IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 117118119120121 138>
Автор
Порака Обратен редослед
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2008 во 20:50
Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:

До Бисерче:
Не дека сакам да се изживувам со твоето трпение, ама имам обврски кон работното место. Се надевам дека ќе го пруфатиш моето извинување, но во првиот миг кога ќе освојам слободна територија ќе седнам и ќе продолжам...



...намигнување....големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање

ајде јас чекам,.... трепкање
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2008 во 20:43
До Бисерче:
Не дека сакам да се изживувам со твоето трпение, ама имам обврски кон работното место. Се надевам дека ќе го пруфатиш моето извинување, но во првиот миг кога ќе освојам слободна територија ќе седнам и ќе продолжам...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
girl93 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај girl93 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2008 во 20:11
    Ноќва

Ноќва е најтемната ноќ,
ноќва ветерот има моќ,
ноќва моќниот ги мрси моите коси,
ноќва капка по капка моето лице се роси.

Ноќва клета ми одзема пола живот,
ноќва,можеби ќе останам и без здивот,
ноќва,можеби,е крај на се,
а можеби нема да умрам ноќва,не.
Кон врв
girl93 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 514
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај girl93 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2008 во 20:07
Na grobot moj
Ako cveketo na mojot zivot
go sroni i posledniot list,
dojdi na mojot grob,
poseti go mojot vecen dom.

Zemi dve beli i dve crveni ruzi,
kazi mi te sakav i raka pruzi,
ostavi gi na grobot od kamen
da stojat vecno tamu.

Navedni se i zaplaci tivko,
dopri go kamenot studen,
i taa nok nemoj da zaspivas,
napisi mi pesna,ostani buden.

A utredenta,od rani zori,
poseti go vecniot dom moj,
ostavi ja pesnata za mene,
a jas ke go pomnam vecno likot tvoj.
Кон врв
Гостин Кликни и види ги опциите
Гостин
Гостин
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Гостин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2008 во 19:56
Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:

          
ЦРНИОТ КРУГ НА СУДБИНАТА 2

        Потоа девојките поитаа во средба и прегратка на две насмевки што токму во тој миг излегоа од утробата на една БУБАМАРА, едната сокриена во скубка сува трева, а другата искапена во грст ефтина колонска вода.
        Исписка ли навистина змијулчето „Горан на Кацарци“? Можеби само и се присторило…Можеби беше некој друг Горан, Горан на Цацарци, Горан на Козарци, Горан на Коларци, кој било Горан, само не на Кацарци.
          Сигурно, сигурно така некако, само нејзе и се беше присторило Горан на Кацарци, оти рекичката што ржеше под мовчето, лута на неговите столбови, не беше изгубила ниту половина од силата со којашто тој ден ја оживеа претпладневниот пороен дожд, па некоја од буквите од презимето, протинајќи се низ нејзината озабеност си го беше сменила своето значење…
        Девојките исчезнаа со двете насмевки во утробата на Бубамарата и немаше кого да праша за потврда. Можеби затоа апежот продолжи да и ги следи чекорите в долж кејот и да блува нови отрови во нејзиното спокојство:
          Гораннакацарцикацарцикацарцикацарцикацарцикацарцикацарцикацарци…
          Каков апеж, какво блеење отрови во дамарите на раатот!? Па тоа градскиот часовник си ја вршеше својата обикновена, секојдневна работа, како вчера, како завчера, како, впрочем, и утреден што ќе стори, како всушност и пред сто години, значи, отсекогаш, од денот кога го изѕидал некој познат чорбаџија од градот, тој, точно во тоа време, се провикнува од камената кула и ги растревожува и забрзува тие што доцнат.
        Седум пати се провикна часовникот, таман толку, колку што беше доволно во неа да се раскокаат ждребињата на тревогата, оти со Горан во седум имаше закажано во паркот, па таа го издолжи чекорот и заборави на апежот, заборави на змијулчето со крлушки од мраз по стомакот и птицата повторно се распеа, издолжувајќи и го двојно чекорот.
                     

          ************



      По којзнае кој пат Станка Поп Тасева враќаше една иста песна во музичкиот систем, што и го купи на ќерка си за нејзиниот четиринаесетти роденденЈа слушала истата пред дваесет, пред дваесет и пет, пред колку ли точно години, а мислите и се загледани во минатото, низ некоја пајажина од топла влага,во некои далечни, тажни очи е врамена малечка собичка на момче, еден грамофон и една плоча на него, а плочата се врти педесет, седумдесет и пет, стопати во еден ден и не покажува знаци на умор, на здодевност, на сафра, туку ја исполнува собичката со топлина и нежност на пролетно пладне.
       По дваесет, или дваесет и пет, боже, по колку ли точно години, скорна од топла влага го замаглува небото во очите на Станка.
       - Каква игра играш со мене судбино? – рапавиот сунѓер на растреперената дланка минува благо по двете неба, ја собира топлата роса од нив, - Каков е овој знак што ми го праќаш?
                         „Има некоја тајна врска...“ во очите што гледаат во минатото врамена е една соба, а во делот од мислите што се држи со магарешки инает за сегашноста копа и рие едно прашање; таи ли ќерка и нешто од неа или песната е случај на коинциденција, оти за својата тајна, за својата црна судбина никому ништо не кажала, ја закопа длабоко во себе и реши да ја однесе в гроб.       
        Прв пат го сретна знакот на судбината пред неколку недели. Или поточно го откопа, го откорна со вџашените очи како што се откорнува со ковачки клешти клиенец од тополова чатма.
                     Од каде се го откорна знакот?
                     Од маргините во учебникот на ќерка и.
                     Каква форма имаше знакот?
                     Форма на срце.
          Но зошто срцето беше врежано во снегот на маргината со црн фломастер? Чии имиња беа испишани во срцето? Само едното и се откриваше – Горан. Второто тераше некој инает, па и се мрешкаше во очите како плашица во матна вода и ја менуваше формата, криејќи се секогаш кога ќе помислеше дека го уловила во стреата на дебелата линија од фломастерот...            
                            И, зошто ја отфрлаше можноста дека тоа е еден од учебниците од кои таа учеше како ученичка во истотот училиште до кое ќерка и секојдневно по двапати минуваше пат од седумстотини и осумдесет метри и се враќаше дома со двојно повеќе одликувања, начичкани на нејзиното тексас палтенце во вид на вљубени момчешки погледи и воздишки...
        Да, веројатно ќерка и чепкала во правот по таванот на татко и и го донела учебникот со намера да ја потсети на нејзините ученички денови и да ја заскокотка наивно по нејзината интима, ама ете, заборавила да и се пофали со резултатот на своето археолошко истражување.       
          Каква моќ можее да има едно „веројатно“, стутулено во сиво кожувче на зајак во прнарот на стравот!?
          Со здив на развигор тоа ги стопи снеговите во нејзиното срце, го расцути трендафилот на смрзнатата мисла и Станка пак беше онаа младата, осумнаесетгодишната девојка, најубава на речната плажа близу Р.


ПРОДОЛЖУВА


мајсторче колку време треба да те чекам за продолжението ???  трепкањетрепкањетрепкање
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2008 во 04:29
Преселба

Не носам куфери
со себе кога се селам.
Само чувства одлепени
од подот што повеќе
нема да го газам,
и очи наполнети
со прозрак од утра,
што само овде
така јарко изгреваат.
Сомнежливо ги вртам
страните на светот
и со камења мавам
по новите катчиња
што се нудат
да ми го засолнат телото.
А духот каде да го ставам?
Во малата четка што
го ретушира грдиот простор?
Или во темниот безизлез
на врата што ме чека?
Или во новите луѓе
чии лица ми се едни па исти?
Прегорува последната свеќа
на чекањето.
Новите патишта се измиени
за свежи стапки.
А моите нозе стојат.
Со чувствата и тие
се залепиле на подот.




Изменето од Quentin - 15.Мај.2008 во 04:29
Кон врв
...Well... Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...ExtraVagant...

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ...Well... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2008 во 16:04
Originally posted by darkangel darkangel напиша:

Молк! Толку е прекрасна тишината. Во неа лебди воздухот што ти го дишеш. На небесната светлина се гледаат зраците на живот кои ги вдишуваш и издишуваш...

Живем со твојот мирис. Кога се впивам до тебе и ја исцрпувам твојата енергија, ја превземам секоја твоја мала миризлива супстанција, ја сместувам во своите ноздри и ја вдишувам како единствен избор за да опстојам. Значи твојот мирис е моето постоење...

И кога гледаш во моите очила..го гледаш одразот на своето лице, своите очи. И кога ги оставам секој пат на масичката, знај, пред тебе се разголувам. За да можеш да видиш се, Се затоа што и без нив можеш да се погледнеш себеси..во моите очи....

Ако ги оставам своите усни на твоето чело, усна, рамо и ги притискам силно, не е за да оставам печат или бол. Ги собирам твоите вкусови и тие опстојуваат на врвот на мојот јазик. И секоја храна го има твојот вкус..и со секоја течност јас те вкусувам одново и одново....

Сега дојди и допри ме, прегрни ме...влези во мене и јас ќе те имам, ќе го имам секое Ти во мене..и кога ќе заминеш ќе останат звукот на тишината во која прекрасно танцувавме, мирисот твој кој го чувствувам насекаде, вљубениот поглед и вкусот на љубовтта кој знам ќе стане горчлив како и солзите што тогаш ќе ме прегрнат.

................

Тогаш настана виножитото...зад маглата и врнежливите денови. Се всели сјај во моите очи од сонцето што блескаше над неговите бои. Ме прегрна силно и тогаш сфатив...

Љубовтта нема форма и е безгранична...а јас навистина немав начин на кој можев да ја изразам сета. Затоа го украдов виножитото..ги сокрив неговите бои во твојата коса...и кога ќе дојдат врнежливите денови..дојди, појави се повторно и избркај ги облаците.

 
...големо%20гушкање...darkiiiiiiiiiiiii...големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Кон врв
darkangel Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 58
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај darkangel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2008 во 15:44
Молк! Толку е прекрасна тишината. Во неа лебди воздухот што ти го дишеш. На небесната светлина се гледаат зраците на живот кои ги вдишуваш и издишуваш...

Живем со твојот мирис. Кога се впивам до тебе и ја исцрпувам твојата енергија, ја превземам секоја твоја мала миризлива супстанција, ја сместувам во своите ноздри и ја вдишувам како единствен избор за да опстојам. Значи твојот мирис е моето постоење...

И кога гледаш во моите очила..го гледаш одразот на своето лице, своите очи. И кога ги оставам секој пат на масичката, знај, пред тебе се разголувам. За да можеш да видиш се, Се затоа што и без нив можеш да се погледнеш себеси..во моите очи....

Ако ги оставам своите усни на твоето чело, усна, рамо и ги притискам силно, не е за да оставам печат или бол. Ги собирам твоите вкусови и тие опстојуваат на врвот на мојот јазик. И секоја храна го има твојот вкус..и со секоја течност јас те вкусувам одново и одново....

Сега дојди и допри ме, прегрни ме...влези во мене и јас ќе те имам, ќе го имам секое Ти во мене..и кога ќе заминеш ќе останат звукот на тишината во која прекрасно танцувавме, мирисот твој кој го чувствувам насекаде, вљубениот поглед и вкусот на љубовтта кој знам ќе стане горчлив како и солзите што тогаш ќе ме прегрнат.

................

Тогаш настана виножитото...зад маглата и врнежливите денови. Се всели сјај во моите очи од сонцето што блескаше над неговите бои. Ме прегрна силно и тогаш сфатив...

Љубовтта нема форма и е безгранична...а јас навистина немав начин на кој можев да ја изразам сета. Затоа го украдов виножитото..ги сокрив неговите бои во твојата коса...и кога ќе дојдат врнежливите денови..дојди, појави се повторно и избркај ги облаците.

Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2008 во 06:46
Штом ги освојам
сите врвови
на твојата гордост,
на нив ќе поставам знамиња
за примирје со сенките
што кошмари со длето
ми длабат,
дека си заборавила,
дека си преболела...
Ќе можам ли тогаш да зачекорам
како човек без маска, меѓу луѓето,
кои не гледајќи ме, знаат,
дека во театрот на среќата,
јас ја глумам главната улога

Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2008 во 19:02
Сонцето собира
ликови од некролози,
со нив да си го потпали
утрешниот оган.
Сеедно му е кои и какви,
убави или грди,
богати или бедни,
паметни или глупи,
стари или млади...
Сеедно...
Сите се достојни
зраци да му бидат,
оти има нова челад
што пека за светлина.

Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2008 во 13:46
          
ЦРНИОТ КРУГ НА СУДБИНАТА 2

        Потоа девојките поитаа во средба и прегратка на две насмевки што токму во тој миг излегоа од утробата на една БУБАМАРА, едната сокриена во скубка сува трева, а другата искапена во грст ефтина колонска вода.
        Исписка ли навистина змијулчето „Горан на Кацарци“? Можеби само и се присторило…Можеби беше некој друг Горан, Горан на Цацарци, Горан на Козарци, Горан на Коларци, кој било Горан, само не на Кацарци.
          Сигурно, сигурно така некако, само нејзе и се беше присторило Горан на Кацарци, оти рекичката што ржеше под мовчето, лута на неговите столбови, не беше изгубила ниту половина од силата со којашто тој ден ја оживеа претпладневниот пороен дожд, па некоја од буквите од презимето, протинајќи се низ нејзината озабеност си го беше сменила своето значење…
        Девојките исчезнаа со двете насмевки во утробата на Бубамарата и немаше кого да праша за потврда. Можеби затоа апежот продолжи да и ги следи чекорите в долж кејот и да блува нови отрови во нејзиното спокојство:
          Гораннакацарцикацарцикацарцикацарцикацарцикацарцикацарцикацарци…
          Каков апеж, какво блеење отрови во дамарите на раатот!? Па тоа градскиот часовник си ја вршеше својата обикновена, секојдневна работа, како вчера, како завчера, како, впрочем, и утреден што ќе стори, како всушност и пред сто години, значи, отсекогаш, од денот кога го изѕидал некој познат чорбаџија од градот, тој, точно во тоа време, се провикнува од камената кула и ги растревожува и забрзува тие што доцнат.
        Седум пати се провикна часовникот, таман толку, колку што беше доволно во неа да се раскокаат ждребињата на тревогата, оти со Горан во седум имаше закажано во паркот, па таа го издолжи чекорот и заборави на апежот, заборави на змијулчето со крлушки од мраз по стомакот и птицата повторно се распеа, издолжувајќи и го двојно чекорот.
                     

          ************



      По којзнае кој пат Станка Поп Тасева враќаше една иста песна во музичкиот систем, што и го купи на ќерка си за нејзиниот четиринаесетти роденденЈа слушала истата пред дваесет, пред дваесет и пет, пред колку ли точно години, а мислите и се загледани во минатото, низ некоја пајажина од топла влага,во некои далечни, тажни очи е врамена малечка собичка на момче, еден грамофон и една плоча на него, а плочата се врти педесет, седумдесет и пет, стопати во еден ден и не покажува знаци на умор, на здодевност, на сафра, туку ја исполнува собичката со топлина и нежност на пролетно пладне.
       По дваесет, или дваесет и пет, боже, по колку ли точно години, скорна од топла влага го замаглува небото во очите на Станка.
       - Каква игра играш со мене судбино? – рапавиот сунѓер на растреперената дланка минува благо по двете неба, ја собира топлата роса од нив, - Каков е овој знак што ми го праќаш?
                         „Има некоја тајна врска...“ во очите што гледаат во минатото врамена е една соба, а во делот од мислите што се држи со магарешки инает за сегашноста копа и рие едно прашање; таи ли ќерка и нешто од неа или песната е случај на коинциденција, оти за својата тајна, за својата црна судбина никому ништо не кажала, ја закопа длабоко во себе и реши да ја однесе в гроб.       
        Прв пат го сретна знакот на судбината пред неколку недели. Или поточно го откопа, го откорна со вџашените очи како што се откорнува со ковачки клешти клиенец од тополова чатма.
                     Од каде се го откорна знакот?
                     Од маргините во учебникот на ќерка и.
                     Каква форма имаше знакот?
                     Форма на срце.
          Но зошто срцето беше врежано во снегот на маргината со црн фломастер? Чии имиња беа испишани во срцето? Само едното и се откриваше – Горан. Второто тераше некој инает, па и се мрешкаше во очите како плашица во матна вода и ја менуваше формата, криејќи се секогаш кога ќе помислеше дека го уловила во стреата на дебелата линија од фломастерот...            
                            И, зошто ја отфрлаше можноста дека тоа е еден од учебниците од кои таа учеше како ученичка во истотот училиште до кое ќерка и секојдневно по двапати минуваше пат од седумстотини и осумдесет метри и се враќаше дома со двојно повеќе одликувања, начичкани на нејзиното тексас палтенце во вид на вљубени момчешки погледи и воздишки...
        Да, веројатно ќерка и чепкала во правот по таванот на татко и и го донела учебникот со намера да ја потсети на нејзините ученички денови и да ја заскокотка наивно по нејзината интима, ама ете, заборавила да и се пофали со резултатот на своето археолошко истражување.       
          Каква моќ можее да има едно „веројатно“, стутулено во сиво кожувче на зајак во прнарот на стравот!?
          Со здив на развигор тоа ги стопи снеговите во нејзиното срце, го расцути трендафилот на смрзнатата мисла и Станка пак беше онаа младата, осумнаесетгодишната девојка, најубава на речната плажа близу Р.


ПРОДОЛЖУВА
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
KaLiNa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2006
Статус: Офлајн
Поени: 8416
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KaLiNa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2008 во 13:03
Originally posted by Quentin Quentin напиша:

уште ова и ве оставам на раат извесно време


Игра

Јас и ти умеевме
да се допираме со виножито.
Од мене до тебе,
тој светол лак
се собираше
во прегратка.
Сме заборавиле
да се допираме така.
Ајде пак да
направиме виножито.
Но, овојпат јас да бидам
тој со озарен сончев лик,
а ти да бидеш таа
со собрани веѓи
и расплакани очи.


 
аплаузаплаузаплаузаплауз 
nemoj da ne ostavas na raat nikogas голема%20насмевкаголемо%20гушкање
 
 
 
kuliraj
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2008 во 23:07
ЦРНИОТ КРУГ НА СУДБИНАТА



                                                           
Треба да се живее
и едноставно и лесно
да се прими
се тажно на светот
(запис од надгробна плоча)





          Како гром, како молња, како гнев во божји глас со страотен ек што ја распорува тиркизната свила на летното небо и им ги пука за миг мевовите на гајдите на жегалците додека од крошна на крошна ја разнесуваат низ пламенот на воздухот тажната симфонија на сушното лето, така се отслика во свеста на девојката веста што во форма на змијулче со милион крлушки по стомакот се вовре во нејзините ушни школки и се склупчи таму клето клупче срцеизеднина.
          Но кој го испили змијулчето со милион крлушки од мраз по стомакот во велурот на летната квечерина?
          Две девојки, чии имиња ќе останат непознати до крајот на оваа приказна, впрочем, нивните имиња воопшто и не се важни, доволно е само да се спомене само да остане евидентирано дека и двете на усните имаа претераност од малини или шумски јаготки - велурот на темнината никогаш не дозволува стопостотно прецизно да се утврди според нијансата видот на овошјето во карминот – и дека на очните капаци им гаснеа виолетовите воздишки на сонцето што заоѓаше.
          А кој минуваше по мовчето на кое двете девојки со претераност на малина или шумски јаготки на усните и виолетови воздишки на сонце што заоѓа на очните капаци испилија змијулче со милион крлушки од мраз по стомакот?
       
        Шест вечери по ред, изземајќи ги последните две, Станка Поп Тасева со своите осумнаесет радосни крилја го прелетуваше мовчето, ги пренесуваше своите осумнаесет години на спротивниот кеј и ја бркаше со возбуда на ученичка од први клас распеаната птичка на своето срце кон градскиот парк. Таму, на клупата над која брезите ронеа срамежлив шумол,шест вечери по ред ја чекаше тој – ГОРАННАКАЦАРЦИ.
          Исписка ли тогаш змијулчето со неброј крлушки мраз по мевот, змијулејќи се низ едното од двете џбунчиња малини или јаготки:       
                                                                                                                                                              

               РАН                                                    АЛ
             О             Н                 ЦАР               Т        ПОДКА                                   
      Г                           А      КА          ЦИВЛЕ                           МИОН                                          
                                                                                                                                                                                                                                       
        Громот ги спржи сите осумнаесет крилца, ја скамени, ја бигороса песната во грлото на птичката во нејзиното срце, а скорна на замелушеност го зави во тул од глува тишина течењето на реката под мовчето.
        А после:
        Се сврте небото.
        Се превртоа дрвјата сосе крошните.
        Се сврте мовчето сосе девојките чии имиња ќе останат неважни и незапишани до крајот на приказнава.
                         Во овој расказ девојките ќе останат неупотребливи и како доказ дека змијулчето забуца две иглички отров во спокојот на Станка, а не ќе можат да се употребат како сведоци бидејќи ним не им беше важно каде ќе одзмијули змијулчето, ќе го изблува ли својот отров во раатот на некој од минувачите по мовчето или пак ќе се сокрие, бегајќи како преплашена белоушка во вечерната соната на рекичката.
        „ Чув, мори, предмалку чув од мама! Леле, трагедија црна!“, се собра другиот џбун малини или јаготки од сожалба.

Ќе продолжи...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2008 во 01:36
Quentin , nikako! podolzi... !!!!
taka li ke ne ostavis, bez tie ubavi napisani poezii?
treba grev da ti e!!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 117118119120121 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.