|
Македонскиот јазик и македонската азбука |
Внеси реплика | страница <1 110111112113114 146> |
Автор | |||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Затоа кирилското писмо го ставив во наводници. Јас нереков дека тие букви се кирилски, само алудирав дека истите можат да се протолкуваат со букви кои многу векови подоцна нам ќе ни бидат познати како кирилски. Дали изгребаниот камен запис е бројката 6 или буквата б, да оставиме на некои поремномирани научници да го протолкуваат тоа. Едно знам, сите опции по прашање на прифатените историските толкувања се ставени на маса и мора да бидат предмет на понатамошна разработка, па ако сакаш и ревизија. Со сигурност може да се тврди дека кирилската азбука не е бугарска, словенската писменоста која тргнала од Балканот не е бугарска, а и јазизкот на кој се ширела таа писменост не бил бугарски. Светите браќа Кирил и Методиј небиле ангажирани од никаков бугарски двор да ја шират писменоста. Во тоа време бугарскиот двор и елита им припаѓа на едно азиско племе кое нема никаква врска ниту со писменоста, ниту со словенството. Ако има некоја историска тежина, тоа е институционализираната поткрепа на тогашната бугарска држава, која ги праќа Климент и Наум да го продолжат делото на своите учители, понатаму да ја шират словенската писменост. Не бугарската, туку словенската писменост. Констатацијат дека словенската писменост во основа е македонска е изведена, од причина што светите браќа ги користеле наречјата на луѓето кои живееле во нивната околина. Тоа небиле Бугарите. Се што нам денеска ни се презентира од нашиот источен сосед е толкување и интерпретација и обид да се сложат коцките според потребите на новите критериуми и дефиниции, односно да се прилагодат историските настани на денешните сваќања за поимот нација и националност. Во еден од твоите предходни постови и самиот рече дека тоа е класичен пример за бугарска романтичарска пропаганда. Ако зборуваме по однос на јазикот и го делиме истиот на македонски и бугарски, онака како што го разбираме денес тогаш за таква дистинкција ќе може да разговараме само од 19 век па наваму. Колку одиме подалеку во минатото, тие разлики меѓу луѓето кои го користеле овај јазик би биле се помали или воопшто непостоеле. Но, колку подлабоко се навлегува во минатото тогаш јасно ќе се види дека двата јазика, македонскиот или словенскиот јазик и бугарскиот, биле сосема два различни јазика. Оние кои ги користеле тие два јазика неможеле меѓу себе да се разберат. Ако држиме до словенската теорија тогаш разликите во говорот меѓу луѓето што денес ги знаеме како словенски народи, Срби, Македонци, Словенобугари.....биле минимални. Јас отворено се прашувам дали институционализацијата и стекнувањето на државноста се основните критериуми за постоењето на еден јазик, култура и народ? Да незаборавиме дека државноста се стекнува по основ на одредени политчки околности, а истите имаат силно влијание и врз формирањето на националната свест и самосознание кај нејзиното население. Најголемиот проблем во оваа балканска консталација е тоа што еден народ покасно ја стекнува својата државност, а тоа е основниот критериум по кој некој ќе ја води негаторската политика. Но, тоа незначи дека тој народ непостоел, едноставно нема интерес да се прифати. Самиот факт дека сите негатори се и самите креирани, било како држави или посебни нации ради нечии интереси, е тема за која несмее да се зборува од причина што вистината ќе биде многу болна. Изменето од Platenik - 21.Февруари.2010 во 11:13 |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ќе се потрудам, но не ветувам дека ќе успеам. Сепак, можеше само да поставиш линк до житието, наместо да го поставуваш овде, така секој кој сака, ќе го прочита. |
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Толку е моќен гоогле , јас немам намера да го преведувам целото поради , според мене , глупите правила на овој форум . Јас би бил благодарен , на Вас , или на било кој од администраторите кога “ Житието на Методија “ би ми го дал на форумов на литературен македонски јазик , или пак на ДИЈАЛЕКТ ( источно македонски со бугарско влијание ) од истото . Изменето од eptendosadno - 21.Февруари.2010 во 01:06 |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ептендосадно, да не се опоменуваме за јазикот, оставај линк, кој сака нека чита!
Изменето од Македон - 20.Февруари.2010 во 23:38 |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Воопшто ништо не мешам. Ти можеби и би бил во право ако говориш за некои минати времиња, кога според некои тоа и претсавувало еден јазик, но истиот се распаднал, сосема се изгубила нишката која ги поврзувала. Тој општ јазик веќе не постои, а не постоел и со самата стандардизација на бугарскиот јазик, со што многу нешта се измениле. Со започнување на развитокот на македонскиот јазик и обидите за стандардизација на македонскиот јазик, творењето на македонските автори на народниот јазик, пред се Мисирков и другите автори, како што е Кочо Рацин, Ристо Крле и други, веќе не може да говориме за некакво постоење на општ јазик, колку и да сакаш. За денешно време и да не говорам. |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Чоли, не говориме за тоа дали бил член или не бил, тоа воопшто не е спорно, говориме за тоа дали "Речникот на три јазици" е напишан по престојот во Бугарија или пред тоа, воопшто никој не спори за тоа кое ти го говориш, што и не е нешто кое алудира на промена на национална свест или нешто слично. |
|||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Зар не гледаш кирилица? Па пробаj од десно, од лево, ако не можеш одгоре, после огледално...од секаде си е македонско писмо. ептендосадно, ме разочара навистина... Мислам даже тоа е скопска табличка: СК(06) З. Изменето од lav4eto - 20.Февруари.2010 во 21:19 |
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па ете, пробај со житието на Методиј. |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не сакам да бидам груб , но ги знам тие научни читања , па и на такви “ научници “ кои би прочитале и гребење на маче по ѕид . Него , која од горните “ букви “ е кирилицата ? Да не е случајно бројката “ 6 “ ? Изменето од eptendosadno - 20.Февруари.2010 во 23:10 |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Напротив, има историски толкувања кои тврдата дека словенската писменост баш тргнала од Македонија, Сепак би Ве замолил да ми дадете историски извор и да ми дозволите ТОЛКУВАЊЕТО да биде мое . |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
eptendosadno
Сениор Регистриран: 07.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 1185 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Како на пример житието на ... ? |
|||
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
|
|||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не треба понизно да молиш, треба само да ги прочиташ житијата |
|||
Zero Tolerance For Silence
|
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Дај да го лоцираме периодот, територијата и времето кога кирилицата ја заменува глаголицата! Да не се алудира на тоа што Климент доаѓа од Бугарија во Охрид и тоа во времето пред Самоил? Тогаш како ќе го објаснивме “кирилското“ писмо најдено на камени записи кои датираат 5000 години?! На пример како овај: Читано од десно на лево СЛ С БО СМ или на современ македонски јазик САЛ СО БОГА СУМ Несамо што буквите се кирилски, туку и значението на зборовите ни е многу познато. Изменето од Platenik - 20.Февруари.2010 во 16:41 |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Можам да се сложам дека кирилската азбуката е дериват на некоја си друга азбука, ама никако неможам да се сложам дека писменоста не тргнала од просторот на пошироката територија на Македонија. За глаголицата исто така. Напротив, има историски толкувања кои тврдата дека словенската писменост баш тргнала од Македонија, а базирана е на македонските наречја. Што е уште побитно, тие толкувања не се плод на македонската историографија туку на историчари и лингвисти кои не се Македонци, а притоа небиле поведени од некои роматичарски идеи или пансловенски идеал. Азбуката била само инструмент која помогнала писменоста да се шири таму каде што непостоела. Како што напоменав, дали таа била изворна или некоја модифицирана од веќе постоечките тоа неправи никаква разлика. |
|||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||
Внеси реплика | страница <1 110111112113114 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |