во пракот, оти после следната изведба, а тоа беше после маестрално отсвирените Четири годишни времиња на Вивалди, еден куп жени нагрнаа со букети кон маестрото и добија автограм од него. Меѓу нив ја виде и сопругата на престседателот на противничката партија, а тоа силно ја жегна, го прели трпението во нејзините нерви.
        - Е ова ги минува сите граници! – се разбира дека после ова госпоѓа М. повеќе не можеше да го контролира гневот во себе, тој и побегна од рацете како неортомисано магаре, - Што бараат овие простаци од противничката партија на нашиот концерт. Кој им дал билети? Кога тие беа на власт ние...
        И беше сеедно кој се ќе ја слушне, кој се ќе се сврти кон неа и ќе направи гримаса на лажно згрозување, оти веруваше дека сите жени од нејзината парија што таа вечер беа во салата ќе го споделат нејзиното мислење.
        Да не пукне како запечатено бочва со комиње, го повлече својот сопруг за ракав и во истиот миг демонстративно ја напушти салата со него.
       
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2008 во 14:59
       
ДРУГАРИ - втор дел

- Ми рекоа во комитетот дека си овде, - му рече на другарот, па му даде ишарет на ќелнерот, кој без проблем го разбра и дотрча со шишенце Пелистерка.
- Што убави момичиња се искотиле во градов! – фрли забелешка, колку да биде интересен или да отвори тема, сеедно, па отпразни половина од чашата во која келнерот налеа од минералната, - Овие, младиве денес, богами знаат да го живеат животот.
        - Да, не како ние во комуњаеското време: училиште, корзо, во девет часот дома... – забележа другарот, или едноствано, сакаше да му угоди на своето портпаролче.
        Секогаш се прашува зошто лојалноста кон партијата и кон раководството овие луге ја искажуваат и докажуваат преку зборот „комуњар“. Како да има вградено во својот ум некое убедување дека колку погласно и со поголема омраза го изговараат тој збор, повеќе вредат во очите на своите сопартијци, особено во очите на раководството на партијата. Како дозата на омраза што ја вбризгуваа во него да беше единствениот критериум за искачување по скалилото на партиската хиерархија...
        Сепак, ништо не реков. Знаев дека ако кажам нешто контра ќе бидам веднаш етикетиран како комуњар. А да угодувам не сакав.
        - А,ти, уште си неопределен? – како да ми ги прочита мислите, ме запраша портпаролчето.
        - Убаво ми е и вака – подалеку од етикети! – се насмевнав мудро.
        Во тој миг друштвенцето ни порасна за нови два члена од највисокото раководство во партијата на другарот.
        Бидејќи имаше само еден стол, мојот другарот сервилно скокна и од една од масите довлечка уште еден.
        Ги познавав новодојдените само од видување. Та не е градот кој знае колку голем да не се знаеме меѓу себе. Знаеме секој за себе кој колку тежи во умот, кој каква гардероба носи во куферите на животот... Особено кога сме генерациски блиски. Всушност, мислиме дека се познаваме, бидејќи секогаш кога ќе слушнеме дека некој отишол на некоја висока функција реагираме со големо изненадување на таквата вест. А овие двајцата беа токму од таа категорија луѓе што не умеат на две магариња слама да поделат. Ама сега високо котираа во својата партија. Им се насмевмна среќата во животот, направија кариера. Едниот преку тестот, вториот силеџиски, плукајќи по минатото и со висок процент на експлоатација на зборот комуњар во сопствениот вокабулар.
        И потече таков разговор, што во мене создаде чувство на каење што не ја исклучив мобилката пред другарот да ми се јави и да ме повика на кафе.
        - Ќе имаме многу работа деновиве! – почна прв тој што ја имаше доведено дикцијата на зборот комуњар до совршенство, така што од неговата уста звучеше како кога изговарате змија или нешто уште пониско на овој све.
       - Овие избори мораме да ги добиеме! – се надоврза портпаролчето.
       - Јас ангажирав неколку групи од нашиот помладок да одат по куќите и да агитираат! -се пофали третиот, тој што изгради кариера со помош на тестот.
        - Така! – рече пртпаролчето, - Агитација во секоја неутрална фамилија.
        - Овие од опозицијата (пак оној збор со многу одвратност во неговите коски) веќе работат на големо. Секој наш успех во изминативе години го извртуваат и го оцрнуваат.
        - Не чувствуваш ли дека си вишок?
        Прашање. Надвор од контекстот на темата. Како шепот, но довлно гласно да го уловат ушите на сите присутни.
        Другарот гледаше во мене и ми се смешкаше со некоја глупава, анемична насмевка.
        - Молам? –од мене само од себе полета прашање во кое се помешаа недоверба, вџашеност и тивка непријатност.
        - Ова е теснопартиски разговор! – рече другарот, пак така, ниту како шепот, ниту премногу гласно, - Вишок си!
        Змија да ме каснеше, толку немаше да ме здоболи во срцето.
        Вишок!
        За мојот другар, со когошто пораснав од забавиште, со кого делев и добро и зло, повеќе од три децени јас одеднаш станав ВИШОК.
        Видов: во душите на неговите сопартијци се разлеа сончевина, посветла и од оваа што ја истураше сонцето по улиците низ градот.
        „Вишок...“, равлеков горчливи отрови со чекорите по тротоарот додека одев кон Југото и чувствував како капки крв ми капат до суетата во која длабоко се зари острицата на ножот на тој збор.
        Не знам зошто, но, сепак, не му се налутив.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2008 во 14:50
ај веднаш
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2008 во 13:26
мајсторче.......ајде наставувај побрзо
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2008 во 11:32
                                                  ДРУГАРИ

Ова е расказ за човеката глупост и се лишува од секаква политичка или партиска позадина и ангажираност.



       

           Мислев дека во овој свет на политичко лудило, ништо не може да ме изненади Дека се изнавидов и изначув секакви глупости и бесмислици последниве години, откако едно едноумие заменивме со друго. Свикнав да слушам муабети на политички теми на секој чекор. И таму каде најмалку очекуваш, меѓу децата што уште не пошле на училиште, што уште азбуката не ја научиле, што не знаат да го напишат името на партијата што ја преферираат, како рефлексија на партиското префер на нивните родители. Но ова што ми се случи пред некој ден е доказ дека никогаш не треба да велиш се видов и се чув, особено кога е во прашање човечката глупост. Кога таа е изворо на изнадувачки ефекти.

        Пладне.Неколку дена пред Први Мај, големиот празник на работничкаѕа класа. Не го измисливме ние, иако, во она, старото едноумие, се чукавме в гради дека е најнаш празник. Па дури и неколку дена го славевме за да докажеме дека е така.     

        Бев ноќна смена и самошто станав од спиење кога мобилката ми го засвире валцерот на Дунав, штоимаше значење на известие дека некој од другарите ме бара.

        -Ало, да не те разбудив!

        - Не, самошто станав.

        - Да се најдеме во „Шема“ на кафе. Ај, ќе се договориме и кај да тркнеме за празникот!

        - Важи!

        Беше тоа мојот другар Филип, партиски активист со петнаесет капи, мислам партиски документи за идентификација. Јас од мислост си го викав политичка јаричка, бидејќи веќе шеснаесет години не знае кај да го снеси јајцето, во гнездото на која политичка партија. Не е важно, беше супер другар.

        Си седнав во Југото ( не, не е тоа никаква носталгија кон минатите времиња, го наследив од стариот, кога му помина рокот на возачката, а рака на срце и не сум финансиски моќен за нешто пософистицирано) и правец „Шема“, да ја фатам кафе шемата и да се видам со другарот.

        Денот беше, што да се каже, да посака човек во годината секој да биде ист како тој Сонце се расплиснало по улиците, расцутените липи го набабруваат воздухот со бликови силна миризба, така што душата ти се отвора да прими во себе што повеќе од убавината, а очите се судираат едно со друго како возила на крстосница со расипан семафор, во метежот од росни зумбули што дишат со здивот на безгрижната младост.

        Тој седеше под платнената стреа пред кафулето, со очите кон улицата и кибицираше во стил на стар шмекер.

        - Педофилчиш – го боцнав во ситните ребра, незлобно.

        - Ха, ха! – се насмевна тој, - А ти не би!

        - Уште малку дедовци ќе бидеме...

        - Е, ако де, со внучињата ќе шетаме и ќе гледаме дадички! Ха,ха! Не е грев да гледаш... Пред убавината и боговите се поклонуваат.

        Беше во право – не е никаков грев ако украдеш со погледот малку од таа пленувачка, разиграна младост и да си ја надрочиш душата со тоа убаво чувство.

        Седнав, вртејќи профил кон улицата.

        Нарачавме Нес со шлаг.

        - Уште нема резултати од моето конк*рирање..., - почна тој по веќе познатото сценарио, - Се развлече меретијата.

        Знаев, сега ќе почне да го напаѓа неговиот конк*рент за директорското место, дека само ја отежнувал работата, збрки правел, не дека имал некакви шанси, и како на крајот на краиштата, не сфаќал дека е несоодветен кадар за тоа место, дека единствен џокер му било лепењето плакати за последните Парламентарни избори, дека колегите се на негова страна, ама кординаторот на партијата стоел зад конк*рентот, не, не дека него го ценел повеќе од него како стручњак, туку како благодарност за заслугите во големата победа над опозицијата, итн,итн...

        - Ќе биде! – го утешив, - Така е секогаш - да не си на раат извесно време, тоа е работата... И тој знае дека министерот нема да му потпише решение ...Поминаа тие времиња кога се живо и диво во вашата партија можеше да биде директор.

        - Големо чудо ако лепел плакати! – рече тој, мислам дека не ме зачу што искоментирав за неговиот конк*рент, - И што со тоа? Значи секоја будала што ќе лепи плакати пред избори треба да биде директор? Ми испраќал абери по фиљан лица, демек, ако сум му правел проблеми и понатаму, кога ќе седнел во директорската фотелја, веднаш ќе ми потпишел отказно решение. Ха, ха, ги плаши мравките!

        Беше опседнат од неговиот конк*рент, а јас му доаѓав како некакво олеснение, бидејќи секогаш бев на негова страна и ги одобрував неговите калкулации и потврдував како единствено можни. Мислам дека сонот кошмар му стануваше од него.

        - Може да ти плукни под прозорецот! Не е ова ниту турско ниту бугарско! Има судови, закони... – реков, но и самиот не верував во тоа, а тој уште помалку, иако јавно прокламираше дека судовите и законите за првпат функционираат вон партиски, не пропуштајки да нагласи, по заслуга на оваа влада.

        Ми текна дека сме во предизборна фаза, дека перламентот се распушти, па се насмевнав во себе.

        - Ај, не му ја мисли многу, идат избори, може да изгубите, па да не биде ниту тој директор!

        - Ха, ха! Само си ти прај бајрам на умот! – забележа со стопроцентна сигурност во гласот, - Оваа влада ќе има уште сто мандати!

        Сакав да му кажам по којзнае кој пат дека ме боли она кој ќе победи на изборите, дека јас од никого фајде не видов, но тогаш добивме друштво – портпаролот на неговата партија застана пред нашата маса и без да праша дали е слободно, го повлече едното од трите слободни столчиња и седна.



Ќе продолжи...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2008 во 20:14
 
segashnosta e taa
koja moze nasmevkata
da ja zadrzi shto podolgo
neguvaj ja segashnosta
tvoja e nasmevkataсреќа
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2008 во 12:17
хаику

безгласен хор булки му пеат на ветрот
во ритмот на сложно нишање.
јас сум откината латица.
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2008 во 06:16

Телото се грчи од болка
а по него видливи рани нема.
Умот ги тркала сите преживеани
мајски утра по постелата
на која едната страна
стои празна со денови.
Боли просторот што се растегна
меѓу мене и тебе како мост
кој бавно се ниша
во прегратките на ветрот.
Залудно ги гребам ѕидовите,
залудно барам да прокрварат
со ехо од твојот
сладок смев.
Залудно сојуз со
месечината правам,
да те пресоздаде како
замислена силуета
и да ги утеши прстиве
што треперат од копнеж
да те допрат.
Залудно вртам стрелки
на часовник,
залудно кинам листови
од календар,
залудно верувам оти времето
ќе го прелажам,
пред да ми ископа лузни
со долги денови
и уште подолги ноќи.
Залудно верував
дека сум надрилекар
за љубов.
Тогаш не знаев дека
не постои билка
за љубов што одненадеж
се губи.




Изменето од Quentin - 04.Мај.2008 во 06:31
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2008 во 00:44
      .......еднаш многу одамна во некое село си живеело едно скромно и сиромашно семејство.Поради тоа што не можеле веќе да се носат со сиромаштијата домаќинот решил да оди на печалба во град.И цврсто решен он се спрема си зима со него шо му треба прават разделба со жената и децата добива од нив благослов и тргнува на пат.Си оди тој така по пат и гледа од едната страна некои луѓе си работат сеат жито.Му пријдува и му вика
-Ај добар ден добри луѓе !
-Добар ден добар човеку
И како што е ред кога ќе се види кога некој ќе работи да ги блосои па он му вика:
-Ај кутле да фрлите кутле да најдите
А тие како бре така?
-Е па така
Тап овие му скокнале го изнатепале убаво.Овој натепан треперливо и плашливо ги прашува аман бе луѓе престанете зошто ме тепате сеа.....а тие
-како бе ти така кутле да фрлиме,кутле да најдиме? Па зошто работиме ние ко така
-Е па добро вика селанецот.-Не знам како да велам кажете ми да си знам
овие му велат:
-Кога ќе видиш вака дека луѓе сеат жито ќе му велиш : да ти се роди да ти се оброди од едно до илјада!
-е добро -вика селанецот
И си продолжува по пат изговарајќи непрекинато ’да ти се роди и оброди од едно до илјада’.И така среќава еден као се чеша во глата од вошки.И му вика:
-Добар ден ! Да ти се роди и оброди од едно до илјада
Овај го гледа го фаќа и го те тепа
-Аман бе не ме тепај-лелелика селанецот-Зошто ме тепаш?
Овај му одговара:
-Добро бе ти имаш акал или немаш.Мене малце ми се овие па уште од едно илјада ако ми се обродат.Абе мами*ето твое...
-Чекај вели селанецот аман не ме тепај појче...не знам како да велам кажи ми ќе знам
-Ќе велиш:нит да видиш нит да ватиш
И добро овој си запамтил тоа и по пат си повторува нит да видиш нит да ватиш.Понатаму по пат среќава ловџии..
-Добар ден добри луѓе
-Добар ден човеку - му одговараат
-Како оди-ги прашува
-Ами до сега слабо - му одговараат
-нит да видите нит да ватите му ве ли селанецот
-Како бе малце малер имавме од сабајле уше ти ни фалеше сеа
Го фатиле и они го изнатепале.А овој пак лелека и ги моли да не го тепаат и да му кажат како да вели.Они му велат:
-Ќе велиш по два по три на ден
-Е добро -одговара селанецот и продолжува понатаму...Стигнува и влегува во друго село.Таму погреб.Овој истрчува напред кај попот.
-Добар ден попе !
-Дал ти бог добро човеку.Што мака те дотера доваму
-Еми мака голема попе,него гледам некој ’положил’ тука
-Да му одговара попот...Бог си зема уште едно чедо
-Е така е одговара селанецот.Е ај чим е така по два по три на ден !
Го слушнаа сите селани и му се нафрлија удри мавај и готово не може појќе да крепи.Аман бе луѓе не тепајте ме шо реков сеа грешно.Овие уште толку ќотеќ.Му текнало шо е работата и му вика....Аман не тепајте ме не знам како да велам кажете ми само не тепајте ме се моли тој.Попот му одговара:
-Ќе велиш да си го јадиш слатко и благо со децата
Е добро е ај сеа со здравје......И си продолжува пак овој и по пат си повторува тоа шо му кажа попот...Арно ама по пат сретнува некој ѓуптин како сере во тоа ендекот.Го здогледува овај и му вика:
-Да си го јадиш слатко и благо со децата !!!
Овај уште недокажано му срипа и он ќотеќ колку можи.И пак селанецов се моли аман бе не ме тепај не знам како да велам кажи ми ...а овој:
-Ништо коа ќе видиш вака некој само плукни и замини си
Е добро значи плукни и замини си.....Конечно стигнува во градот.Таму некој меанџија отворил нова кафеана па чекал некој да помине и да му направи сефтето.Келнерот стои надвор го здогледува и го вика внатре.Му кажуваат што е работата и како и ред е сеа да го почастат.Меанџијата му вика на келнерот:
-Момче донеси ракија за човекот !
Он му носи на маса а овај плука на неа.Меанџијата го гледа и се чуди.Хмммм момче гледаш дека не сака ракија ајде носи од супата.Келнерот му носи супа а овај пак плука во неа.Меанџијата пак се чуди и му вика на келнерот да донеси за ручек главното јадење свежо месо печено тогаш извадено од скара.Момчето го става на маса овој го гледа му течат лиги али како што му кажа ѓуптинот плукни замини, пак плука и во него.Меанџијата го гледа и тогаш збеснува и тој и заедно со келнерите му удираат еден јак ќотеќ и го фрлаат надвор.
Така фрлен на улица селанецот си вели : -ова не е место за мене само ќотеќ си добивав по цел пат и сите пари шо ги носев си ги потрошив.Нема леб тука за мене.Ќе си се вратам јас дома и ќе си работам тоа што знам.Батали све.И така тој си се враќа дома и заедно со своето семејство си живее среќно и весело до крајот на нивните животи.

ФИН

типикал оригинал фром Блеки
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 22:41
Originally posted by Quentin Quentin напиша:

Светот е уморен од животописи.
И од патеписи исто така.
Светот е рамнодушен на едноличност.
И на разноличност исто така.
Не ми е важно што ги собираш веѓите
во мое присуство.
Времето сласно ги лапа
сите мигови за блискост и прошка,
па јас еве ти простувам
уште пред да ми згрешиш.

Светот е уморен од големини.
И од ползења исто така.
Светот е рамнодушен на пцости.
И на воспевања исто така.
Не ми е важно што ме туркаш во бездна
кога стојам до тебе.
Земјата неуморно чека да ги испие
последните сокови од телата,
па јас еве јас ти подавам темјан и свеќа
уште пред да ти притребаат.

 
QUENTIN baby, ne da nemam zborovi za tvojata poezija...tuku......nemam zborovi! bravo!!! No 1 si bez konk*rencijaголемо%20гушкање
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2008 во 05:42
Светот е уморен од животописи.
И од патеписи исто така.
Светот е рамнодушен на едноличност.
И на разноличност исто така.
Не ми е важно што ги собираш веѓите
во мое присуство.
Времето сласно ги лапа
сите мигови за блискост и прошка,
па јас еве ти простувам
уште пред да ми згрешиш.

Светот е уморен од големини.
И од ползења исто така.
Светот е рамнодушен на пцости.
И на воспевања исто така.
Не ми е важно што ме туркаш во бездна
кога стојам до тебе.
Земјата неуморно чека да ги испие
последните сокови од телата,
па јас еве јас ти подавам темјан и свеќа
уште пред да ти притребаат.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 119120121122123 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,732 секунди.