|
Новогодишно и Божиќно мени |
Внеси реплика | страница <1 101112 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Спремете новогодишни колачињаНема ништо поубаво од тоа домот да ви мириса на свежо печени колачиња. Но, тој мирис, е најубав за време на новогодишните празници. Уште повеќе, ако имате време, направете ги токму овие, со мини декорација како снегулка. Потребно е: Подготовка: – Додадете ги јајцето и ванилата и матете дополнителни 2 минути за сето да се соедини. – Потоа, полека додавајте го брашното и матете полека додека да оформите тесто. – Од тестото одвојте 2/3 и ставете го на страна. Во преостанатата 1/3 од тестото ставете го какаото и матете додека да се соедини сосема какаото. – Двете теста со сукало развлечете ги на набрашнета работна површина со дебелина од околу 3 мм. – Од белото тесто со тркалезни калапи одвојте неколку колачиња и ставете ги на тавче за печење, кое ќе го обложите со хартија за печење. – Од црниот дел од тестото одвојте форми на снегулка. Помалите форми на снегулка ставете ги врз тркалезните колачиња. – Вака подготвени ставете ги колачињата да се печат во рерна загреана на 160 Целзиусови степени, околу 12 до 15 минути, односно додека почнат да добиваат златна боја на краевите. Изменето од Valerija - 15.Декември.2019 во 15:48 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќни рецепти: Направете си сами вкусни колачињаПолека наближуваат празниците а освен украсувањето на домот и новогодишната елка кои ја креваат еуфоријата и адреналинот, сите се веселиме на подготвувањето на божиќни и новогодишни колачиња. Во оваа статија ќе ви дадеме два лесни рецепти, а вие пробајте ги и кажете ни дали ви се допаднаа Меки како душа, брзо се прават, и го будат мирисот на детството. Како и сите суви колачи, се благодарни бидејќи може долго да стојат, а со овој рецепт нема да згрешите. Состојки: 350 гр брашно 100 гр шеќер Половина кесичка прашок за пециво По желба зачин за медењаци и неколку супени лажици мед 100 гр мелени бадем 2 јајца 120 гр путер Подготовка: Се меси тесто од сите состојки, оставете го еден час да отстои, додајте ги бадемите и печете 10 минути на 180 до 200 степени Целзиусови. Лондонерите се уште еден Божиќен рецепт, кој без разлика на името, нема многу врска со главниот град на Велика Британија. Лондонерите со години се составен дел од традицијата за Божиќ во многу земји. Ние ви ги предложуваме токму нив: Состојки: 300 грама брашно 150 грама путер Ванилен шеќер 2 јајца Прашок за пециво 2 лажици млеко Подготовка: Замесете тесто, оставете да отстои и ставете го во плех. Премачкајте со џем по желба и подгответе прелив од чоколадо. Изматете две белки во снег, додајте ја стопената чоколада (150 гр) и 100 грама сецкани ореви или бадеми. Намачкајте на тестото и печете 20 минути на 180 степени . Изменето од Valerija - 23.Декември.2018 во 15:06 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од Valerija - 09.Декември.2017 во 09:54 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Празничен чоколаден куглофОваа недела имаме еден поинаков празничен десерт - куглоф со многу чоколадо. - Оваа верзија дефинитивното е победничка во однос на секоја друга што досега ја имам подготвено, вели Давор од Dave's Kitchen. Потребни состојки:
За глазурата:
Начин на подготовка: Во миксер измешајте ги путерот и шеќерот заедно. Матете околу 5-6 минути додека путерот не се соедини со шеќерот и не стане пенест. Едно по едно, додадете ги јајцата, убаво промешувајки при секое додавање. Додадете го и екстрактот ванила. Осигурајте се дека убаво ќе ја изматите содржината при секое додавање. Добиената смеса поделете ја на половина во два сада. Во едниот сад додадете растопено црно, а во другиот растопено бело чоколадо. Премачкајте го калапот за куглоф со путер и набрашнете ја целата површина. Додадете од двете смеси со помош на алатка за сладолед. Со помош на нож направете нежни движења за да ги промешате црниот и белиот фил. Кога ќе биде комплетно изладен прелијте го куглофот со чоколаден сос кој можете да го подготвите на тој начин што во тавче на оган ќе ставете да се загрее млекото. Кога ќе дојде пред оној момент за да врие додадете раскршено чоколадо и тргнете од оган. Измешајте убаво додека не се растопи комплетно чоколадото и одозгора на куглофот нанесете од чоколадната глазура. Изменето од Valerija - 15.Декември.2017 во 19:39 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dave's Kitchen: Празнични колачиња со бадемиОваа недела имаме еден одличен празничен рецепт од кујната на Давори Dave's Kitchen. Потребни состојки:
Начин на подготовка: Сите состојки ставете ги во длабок сад и соединете ги. Оставете ја целата смеса да се стегне околу 30 минути во ладилник. Со помош на лажиче ставете од смесата во тавче обложено со хартија. Печете на 160 степени околу 10-12 минути. Оставете комплетно да се изладат и одозгора прелијте со растопено чоколадо. *Доколку краевите премногу потемниле, можете со помош на чаша да оформите округло правилно колаче. За повеќе рецепти посетете го Dave's Kitchen. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dave’s Kitchen: Колачиња за вашата новогодишна трпезаПразниците
се одлична можност за да приготвите вкусни колачиња и гранола во
украсни тегли. Освен тоа што вашата трпеза ќе изгледа фантастично,
можете и да ги подарите на најблиските како интересен новогодишен и
божиќен подарок. Потребни состојки:
Начин на подготовка:
Потребни состојки:
Глазура:
Начин на подготовка: Во длабок сад со помош на дрвена лажица промешајте ги заедно
брашното, путерот, жолчката, екстрактот од ванила и шеќерот во прав. За глазурата измешајте ги двете состојки и по потреба додадете
неколку капки вода или пак шеќер во прав. Треба да добиете конзистенција
на лава. Декорирајте ги елките. Добар апетит и забавно готвење! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Откако минатата година ги освои улиците и божиќните штандови низ Австрија, специјалитетот познат како germknödel го освојува целиот свет. Прогласен е за најпопуларен десерт на божиќните маркети, а сега може да го продолжите уживањето и дома. Мек, пуфкаст, сочен десерт кој наликува на полнета крофна. Потребни состојки:
Подготовка:Квасецот разматете го во малку топло млеко со лажица шеќер и оставете да нарасне 20-тина минути. Во посебен сад измешајте го останатото млеко со брашното, јајцата и стопениот путер, па додадете го квасецот. Замесете тесто и оставете го да нарасне половина час. Смесата поделете ја на 4 дела. Од секоја четвртина направете крофна која ќе ја наполните со џем од сливи. Оставете ги нека отстојат уште 20 минути, а потоа варете ги во сад со зовриена вода во која ќе додадете малку сол Пред варењето, секоја кнедла боцнете ја со чепкалка на неколку места. Варете 10 минути и не заборавајте да ги превртите од сите страни. Варените кнедли ставете ги на чинија, прелијте со растопен путер и по желба зачинете со ванила, мак или цимет. Може да ги прелиете и со малку пудинг од ванила, ако сакате да го збогатите вкусот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dave’s Kitchen: Божиќни колачиња со портокал и бадемиЗапочнувајќи од оваа недела, па се до Божиќ, ќе ги објавуваме најомилени рецепти на Давор за Божиќни колачиња! Денеска, започнуваме со една од победничките комбинации - бадеми и портокал.
Начин на подготовка: Сите состојки ставете ги во длабок сад и соединете ги. Оставете ја целата смеса да се стегне околу 30 минути во ладилник. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќни колачиња За тесто: 300 гр. брашно 100 гр. маргарин 1 јајце 100 гр. шеќер 1 ванилин шеќер 1 прашок за пециво 1 лажичка цимет 4 лажички мед За декорација: 1 белка 200 гр. шеќер во прав 1 лажичка сок од лимон Во посебен сад изматете го јајцето, па додадете го омекнатиот маргарин, циметото, медот, брашното, шеќерот, ванилиниот шеќер и прашокот за пециво. Месете го тестото со рака, па потоа прекријте го со проѕирна фолија и оставете го да стаса 30тина минути. Од тестото со сукалка растегнете кора со дебелина од еден сантиметар, па со калапи за новогодишни колачиња направете фигури. Врз тавата за печење ставете хартија за печење, па ставете ги колачите да се печат 15 минути на температура од 180 степени. Откако ќе се испечат оставете ги колачите целосно да се изладат. Изматете ја белката, па постепено додавајте го шеќерот во прав и сокот од лимон. Матете со миксер се додека смесата не се соедини. Сипајте ја смесата во кесичка, па малку отсечете од врвот за да добиете шприц за декорација. Декорирајте ги колачите по желба, па оставете ги да се изладат и стегнат пред послужување. Добар апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најмеки ванилици (посни)Ова е рецепт за најмеките ванилици кои некогаш ги имам пробано, едноставно се топат во уста. Во сад за матење, со миксер се мати маргаринот. Се додаваат маслото, минералната вода и шеќерот во прав. Потоа постепено се додава брашното (до максимум 700 грама). Тестото треба да биде меко. Од оваа количина на состојки излегуваат најмалку два плеха од шпорет. Веднаш по вадењето од рерна, се лепат по две ванилици со мармалад и се валкаат во шеќер во прав. Бидејќи овие ванилици се посни, ќе бидат дел од мојата Бадникова трпеза... Изменето од Valerija - 15.Декември.2017 во 20:37 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 101112 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |