|
Македонскиот јазик и македонската азбука |
Внеси реплика | страница <1 1011121314 146> |
Автор | |||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Зар мислиш што Србите одели во командировка во Солун да учат език? Великоморавиjа е била по близо. |
|||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Абе какви србизми какви бакрачи - Србите не го научиле од господ јазикот,пак го учеле од околината на Солун и Охрид - немојте смешки,се знае од каде се ширела азбуката и кои говори преовладуваат во житијата!
|
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Кај Бугарите имам забележано еден интересен...како да го наречам тоа, синдром, или психолошки феномен можеби...Всушност централно-западното македонско наречје е поблиско до трновското, отколку да кажеме рупските говори. Меѓутоа поради тоа што македонскиот литературен јазик функционира како засебен јазик, Бугарите го доживуваат како нешто туѓо, наметнато, полно со србизми - ти реков ми рече, нешто што треба да го нема. Па дури велат дека Македонците не го зборуваат македонскиот литературен јазик, туку дека по дома зборуваат сосема поинаку, што е доста смешен заклучок, бидејќи како се зборувало во Прилеп пред стотина години, горе долу се зборува исто и сега, освен што во говорниот прилепски, па дури и битолски веќе навистина има навлезено србизми, додека во македонскиот литературен има извесна тенденција за пуризам. А да кажеме северозападните бугарски говори имаат двојно повеќе србизми, дури имаат зачувано и некои падежни форми, меѓутоа македонскиот јазик е србизиран, а северозападното бугарско наречје е нели, дијалект....
Изменето од Pat - 08.Февруари.2011 во 12:42 |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Умрело некое магаре или пак не сум достоен да ти го разберам сарказамот?!
Немој да не браниш, те молам! |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тросложното aкцентирaње не е воведено, не е изваено од газ, туку земено и искористено.Какви се тие наречија предимно оддалечени од бугарскиот јазик ?Нормално дека ќе бидат одбрани такви, кога јас БИТОЛЧАНЕЦ можам да си пишам(и си пишам) на локалниот дијалект на форум и на каква било интернет форма за социјална интеракција и без мака да ме разберат соговорниците од Тетово, Струмица, Берово, Куманово.
Нормално дека ќе ги земиме за стандардни битолскиот или охридскиот дијалект не некој од пи*ке си материн да ми треба речник да го разберам.А за србизацијата, да, многу научни, стручни(србизам)термини беа воведени од српскиот јазик. Доста со таја неписмена теза дека бил одбран дијалект, колку да биди различен од бугарскиот стандарден.Кој друг говор би го одбрале ?Југоисточните говори ?Со софијанец можам побрзо да се разберам одколку со струмичанец.За кумановчани муабет да не прајме. Централните говори се мама на каква и да било форма на македонски литературен јазик.Најдобар показател е изговорот на големиот јус - ѫ, како а. Нешто кaко тукa aмa зaедно со Охрид. Изменето од DragancoLeskoec - 08.Февруари.2011 во 00:39 |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Зарем ова некој го оспорува? Секако дека не. Но, тоа не значи пак и дека Бугарија е единствената заслужна за словенската писменост и култура. Тоа што кирилицата се наметнала, не значи дека е благодарение само на Бугарија.
Никој не спори дека во 1945 година е стандардизиран македонскиот јазик. Но, тоа не значи дека не постоел македонски народен говор пред тоа. Токму тој народен говор е основата на стандардниот македонски јазик. А како што можеше да се види во документите кои јас и depo ги поставивме, македонскиот народ го нарекувал својот јазик македонски јазик и пред тоа. Да, тој не бил стандардизиран, но бил македонски јазик. А тоа дека е стандардизиран намерно е нешто сосема нормално. Немој само да ми кажеш дека бугарскиот јазик е стандардизиран ненамерно? Зарем им се сонило на сите дека треба да го стандардизираат, па сосема случајно се сретнале и сосема случајно го стандардизирале?
Македонскиот стандарден јазик е стандардизиран не со цел да биде подалеку од бугарските говори, или поблиску до српските, туку за да може со истиот да се служи сета етничка Македонија, сиот македонски народ, како оној во тогашна НР Македонија, така и оној во Егејска Македонија, па и насекаде во светот. А како што може да видиме, постојат документи, конкретно од Егејска Македонија, дека стандардниот македонски јазик бил срдечно прифатен и употребуван, а и денес може да видиме дека е така. Таа е идеја на Мисирков, да се земат централните наречја при стандардизацијата, која подоцна се исполнила. Српските поими во администрацијата навлегуваат по ослободувањето, а не пред тоа. И не мешај го правото со тие нешта, тоа е сосема друго прашање. Влијанието на еден правен систем врз друг, не секогаш е поврзан со политиката. Тоа е опширно прашање, на кое местото не му е тука. Изменето од Македон - 07.Февруари.2011 во 23:15 |
|||
diyna
Нов член Регистриран: 28.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Аспарух нема как да jа разбере...
Св. цар Борис - исто. Историjата вели така - кирилицата е создадена во столицата на Бугариjа пред 12 века. Од тогаш се користи како стандардна во Бугариjа. Историjата вели исто така - Македонската азбука е создадена од нарочна комисиjа пред 55 години, исфрлаjки неколко типично бугарски букви и вовеждаjки соодветно српски. Нормално, и едните, и другите си се кирилица. По истото време е создаден и стандардниот Македонски jазик. Собрани се неколку Македонски наречиjа, предимно пооддалечени од стандартниот Бугарски, воведен е стандардно троесложен акцент и со користенье на голем дел српски поими во администрациjа, наука и слично, ете ви го Македонски jазик. Можеби елементарно го опишав, не е толку просто, но во општи линии... |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
На тоа ќе ти одговорам со прашање. Дали Аспарух би ја разбрал кирилицата? Дали св. Рамноапостолен Цар Борис би ја разбрал, ако знаеме дека говорел и пишувал на грчки? И дали тоа ќе значи дека не постои бугарска кирилица? |
|||
diyna
Нов член Регистриран: 28.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не чекам да видам тука документи на глаголица. Сакав да кажам, дека на форумов се користи кирилица. И не само на форумов, но и стандардно во Македониjа. Исто како и во Русиjа, Србиjа и, нормално, Бугариjа.
Та прашането беше за Македонската азбука - jас гледам кирилица, создадена во Преслав. Дали Александар Велики би разбрал нещо од таа азбука? |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Почитуван/а, па факт е и дека додека во Македонија се творело на глаголица, во Бугарија се пишувало на грчки. Факт е и дека додека св. Рамноапостолни Кирил и Методиј твореле во Македонија, Бугарите пишувале на јазик кој ни најмалку не е поврзан со словенските јазици. Факт е и дека, кога се создала глаголицата, кирилицата воопшто не постоела.
Ако чекаш тука, во презентирани документи, кои датираат од од XIX и XX век да има зборови напишани на глаголица, јасно ми е зошто ги имаш и тие убедувања за историскиот развој на македонски јазик.
Книгата е пишувана на наречје, не на стандарден македонски јазик. Предговорот е на српски, барем јас колку што разбирам српски, а може и да грешам. Човекот кој ја пишувал книгата бил самоук ѕидар, па затоа не треба да те чудат грешките. Тоа што според тебе зборовите се напишани на српски начин, не значи и дека е така. Точно е дека е употребена српската азбука, но истиот, оној кој ја пишувал, ако знаеше кој е, ќе знаеше дека ја употребувал дури и бугарската азбука. Сепак, тоа не менува ништо. Јазикот насекаде го нарекувал македонски. |
|||
diyna
Нов член Регистриран: 28.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Зошто сега фалби, тоа се факти!?
Не гледам тука ни еден збор на глаголица напишан, сите се на кирилица. А книгава е полна со грешки, има цели делови на српски и дури турските зборови се напишани на некоj српски начин и изгледат смешно. За албанските немам поjма, инаку можеби и таму ке видев истото. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако ти не ги гледаш нештата кои пред очи ти се, не очекувај дека некој ќе ти помогне околу тоа. Поставив три документи за тоа како си го нарекувале јазикот Македонците од Егејска Македонија. Истотака и depo постираше докази. Еве, повели уште една книга. Кога во Преслав се создавала килирицата, во Македонија веќе долго имало писменост. Се употребувала глаголицата. Затоа без многу фалби. |
|||
diyna
Нов член Регистриран: 28.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За Македонски jазик, така како што гледам, сериозни докази не видов, а за азбуката - ни збор...
Нема ли коj да jа заштити Македонската азбука? @Платеник Diyna и Дивна не е едно и исто. Да кажеме, дека е недогледано, да не е другото. Но што да мислам на тоа "од времето на Преслав"? Преслав не е некоj хан или цар, та да има нешто од неговото време. Преслав е бил столица на Бугариjа при цар Симеон Велики и истиот град сеуште си е на истото место, сега се зове Велики Преслав. Токму там е создадена кирилицата, а Македонската азбука сите знаем каде и как е создадена пред 56 години. Грешка, пред 55, годинава ке се исполнат 56. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во неколкуте зборови пред тоа лежи зајакот.
|
|||
Внеси реплика | страница <1 1011121314 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |