|
Научни вести |
Внеси реплика | страница <1 1011121314> |
Автор | ||||||||||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Откриена првата планета надвор од нашата галаксијаАстрономите веруваат дека ја откриле првата планета која се наоѓа во друга галаксија. Планетата се наоѓа во Messier 31, огромна галаксија во близина на Млечниот Пат, во соѕвездието Андромеда. Планетата е оддалечена од земјата околу 2,5 милиони светлосни години. Новото небесно тело е откриено благодарение на феноменот наречен „микроленсинг“, кога гравитационото поле на некој објект близу нашата планета се однесува како лупа. На астрономите им беа потребни пет години да сфатат дека веројатно забележале планета која не припаѓа на нашата галаксија. Тие уште во 2004 година го набљудувале необичниот феномен „микроленсинг“, додека ја проучувале галаксијата Андромеда, која со голо око може да се види како замаглена дамка. Меѓународниот научен тим тогаш мислеше дека користејќи го телескопот на Канарските острови, забележал неколку ѕвезди кои кружат една околу друга. Но, компјутерските симулации и другите експерименти и пресметки ги убедија научниците дека всушност забележале ѕвезда и планета, која е шест пати поголема од Јупитер, како кружи околу неа. Повеќе од 300 таканаречени „егзопланети“, кои кружат околу ѕвезда се откриени во нашата галаксија, но досега не е потврдено откривање на планета во друга галаксија. |
||||||||||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Земјотресот во Чиле е намалило должината на земниот ден со 1,26 микросекунди, објави Лента.ру, повикувајки се на информации на Лабораторијата за реактивни мотори, чиј помошник Ричард Грос извршил пресметки.
Грос е категоричан дека чилеанскиот земјотрес довел до редистрибуција на земната маса и изместило со околу 8 сантиметри оста, кон која е балансирана Земјата. Оваа ос се разликува од оста на ротација на планетата. На северниот пол, пример, точката на преминување на осите на површината на Земјата се на растојание од околу 10 метри една од друга. Покрај тоа Грос е споредил земјотресот во Чиле со тоа, во Суматра во 2004 година. Иако подземните трусове пред 6 години се посилни, поместување на оста тогаш е 7 сантиметри. Причините се кријат во фактот дека Епицентарот на чилеански земјотрес се наоѓа во средните Широчина (а во случајот на Суматра - во екваторијалниот), а исто така во тоа што разломот во областа на Чиле влезе во земјината кора под голем огол. |
||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Баш ме интересира на кој начин ги измерија тие 1,26 мили секунди?
|
||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Zemjotresot vo Chile ja pomestil zemjinata oska na rotacija i go napravil denot pokratok
statijata e na angliski pa morav samo linkce da stavam |
||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Нов хемиски елемент копернициум
Научниците го избраа името копернициум за новиот хемиски елемент во чест на полскиот астроном Никола Коперник. Симболот на новиот, 112-ти хемиски елемент ќе биде „Cn“, наместо првично предложениот „Cr“, кој има и други научни значења, со цел да се избегне конфузија. Елементот е откриен пред 14 години, а неодамна е ставен во
периодичниот систем на елементите. Унијата официјално го објави прифаќањето на новото име на овој
елемент на 19 февруари на денот на раѓањето на Никола Коперник, творецот
на модерниот хелиоцентричен систем, кој е роден во 1473 година во Торун
во Полска. |
||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Кој бил тогаш во тие микросекунди на почетокот па да ни каже каква била и дали воопшто постоела таа прашина тогаш? Многу се романтични ова научнициве, ама сепак треба малку да се призејмат. |
||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Научници ги прекршија законите на природата
Американските
научници успеаја да постигнат температура од четири трилиони Целзиуса,
што е рекорд за лабораториски услови. Оваа температура е доволна да ја претвори материјата во смеса каква
што постоела во микросекундите по големата прашина и настанокот на
светот. |
||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Откриена тајната за смртта на Тутанкамон
Фараонот Тутанкамон, кој умрел пред 3.000 години, најверојатно починал од маларија во комбинација со наследната болест на коските - некроза. Ова сознание е резултат на деталните ДНК и радиолошки истражувања спроведени врз неговата мумија, две мумии пронајдени во гробницата на фараонот, како и врз сите познати мумии од 18-та династија, на кој Тутанкамон и припаѓал. Научниците со истражувањето успеаја да ги утврдат патолошки значајните и наследни заразни болести во семејството. Дијагнозата за смртта на фараонот е поставена благодарение на генетските испитувања кои ги откриле низата малформации во семејството на Тутанкамон, како што се Кохлеровата болест, која посебно го погодила младиот фараон. Станува збор за ретка болест на коските на стапалата кај децата, поради кои овој дел од телото го губи снабдувањето со крв. Анализата, исто така, покажала трага од паразитот Пласмодиум фалципарум, предизвикувач на маларијата кај Тутанкамон и уште четири испитани мумии, пренесуваат француските медиуми, не наведувајќи од каде го добиле извештајот пред неговото објавување. Резултатите на истражувањето, во среда, во Каиро, официјално ќе ги соопшти д-р Захи Хавас, главен секретар на египетскиот врховен совет за старини. Истовремено, резултатите ќе ги објави и американската медицинска асоцијација. Научниците со истражувањето успеаја да ги утврдат и семејните врски, односно досега не сосема познатото потекло на фараонот. Така, утврдено е дека таткото на Тутанкамон, кој умрел на возраст од 19 години по кратко владеење, бил фараонот Аменхотеп- познат и како Ехнатон. Но, анализите покажаа дека е исклучено негова мајка да е легендарната кралица Нефертити. Мајка на фараонот е мумијата КВ35ЅЛ чие име останува непознато. |
||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Револуционерно откиртие: Траги од темната материја?
Научниците од Универзитетот Флорида во САД, објавија дека постои можност да ги откриле првите темни траги на црната материја, односно мистериозна супстанција што го сочинува три четвртини од вселенскиот простор. Потенцијалните трагови на темната материја се откриени на длабочина
од 610 метри со помош на осетливи детектори во рудникот за железо во
Минесота. Научниците изјавуваат дека шансите се три наспроти четири
дека станува збор за автентична честичка од темната материја. Последните девет години, истражувачите се обидуваат да најдат траги
од овие честички на дното на рудниците за железо. Во експериментот биле
користени 30 детектори, специјално дизајнирани за откривање на траги од
WIMP. Експериментот е работен под земјата затоа што овие честички имаат
способност да поминуваат низ дебели слоеви и камења. |
||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||||||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Прва вселенска прошетка во новата година
Екипажот на Меѓународната вселенска станица излезе денеска во прва вселенска прошетка во 2010 година, јавија руските медиуми. За време на вселенската прошетка, која ќе трае пет часа и 40 минути, руските астронаути Максим Сурајев и Олег Котов ќе постават кабли неопходни за интеграција на новиот модул Поиск на рускиот дел на Меѓународната вселенска станица. Нивните колеги - Јапонецот Соичи Ногучи и американските астронаути Џефри Вилијамс и Тимоти Крејмер ќе ги надгледуваат „вселенските шетачи“ од станицата. Новиот руски модул Поиск, кој има маса над 4.000 килограми, димензии 2,6 на 4,6 метри и зафатнина од 12,6 кубни метри, лансиран е во ноември 2009 година, осум години по лансирањето на модулот Пирс. |
||||||||||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Откриена риба - вонземјанин? Локалните жители од кинеското село Далуо во езерото пронајдоа риба за која се смета дека е вонземјанин. Експертите не можат да одредат за кој тип на риба која беше пронајдена во пештера под површината на водата станува збор. Рибата има уста во вид на клун и црвени долги тенки мустаќи. Најчудно е тоа што очите и се наоѓаат во близина на устата. Наводно, водата од езерото овозможува долговечност, па поради тоа во неа можат да се забележат чудни креации. |
||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Нови размислувања за она што се случувало пред
Големиот прасок
Со публикацијата на новиот математички модел, дело на физичарот Шон Керол (Sean Carroll) и професор Марк Камионковски (Marc Kamionkowski), може слободно да се зборува за она што постоело пред Големиот прасок (Биг Бенг) без тоа да звучи како лудост.
Според теоријата на инфлација (за првпат предложена во 1980), Вселената почнала да се шири експоненцијално веднаш по Големиот прасок. Меѓутоа недостатокот на оваа теорија е тоа што таа предвидува униформен почеток на Вселената. А со помошта на Wilkinson Microwave Anisotropy Probe (WMAP) се откриени и флуктуациите во космичката микробранова позадина, односно електромагнетното зрачење со кое била “поплавена” Вселената 400 000 години по Големиот прасок (во понатамошниот текст CMB), кои се околу 10% посилни на една страна на небото отколку на друга.
Со тоа се потврдува аномалијата која се појавила во раната Вселена. Затоа наместо отфрлање на теоријата на инфлација, работено е на математичкото објаснување за нерамномерната “тежината на Вселената”. Едно објаснување, секако, е дека овие флуктуации се структура останата од нешто што претходно постоело во нашата Вселена. Направени се математички обиди за проверка дали вредноста на
единечното енергетско поле (за кое се претпоставува дека е предизвикувач
на инфлацијата) се разликува на едната и на другата страна на
Вселената. Овие обиди се завршени без поголеми резултати, бидејќи тимот
научници откри дека со промена на средната вредност на инфлацијата доаѓа
до промена и на температурата и на амплитудата на енергетските
варијациите во просторот. Затоа се извршени и истражувања на второ
енергетско поле, наречено искривување, чие влијание врз флуктуациите на
CMB е претходно предложено како објаснување на аномалијата. Тимот го
додаде и елементот на пертурбација кон искривувањето кое се покажа дека
влијае само на варијациите на температурата варира од точка во точка низ
просторот, додека нејзината просечна вредност останува иста. |
||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Русија ќе испрати живот на Фобос
Незадоволни од потрагата по живот на Марс, Руската
вселенска агенција Роскосмос и Планетарното здружение (The Planetary
Society) наскоро ќе испратат живот од Земјата на една од Марсовите
месечини, Фобос. Малите меѓупланетарни патници би вклучиле бактерии,
спори, семиња, ракови, инсекти и габи, сè со цел да се дојде до
сознанија како биолошкиот живот во различни форми ќе се справи со
вселенското патување во период од три години.
Русија веќе подолго време врши најразлични биолошки вселенски тестови со иста цел. Еден од експериментите изведен во соработка со јапонски научници, вклучуваше прилепување на комарец за трупот на Меѓународната вселенска станица (ISS). Комарецот беше составен дел на проектот Biorisk при што научниците веќе имаа сознанија за способноста на инсектот да влезе во одредена хибернирачка состојба за време на сушите во Африка. Имено, африканскиот комарец може да ја претвори својата телесна течност во трикалорен шеќер, успорувајќи ги своите функции безмалку до комплетен застој. Кога повторно почнува да врне, кристализираното суштество се рехидрира и продолжува со својот животен циклус. При овој експеримент, Biorisk комарецот опстана 18 месеци на температура која варира од -150°C до +60°C. По враќањето на комарецот, научниците му извршија здравствен преглед при што заклучија дека е “жив и нозете му мрдаат”.
Овој експеримент, како и идните планирани од овој тип би овозможиле подобро разбирање на тоа како луѓето би преживеале во Вселената во подолг период (можност за ставање на идните меѓупланетарни астронаути во одредена биолошка состојба слична на кома), како и тоа дали е можно одгледување на храна, одн. различни култури за прехранување на астронаутите, надвор од Земјата.
Американски-основаното Планетарно здружение планира да испрати мал пакет со 10 различни видови вклучувајќи водени мечиња, семе и бактерии. Главната цел на овој експеримент е тестирање на хипотезата за панспермија, според која се смета дека животот може да патува од планета на планета транспортирајќи се притоа со фрагменти од планетарен материјал. Најголемиот дел на биолошкиот примерок би се наоѓал во состојба на биолошко мирување, а тестовите би се извршувале по враќањето на Фобос-Грант на Земјата доколку примерокот се врати жив. Русија, пак од друга страна, има многу поамбициозни цели со овој проект. Вселенската агенција планира да испрати цела мини зоолошка градина на Фобос. Руските експерименти би вклучиле ракчиња, ларви од комарци, бактерии и габи и би биле посебно насочени кон набљудување на влијанието на космичката радијација врз сите овие различни видови на живот за време на меѓупланетарното патување. Секако, освен прашањата за етичноста за вршењето на вакви тестови врз животински примерок, постојат и одредени грижи за контаминација на месечината (во случајот Фобос-Грант да не се врати успешно од мисијата). Сепак шансите примерокот да опстане на месечината без атмосфера се минимални до никакви. Во секој случај, идејата за овој експеримент е револуционерна и од огромно значење за астробиологијата. |
||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
МЕСИНЏЕР ја направи првата глобална мапа на Мерк*р
Првата глобална мапа на Мерк*р објавена од тимот на МЕСИНЏЕР ќе биде клучна при набљудувањата на планетата кога МЕСИНЏЕР ќе влезе во нејзина орбита во 2011. Мапата е направенa со помош на сликите кои ги направи опсерваторијата при трите прeлетувања покрај Мерк*р, последното од нив во Септември 2009, како и фотографии од сондата Маринер 10 во 1970. Правењето на овој глобален мозаик претставува главно постигнување за сите во тимот на МЕСИНЏЕР. Со ова се отвора можност сондата повеќе да не биде само мисија во прелет туку да стане постојана опсерваторија на највнатрешната планета на Сончевиот систем. Иако правењето на ваква мозаична мапа изгледа лесно, сепак е вистински предизвик да се направи картографски точна мапа од слики со различна резолуција (од 100 до 900 метри по пиксел) и услови на осветлување при прелетувањето на леталото со брзина од 2 km/ѕ. Мали несогласувања при насочувањето на камерата и променливоста на големината на сликите може да придонесат за помали грешки. Правењето на една ваква мапа бара високо специјализиран софтвер. Повеќе картографски експерти од Центарот за астрогеолошки науки работеле на одбирањето на контролните точки потребни за конструирање на финалниот мозаик користејќи го Софтверот за слики и спектрометри (ISIS). За оваа конкретна мапа биле одбрани 5301 контролни точки, секоја од нив се наоѓа на најмалку 3 слики (18 834 мерења) од вкупно 917 слики. По крајните проверки е заклучено дека грешките се многу мали и прифатливи и изнесуваат 1/5 од пиксел на 100 метри што е одлична точност. Штом леталото влезе во орбита околу Мерк*р тимот ќе има можност да направи подобрувања и целата планета ќе биде картографирана во уште поголема резолуција. Оваа глобална мапа е достапна за спуштање од интернет на сајтовите на USGS Map-a-planet и МЕСИНЏЕР. |
||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||
Внеси реплика | страница <1 1011121314> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |