|
Салати |
Внеси реплика | страница <1 910111213 26> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Млечна салата
Состојки
Компирот се вари и ситно се сецка. Се сецкаат и саламата и краставицата на поситни парченца. Сирењето се дроби со вилушка, а потоа се миксира со павлаката и киселото млеко. Количината на киселото млека сами ќе ја одредите во зависност дали сакате посува или поводеста салата затоа и не наведов колкава чаша. Изматената смеса се истура во сецканите компир, краставица и шунка и убаво се меша. Сол може да се додаде по вкус и тоа е во зависност од соленоста на сирењето. Салатата е доста вкусна и излегува поголема количина затоа е погодна за родендени, слави и др забави. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Освежителна салата
Потребни состојки 100 грама Шунка 100 грама Сирење 400 грама Макарони 100 грама Мајонез 400 грама Кисели краставички 200 грама Кисела павлака 100 милилитри Јогурт 4 Јајца/це Макароните сварете ги во малку насолена вода. Исцедете ги и веднаш измијте со ладна вода. Оставете ги во цедалка. Јајцата излупете ги, ситно исечкајте ги и шунката и сирењето. Во длабок сад ставете ги макароните , додајте им ги јајцата, шунката и сирењето. Киселите краставички ситно исечкајте ги, малку истискајте ги со раце и додајте во садот. Посебно измешајте ги состојките за преливот, полијте ја салатата, измешајте и оставете во фрижидер до служење. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Салата од компири и карфиолПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Салата од компири и карфиол ПОДГОТОВКА:
Компирот се вари заедно со лушпа, потоа се лупи и се сече на резанки, исто така се сечат јајцата и сирењето (може и во коцки).
Сварениот карфиол се дели на цветови. Сето тоа се става во чинија, се посипува со јатките од ореви, па се прелива со мајонез во кој има додадено масло, оцет, сол и црн пипер. На крајот се посипува со ливчињата магдонос. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Салата од зелена боранијаПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Салата од зелена боранија ПОДГОТОВКА:
Боранијата се сече на поситни парчиња, се обарува во
солена вода, и потоа се цеди. Се додава сечканиот кромид, па се
посолува, и се прелива со оцет.
Боранијата и доматите исечени на тркалца, се редат наизменично, во сад за служење, а секој ред посипете го со ситно сечкан магдонос. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Компир салата со павлакаПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Компир салатата со павлака е ладно предјадење кое е лесно за правење а убав додаток во главниот ручек. ПОДГОТОВКА:
Ги вариме компирите. Откако ќе се сварат ги сечкаме на коцки. Ги ставаме во подлабок сад.
Зачинуваме со сол, зачин (вегета) и со црн пипер. Додаваме исечкан магдонос и босилек и на крајот ја додаваме и киселата павлака. Убаво промешуваме. Лимонот го сечеме на 2 дела. Од едниот дел ја рендаме кората. Ја додаваме и изренданата кора од лимон. Повторно промешуваме. Компир-салатата ја сервираме на чинија декорирана со три листа зелена салата. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Салата "мимоза"ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Салата "мимоза" ПОДГОТОВКА:
Варениот компир го сечеме на тркалца, кои потоа ги редиме во чинија.
Зелената салата ситно ја сечкаме, па ја редиме врз компирот, а истото го правиме и со кромидот, пред да го наредиме врз зелената салата, На крајот ги сечкаме 'рдоквите на коцки и ги ставаме најодозгора. Зачинуваме со сол, црн пипер, оцет и со масло. На крајот вареното јајце го рендаме врз салатата. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Росоље салата со цвеклоПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:
Цвеклото има многу ниска калоричност и содржи само
минимална количина масти. Неговата хранливост се должи особено на
растителните влакна, витамините, минералите и уникатните растителни
антиоксиданси. Цвеклото исто така е богат избор на Б3, витамин Б6 и
каротеноиди и минерали, како што се железото, манганот и магнезиумот. ПОДГОТОВКА:*НАПОМЕНА Компирите сварени и изладени Цвеклото сварено и изладено Корнишоните исецкани Јаболките излупени и исецкани Јајцата да се тврдо сварени Исечкајте ги состојките за салатата на коцки од 1.5 сантиметри и ставете ги заедно во садот за матење. Во друг сад за матење измешајте ги киселата павлака, сенфот, оцетот, шеќерот, солта и биберот. Измешајте го блендираниот прелив со измешаната салата и сервирајте ја свежа или ставете ја во фрижидер, да отстои една вечер пред да ја конзумирате. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Салата од тестенини и печуркиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Печурките се секогаш одлични за подготвување на салати, а овој рецепт каде што е во комбинација со интегрални тестенини, нема никаков исклучок. ПОДГОТОВКА:Во поголем сад измешајте ги маслиновото масло, лимоновиот сок, босилокот, солта и пиперот.Печурките исецкајте ги на тенки плочки и додадете ги на преливот, па добро измешајте. Садот покријте го со проѕирна фолија и оставете ја на ладно место барем 1 саат. Тестенините варете ги во посолена вода. Зачинете ги со малку сол и варете ги на тивок оган 10 минути, или додека не омекнат. Потоа измијте ги тестенините под ладна вода и добро изцедете ги. Тестенините ставете ги во маринираните печурки и прелив од лимон и добро измешајте. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кинеска салатаПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Кинеска салата. ПОДГОТОВКА:
Јајцата се варат, потоа ситно се сечкаат, се мешаат
со обарениот грашок, маслото, пирето од домати, сенф, ситно сечкан
кромид, сол, црн пипер и малку рендано морско оревче.
На крајот ги додаваме шпагетите, кои предходно се сварени. На крајот се добро се меша и се послужува. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пролетна салата со грав ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:малку Мешан зачин 100 милилитри Маслиново масло малку Магдонос 3 чешниња Лук 500 грама Зелена салата 500 грама Домат малку Дафинка 200 грама Грав 50 милилитри Вода малку Босилок 15 милилитри Оцет Време за подготовка: 20 мин. ПОДГОТОВКА: Исчистете ја зелената салата, измијте и иситнете по ваша желба. Сварениот и изладен грав убаво исцедете го, помешајте со салатата и доматите сечени на коцки. Сите состојќи за преливот помешајте ги и оставете да стојат 5 минути. Сè добро промешајте и полијте ја салатата. на салатата можете да и додадете и коцкички препечен леб. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Валдорф салата 100 грама Целер 90 грама Ореви 150 грама Мајонез 1 парче/чиња Лимон 500 грама Јаболки Време за подготовка: 10 мин. ПОДГОТОВКА: Јаболките излупете ги и исечете ги на коцки. Целерот исечето го исто така на коцки, а оревите исецкајте ги на крупни парченца. Сите состојки соединете ги, поврзете ги со мајонез и украсете ги со першун. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Салата од печен лук * 1 Главица лук* 400 грама Кисело млеко * 200 грама Мајонез * 100 милилитри Масло * 100 грама Сенф Го лупиме лукот. Ги ставаме во тава, попрскуваме со маслиново масло го печеме во предходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути . (или додека лукот омекне). Печениот лук заедно со сите состојки ки ставаме во блендер и ги миксаме. Салата од компири * 4 Јајца/це* 500 грама Домат * 100 грама Кисели краставички * 1000 грама Компир * 50 грама Мајонез * малку Магдонос * 15 милилитри Оцет * 30 грама Сенф * малку Сол Сварените и излупени компири се сечат на тркалца, краставичките, доматите и јајцата се сечат на коцки и се мешаат со компирите. Сенфот, мајонезот, оцетот и солта се мешаат и со тоа се прелива салатата. На крај се додава сечкан магдонос и уште еднаш се меша и се послужува. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Салата од црвена зелка и сирењеПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Зелката содржи природни состојќи кои дејствуваат како лекови против чиревите. Фактот дека зелката може да помогне во лекувањето на чирот, е утрврдено уште во 1950 - те години, во обидите на др. Гарет Чени, На медицинскиот факултет при Универзитетот во Стафорд. Тој докажал дека околу 1,1 литар свеж сок од зелка на еден ден, помага во ублажувањето на болките и ги лечи желудечните чиреви, како и чиревите на дванаестпалачното црево поуспешно и подобро од стандардните терапии. ПОДГОТОВКА:
Зелката исчистете ја на ситно и зачинете ја со сол, црн пипер, лук, масло и оцет.
Убаво измешајте и оставете да отстои половина час (во кутија) во фрижидер. Пред служење додајте изронето бело сирење и измешајте, па послужете. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зимска салатаПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
КРАТОК ТЕКСТ:Зимска салата ПОДГОТОВКА:
Цвеклото се лупи и се вари во посолена вода лена вода. Откако ќе се свари се да се олади а потоа се сече на коцкички.
Компирот се лупи и исто така се сечка на парчиња со големина на парчињата цвекло. Потоа се варат во подсолена вода, по што се отцеждат и се оставаат да се оладат. На крајот одозгора се додава сечканото цвекло. Цвеклото и компирот се мешаат со сварените зрна грав. Се заедно добро се, и за вкус се додава масло, оцет и сол. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 910111213 26> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |