![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1011121314 138> |
Автор | |
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Млитав и мек
Сега можам само млитаво да те сакам таму каде бев ме исцицаа, гушни ме, дај ми да цицам од тебе насмевка да ми се врати, тврдо да те зграбам, во неочекуван момент додека мислиш дека дремам додека очекуваш да клапнам на страна како лигав и мек. Приближи се поблиску дај ми енергија да цицнам уште малку нешто во мене почнува да ржи се чувствува. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не оди си (Краток нихилистички осврт)
Не оди си, тука никому не му е гајле за тебе, таму секако ќе успееш можеби и среќа од срце ќе ти сакаат тука само ќе ти завидуваат ќе глумат, а ќе те мразат, зарем не е вака повозбудливо? Не оди си, можеби таму не ќе има кој да те повреди или излаже, насмеана по цел ден до остареност на столица ќе се лулаш со тивок залез на сонцето до тебе некој со љубов ќе те погледне за рака ќе те стисне ќе ти шепне дека те сака, а потоа чопор твои успешни деца стотиот роденден ќе ти го честитаат. Не оди си, тука секогаш можеш да бидеш ограбена или осиромашена тука со циганите исти сме, купи ден, продај, а таму ни тие не се цигани каков ли живот е тоа? Не оди си, нема да знаеш што си пропуштила, а нема ни да сакаш да знаеш, само понекогаш престрашена од сон ќе се разбудиш, нашиот живот траги остава кај тебе недовршени ќе останат, ќе раскажуваш, како од Титаник да си се спасила. Не оди си, дури и јас ти личев на посебно нешто сега знаеш дека не е така, а таму можеби сите се посебни и секогаш ќе знаеш дека е така не оди си, тука никогаш на подобро нема да се промени од никој од нас, човек нема да биде. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Изгрејсонце
Пружаш алишта одзади те гледам изгрејсонце меѓу нозе твои се појавува додека пружаш пупка расцутува насмевка ми се разбудува, шумно дишам се вртиш ме погледнуваш со раката ко вртелешка вртиш заканувачки со главата климаш постар чичко со бел мантил ми спомнуваш. Со веѓа мрдам и намигнувам со глава кон кревет покажувам со рака - вртелешка ми возвраќаш за алишта недопружани ми спомнуваш, ама ќе се подадеш предчувствувам. |
|
![]() |
|
N.Nikolina ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Февруари.2011 Статус: Офлајн Поени: 118 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
"Страста е душа на секое создавање. Со неа како занес се обликува садот,
со неа како вознес се исполнува неговата содржина.
Ноќта е време на очајници,богови,месечари,ангели и демони,
време на творците од различен калибар.
Во ноќта јас сум Алиса во паркот
на ангелите и демоните на творечкиот чин..."
|
|
Лудилото може да се нарече сон на оној што е буден.
|
|
![]() |
|
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не сум таков јас
Ме прашуваш зошто ми е дрво зошто ми е камен секогаш кога ќе те видам. Дрво во двор да ти насадам на него да се потпишеш на него да се задржиш кога е стрмно и лизга и твое е засекогаш. Со каменот куќичката да ти ја доградам а и дрвото кога ќе се запали каменот ќе се стопли топло и внатре да ти биде. Се смешкаш велиш дека многу со симболика се служам дека нешто друго кажувам те гледам чудно ама се смешкам не сум таков ти велам јас. |
|
![]() |
|
bluebell ![]() Сениор ![]() ![]() the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
taa se baknuva, jas pak mislev napishala neshto!
![]() ![]() |
|
always look on the bright side of the life!
|
|
![]() |
|
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ден за одмор
Денес е од оние денови килави, сонце грее мене ми е како ситна ѕвезда моето село напуштено стои залудно довикувам, само трња во тесни простори ми возвратија. Врата затварам двете брави ги заклучувам ролетни навлекувам ден за одмор е, кога ќе се стемни ќе излезам. Нешто на врата гребе мислам таа е, отварам, мачка била. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Здивени бакнежи
Јато здивени бакнежи ти праќам помалку и грицкаат прерамки буткаат копчиња откопчуваат внатре се устремуваат не се сопираат, такви се бргу огладнуваат, ама што да им правам какви се, такви се, мои се. Жртва нивна си само за тебе ми зборуваат, се облизнувааат, на твојот мирис ме потсетуваат, знам, претеруваат, а не можам да ти помогнам и со мене владеат. |
|
![]() |
|
anakin ![]() Сениор ![]() ![]() Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
. - еј, што направи? што убав беше песочниот замок - па, готов беше, немаше што да се додаде повеќе - ама, два часа го градеше, со толку љубов - за тебе, го виде не? - ама што не го остави - од песок беше мило, за тебе изграден да го видиш и така да го запамтиш - ама можеа другите да го гледаат цел ден - од песок беше, ветерот и плимата ќе го рушеа, немаше да биде толку убав, а јас сакав ти да го запамтиш каков што беше а не каков ќе биде . тој знаел , кога се гради замок од песок, трае многу кратко, треба набргу да се сруши, неговата убавина да остане а не замокот |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Слаткотија
И медот ти ја препушти победата и тој знае што е послатко, чоколадите ти ракоплескаат среќни бар слуги да ти бидат, сладоледот за прошка те моли што воопшто и помисли со тебе да се натпреварува, и торти како светилници нанижани патот кон престолот ти го осветлуваат, е таму стојам и те чекам лиги со ракав забришувам. На престол седнуваш светкавици наоколу, за рачка се фаќам престол во кревет се претвора со насмевка спремно легнуваш, како бомбона ме одвиткуваш очи широко отвараш. усни твои се црвенат да ме ишмукаш се спремаш. |
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
rizik stvara kapital...
![]() |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ризик
Не е тоа комета на ноќното небо меѓу ѕвездите ти личи како да потскокнува не ти треба желба да смислуваш исполнета ти е ако е таа која мислам дека е ако се насмееш додека кон тебе паѓам значи таа е а и ти си таа. Ветерот до тебе ливче донесува на него нешто пишува. “Ако се насмееш, нешто скокотливо ќе ти се случи од мене“ Не се кикоти копче не откопчувај демек жешко ти е здолниште над колено не подигај ризично е оти во шума сме оти сами сме. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1011121314 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |