|
АТЕИЗАМ |
Внеси реплика | страница <1 10111213> |
Автор | |
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто има атеисти? Писмото вели дека само безумен може да каже во своето срце „нема Бог“. (Псалм 13,1) Тогаш, зошто постојат атеисти денес? Сигурен сум дека постојат многу причини за тоа, но верувам дека најглавна причина е клеветата против Бог Отецот што ја прифатиле дури и побожните луѓе. Дозволете да Ви објаснам на што мислам. Со векови, богословието за Бог Отецот на Западот ја нагласува Неговата строга правда. Луѓето се учени дека Бог нè гледа секој ден и „става рецки“ колкупати сме ги „прекршиле правилата“. Децата се воспитуваат да го гледаат Бог како гневен Татко Кој ги казнува лошите дечиња, а ги наградува добрите. Западната теологија дури го прифатила верувањето за Бог Отецот што вели дека Тој го казнил Својот Син Исус за да го задоволи Својот праведен гнев поради гревовите на човештвото. Но дали е тоа полна и целосна слика на Бог Отецот? Може ли оваа теологија навистина да произведе атеисти? Верувам дека може и дека произведува. Всушност, се сеќавам еднаш кога разговарав со еден прекрасен младич пред некоја година, којшто самоуверено ми изјави дека е убеден атеист. Го замолив да ми го опише Бог за кој вели дека не постои. Тогаш ми кажа дека го разбира бог како врховно битие кое што е своеволно и дозволува страдање во светот, коешто го убило својот син на крстот за да може да не посрами за да го слушаме. Тој бог ги користи вината и срамот за да го контролира своето создание, па ако не правиме како што тој заповеда, тогаш тој ќе нè фрли во пеколот и ќе нè мачи вечно. Откако го чув сето тоа, го погледнав младичот и му реков: „Имаш право, не постои таков бог. И јас сум атеист кога се работи за таков бог“. Всушност, богот што тој ми го опиша повеќе личи на паганските богови од старите времиња коишто постојано морало да се задоволуваат, инаку нема да пратат дожд за нивите или ќе предизвикаат други несреќи во човечкиот живот. Таквите лажни богови од нашето паганско минато повеќе личат на супермени што се самољубиви и крајно себични. Се разбира, тие богови не постоеле. Но, од каде потекнува тоа погрешно сфаќање на Бог Отецот? Јас верувам дека оваа лажна претстава за Бога потекнува од ѓаволот. Уште од Едем, ѓаволот сака да му го оттргне вниманието на човештвото од сознанието за вистинскиот Бог користејќи клевети за да нè убеди дека Отецот е некаков Вселенски Уништувач на Забави или страшен Божествен Терорист. Ѓаволот дури ќе ни дозволи да бидеме побожни, додека тоа побожно однесување е мотивирано од краен страв од Бог Отецот, наместо од вистинска љубов кон Него. На тој начин, побожното однесување фактички никогаш нема да навлезе во нашето срце и ќе произведе јалов побожен живот насочен кон задоволување на тој гневен Бог - за да не бидеме казнети. Ѓаволот секогаш е задоволен со таквата побожност бидејќи таа не може да произведе вистинска љубов за Бога. Но токму стекнувањето на вистинската љубов за Бога го создава автентичното преобразување на нашите души во Деца на Светлината, какви што Бог сака да бидеме. Св. Антониј Египетски убаво ја доловил православната цел за секое човечко суштество кога пишува: „Веќе не се плашам од Бога. Го љубам - а совршената љубов го изгонува стравот“. Еве три темелни вистини за Бог Отецот што не смеат да се заборават за ништо на светот ако сакаме некогаш вистински да го спознаеме и возљубиме Бога како што Тој сака да Го познаваме и љубиме. Прво, Бог Отецот е слободен. Ако сакам вистински да го возљубам Бога, мора првин да разберам дека Тој е совршено без никаква потреба. Тоа значи дека не го создал светот бидејќи бил осамен или му требало создание за да Го воспева. Не, Бог го создал светот бидејќи ме ЉУБЕЛ пред воопшто да ме создаде. Знаел сè за мене дури и пред да каже „нека биде светлина“ и ме љубел целосно. Но, јас не можам да додадам ништо на Божјото задоволство или мир, ниту можам да ги вознемирам Неговиот мир или задоволство. Моето послушание не Му помага на Бога, а моето непослушание не Му наштетува. Бог нема никакви потреби. Затоа, сè што Бог прави, го прави од целосно несебични побуди. Сè прави за мене и пожелува да го познаам како Татко што ме љуби. Второ, Бог Отецот е љубов. Наспроти раширеното побожно верување денес, Отецот не го пратил Својот Син Исус на земјата за да може да добие човечка жртва на крст. Не, Отецот го пратил Синот во божествена спасувачка мисија да ги разврзе јазлите на падот што човештвото го претрпело во Едемската градина кога првпат поверувало во клеветите на ѓаволот наместо во благата премудрост на Отецот. Исус не доаѓа само за Отецот да има тело што ќе го убие на крстот за да „ја задоволи“ Својата божествена огорченост, туку да ја исполни волјата на Отецот: Неговото создание да се ослободи од ропството на гревот, на смртта и на ѓаволот. Синот се качува на крсното дрво како Освојувач што оди во битка против непријателот на негова територија, а Неговото воскресение ја докажува Неговата целосна победа над гревот, смртта и ѓаволот. „Зашто Бог толку го возљуби светот што го даде Својот единороден Син...“ (Јован 3,16) Конечно, Бог Отецот е трпелив. Отецот е трпелив и чека да го привлече сето создание назад кон Себе. Времето не го обврзува Отецот. Нема „нужност“ што Го принудува да дејствува. Тој трпеливо чека сè што создал да Му се врати. Но, забележете дека реков дека нема никаква потреба, затоа не чека созданието да Му се врати од некаква нужност. Не, Тој чека да го прими Својот свет, Своето создание назад така да може да го исполни Своето создание со Себе и да ни го врати како „дар“ за спасението на нашите души. Оваа награда Бог Отецот толку многу ја цени што чека Неговата Црква да го види тоа богатство и да ја подели „добрата вест“ со целиот свет. Ѓаволот сака да поверуваме во клеветата за Отецот. На тој начин може да нè држи заробени во самољубивиот живот што нè прави атеисти. Не верувајте во клеветата на ѓаволот против нашиот Татко што нè љуби. Отец Кристофер Метропулос од радиото „Дојдете, примете светлина“ |
|
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
dokazano najtochno |
|
|
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Díxit insípiens in corde suo : Non est Deus.
2 Corrúpti sunt, et abominábiles facti sunt in iniquitátibus ; non est qui fáciat bonum. 3 Deus de cælo prospéxit super fílios hóminum, ut vídeat si est intélligens, aut requírens Deum. 4 Omnes declinavérunt ; simul inútiles facti sunt : non est qui fáciat bonum, non est usque ad unum. 5 Nonne scient omnes qui operántur iniquitátem, qui dévorant plebem meam ut cibum panis ? 6 Deum non invocavérunt ; illic trepidavérunt timóre, ubi non erat timor. Quóniam Deus dissipávit ossa eórum qui homínibus placent : confúsi sunt, quóniam Deus sprevit eos. 7 Quis dabit ex Sion salutáre Ísraël ? cum convérterit Deus captivitátem plebis suæ, exsultábit Jacob, et lætábitur Ísraël. Psalmi 52 |
|
zenmaster
Сениор Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Една од по познатите реченици од втората светска војна е дека во рововите нема атеисти .
|
|
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
|
MisIcA,
Сениор The first MISS suspended Регистриран: 01.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 1089 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Spored dostavenoto od acelera jas sum vo grupata na slabite ateisti.
No mi se dopadnaa aforizmite, vo nekoi se pronajdov :
Безбожниците зборуваат за Бог почесто од побожните!
Некои луѓе се атеисти само додека им оди мазно! |
|
атеист да бидеш е слично како да си далтонист
а цел живот да пишуваш и зборуваш за боите...(модератор аџија) |
|
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Безбожниците зборуваат за
Бог почесто од побожните!
ова ми се виде најточно |
|
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
(неверниците, безбожниците)
"Безумник е тој што во срцето си вели: 'Бог не постои!'" (Псалм 14 (13):1)
"Во својата вообразеност, безбожникот не Го бара Бога: во ниедна мисла негова нема место за Бога!" (Псалм 10:4)
"...безбожниците... се како плева што ветер ја вее! Затоа, безбожниците нема да се одржат на Судниот Ден, ни грешниците во заедницата на праведниците." (Псалм 1:4-5)
"А оние што од страв се откажуваат од верата во Мене, како и неверниците, неморалните, убијците, блудниците, маѓепсниците, обожавателите на идоли и сите лажговци, ќе завршат во Огненото Езеро полно со запален сулфур. Тоа ќе биде втората смрт." (Откровение 21:8)
" А за безбожниците нема мир, вели Господ." (Исаија 48:22)
"Нечесниот нека го остави патот свој, и беззаконикот - помислите свои и нека се обрне кон Господа, нашиот Бог, - и Он ќе го помилува, зашто е многу милостив." (Исаија 55:7)
******* Некои луѓе си ласкаат на
себеси, сметајќи се за атеисти, иако во суштина се паганци!
*******
|
|
sensei
Сениор Регистриран: 31.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 2005 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ako e taka ima dve-tri dobri recenici
|
|
Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it
|
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е пародија... повеќе како ... објава... послание...
|
|
sensei
Сениор Регистриран: 31.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 2005 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sto treba da pretstavuva tekstov? Parodija nekakva? Ateistite kako lica so posebni potrebi? Sakaj go ateistot kako sto se sakas sebe si Изменето од sensei - 17.Мај.2007 во 14:27 |
|
Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it
|
|
Tonchie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Поискрен од Мона Лиза Регистриран: 02.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 290 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фала за темава Ацелера, испадна дека јас сум од слабите атеисти.
|
|
Немам потпис, ама имам профил на YouTube
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
не ти ја посветив темава тебе Чорбаџија си правев анализа!Треба луѓето да се запознаени со сите секуларни движења. Значи за доброто на народот!!!
|
|
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Hardcore атеисти
|
|
|
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хахааа, брошура во стилот “Непријатељска емиграција и
начин деловања против социјалистичке заједнице“ .. се врткаше околу 1985.
|
|
Внеси реплика | страница <1 10111213> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |