IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - МОЛИТВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МОЛИТВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 21>
Автор
Порака Обратен редослед
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2007 во 18:19
stpatrick.jpg

свети Патрик Ирски

LORICA(граден оклоп)

Се подигам денеска

Преку моќна сила,

Призивот кон Троица;

Преку верата во Троичноста,

Преку исповедањето на Единечноста

На Создателот на созданието.

Се подигам денеска

Преку силата на Христовото Рождество и Крштение,

Преку силата на Распетието Му и Погребението,

Преку силата на Воскресението Негово и Вознесение,

Преку силата на Пришествието Му во Денот суден.

Се подигам денеска

Преку силата на љубовта Херувимска,

Во послушание ангелско,

Во служение архангелско,

Во надеж на воскресение благонаградно,

Во молитвите на патријарсите,

Во проповедите на апостолите,

Во верата исповедничка,

Во чедноста на девствениците,

Во делата на праведниците.

Се подигам денеска

Со сила небесна,

Лач сончев,

Болскот на оган,

Секавичност молњина,

Витост на ветер,

Крепост земјина,

Јакост карпина.

Се подигам денеска

Преку Божјата сила да ме кормилари,

Божјата моќ да ме крепи,

Божјата премудрост да ме води,

Божјото око да гледа пред мене,

Божјото уво да ме услиши,

Божјата реч да глагола низ мене,

Божјата рака да ме пази,

Божјиот пат да лежи пред мене,

Божјиот штит да ме штити,

Божјите воинства да ме избават

Од примките демонски,

Од искушенијата порочни,

Од секој, кој ми снове зло,

Близу или далеку,

Сам или во мноштво.

Ги прибирам сиве овие благодатства денеска

Помеѓу мене и злото,

Против секоја сурова, безмилосна сила,

Која вражествува против телото ми и душата,

Против призиванија на лажни пророци,

Против црнозаконија незнабожечки,

Против лажезаконија еретички,

Против коварство идолопоклоно,

Против вражби на жени, ковачи и друиди,

Против секоја ука што на човека тело и душа му осквернува;

Христос денес нека ме заштити

Од отров, од палеж,

Од давење, од ранување,

Сè дур не се удостојам со штедро вознаградение.

Христос со мене, Христос пред мене, Христос зад мене,

Христос во мене, Христос под мене, Христос над мене,

Христос оддесно, Христос одлево,

Христос штом легнам, Христос штом седнам,

Христос во срцето на секој човек што мисли на мене,

Христос во устата на секој човек, кој говори за мене,

Христос во окото што ме гледа,

Христос во увото што ме слуша.

Се подигам денеска

Преку моќна сила,

Призивот кон Троица;

Преку верата во Троичноста,

Преку исповедањето на Единечноста

На Создателот на созданието.


амин


Изменето од mali simo - 05.Март.2007 во 18:36
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2007 во 11:35

разговор за молитва:

http://www.youtube.com/watch?v=sG_3pZvMQ4g


прекрасно  мора да се види !
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2007 во 15:32

 

Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2007 во 15:31

 

 


 

 

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2007 во 09:28
БОЖЕ

ДАЈ МИ СМИРЕНОСТ ДА ГО ПРИФАТАМ ТОА ШТО НЕ МОЖАМ ДА ГО ПРОМЕНАМ,
ХРАБРОСТ ДА ГО ПРОМЕНАМ ТОА ШТО МОЖАМ,
И МУДРОСТ ТОА ДА ГО РАЗЛИКУВАМ.

АМИН
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2007 во 12:20
Originally posted by mali simo mali simo напиша:




.يا رب يسوع المسيح ابن اللّه الحيّ إرحمني أنا الخاطئ



ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2007 во 11:22
Господи Исусе Христе сине Божји, помилуј ме мене грешниот
http://www.pravoslavieto.com/art/shkoli/trevnenska/Joanikij_p_Vitanov/Pantokrator_J_p_Vitanov_1836.jpg
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2007 во 09:05
Originally posted by mali simo mali simo напиша:

старец Јосиф Исихаст

Бог Којшто пребива на небесата и Којшто е Господ на сè, Којшто нам ни дава здив и живот, и сè, и Којшто без престан се грижи за нашето спасение, Он во вашите свети души да го испрати Духот на утешението, да го просветли вашиот ум како што се просветлија учениците на нашиот Спасител; светлината на неговиот божествен блесок да го озари целиот духовен, умносоздаден човек; да го разгори целото ваше срце со божествениот ерос како кај Клеопа, и бивајќи известено да затрепери, сфаќајќи го зачнувањето на новиот Адам; на крајот, да се распадне стариот човек со сите негови старсти; и, така во секој момент непрестано да течат солзи како извор од којшто истекува блажина. Амин.

Денес, чедо мое, го примив твоето писмо. Ги видов таму напишаните работи, и ти давам одговор на она за што ми пишуваш.

Начинот на умносрдечната молитва (ноер…) е таков каков што ти кажува преподобната старица. Кружната молитва којашто се одвива во срцето никогаш не се плаши од прелест. Друг начин или начини содржат бојазност затоа што лесно им се приближува фантазијата и прелеста навлегува во умот.

Колку е страшна прелеста на умот! И, тешко е воочлива!

Да ви напишам нешто малку за неа, да ја познавате. Бидејќи бев многу смел во тие нешта и влегов во сите молитви. Пробав сè. Затоа што кога благодатта ќе му се приближи на човека, тогаш умот - таа безочна грабливка како што го нарекува светиот авва Исак - бара да продре насекаде, да проба сè. Почнува од создавањето на Адам и стигнува во длабочини и височини, и ако Бог не му става пречки тој никогаш нема да се врати.

Значи, овој начин на умносрдечната молитва е начин на пракса којшто го употребуваме за умот да го задржиме во срцето. И, кога благодатта ќе се умножи, таа го зграпчува умот во богосозерцание, срцето гори од божествен ерос и целиот човек пламти од љубов. Тогаш умот се наоѓа совршено соединет со Бога. Се пресуштествува и се топи како што восокот се топи кога ќе се приближи до оган, или, како што железото се обликува во огнот. И, не се променува природата на железото, но додека е во огнот, тоа е едно со него. Кога, пак, вжештувањето престанува, тоа повторно ја добива својата природна цврстина.

Тоа се нарекува богосозерцание (теорија). Во умот царува тишината, и целото тело се смирува. Тогаш, молештиот се моли со сопствени зборови и молитви и се искачува во богосозерцание без да се затвора умот во срцето.

Затоа што умносрдечната молитва и е - за благодатта да дојде.

Кога има благодат, умот не се расејува. А, кога умот стои тогаш ги ползува сите видови на молитвата; пробува сè.

Следствено, и начинот што го користат оние за коишто ми кажа не е прелест, но лесно се врти во прелест; затоа што нивниот ум не е прост, се нема очистено и прима фантазии наместо богосозерцанија.

На пример: постои еден извор од којшто блика чиста вода којашто се влева во морето. Наеднаш почнува бура, се излева морето и со морската вода се заматува нашиот мал извор. Ела сега ти, колку и да си умен, да ја исчистиш, да ја одделиш водата на изворот од морската вода. Истото се случува и со умот.

Внимавај на она што допрва ќе го кажам.

Демоните се духови. Следствено, сродни се и слични на нашиот дух, т. е. на умот. Умот којшто е хранител на душата го носи во срцето секој облик на умно движење и поимање; срцето, пак, тоа го прецедува и го предава на разумот. Умот, значи, се прелажува според примерот на изворот. Со други зборови, на крадечки начин нечистиот дух го заматува умот, и, вообичаено тој тоа го предава на срцето. Ако срцето не е чисто, помрачено го предава и на разумот, па се затемнува и зацрнува душата. Од тогаш наместо богосозерцанија, постојано прима фантазии. На овој начин излегле сите прелести и биднале сите ереси.

Кога, пак, човекот ќе се засити од благодатта, секогаш е внимателен и никогаш не се преосмелува, нема доверба во себеси, но го има присутен и стравот до крајот на животот, та тогаш кога лукавиот ќе се приближи гледа дека се случува нешто ненормално и не во ред. И тогаш, умот, срцето, разумот и сета сила на душата Го бараат Оној Којшто е моќен да спаси. Го бараат Оној Којшто се од небитие приведе во битие, и Којшто се испитува. Он може да раздели вода од вода. И, кога топло и со изобилие солзи Го призиваш, тогаш се покажува прелеста; и, го учиш начинот да бегаш од прелеста. Откако многупати ќе ги вкусиш овие работи, постануваш "опитен" човек. Бескрајно Го славиш и Му благодариш на Бога Којшто го отвора умот за да ги познаеме замките и техниките на лукавиот, и да бегаме од нив.

Вистина ви зборувам дека навлегував во сите прибежишта на непријателот и борејќи се тврдо, излегував со благодатта Божја. И сега, ако има некој болен можам, со благодатта Божја, да го избавам од немоќта на помислите и од болеста на прелеста. Доволно е само да ме послуша. Оној којшто се заплеткал во прелест ако послуша друг, за лукавиот постои опасност да изгуби, а овој да се избави од прелеста; затоа тој (лукавиот) го советува, го убедува веќе да не верува на никого, никогаш да не е послушен на друг, но од сега натаму да ги прима само своите помисли, да верува само во своето расудување.

Во тој несмирен начин на мислење се гнезди оној голем егоизам, луциферската гордост на еретиците и на сите опрелестени коишто не сакаат да се вратат.

Значи, нашиот Христос Којшто Е вистинската Светлина, Он да ги просветли и да ги управува чекорите на секој што сака да пријде кон Него.

Вие, пак, ако ја љубите умносрдечната молитва радосно тагувајте и плачете барајќи го Иисуса. Он ќе се открие во огнената љубов којашто ќе ги согори сите страсти. Ќе бидете како некој којшто е многу вљубен и којшто само што ќе се сети на личноста што ја љуби веднаш му затреперува срцето и му течат солзи од очите. Таков божествен ерос и оган на љубовта треба да гори во срцето. Штом ќе слушне или каже - Господи Иисусе Христе мој, слатка љубов!, или - Моја слатка Мајко, Пресвета Дево!, веднаш да течат солзи.

Сите светии сотворија многу пофални песни на нашата Пресвета. Јас, пак, бедниот, не најдов поубава и поблага пофалба, но да ја именувам и во секој момент да ѝ повикувам - Мајко моја! Слатка моја Мајчичке! Во твоите раце нека дојде мојата исходечка душа и од нив да Му биде предадена на нашиот Создател, Единородниот Твој Син. Ништо друго не посакуваме слатка наша Мајчичке - само во време на распламтување на божествениот ерос, во таа горешта љубов да ја предадеме душата; кога гори нашата душа и запира нашиот ум, кога во тивкото ветре дише благоухан здив и кога е покриена под облак; каде што чувствата престануваат да постојат и царува Воскопнеаниот, Еросот, Љубовта, Животот, секогаш благиот Иисус!

Затоа, чеда на Небесниот Отец и наследници на Неговото Царство, итајте, брзајте, плачете, радувајте се и излевајте солзи на љубов. Нурнете го својот ум во Оној Којшто Го погружи Своето тело во земја, за нас да нè спаси. Благиот Иисус слезе за ние да се воздигнеме. Умре и воскресна за нас да нè воскресне. Радувајте се и воскликнете затоа што се удостоивме да бидеме Негови чеда, да се насладуваме со Неговите вечни блага и уште од овде да се поздравуваме во Неговата бескрајна љубоB

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2007 во 09:45



.يا رب يسوع المسيح ابن اللّه الحيّ إرحمني أنا الخاطئ



ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2007 во 11:48

Молитва за отворење ума
пред читање Св. Писма и Житија Светих

Господе Исусе Христе, учитељу мудрости, молим Ти се, отвори очи срца мог, да бих слушао реч Твоју и разумео је, и творио свету вољу Твоју која је у њој откривена нама грешним и безумним људима. Господе Боже Спаситељу мој, пошто си дошао на земљу да тражиш и спасеш пропале, не скривај од мене заповести Своје, јер и ја пропадам у тами незнања закона Твога: него отвори очи ума мога да бих разумео чудеса учења Твога, и кажи ми непознатости и тајне мудрости Твоје. У Тебе се уздам, Боже мој, да Ти светлошћу знања Свога просветиш ум мој и разум, да бих не само читао написано него га и вршио. Молим Ти се, и са сузама припадајући вапијем Ти: Господе, просвети ме, научи ме, уразуми ме, да свету реч Твоју и житија Светаца Твојих читам не на грех, него на обновљење и просвећење, на освећење и спасење душе моје, и на наслеђе вечнога живота. Амин.

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2007 во 14:57
Originally posted by mali simo mali simo напиша:

Originally posted by mali simo mali simo напиша:

Originally posted by mali simo mali simo напиша:





.يا رب يسوع المسيح ابن اللّه الحيّ إرحمني أنا الخاطئ





АМИН
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2007 во 17:12

Секојдневна исповед на гревовите

На тебе, мојот Господ и Создател, Единиот Бог Кого Го прославувам и на Кому се поклонувам во Светата Троица - Отец, Син и Светиот Дух, ги исповедам сите мои гревови што сум ги направил во деновите на мојот живот и во секој час, со дела, зборови, мисли, гледање, слушање, со сите сетила духовни и телесни, со кои Те прогневив Тебе, а на моите ближни им направив неправда и зло.

За сите овие гревови жалам, признавам дека сум виновен пред Тебе, мојот Бог, имам желба да се покајам; Господи, Боже мој, со солзи и смирено Ти се молам, помогни ми. По Твоето милосрдие прости ми ги прегрешенијата и ослободи ме од нив, зашто Си Благ и Човекољубив.
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2007 во 17:43

Радуј се невесто неневесна

http://www.stgeorgecathedral.net/images/icon_theotokos.gif


Света дево владичице
Нескверна Богородице
Радуј се невесто неневесна

Радуј се градино на изобилие
На вечноста и на животот
Радуј се невесто неневесна

Дево, мајко, господарке
Ти руно сеоросено
Радуј се невесто неневесна

Радуј се дрво на животот
На бесмртност источнику
Радуј се невесто неневесна

Возвелича на небесата
Од зраците поблескава
Радуј се невесто неневесна

Тебе те молам царице
Тебе те сега призивам
Радуј се невесто неневесна

Радост на хорој девствени
Од ангелите посилна
Радуј се невесто неневесна

Тебе те смилостивувам
И радост барам владичице
Радуј се невесто неневесна

Посветла од небесата
Од светлината почиста
Радуј се невесто неневесна

Девојко кротка безгрешна
Сесветаја Владичице
Радуј се невесто неневесна

Од сите небесни воинства
Владичице си посвета
Радуј се невесто неневесна

Тебе храму духовен
Гораздо те преколнувам
Радуј се невесто неневесна

Радуј се песно херувимска
Радуј се химно ангелска
Радуј се невесто неневесна

Прифати ме, прифати ме
од душманот избави ме
Радуј се невесто неневесна

Радуј се одо серафимска
И радост на архангелите
Радуј се невесто неневесна

Покажи ме, покажи ме
На живот вечен наследник
Радуј се невесто неневесна

Радуј се миру, веселие
И пристан на спасение
Радуј се невесто неневесна

Света дево владичице
Нескверна Богородице
Радуј се невесто неневесна

Свет чегору на славата
Цуту на нетлението
Радуј се невесто неневесна
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2007 во 13:57

Свето Богојавление



Кога во Јордан се крштеваше, Господи, се потврди
поклонувањето на Света Троица: гласот на
Отецот сведочеше за Тебе и Те нарече Свој
сакан Син: и Духот во вид на гулаб, ја потврди
вистината на Тоа сведоштво. Се јави, Христе Боже,
и го просвети светот, слава Ти.
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 21>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.