IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 110111112113>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2009 во 20:07
За Бисерчеголемо%20гушкање
Споредба меѓу љубовта на Александар и Клеофила и Аксијана и Пор
Најпознатиот војсководец во историјата на светот, АлександарМакедонски даде повод за илјада митови. За него се напишани над милиони зборови. Неговите поданици, војници и непријатели го сметале за потомок на боговите. Се родил на денот на трите победи на неговиот татко и затоа никој не можел да го победи. Се гордеел со своето племенито македонско потекло и воинствено воспитување и гордо ја ширел елинистичката култура. Бил храбар војсководец, крал и визионер, легенда. Неговата храброст, амбиција била толку прочуена  што илјада портрети и кипови се обидувале да го овековечат. Магнетизмот со кој зрачел, по неговата смрт  ги побудила  неговите непријатели да ги уништат, да ја избришат трагата која на него потсетувала.
Во монументалната пиеса “Александар Македонски”,  перото на Жан Расин пишува за античкиот свет, за љубовта кон жената гледана од возвишениот престол на мажот, кој рамо до рамо со своите војници и пријатели владеел со пола свет. Опишувајки ги призорите, звуците и  мирисите на Индија, која блеска  на пладневниот припек, опишува две љубовни драми. Пред наши очи сликовито оживува Александар, неговите сојузници и непријатели, неговите поданици и милосници. Како романтичен младич го подари  срцето на Клеофила,убавата владетелка и сестра на раџата од Таксил .Оваа  источната  убавица, со очи како лични насилници,  го зароби неговото срце, го натера од непријател да и стане љубовник, да му роди син. Во настојување да ја обезбеди слободата на својата земја, да го зачува престолот на својот брат , оваа млада убавица се покори на љубовта на најхрабриот маж. Со гордост тој и го призна својот пораз, дека пред нејзината убавина  заборава на војничкиот строј. Оваа млада жена со огнена жар го слушаше љубовниот порој на големиот владар, иако другите мислеа дека ги предаде нив и својата земја. Ги избегнувала вешто политичките и војните замки на Аксијана и Пор чија љубов не била ништо помала. Аксија, таа достојна за љубов жена, го презирала Таксил, а го храбрела Пор.  Поразена, развластена и решена да го прифати последното понижување- да настапи како воен трофеј во Александровата триумфална поворка, замина  доброволно во Поровите прегратки.  Го храбреше да се бори, да избере храбра смрт отколку срамен пораз. По смрта на Таксил, храбро се соочи со омразата на Клеофила, но не отстапи.  Остана достојна во својата љубов кон саканиот маж. Љубов која ја благослови ина која и се восхитуваше и Александар.
Овој голем човек, кој во својата шеснаеста година и само што се замомчил бил поставент за регент  и чувар  на кралскиот печат, а  во дваесетата, со мудрост на искусен државник ја зел во раце кралската власт и кој се соочил со завист, лута омраза и огромни опасности од сите страни, ја разбра љубовта. Во бојните походи не потклекнуваше пред никого, но потклекна  пред очите на убавината на Индија. Нивната љубов служеше за пример кој го следеа позните Клеопатра и Јулие Цезар.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2009 во 20:04
Па за почеток може ова
Оплакувањето на мртвиот јунак во поемите “Крвава кошула” и “Сердарот”
Најголемото мајсторско достигнување на секој поет е кога успесшно ќе навлезе во душевниот живот  и болката на своите херои и хароини. Прличев и Жинзифов, големите  македонски дејци го постигнаа токму тоа совршенство. Во своите грандиозни дела “Сердарот” и “Крвава кошула” ја опееја сликата на мајката тажачка и нејзиниот внатрешен трепет створен од смртта на синот единец.
Интересна е паралелата помеѓу Неда од поемата “Сердарот”  и мајката на Жинзифовата “Крвава кошула”  , две мајки во основа спротивни како ликови, а единствени во мајчината љубов и болка. Првата, Неда е мајка која во себе ја чувствува гордоста на слободољубивата личност, мајка што не може да ја задуши својата тага, но која влева дух на слободарство и несреќата ја соединува со страсната жед за слобода и борба за неа. Оваа мајка, хероина,  го воспитала својот син единец да биде народен заштитник, олицетворение на хероизам и добрина, јунаштво и чесност, прекален борец-сердар кој се подготвувал да ја одмазди смртта на татка си и невољите на својот народ. Неда, во овој сердар, пред чиј одар покажаа почит и неговите убијци, всадила   сила и моќ колку на десетмина, па и стомина други мажи- воини. Таа е горда и во  тажачката и пред душманите на нејзината прва и единствена рожба.
Втората, мајката од поемата на Жинзифов е обична реална мајка-робинка, која спротивно од Неда, го воспитувала своето чедо на покорност пред поробувачот, само и само да ја дочува својата глава. Го учела да се повие пред насилникот, да се  скрие пред налетот на бесот во име на најголемата драгоценост-животот. Но, на оваа мајка, чиј син  ги следел нејзините упаства, убеден дека ќе ја зачува најголемата драгоценост на семејниот живот и остана само сведоштвото и симболот на нанесеното зло. И остана крвавата кошула, тој крвен завет кој ја направи мајка тажачка која и со покорност  и робување не ја избегна судбината на поробениот и угнетениот.
Сугестивно и со перо на големи уметници, двајцата поети, преку ликовите на двете мајки ја опеваат несреќата што ги снаоѓала македонските мајки низ вековите. На широкот поетско платно го насликале тој живот, тие мајки. Мајки на страдања и болки. 

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2009 во 22:19
Ај и ова, на некој ќе му се најде
Осамениот Хамлет и неговата упорност да се одмазди

Човекот не е роден само да јаде и спие. Тој е разумно суштество кое мисли, сонува, се надева, ги остварува своите амбиции. Сонувањето и остварувањето на амбициите зависат од различни побуди: успех, богатство, одмазда.

Вилијам Шекспир преку ликот на Хамлет ни прикажа една трагична амбиција. Дволичноста, родоскрвението, братоубиството и неверството предизвикале акција за одмазда. Од млад образован човек сплетот на околностите од Хамлет напрвија одмазник. Пред него се испаваат  моменти и големи животни дилеми. Дознавајки за смртта на татко му и начинот на неговото убиство навлекува маска на лудак. Полека ја преде мрежата на одмаздата. Стравичната вистина дека чичко му го отрул  родениот брат и се оженил со братовата жена, само за да го добие престолот го претвора во друга личност. Зборувањето на лаги го ражестува гневот.  Иако гневен, Хамлет ја задржал присебноста и длабоко ги планира своите постапки. За да дојде до вистината најпрво организирал театарска престава . Преку театарската престава идентична со случките од дворот и  труењето на татко му  доаѓа до потврдување на своите сознанија. Следејки ги реакциите на чичко му открива поразително сознание за чичкото-поочим и мајката-стрина и нивната лицемерност. Станува претпазлив, ги предвидува сите нивни чекори. Мудро ги елиминира неприијателите, раскрстува со лажното пријателство. Најпрво со Полониј-советник и наслушувач, но и таткотна неговата сакана Офелија, а  потоа и со  неговите пријатели Розенкранц и Гилдертерн.  Го уништува писмото во која чичко му ја нарачува неговата смрт. Во двобојот го ранува Лаерт, синот на Полониј и иако ранет го прободува  убиецот на татко му. Го убива со отровниот меч кој му беше наменет нему. Мајка му избезумена од настаните го испива затруеното вино.  На крај, паѓа и самиот умира од нанесените рани со отруениот меч. Омразата го зема својот данок. Омразениот чичко-крал и кралицата мајка-стрина завршија онака како што им пресуди Хамлет. Одмаздата е извршена, честа е спасена, платена со живот.

Хамлет, тој осамен борец го положи својот живот во темелите на новото општество. На тие темели, идните генерации ќе може да градат општество без лажен морал. Осамениот Хамлет и неговата желба за одмазда раскрстија со лажните вредности.

 
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2009 во 22:16
Да се најде и оваголемаголема%20насмевка


Споредбата помеѓу ликот на Дон Кихот и Санчо Пансо

Човечкиот живот е чудна приказна. Во него нештата се одвиваат онака како се предодредени. Се редат лица, настани. Секојдневието, мечтите и фантазиите го трасираат текот. Различностите се вплеткуваат, дополнуваат.

 Во трагикомичниот роман Дон Кихот, напишан во севилскиот затвор како инспирација од сопствениот живот, полн со јуначки случки и катастрофални незгоди, Мигел Де Сервантес зборува за една таква вплетканост.  Низ животот на рицарот со тажно лице и неговиот весел слуга ги опишува спротиставеностите кои се дополнуваат. Главниот лик, благородникот од Ла Манча од читање многу рицарски романи сосем се изгубил и решил да стане рицар-скитник по име Дон Кихот. Човекот со висок раст, со слабо и издолжено тело, со испиено лице обиколено со побелена коса , со орловски поткршен нос и големи црни мустаќи застанува во одбрана на немоќните. Тргнува во авантури, во кои ги спасувал и им помагал на бедните, понижените, навредените. Доживувањата на навидум лудиот рицар-скитник и неговиот слуга Санчо Панса се пародија на рицаророманијата која ја зафатила средновековната Шпанија. Дејствието се одвива врз две спротивставени сфаќања: безумието на идеалистот- рицарот-скитник и трезвеното задоволство на реалистот-неговиот слуга и оружјеносец.

Нивните настојувања да докажат кој е во право и да ги негираат илузиите на другиот се видлива несусогласеност меѓу реалното и идеалното, меѓу фантазиите и реалниот живот. Случките од едната страна се прикажани како реалност,секојдневие,  а од другата како мечти, фантазија. Дон Кихот, средновековниот благородник се замислува себеси како силен и храбар рицар, облечен во блескава  опрема: штит, меч и копје, преубав коњ, поубав дури и од славниот Буќефал. Реалноста била друга. Блескавоста е Äрѓосана и стара опрема, дооден коњ по име Росинант на кој му се броеле ребрата. Само затоа што секој рицар имал своја љубена во чие име се борел, селанката во која бил заљубен на млади години ја трансформирал во принцеза по име Дулчинеја.  Во име на таа љубов, со желба за слава повикувал на двобој, се додворувал на млади убави дами. Се редат неговите бесмртни подвизи: борбите со ветерните мелници, тие лоши џинови, стада овци-цели војски, мешинки со вини-маѓепсани непријатели, ослободување на кралици и принцези-селанки и крчмарки. Со своите постапки предизвикувал смеа и револт. Во борбите му кршеле ребра, заби, носел модринки од несекојдневните акции. Кога не бил обземен од рицарските авантури, бил човек со здрав разум. Наспроти него,

Санчо Панса,пак бил слуга-оружјеносец, склон кон дрдорливост, безобразлук и озборување Тој ,бил остроумен селанец, шегобиец со многу здрав разум. За разлика од својот господар овој кус и дебел селанец, јавал на магаре и постојано бил безгрижен. Преставник на едноставниот народ, во својот речник користел изрази со кој ја искажувал вековната мудрост на својот народ. Наспроти извишените говори на неговиот господар зборувал приземно и практично. Својата мудрост ја искажувал преку многу поговорки и пословици. Неговата бистрина дошла до израз кога накратко бил назначен за губернатор на еден остров. Но и покрај својата цврстина под влијание на својот господар и неговите фантазии накратко почнал да верува дека ќе стане гроф.  Иако неук, со неговиот бистар ум умеел  со многу мудрости да го советува својот господар. Стоејки цврсто на земјата со двете нозе, успеал да го промени  својот господар, да му расчисти одредени заблуди. Дон Кихот своите заблуди ги искажал пред смртта, кога му се извинил на својот Санчо Панса за сите незгоди во кои го вовлекол.

Сервантесразличностите на овие двајца протагонисти успеал да ги спои во една личност, да го  покаже ликот на новиот човек. Човек на кој во преден план му се возвишените идеали за еднаквост меѓу луѓето, почитување на човечкото достоинство, напредокот на цивилизацијата. 

Изменето од mamamd - 16.Март.2009 во 22:16
Кон врв
Перун Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2005
Локација: МК
Статус: Офлајн
Поени: 1141
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Перун Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2009 во 20:08
ги гледам семинарскиве и ве советувам да го користите конверторов: http://www.idividi.com.mk/extras/konvertor/index.asp

Сите текстови од квази кирилица, ќе бидат баш кирилични и чисти од форматирање (линкови, болд, фонт итн.)
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2009 во 15:11
Ова само како идеја ..за самостојно составување состав... големо%20гушкање

Ликот на Велика

Како сто троскотната трева пиреј е истрајна, неунистива и издрзлива, така е истрајна, издрзлива и неунистива македонската зена.Пирејот е троскот кој колку сакас мозес да го кубис, корнес, но немозес да го униситшс Тој цим ја допре земјата пак се фака, озивува, потерува. Нисто не ја нисти тааа трева.

          Во романонот Пиреј, Петре М. Андреевски македонската зена ја споредил токму со пирејот. Оваа зена не се нисти, не се истребува. Таа после сите страданја И маки повторно озивува, потерува, рагја. Таа е мајка која како Велика истрајува пред силите сто сакаат да ја искорнат розбата сто таа ја рага, мува, се гижИ за неа, ја сака. Судбината на оваа жена е лична, семејна но И колективна.Велика, селска девојка со голема морална чистота, патријархално воспитана, сериозна И работлива, издржлива личност која не умее или несака своите емоциии да ги разоткрие, да ги покаже пред другите.Како и секоја девојка од тоа време ја крие својата заљубеност и се мажи со стројници. Се заљубува во убавиот и стоен Јон, се мажи за него и како млада родилка го испраќа на фронт. Останува со своите пет дечиња сама, без заштита. Како типична македонска мајка се грижи за нив, се справува со сите маки ипроблеми. Го носи товарот на плеки го живее македонското воено секојдневие. Ја живее стварноста на туѓата војна на македонското тло. Се мачи, страда но не офка не се жали. Можеби затоа животот ја казнува. И умираат сите пет деца. Ги закопува во со крв натопена земја. Едно сабајле, едно навечер. Болката по умрената рожба И ја кине утробата, ја исполнува со неизмерна болка, тага. Маченичките доживувања ги живее во исчекување на мажот. Се надева дека барем тој ќе се врати жив, ќе ја утешИ, ќе ја сподели болката со неа. Но од фронтот се враќа пијаница, човек кој ја тепа И понижува пред сите. Човек кој се измачува од доживувањата во туѓата војна. Човек кој се јади заради страдањата што ги видел. Бесот на немоќта го истура врз Велика. Нејзината болка се наталожува, зголемува. Умира И тој кој толку долго го чекаше да се врати.

          И на крајот на тунелот бликнува светлината на иднината. Во нејзината утроба расте посмртчето на Јон. Го раѓа своето шесто дете Роден. Јар аѓа својат а светла перспектива во сета мачна И темна трагика на животот. Оваа издржлива, неуништива жена со издржливо срце ја доживува повторната среќа. Жената со длабоки мајчински чувства, трагичн пресврти во личната и семејната среќа, како пирејот пак се фаќа, потерува, оживуваа. Станува неуништива. Смогнува сили, го совладува очајот, ја разбира смислата на опстојувањето, ја разбира иднината. Тргнува во живот, во нова иднина заедно со својот Роден,

Изменето од Перун - 16.Март.2009 во 20:19
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (3) Благодарам(3)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2009 во 16:27
Пиши нешо како: ``Светот и животот многу денес се разликува многу од она што беше пред неколку години. Технологијата, науката, медицината од ден на ден напредува со цел да му овозможи на човекот подобар живот и побрз пристап до најпотребните работи. Ако во минатото основен алат за работа беше каменот денес таа работа се извршува со најсовремени машини. Ако во минатото ни беше потребно од еден во друг близок град да стигнеме за 3 саати денес за 3 саати може да отиднеме во друга држава . Условите за живеење денес се многу подобри за разлика во минатото. Имаме поголем избор на најразновидни нешта ( тоа у бизнисот се вика асортиман ) Во минатото денес имало и многу неизлечливи болести. Денес скоро секоја болест може да се излечи само со еден единствен лек благодарејќи на години и години истражувања на научниците. Ако во минатото автомобилот беше луксуз денес него може да си го дозволи скоро секој Човековата љубопитност кон она непознатото замина до таму што луѓето успеа дури и да заминат на Месечината и да сфатат многу повеќе за она што им било до тогаш НЕПОЗНАТО.
И погледот на живот е многу изменет. Денес за разлика од робовладетелското општество немаме робови кои се малтретирани и им се укинати човековите права. Денес сите луѓе мора да ги почитуваат човековите права. Како што се менува времето се менува и државното уредување. Живеевме во капиталистичко општество, сега сме демократија а во иднина....Којзнае, најверојатно безредие - АНАРХИЈА ``
Ти сега изврти го малку ова додај нешто, зш толку од мојата инспирација....
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2009 во 09:56
Obredni pesni
 Ne mozejki da gi objasni pojavite vo prirodata  covekot nivnoto postoenje go vrzuval so voljata na natprirodnite sili. Vo svojata glava sozdal pretstavi za postoenje mnogu bogovi od cija blagonaklonost zavisela negovata srekja i zdravje, plodot od rabotata, napredokot vo stocarenjeto, uspehot vo lovot. Za da ja dobie naklonosta, da gi smilostinji covekot pocnal da vrshi obredi, veruvajki vo magicnata mokj na penite, zborovite.
So prifakjanjeto na hristijanstvoto i veruvanjeto vo isus hristos ovie obicai ne prekjinale. Na niv se dodale novi. Tuka ubavo e da si prispomnime za obredite koi se vrshele na Gjurgjovden, Veligden, Vodici, Bozikj, Kolede.
Koledarskite pesni spagjaat vo grupata obredni pesni odnosno pesni koi se posveteni na Bozikj. Niv gi ispolnuvaat decata ili mladi momcinja. Sobrani vo mali grupi shetaat niz seloto, maaloto i na domakjinite im izrazuvale zelbi za zdravje i srekja vo zivotot, uspeh vo rabotata i dr. Za upatenite zelbi od domakjinite se nagraduvani so pari, ovoshje, bonboni, slatki, koledarcjinja, odnosno zavisno od imotnata sostojba na domakjinot. 
Koledarite radosnata vest za pristignuvanje na praznikot i rozdenstvoto hristovo ja soopshtuvale so razni pesni megju koi i
Koledica, medenica,
i po nea Vasilica,
ednash mi e vo godinata,
kako cvekje vo gradina,
Kolede babo Kolede,
daj mi babo, kolace!
******
Aj stanete, domakjinkji,
teshki porti otvorete,
Dobri gosti vi nadoshle,
dobri gosti koledari,
shto vi nosat doba aber..
Bog se rodi vo peshtera...
 Docule ovcarite,
gi sobleklje gunjite,
pokrile slamata

**********
 Deneska mnogu popularni pesn se i onie koi se so shegobijna sodrzina, koi na go navestuvaat praznikot,
kolede lede
padnalo grede,
utepalo dete
dede se maci, baba go kvaci
za cetiri jajca
shatkini guskini
******
Vo mnogu kraishta na Makedonija se peat razlicni pesni.
ajde da naucime i nekoi novi!големо%20гушкање

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2008 во 20:24
Данте Алигери и Франческо петрарка- Љубовта во нивните дела

Љубовта како мотив, воздишките за саканата жена, која е воздигната и недостапна, болката, тагата и страдањата од невозвратената љубов  се  инспирација за уметничко творештво кај многу уметници низ вековите.   

         Судбинскиот  ден во    живот на францеско Петрарка бил  денот  кога  прв пат ја здогледал  убавата Лаура. Тоа се случило на Велики петок  кога ја видел во црквата  Св.Клара и смртно се заљубил во таа  плавокоса убавица, Тој безнадежно се вљубил во неа иако била мажена за грофот  Хугот и имала  11 деца. Овој сеизмички емотивен настан доведе до излив на стихови кои траеја многу години. Лириката за Лаура создаде долго патување во себе - испитување во невидени рамки, речиси психолошка автобиографија во стихови. Иако не  му ја возвраќала љубовта  и останал  верен и после  смртта била муза на   неговото поетско творештво и ја  воздигнувал  до симболот на славата, Во нејзина  чест  напишал голем број песни со  трајна  убавина  , Додека  Данте својата Беатриче ја воздигнувал до свемирот  ,Петрарка го носел свемирот во Лаура и така од нејзе и себе створил свој свет. Неговата  љубов не е боженствена  туку вечна препрека  за која   тој е  свестен,па против нејзе секогаш се  бори,за да за час повторно и се  препушти, Лаура како симбол често се поистоветува  со ловорот,а љубовната страст  со желбата  за слава. За разлика од него Данте бил   заљубен во Фирентинката  Беатриче Портинари, така речи цел живот. Прв пат  ја видел  како 9-годишник и  после десетина   години повторно се  заљубува во нејзе. По смртта на  Беатриче телесната  љубов спрема неа  преминува во  духовна во  неговата ''Боженствена комедија''. Колку неговата љубов конБеатриче е голема зборува и тоа што тој  нејзе  ја сместува во рајот, во последната свера наречена Емпириј односно почеток на сите почетоци, таму каде што бил Божјиот престол, каде до него седела Богородица,а пред нозете на Богородица,Беатриче. како симбол на чисто суштество кое  моќ да го поведе низ деветте кругови на рајот,каде што според заслугите се наоѓаат распоредени душите.Кај Данте наидуваме на три различни нивоа на љубов: најниското:  телесната, земската љубов, високото, духовната: љубовта спрема мртвата Беатриче  највисокото ниво, љубовта спрема сопствениот дух.

Љубовта како мотив, воздишките за саканата жена, која е воздигната и недостапна, болката, тагата и страдањата од невозвратената љубов  кои беа  инспирација кај  Алигери и  Петрарка во нивната поезија  кои ја достигнаа светската слава, станаа вечна инспирација кај многу нивни следбеници.



Изменето од Перун - 16.Март.2009 во 20:17
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2008 во 20:19
Кирил Пејчиновиќ

Патот на ослободување од заостанатоста и стапување во редот на културните народи е непрооден и тежок.  Трасирањето на патот  на писменоста е од во трње. Само желбата и потребата за запишување на животописите на своите чеда и нивното оставање за идните поколенија  го прави издржлив одот низ трње.  Токму таков е одот низ историјата на македонскиот народ. Живеејки во темницата на неписменоста опстанал благодарение на своите чеда желни за зачувување на верскиот  и националниот идентитет. Таков од низ трње имал и Кирил Пејчиновиќ, еден од претставниците на верските просветители од 19 век.

Роден е во 1771 година во село Теарце , Тетовско И зад себе ставил многу малку биогравски податоци. За него дознаваме од Епитафот на неговата надгробна плоча што самиот го напишал. Потекнувал од побожно  семејство. Татко му и  чичко му, заедно со него  го продале својот имот и заминале на Света Гора каде се закалугериле. Тие останале да живеат таму, а Кирил се вратил во Скопскиот  Марков манастир. Како старешина на манастирот се зафатил со негово обновување и собирање стари ракописи, како и збогатување на манастирската библиотека. Почнал да бележи записи со позначајни настани на маргините на црковните книги, сакајки да остави трага за себе и своето време. Во овој манастир живеел 20 години. Тука отворил манастирско училиште и се посветил на просветување на населението. Во овој период  ја напишал и својата прва книга “Огледало” која била отпечатена во 1816 година во Будим. Ова  книга била требник-прирачна книга за свештениците, која ја користеле за вршење црковни обреди. Содржи неколку молитви, прозни текстови за разни обреди и една голема проповед “Слово за празниците”. Молитвите и обредите се напишани на црковнословенски јазик, а Словото на народен тетовски говор. Ова негово дело доживеало голем успех и го имал секој свештеник во Македонија. Во него излегувајки од традиционалните рамки поуките за селаните ги земал од секојдневниот живот. Го анализирал животот на селаните и го критикувал она што било надвор од христијанските норми, поучувајки како да се поправи она што не чини.  Ги потсетувал селаните на нивните христијански должности и ги советувал како да ги празнуваат големите празници Водици, Прочка, Велигден. Во Словото ја критикува и неукоста на поповите кои наместо духовни водачи станувале ограбувачи и со своите постапки  го оддалечувале народот од црквата и верата и наликувале на турските бегови и аги. За него јакнењето на верата било јакнење и на националноста, а со тоа и заштита од претопување и потурчување. Иако бил полуучен калуѓер кој не знаел да чита граѓанска кирилица и пишувал на тетовски говор со старословенски примеси и турцизми, во своите дела  им порачувал на луѓето да читаат и да го отфрлат суеверито.  Во 1818 година по добиениот благослов од татко му заминал во село Лешок  каде го обновил манастирот Св. Атанасие, ја уредил и збогатил библиотеката со стари ракописи и богослужбени книги и отворил манастирско училиште. Тука ги напишал делата “Житие кнеза Лазара”.  и“Утешение грешним”. “Утешение грешним” го  напишал во 1831 година, а го отпечатил во 1840 година, бидејки не можел  да најде пари за објавување. Бил принуден да ја даде својата заштеда за отварање на изгорената печатница на Теодосие Синаетски каде книгата била објавена со предговор од самиот Синаетски. Ова книга е продолжение на “Огледало”. Содржи неколку молитви и една долга беседа. И оваа книга на Пејчиновик поради големата потреба  била препишувана на рака.  Во 1835 година  десет години порано од денот на смртта, 24 март 1845 година,.го врежал Епитафот на сопствената надгробна плоча. Во него на македонски народен јазик напишал каде е роден, каде се школувал, што работел и каде сака да биде закопан.  Ова последно дело на Пејчиновиќ е напишано во стиховна форма.

Пејчиновиќ е верски просветител и моралист. Со својата литературна дејност на народен јазик прави преод од средновековната кон новата македонска литература. Тој има посебно место во оформувањето на македонскиот писмен јазик.

 

Изменето од Перун - 16.Март.2009 во 20:16
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2008 во 20:18
Јоаким Крчовски

Патот на ослободување од заостанатоста и стапување во редот на културните народи е непрооден и тежок.  Трасирањето на патот  на писменоста е од во трње. Само желбата и потребата за запишување на животописите на своите чеда и нивното оставање за идните поколенија  го прави издржлив одот низ трње.  Токму таков е одот низ историјата на македонскиот народ. Живеејки во темницата на неписменоста опстанал благодарение на своите чеда желни за зачувување на верскиот  и националниот идентитет. Таков од низ трње имал и Јоаким Крчовски.

Јоаким Крчовски се појавил на македонската сцена на преминот на 18 во 19 век. Неговиот животопис е некомплетен и не се знае каде се родил и каде умрел. Според народните преданија негови места на раѓање се Осломеј, Кичевско според кое се претпоставува дека и го добил презимето Крчовски или некое Кривопаланечко село. Биогравски податоци  не можат да се прочитаат ни во неговите дела. Во нив според редоследот на издавање може само да се прочита за неговиот напредок од “даскал до монах и од монах во јеромонах”. Тој е еден од првите учители во манастирските училишта во кои наставата се изведувала на народен јазик. Овој деец и просветител животот го посветил во пишување и печатење книги на маедонски народен јазик. Пишувал на кратовско-кривопаланечки говор со јазични примеси од западномакедонскиот и старословенскиот говор. Стилот на пишување му е раскажувачко-полемички. Речениците му се долги со вметнати зборови и изрази кои ја отежнуваат јасноста и разбирливоста. Користи и прашални реченици кои звучат како одговори.  Напишал 5 книги кои ги отпечатил во Будим ,центарот на културниот развој на многу народи од тоа време. Неговите дела се со верско поучување.

Првото дело на Крчовски е “Слово исказаное заради умирание”. Иако е анонимно ова дело според стилот и јазикот на кој е напишан му припаѓа нему. Второт дело “Повест ради страшного и втораго пришествија Христова” е излезено од печат во 1814 година. На насловната страна стои дека е “списана од хаџи Јоаким даскала”. Книгата има 46 страници и содржи две беседи: едната за Исус Христос, а другата за пророкот Даниел. Со оваа книга им порачува на “некнижните” и “простејши” луѓе да се придржуваат кон Христовото учење бидејки Исус пак ќе дојде на земјата и ќе им суди за лошите дела. и третото дело “Митарства” е со верско морализаторски карактер. На 62 страници се на напишани апокрифни легенди за патувањето на човечката душа  по смртта. Таа на својот пат до рајот треба да помине 20 митници (царински станици).  Во 1817 година излегува од печат “Чудеса пресветија Богородици” а две години подоцна “Различни поучителни наставленија”.  Последното дело на Крчовски е најголемо. Тоа е зборник од 310 страници. Во него со текстови од “Евангелието” и “Стариот завет” ги подучува луѓето да живеат според христијанскиот морал. Ги набројува “грехови” на луѓето: пијанството, лакомисленоста, суеверието, грабежот и др.  Ги напаѓа богатите дека богатството го стекнале со труд на сиромасите. Им порачува на луѓето дека треба да читаат бидејки читањето е храна за душата, а книгата го подигнува умот. Во оваа книга, во “Словото заради завист” кое е преземено од Библијата  ја открива својата желба да поучува и воспитува за зависта како негативна особина. Зависта е извор на сите невољи како на небото меѓу ангелите, така и на земјата меѓу луѓето. Зависта била причината поради која братот убива брат и поради што на земјата почнало да се лее крв.

Просветителскиот дух на Крчовски воглавно бил насочен кон ширење на морални поуки.  Учејки го народот да ја сака верата, го научил да го сака и националното. Само со љубов кон христијанството опстанало и националното. Делата на Крчовски одиграле голема улога во тој долг пат на опстанок, пат полн со “прокљатија” и “всепоганија”.

Изменето од Перун - 16.Март.2009 во 20:16
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2008 во 20:16
Црноризец Храбар

Да се зборува за словенската средновековна литература  значи да се зборува за Црноризец Храбар. Псевдонимот на овој анонимен писател- Црноризец Храбар значи храбар калуѓер. За него се знае дека е автор на делото О писменех- За буквите. За него нема многу податоци, освен што се претпоставува дека живеел во десетиот век и дека зад овој псевдоним се крие името на Наум Охридски.

          Делото О писменах е пронајден во еден препис во Света Гора.   О писменах е трактат со јасен и жив стил,  со тема, појава и постоење  на словенската писменост. Идејата му е одбраната на словенската писменост од нападите на тријазичниците. Тие ја негирале и сакале да ја уништат.  Црноризец Храбар храбро ја докажува оправданоста на нејзината појава и постоење. О писменах  е напишан во вид на теоретска статија. Композициски е составена од два дела: историски и полемички дел. Во првиот дел, со историско-јазичен карактер се проследени развојните фази на појавата на првата словенска азбука. Во првата фаза  ни е претставен периодот кога Словените биле пагани, многубошци и се користеле со рецки и црти бидејки немале своја азбука. Словените се служеле со фигуративно писмо кое немало гласовна вредност, со кое ја изразувале потребата да се остави нешто важно, некој податок. Во втората фаза во развитокот на словенската писменост се совпаѓа со времето на нивното прексрување и откажувањето од многубоштвото, односно нивното примање на христијанската вера. Со примањето на новата вера тие биле принудени да учат грчко и римско писмо. Но писмото кое го учеле било туѓо  ин е било погодно затоа што ги немало словенските гласови: ч, ж, б, ѕ и други. Третата фаза од писменоста се софпаѓа со мисионерската дејност на Кирил и Методиј. Овие двајца апостоли на словенската писменост, за полесно да го спроведат покстувањето сватиле дека Словените мора да имаат свое писмо, азбука со која лесно ќе се служат. Црноризец Храбар тука го фали филозофот Константин- Кирил кој на Словените им приготвил азбука, глаголица со 38 букви од кои 24 биле по образец на грчката азбука, а 14  нови кои сам ги измислил според гласовниот систем на словенскиот јазик.

Во вториот дел од О писменах, Храбар полемизира со  прашања и одговори, со тези и доминантни антитези со тријазичниците. На сите нивни аргументи им наоѓал против аргументи. Тој со своето знаење докажал дека е многу образован Словен со голема ораторска дарба. Отворено ја покажувал омразата кон непријателите и ги омаловажувал Грците и ги исмевал дека за нивната азбука биле потребни 70 мажид а ја напишат. Отворено ја искажувал   својата голема љубов кон словенските народи  .  Верувал во надареноста и способноста на Словените. Истакнувал дека за создавање на словенската писменост биле потребни само двајца храбри мажи.
Во завршниот дел на трактот истакната е големата љубов на словенските писатели кон творците на словенската писменост браќата Кирил и Методиј и  општествено значење на нивното дело и нивната прогресивна идеја дека секој народ треба да има свое писмо и култура. Секој народ има право на своја самобитност.

Изменето од Перун - 16.Март.2009 во 20:14
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2008 во 20:11
Чичко Горио : Љубовта со пари не се купува

Љубовта лугето ги прави среќни или ги фрла во очај. Љубовта која е фабула на романот Чичко Горио ги прави луѓето слепи на постапките на своите сакани.

 Таа го прати обидот на  провинцијалецот Ежен де Растињак да се пробие во високо друштво на  Париз. Овој сиромашен племич  сонува за   успех, слава, пари и љубов, но е приморен  да живее во сиромаштво Во бедниот пансион на Вокер   се запознава со чичко Горио, трагичниот јунак, кого го убива претераната, страсна родителска љубав спрема своите две ќерки. Несреќниот татко чија несреќа станува се поголема колку што расте неговата љубов спрема чедата, неговите две ќерки. По смртта на нивната мајка тој едноставно ги разгалил и незабележувајки ги претворил во нечуствителни, себични и неблагодарни изроди. Поведен од општо прифатениот критериум дека парите се она волшебното стапче во кое е содржана полнотијата на живеењето. Тој уште во нивното детство им купува скапи подароци со тоа искажувајќи им ја својата љубов, но таа релација е ѓаволски круг. Огромната љубов кон двете ќерки го фрла во судир со моралот. Тој  не само што успеал богато да ги омажи, односно да ја направи едната бароница де Нисенжен, а другата, постарата, грофица де Ресто туку одејки им постојано по вољата  полека станал и нивни проводаџија кој им наоѓа љубовници.  Постојано на услуга во исполнувањето на нивните желби тој, инаку успешен производител на тестенини, конечно осиромашува. Тие пак го посетуваат таткото  само кога   од него треба да  добијат пари, срамејки се од него обичниот граѓанин,  бидејки тие се движат во аристократските кругови. Горио умира сам. Во последните мигови го  негувале  Растињак и студентот по  медицине Бјаншо, кои  и погребот му го платиле. На погребот на несреќниот старец не се појавила ни една ќерка.  Немајки веќе што да им понуди, станува наполно неинтересен за неговите убави и богати ќерки, кои се производ на неговиот родителски однос кон нив. Родителот и неговите ќерки се слика на моралниот пад и обезвреднување на семејната врска. Некогашниот господин Горио натрупува богатство и создава положба на своите  ќерќите , кои се однесуваат со него како со "лимон, кој " откато бил исцеден до капка... го фрлаат  .Само парите ли са причина за тоа? Опшеството? Трагичната заблуда на стариот милионер? Несовршенството на човешката душа, која не ја познава благодарноста? Можеме да судиме од секој агол  и секој одговор ќе носи дел од вистината.

Тажна е  приказната за   пожртвованиот татко на   себичните и неблагодарни ќерки, Уште потажна е сликата на младиот скороевич Растињак, кој ги истражува патиштата кои   водат во   високото друштво, откривајки ги парите како основна движечка сила.  Најтажно е што и двајцата на крај разбираат дека љубовта со пари не се купува.

Изменето од Перун - 16.Март.2009 во 20:13
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (2) Благодарам(2)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2008 во 20:03
Михаил Шолохов

Хуманата човекова димензија во ликот на Андреј Соколов


Човечката хумана димензија ги досега небесите. Човекот хуманист не бира субјекти, ни време тука спонтано човечки се појавува, заживува во ситуации кога и најмалку се очекува. Судбината човекова предодредува кога тој ќе биде зол, лош, нечовек или пак хуман, човечен.

Развивајќи некои мотиви од воената репортажа Михаил Шолохов  пишува за   човечка судбина на Андреј Соколов  која  прерасна во стологија на моралната силина на рускиот народ на ниво на поединечна судбина но и како осуда на војната воопшто. Ни опиша виор на војна  во која човекот војник е измачуван и физички и психички, изложен на насилство чии методи се тешко прифатливи за една разумна свест. Ни го формира своевидниот микрокосмос на семејството Соколови преку Андреј и Иринка, за преку нив да ни ја претстави општочовечката димензија на душевни страдања.Свесен дека моралното истрајување единствено може да се практицира преку добрина и љубов, Соколов силно ќе се потпира на христојанството, наоѓајќи во него и смисла и средство за опстанок.Тој тафтолошки ќе го резонира животот,т.е. ќе го живее низ   постојано менување на падови и кревања поточно победи и порази.Ја шири таа микрокосмичка димензија во констатацијата дека ние не сме единствени страдалници на веков што значи не е само рускиот народ анатемисан од војни и страдања ами пошироко во светот. Така доаѓаме до една  многу важна карактеристика,тоа е таканаречената материјална метафизика која подразбира максимална универзализација на слики за животот во трагично видување каде мерилото на вредноста не е во доменот т.е. целта на социјалните борби туку во концепцијата на складот меѓу човечките животи и животот на природата...Прикажана е истрајноста на човекот во најтешкиот момент од неговиот живот,,кога на крајот сепак наоѓа зрак светлина во својата несреќа која му дава причина и сила да продолжи напред не осврнувајќи се назад..Воедно е дадена и една реалистична слика за човекот,,кому војната му одзела се,,но на крајот животот му дава подарок,,сопатник кој ќе му ја врати надежта и желбата за подобро утре.Во тие судбински мигови на својата внатрешна драма, најчесто невидлива однадвор, главниот лик Соколов доаѓа до некоја од крајните точки на својата егзистенција и, стасувајќи до неа, го опфаќа во еден миг целото свое битие, сиот свој дотогашен живот, во едно крајно чувство, во некоја судбинска нишка. Токму тука се крие човековата драма, конфликтите кои произлегуваат од одредените ситуации што се најчесто лоцирани надвор од човекот; во самиот човек.Наоѓајки  свој сосудбеник во детето на кого војната му ги одзема родителите Соколов се одлучува на “хумана” лага. Преставувајки се како татко, ја сплотува својата судбина со судбината на дететето сираче. Тука се покажува човекот хуманист.

‘Судбината на човекот’ е едно од најсилните дела на Шолохов бидејки тој во лицето на еден обичен човек од народот ја дава моралната големина на подвигот на целиот народ.Човекот доага до дното на сопствената трагедија , останува сам на светот , ги губи своите најблиски , удиран е од судбината која му ја наметнува завојувачот но морално истрајува , во омразата и во болката наога сили за натамошна добрина, хуманост и натамошна љубов.

Изменето од Перун - 16.Март.2009 во 20:11
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 110111112113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,223 секунди.