IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Дневник - во малку поинаква форма...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дневник - во малку поинаква форма...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 22>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Pica pica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Pica pica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2012 во 13:42
Каде замина мојата сенка,никаде ја нема
Кој ли ми ја зема,каде ја снема
Сонцето го чекав да изгрее нејзе да ја видам
Месечината ја барав,очи со нејзе да исплакнам
Ниту сонце изгреа,ниту месечина видов
Како да продолжам без мојата сенка да живеам

Избезумен по патот, гласови слеп ме водеа
Како извор планински жубореа,тагата ми ја смируваа
Тоа била мојата сенка,околу мојот врат стегната
Силно ме прегрнала и на уво ми зборела
Радувај се душо моја,ја најде сенката своја

Во љубовна прегратка од земниот прав ќе станеме
Сватови и гости ќе поканиме,свадба да направиме.
Никој повеќе на нејзе нема да стапне
Маж на темнината моја ќе станам
Во постела брачна ќе ја галам,додека не зачне
и од мојата темнина да ми се роди светлина.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2012 во 23:01
 ...
Има обични животи ...
но сите љубови  се  необични ...

Едни поети пишуваат како живеат....

Ноќва  мил мој пак низ градот шета пламен 
Ненапишана песна
Невидливото...
љубов е преполно...смисла ...
Нам  ништо повеќе ...
Љубов... освен љубовта..не ни преостана
Кога не си со мене  во ....

Слеп беше прозорецот .....





Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2012 во 10:33

Музика.....
твојата смеа
во ѕвонливо прелевање.

душата ги собира
твоите капки.

денеска птиците имаат концерт
симфонија во чудотворен болскот

мојата душа е звучна сфера.
ти велам
   
     добредојде
   
             и влегуваш.
сонцето блеска
во водата
на покривите...........
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2012 во 16:10

http://www.havokproductions.ca/randomasrhyme/wp-content/uploads/2009/09/photo-big-fire-night.jpg

.

чекорам по ѕвездите и барам сина планета

седејќи во мекдоналдс и јадејќи компири со кечап и мраз во кокакола ми падна на ум оваа невистина

а ја заборавив нејзината адреса, мислам улицата ја запамтив ама бројот го заборавив

зошто на влезовите им ставаат, боже, броеви ? шо не ставаат имиња например на песни

енџи, смоук ин д вотер или виш ју ви хир

кокаколата заврши а остана мраз за стотина виски

брзо ќе излезам, ќе одам кај некој од стотина огњеви, денес

можеби таму ќе ја најдам, огњевите немаат броеви

.

среќни празници каде и да си

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2011 во 14:43

„ВОЗДИГНУВАЊЕ“

 

Те познавам по мирисот кој го оставаш зад себе,

Толку пати сме се разминале во темнината талкајќи,

Без ниеднаш да се судриме, да се допреме,

Само испреплетени траги кои никогаш не се поклопуваат...

Се прашувам зошто секоја ноќ се рушат зидовите на мојата спална,

А потоа наутро по некое чудо ги наоѓам повторно издигнати,

И ќе ги допрам за да го избркам сонот со ледено ладен камен,

Понекогаш и ќе воздивнам со цврстина на карпа ....

Со утринското кафе повторно ќе си ги средам ноктите,

Ќе ја расчешлам косата полна со бели пердуви од искинати перници,

Па ќе се прекршам во мост на денот, мост кој поврзува,

Сончеви зраци и двосмерни ветрови на два брега разделени ....

Ќе го одморам погледот заталкан во иднина под сенка на густи трепки,

Наученото ќе се доживее, таму далеку на хоризонтот во една точка,

Кога само една рака ќе успее да ги допре двете, сврзани во едно,

Небото и земјата на иднината без да трепнам во мигот ....

Воздигнување на нова месечина, крвава велат била вечерва,

Мириса на лоши мисли затворени во дамнешни верувања,

А мене ми е толку убава, единствена .... неповторливо моја,

Таа вечерва ќе ми стане мајка .......



Изменето од Blue Scarlet - 30.Ноември.2011 во 14:50
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2011 во 20:34

„П Р О К О Л Н А Т И“

 

 

Проколната,

Извадена од мајчината утроба свртена наопаку,

Денот го живее во темнината на најцрната ноќ.

На усните носи трагови од гризнувања наместо бакнежи,

Легнува во маглива постела, води љубов со ветерот ...

Проколнат,

Развеан на четирите страни на светот како прашина,

Зрна на среќа собирани во стаклено шише, до пола празно,

И клетви изречени во недогледна пустина на цел глас,

Со зовриена крв во потрага по волчјата судбина...

Самотник, Скитник,  обичен смртник,

Во време на модерни богови и божици без име и глас,

Низ нафрлани слики по нечисти улици да бараш пат,

Да следиш ѕвезди и месечеви мириси по своето второ ЈАС ....

Проколнати,

Подарок во црна кутија со посвета од љубов,

За простиот да разбере, умниот да се прелаже,

И понекој проколнат да талка  низ вековите сам,

Во потрага по своето...запишано .....  одамна проколнато ......  



Изменето од Blue Scarlet - 19.Ноември.2011 во 20:35
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2011 во 23:31
КРАЈОТ НА МОЈАТА ТАЖНА СИМФОНИЈА

Мраз…
Ледина…
Сивило…
Беше единственото нешто,
пред моите очи.
И само капка утринска роса,
која се заниша уште еднаш,
подготвена за последен пат да танцува низ просторот
дефиниран од единствениот мотив за живот.

А ти млад господине,
сеуште безгрижно си играш судбински восхит,
храброст и верба во она што го носиш во себе,
глув за сите крици на ранетата лавица.
Секогаш влегуваш непоканет,
а толку посакуван од оваа детска душа.

Но..јас пораснав знаеш!?
И за прв пат…
Силен сјај ме подигна високо од ладната земја,
еден момент пред да се распрснам на милиони делови.
Милиони парчиња крв и месо кои знаеја
единствено бескрајно да те љубат,
милиони соништа,во кој како меури од сапуница
лебдеше твојот лик,
милиони птици кои се вивнаа нагоре
кон неповторливото бескрајно синило,
пеејќи ја лебедовата песна,
КРАЈОТ НА МОЈАТА ТАЖНА СИМФОНИЈА…
А прекрасна како допирот на бесконечноста:

Обиди се.
И можеби ќе дознаеш
зошто вреди да се живее.

Љуби.
И можеби ќе дознаеш
Зошто вреди да се умре.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2011 во 20:58

„Ветерот во Ноември“

 

Огледало во три дела, три лика со насмевки,

И една сенка во ќошот небитно прекршена,

Растреперена во страв пред  пламенот од свеќа,

Мириса на ладните новембарски ветришта...

Лик од воздишки исцртан со лесни линии,

Нежни како пердувувести бакнежи,

Очи како бадем скриени во темнината на јагленот незапален,

Доаѓаат силните новембарски ветришта...

Лик со прекршена насмевка на аголот на усните,

Црно вино разлеано по пожолтени лисја,

Во полупијан поглед низ долги трепки,

Разиграни звуци на новембарска филхармонија ....

Лик раздивеан со огнови во распуштена коса,

Желно подотворени усни кои шепотат,

Разлеано црнило од шминка со потпишана страст,

Тоа е ветерот во Ноември ....

Сенката одамна ја нема во темнината,

Само свеќата умее да ја исцрта несмасно,

Без насмевка и поглед заталкан,

Пред да ја згасне проклетството на ветерот ....

Убави се ветриштата во Ноември ....



Изменето од Blue Scarlet - 26.Октомври.2011 во 20:59
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2011 во 13:16
... Се е само чистиот ветар на соништата
      Сонувајќи го него се видов себе си ...
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 16:29

„Пурпурни мириси“

 

Разлеани копнежи во поројни дождови,

Желби со триста ветришта провеани,

Прочистени без ронка прав и пепел,

Флаширани во шише од добро црно вино.

Етикета потпишана со мастило од страст

Како да не се насмееш на испиени очи

Жедни за есенски капки посвоени, ветувачки,

За топол кревет и душа растечена од сласт ....

Насмевка расфрлана во ходници со огледала,

Чекори кои одекнуваат во глуво доба без прикрадување,

И скриено шише под крзнена наметка,

За доцна вечера  во време на берба ....  

Мирисот на жената оставена на поле,

Со распуштена коса меѓу пурпурни темјанушки,

Се издигнува низ пожолтени лисја од голтка вино,

Таа остана таму да чека .....

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2011 во 15:23

„ЦРВЕНО СВЕТЛО“

 

 

Таа под нозете има распослано огледало,

Тепих од небо пресликано во сол,

Таа стои на страната на ветерот,

На пругата со запалено црвено светло.

Таа од црна утроба вади светлина,

Со лузни на бедрата пресечени од зраци,

Таа ја израсна својата љубов како булка,

На пругата со запалено црвено светло.

Таа излезе огадена од десет води премиена,

Ја исуши и последната капка што краде облик,

Остана сама без лушпа од одсјај на летно сонце,

На пругата со запалено црвено светло.

Таа отрпна на врисоци од крената рампа,

Предупредувачка светлина во пресрет,

И шкрипење на старо железо,

Таа го запали црвеното светло и застана на пруга,

А сите гледаа само во нејзината насмевка.

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2011 во 16:05
„Траги ....“


Ме нема,          

Тргнав од булеварот на белиот декември,

По заледени тротоари и завеани патишта,

Нови траги во снегот и заборавени стапки

Избришан фолдер на сеќавања во слики.

Ме нема,

На плоштадот на миризлива пролет,

Изморена на клупата изрезбарена од ветришта,

Вирчиња од пролетен дожд за одмивање,

На разлеана шминка од шетање без чадор.

Ме нема,

На вжештен автопат во суво лето,

Со темни очила низ златна трева исушена,

И испукани усти од солена вода недопрена,

Во денови без почеток и крај.

Се најдов,

Во облачниот сокак  на изживена есен,

Со шумлив чекор и џебови полни со изгужвани лисја,

Долги прошетки во кратки денови,

И многу мириси оставени зад грб под темните облаци .....


Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2011 во 10:03
Ангелу, песнава е до тебе

Скаменетиот копнеж
го стопив со првата солза
во прегратките на еден ангел.

Некој ги слушна врисоците
на најмрачните демони
во мојата избледена душа.

Сеуште плачам.
Со солзи ја одмивам
сета излеана крв,
но сеуште не можам да најдам
чистина во мене,
перцепирам само ѓубре во заблуда.

Ангелу,
не се одмиваат сите злодела
запишани со нож на оваа кожа,
но само ти знаеш да ги протолкуваш тие знаци.

Сеуште барам начин да ти ветам
дека нема да го потпишувам со болка
ова тело замрзнато во горчина,
сеуште барам начин да си ветам и на себеси
дека нема да отворам нови пори
за некој да ги слушне моите врисоци...
но досега прекршив многу ветувања.

Многу пати бев на прагот на смртта,
зошто ме враќаш назад во живот?

Сакам да живеам,
но дали некој сака да ја гледа војната
која и после многу примирја
никогаш не завршила вистински?
Нема ни да заврши наскоро...

Дојди, обвиј ме со твојата љубов,
јас поинаку нема да преживеам.
Твоето присуство ми дава толку спокој
при што моето парализирано тело
се препушта на брановите на животот
и јас дишам длабоко
и покрај тоа што чувствувам.
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2011 во 01:29

„Векови“

 

Знаеш ли дека можам да те сакам со векови,

Во вечна младост на душата која не умира,

Само одново се раѓа од пепел и земја ,

Оживеана глина обликувана со моите две раце....

Можеш ли да ме видиш застаната на работ на гребенот,

Додека брановите удираат без милост и одронуваат карпи,

Сивиот камен нема живот во своето студенило,

А во себе ја носи тајната на огнот од почетокот на времето ...

Солта одамна ја нагриза лушпата која требаше да штити,

А бисерите се растркалаа по моето  лице,

Само солена невидлива трага завршена на аголот од усните,

Мириса на јасмин загубен со вдишување .....

Моите очи веќе не го кријат стравот зад стаклена завеса,

Во која ќе се огледуваат надувани ликови без лица,

Само темнина во која заталкана ќе го бркам сонот,

И некаде пред првиот зрак ќе успеам да го дофатам....

Знаеш ли дека те сакам со векови,

Од времето на првиот сон,

Од раѓањето на вистинската насмевка,

Од умирањето на скриениот  страв,

До разгорувањето на последната желба .....

Векови во недоглед .... само толку е потребно!

 

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,139 секунди.