|
Салати |
Внеси реплика | страница <1 1011121314 26> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пилешка салата со макарони - 500гр. Пилешки гради - 4 моркови - 8 кисели краставички - 500гр. ситни макарони - Зеленчук коцка (супа) - 2 лажици сенф - 500гр. мајонез - 200гр. павлака - 2 варени јајца - Сол, црн бибер - Магдoнос начин на приготвување: 1. Во супа од коцка од зеленчук варете го пилешкото. Сварете ги морковите и макароните. 2. Исечете го месото на коцки и иситнете го на конци (влечете ги со рака, нека бидат што потенки). Ставете ги во длабок сад и додадете ги ситно исецканите моркови, краставички, макароните, сенф, мајонез, сол и црн бибер, сецкан магдонос. Смесата мешајте ја со лажица додека не се соедини. Кога ќе ја измешате додадете ги ренданите јајца со павлаката, измешајте додека не добиете хомогена смеса. 3. Сервирајте во мали садови, украсете со гранчиња магдонос и половинки маслинки. нема некоја филозофија, што ти се најде по дома, се можеш да искомбинираш. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вусна и здрава салата со компириКомпирот
важи за многу здраво растение кои содржи повеќе од 60 хранливи материи,
минерали и витамини. Поради тоа сите светски познати нутриционисти не
советуваат тој да биде дел од нашата исхрана. Ние за овој викенд ви
предложуваме вкусна и брза салата од компири и целер.
Потребни состојки: 500 гр. компири, 1 корен од целер, 1 тврдо варено јајце, 1 кисело јаболко, сол, бибер, оцет, масло. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
BIBI_G_3
Модератор СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 21.Август.2013 Статус: Офлајн Поени: 2372 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
не спаѓа во категорија салати,ама ако не го пробате-многу ќе погрешите!!!
Намаз од сончоглед Состојки · 100 г семки од сончоглед (излупени) · 100 мл масло за готвење · 50 мл вода (се препорачува зовриена па оладена) · 1/2 сок од лимон · 2-3 чешниња лук · 1 лажичка сенф · 1 лажичка сол · малку црн пипер, магдонос, куркума Подготовка 1.Прво и најбитно е сончогледот да се натопи во вода и се остава да набабри барем 4 до 5 часа (или преку ноќ). 2.Исцедениот и набабрениот сончоглед како и сите останати состојќи се ставаат во блендер и се блендираат се додека не се добие густа, хомогена и мазна смеса. 3.Накрај се зачинува по желба, повторно малку се меша и се става во соодветен сад со капак. Намазот се чува во ладилник. |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Доматна салца (Ѓавола)Состојки
ПодготовкаДоматите ислупете ги и исечете ги на ситни коцки. Кромидот исто исечете го на ситни коцки. Ставете ги во тенџере доматите и кромидот заедно и ставете ги да се варат на огин. Варете ги околу 20 минути на тивок огин, а потоа додадете го на ситно исечениот лук и лутата пиперка. Оставете ги да се варат уште 15 минути па додадете го шеќерот, солта, балзамираниот оцет и маслиновото масло. Оставете ги така сите состојки да се крчкаат уште 10тина минути па додадете ги и ориганото, мајчината душичка, босилекот и магдоносот. На крај ставете го и чили зачинот и оставете да поврие уште неколку минути додека смесата не стане густа и хомогена. Оваа пикантна салца е одлична во комбинација со тестенини, пица, месо или риба. Комбинирајте ја по ваша желба. Добар апетит!!! |
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Топла салата од млади компири
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пилешка салата со ананас и печуркиСостојки:1 кг пилешко месо1 кг маринирани печурки од тегла конзерва ананас (400-500 г) 1 кг павлака 2-3 лажици мајонез прстофат сол Приготвување:Сварете го пилешкото и исечкајте го на мали коцки. Исечкајте ги и печурките и ананасот на парчиња со приближно иста големина како и пилешките коцки. Измешајте ги пилешкото, ананасот и печурките, зачинете ги со малку сол, а потоа додајте ги павлаката и мајонезот. Убаво измешајте и послужете. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вусна и здрава салата со компириКомпирот
важи за многу здраво растение кои содржи повеќе од 60 хранливи материи,
минерали и витамини. Поради тоа сите светски познати нутриционисти не
советуваат тој да биде дел од нашата исхрана. Ние за овој викенд ви
предложуваме вкусна и брза салата од компири и целер.
Потребни состојки: 500 гр. компири, 1 корен од целер, 1 тврдо варено јајце, 1 кисело јаболко, сол, бибер, оцет, масло. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОСВЕЖИТЕЛНА ЛЕТНА САЛАТА За 2 лица потребно е: |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Толчена лесковачка салата Напомена: ако се служат како гарнир, секој од овие рецепти е доволен за 4-ца возрасни. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
10 суви црвени пиперки, 1-2 суви лути пиперки, 1 страк праз, сол, масло, оцет (по желба). Сите суви пиперки се ставаат малку во вода да отстојат, а потоа се варат околу 30 мин.за да омекнат. Белиот дел од празот се сечка на тенки кругови, се меша со пиперките, па сето тоа се зачинува со сол и масло, а по желба и со оцет. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
10-15 свежи лути пиперки, 1-2 печени и излупени црвени пиперки, 1 домат, лук, масло, сол, оцет (по желба). Сите пиперки (и лутите и црвените) се сечкаат на парчиња и се мешаат. Доматот се лупи, се сечка на четвртинки, му се вади семето, а остатокот ситно се сечка и се меша со пиперките. Се посолува, се додава ситно сечкан лук и масло, а по желба и оцет. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
5-6 испечени и излупени пиперки, 300 гр.сирење, масло, лук. Пиперките се сечат на коцкички, па им се додава сирењето, претходно издробено со вилушка. Ако сирењето е суво, прелијте го малку со водичката од сирењето. Сето ова добро се гмечи, за да се соединат состојките, а по желба може да се додаде и малку толчен лук. Се сервира со месо на скара, на чинија обложена со лист зелена салата, а може да служи и како намаз со тазе печено лепче. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Подготовка: Сварете те ги компирите во зовриена и солена вода. Лукот и магносот ситно исечкајте ги. Кога компирите ќе бидат сварени, уште додека се топли излупете и исечете ги на четвртинки. Пропржете ја сланината, додека да се стопи маснотијата. Компирите зачинете ги со сол, бибер и додадете ги преостанатите состојки : лук, кромид, домати, сланина, оригано, магдонос, боранија. |
|
Внеси реплика | страница <1 1011121314 26> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |