|
Дали Бог се огрничува само на БИБЛИЈАТА |
Внеси реплика | страница <1 1011121314 17> |
Автор | |||||||||||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
ЕвАнгелосе, доста одиш ОФФ ТОПИК, и одговори веќе еднаш на прашањата што ти беа поставени во контекст на темата:
|
|||||||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||||||||||||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
ЕВВВВАААнгелоссссс!!!!
п.с. Имаме доволно теми за Богородица и Св. Троица, а не Тројство - според западен образец - Вие со тоа правите обид да ја дефокусирате темата - но јас не подлегнувам на такви провокации... !(Г)одговорете за БОГ И БИБЛИЈАТА - како што гласи насловот на темата П.С. ова го напишав погоре и сега пак - ела на другите теми за ова... не биди некултурен и досаден и немој copy paste... чекаме нешто твое... Во ДУХОТ НА ТЕМАТА... идемо даље не подлегнуваме на провокации... Што е со оние луѓе кои не знаат да читаат - ако се е во БИБЛИЈАТА, и Бог е ОГРАНИЧЕН во БИБЛИЈАТА - ДАЛИ ТИЕ ЛУЃЕ ЌЕ СЕ СПАСАТ!!! Баба ми умре на 92 год. и беше неписмена - се потпишуваше со сино мастило и утисок от показалец |
|||||||||||||||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||||||||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Да.
А што има спорно во ова? Можеш ли да наведеш некој библиски стих каде што Исус и дал на блажената Марија некаков ексклузивитет над оние што го слушаат Неговото слово и го исполнуваат?
Можеби мислиш на овој стих:
"И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”"
(Матеј 12:47-50)
Не гледам каде јас во оваа моја изјава јас ја омаловажувам блажената Марија?
Ниту овде...
Ниту овде...
п.с. Доколку сметаш поинаку од мене тука, тогаш повели наведи некој библиски стих каде што Исус ја пофалил или издвоил Марија за некоја посебна вера или побожност?
Ако EvAngelos лаже, Библија не лаже
Блажени се бедните во дух, зашто е нивно царството небесно!
Блажени се оние кои тагуваат, зашто тие ќе бидат утешени!
Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата!
Блажени се кои гладуваат и жедуваат за правда, зашто тие ќе се наситат!
Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани!
Блажени се чистите во срце, зашто тие ќе Го видат Бога!
Блажени се миротворците, зашто тие ќе бидат наречени синови Божји!
Блажени се оние кои се гонети заради правда, зашто е нивно царството небесно!
Блажени сте кога ќе ве навредуваат и гонат и говорат лажно против вас, секакви лоши зборови, заради Мене.
(Свети Исус Христос во евангелие по Матеј 5:3-11)
"А кога го зборуваше тоа, една жена од множеството извика: „Блажена е утробата, која Те носела; и градите од кои си се хранел.” А Тој рече: „Да, но блажени се и оние, кои го слушаат Божјото слово и го пазат.” "
(Лука 11:27-28) Исто така "блажена меѓу жените" е наречена и Јаил...
"Нека е благословена меѓу жените Јаил"
(Судии 5:24) Блажен е наречен и Симон Петар: "„Блажен си, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Татко, Кој е во небесата." (Матеј 16:17)
"Блажен е човекот, кој поднесува искушение, зашто кога ќе биде испитан, ќе прими венец на живот, што Бог им го ветил на оние, кои Го љубат." (Јаков 1:12) "блажен е оној, кој не се соблазнува заради Мене.” (Исус)" (Матеј 11:6)
"Блажен е оној, кој ги пази пророчките зборови на оваа книга!" (Откровение 22:7) "Блажен е човекот, кого Ти го поучуваш, Господи, и го учиш на Својот Закон" (Псалм 94:12)
"Блажен е секој, кој се бои од Господа, кој оди по Неговите патеки!" (Псалм 128:1) Итн. Итн.
Каде јас овде ја омаловажувам блажената Марија?
Како што имавме прилика погоре да видиме разобличувајќи ги твоите провидни клевети, јас никаде не сум ја омаловажил блажената Марија. (како би можел да направам такво нешто за мојата духовна сестра? )
Јас никаде не ја омаловажувам неа, туку на вас ви се чини така затоа што вие имате направено култ од неа и и имате дадено титули поголеми од Божјите (пресвета, преблагословена), понатаму и: Најголемата, Царица, Владетелка, Господарка на ангелите, Господарка на мирот, Господарка над сите, Таа што на ангелите слава им дава, Спасителка, Владетелка на светот, проповед и слово на сите пророци (иако има само едно пророштво за неа кај пророците, наспроти предавникот Јуда кој има 2 ). Па затоа вие, гледајќи ја неа од оваа перспектива (како некоја богиња) ги гледате нејзините библиски титули како омаловажувачки. Значи не е проблемот ниту кај мене, ниту во Библијата, туку проблемот е кај вас, затоа што вие сте ја направиле неа богиња (во вашите глави) па затоа сега ви изгледа омаловажувачко тоа што Библијата го вели за неа. Изменето од EvAngelos - 09.Ноември.2009 во 02:30 |
|||||||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||||||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Вистина???
А ова е капак на претходното:
А да не испушти нешто? Матеј 1:23 „И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануил - што значи: со нас е Бог!” Ете ја БОГОРОДИЦА! Или сакаш да кажеш дека Христос не е Бог???? Сега тврдиш дека Богородица е легитимно да се нарекува Христородица, а до вчера велеше:
Магарето лета? – ЛЕТА!!! По се’ изгледа дека ЕвАнгелос е ѓаолчето (клеветникот)
Маран Ата можеби два пати ја потврди вистината дека ја омаловажуваш Богородица (како тоа што го правел анатемисаниот Несториј), но таа и останатите цела година десетици пати ти ги повтараат прашањата што мислиш дека ќе ги избегнеш и дека со твоето реплицирање на констатацијата за Богородица ќе ја одвлечеш темата во друг правец:
|
|||||||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||||||||||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Блажената Марија Го роди Христос и затоа сосема е легитимно да се нарекува Христородица. Знам дека е смешно да се дава библиски доказ дека блажената Марија Го роди Христос, но ете, на вас православните човек треба и да ви црта за да разберете едноставни работи:
"на Јакова му се роди Јосиф, мажот на Марија, која го роди Исуса, наречен Христос." (Матеј 1:16, Светото Писмо - Библијата)
Ете јас наведов библиски доказ дека Марија е Христородица. Значи сепак е според ПИСМОТО.
Ајде сега вие православните повелете наведете библиски доказ дека Марија е: пресвета и преблагословена (титули кои ниту Господ Бог ги нема во Библијата! ), Најголемата, Царица, Владетелка, Господарка на ангелите, Господарка на мирот, Господарка над сите, Таа што на ангелите слава им дава, Спасителка, Владетелка на светот, проповед и слово на сите пророци (иако има само едно пророштво за неа кај пророците, наспроти предавникот Јуда кој има 2 ). Понатаму наведете библиски докази дека таа е заштитничка на Скопје итн.
п.с.
Дискусијата околу Марија ја започна твојата соверничка Maran Ata со нејзината двапати потврдена клевета (види 4та страна од темава) дека јас сум ја омаловажувал неа (само затоа што сум цитирал цитати каде што Христос и се обраќа со жено, небаре жена е навредлив или омаловажувачки термин), така што не е фер да ја обнивуваш Rita.MD затоа што се надоврзува на дискусијата која твојата соверничка ја започна, а истата ја продолжи и ahmar1 (види 4та страна од темава).
И затоа, доколку во иднина имаш забелешки за оф-топик дискусија, прво види кој ја завртел дискусијата оф-топик, па потоа информирај ги модераторите на форумов.
|
|||||||||||||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||||||||||||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Многу се интересни твоите дефиниции за Богородица, ги прави поинтересни тоа што темата се вика : ДАЛИ БОГ СЕ ОГРАНИЧУВА САМО ВО БИБЛИЈАТА... и како што гледам - ѕид со глава не се руши... (ама се руши) магарето лета? лета ама ниско!
И тоа е интересно прашање... Како тогаш вие се повикувате на сола скрипта - само на Писанието, а сепак користите таков термин... тогаш што ве чуди за Богородица, Приснодева и секогаш блажена Марија... Значи сепак СОЛА СКРИПТА (САМО, СПОРЕД ПИСАНИЕТО) НЕ ПОСТОИ!!! колку и да не ви одговара и видливо да се побива ВАШАТА ДОКТРИНА - БОГ НЕ Е ОГРАНИЧЕН (И НЕ СЕ ОГРАНИЧУВА) ВО БИБЛИЈАТА!!! п.с. Имаме доволно теми за Богородица и Св. Троица, а не Тројство - според западен образец - Вие со тоа правите обид да ја дефокусирате темата - но јас не подлегнувам на такви провокации... (Г)одговорете за БОГ И БИБЛИЈАТА - како што гласи насловот на темата! Изменето од Tetratka - 08.Ноември.2009 во 16:04 |
|||||||||||||||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||||||||||||||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Што е толку контроверзно околку зборот Христородица? Тоа не менува ништо од нашата доктрина. И зарем вие не го користите?
Тоа само се однесува на фактот дека таа го роди Христос. Тоа е библиски факт-мајка на Месијата. За разлика од вашите термини: Преблажена, Превозвишена, Спасителка (?!), кои исто така не се библиски (Марија рече дека е само блажена и ништо повеќе), а менуваат многу од Исусовото учење,ова не е спорно. И Светото Тројство како термин не се содржи во Библијата, па сепак сите христијани го користат (вие на пример велите Света Троица) ама не ме читаш да мрчам за тоа. Очигледно немате попаметна работа освен да копате по постовите за да барате тема за карање. И нашол која да збори за исчезнување ни враќање! Ти тука си прва. Кој фактор си на овој форум, па да судиш за тоа кој, кога и како пишува? Што се замислуваш дека си? Изменето од Rita.MD - 08.Ноември.2009 во 13:30 |
|||||||||||||||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
|||||||||||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
п.с. а „Васка Праска“ претпоставувам дека му е „дрвен адвокат“ на ЕвАнгелос. Интересно, се појавува секогаш кога братов е фатен во тесно, колку само да го потапша по рамо, а него да го снема на извесно време, па после пак без срам да се врати... Нешто слично на „Весна“ на темата по „изворно“ христијанство...
|
|||||||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||||||||||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Пак е работава „демек го читаме Светото Писмо, ама не сме го дочитале“...
А зошто пак да не се цитира св. Максим кога тој ја чувал вистинската христијанска вера? Или што мислиш, зошто се нарекува Максим ИСПОВЕДНИК? Ама ајде, нека е: Јован: 10:34 Исус им одговори: „Не е ли напишано во вашиот Закон: ,Јас реков: богови сте?‘
Претпоставувам дека мислиш на овој стих 2 Тимотеј 3:15 бидејќи уште од малечок ги познаваш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христос Исус. Јас имам едно следствено прашање за оние кои слепо се придржуваат до Библијата: 1. Овде ап Павле му се обраќа на Тимотеј, кој очигледно дека во времето кога Господ бил распнат, бил возрасен маж. Се поставува прашањето, дали кога Господ чекорел по земјава, постоел пишаниот Нов Завет со сите посланија? 2. Со оглед на тоа што историјата јасно кажува дека канонот на Новиот Завет бил срочен после 3 и кусур века од распнувањето на Господ, а не бил утврден дури 6 века и после неговото срочување, се доаѓа до заклучок дека не станува збор за она Свето Писание, кое денеска го читаме. 3. Ако овој стих не се однесува на пишаниот Нов Завет, значи се однесува на Стариот Завет (чиј канон исто така не бил утврден дури и после распнувањето на Христос). 4. Ако се однесува на Стариот Завет, се поставува логичко прашање – Зошто имало потреба од пишан Нов Завет, и дали тој му пркоси на Стариот? Ако Стариот Завет е доволен за наше спасение, со кој ум и разум велиме дека и после него имало боговдахновени книги?
Морам да те исправам – не вели Исус, туку св. Јован Богослов пишува, вдахновен од Светиот Дух. Друга работа е тоа што овие стихови се однесуваат на книгата Откровение, а не конкретно на целото Свето Писмо. Кога св. Јован го пишувал Откровението, воопшто не ни постоело Светото Писмо какво што денеска го читаме. Не биле собрани посланијата во една книга, а исто така ниту Евангелијата. А што се однесува до овие стихови, јасно е кажано дека оној што ќе одземе од пророчките зборови на оваа книга (Откровението), Бог ќе му наметне казни, ама библијашите баптисти се дрзнале и тоа да го прават, па затоа во нивниот динамичен „превод“ има тешки промашаи: Откровение 2, 17Ако имате слух, послушајте го тоа што Божјиот Дух им го порачува на црквите! – превод на пастирот на баптистичката заедница во РМ Иван Грозданов 2, 17 Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на оној што победува ќе му дадам да јаде од сокриената мана и ќе му дадам бело камче и на камчето напишано ново име, што никој не го знае, освен оној, што го добива! (МПЦ) 2, 17 He that hath an ear, let him hear what the Spirit saith unto the churches; To him that overcometh will I give to eat of the hidden manna, and will give him a white stone, and in the stone a new name written, which no man knoweth saving he that receiveth it. (king james) 2, 17 ο εχων ους ακουσατω τι το πνευμα λεγει ταις εκκλησιαις τω νικωντι δωσω αυτω φαγειν απο του μαννα του κεκρυμμενου και δωσω αυτω ψηφον λευκην και επι την ψηφον ονομα καινον γεγραμμενον ο ουδεις εγνω ει μη ο λαμβανων (koine greek) Повторувањето е мајка на знаењето
Не бре брат, Бог зборува и преку Hеговите пратеници 2 Коринтјаните: 5:20 Па така, ние сме Христови пратеници, како Бог да зборува преку нас. Ве молиме во името на Христос: помирете се со Бога! 13:3 вие барате доказ дека зборува Христос во мене, Кој спрема вас не е немоќен, туку е силен меѓу вас. Hugs |
|||||||||||||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||||||||||||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Луѓето не се РОБОТИ (МАШИНИ), И БОГ НЕ Е “БОГ НА РОБОТИ“ А НА СЛОБОДНИ ЛУЃЕ!!! - вие тоа не сакате да го разберете... не знам зашо! Треба да се ослободите од “книжницизмот и фарисеизмот“ |
|||||||||||||||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|||||||||||||||||
alf
Сениор Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 631 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
.
Изменето од alf - 20.Септември.2011 во 16:00 |
|||||||||||||||||
fileo
Сениор Регистриран: 08.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 165 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Zosto velis covekot ke stane bog citirajki go sv. Maksim.
objasni mi go toa ako sakas spored nasata hristijanska vera. za Biblijata: Bog e pogolem od Site knigi tocno e, no Bog ni ja dal Biblijata za da go razbereme Nego preku ona sto go gledame i slusame. Bog nema da ni zbori nesto sto ne go razbirame. i Bog zboruva i den denes preku Biblijata, i preku Svetiot Duh vo kontekst na Biblijata, a ne preku drugi knigi. Vo biblijata e kazano se sto mu e potrebno na covek za spasenie, taka Pavle veli: "Svetite pisma se dovolni za spasenie". Plus toa Isus na krajot na Otkrovenieto veli: "18 Jas mu svedocam sekomu koj gi slusa prorockite zborovi na ovaa kniga. Ako nekoj dodade na ovaa kniga nesto, Bog ke mu dodade od zloto opisano vo ovaa kniga. zatoa nema druga kniga preku koja Bog zbori osven Biblijata. Bog zbori samo preku Biblijata: "nema drugo ime ni na nebo, ni na zemja preku koe mora da se spasime, osven Isus Hristos, Sinot Bozji. Amin". |
|||||||||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Toa tolku otvoreno, jasno i glasno go kazhuva i Kniga Jov. Ama koga neshto odi protiv prifatenata doktrina ednostavno ne se saka da se vidi, pa duri i da poteknuva i od samata Biblija. |
|||||||||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||||||
Vo toj sektor nemam shansi so zhenata...
Kakvo slatko stradanje ima taa... a shto mi ostanuva mene? |
|||||||||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 1011121314 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |