![]() |
|
ОМО ИЛИНДЕН - ПИРИН |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 910111213 25> |
Автор | |
FILIP ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 370 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
хех, за тебе е само партија, но таа партија ПРЕМНОГУ ЗНАЧИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ТУКА А И ВО БУГАРИЈА !!!
|
|
Правдата е релативна работа, но ВИСТИНАТА е една
|
|
![]() |
|
Red`Black ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() Регистриран: 25.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 845 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Zошто се против бугарите тука
па тоа е само партија ./... |
|
![]() |
|
FILIP ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 370 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
хммм очекував вакво нешто...
|
|
Правдата е релативна работа, но ВИСТИНАТА е една
|
|
![]() |
|
moira ![]() Сениор ![]() ![]() ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Претставници на Софија и на Скопје наскоро во Стразбур треба да разговараат за случајот со нерегистрирањето на партијата на Македонците во Бугарија, а експерти велат дека политички пазарења не се исклучени На 14 јануари дипломатски претставници на Македонија и на Бугарија во Стразбур треба да одржат средба во обид да најдат решение за долгогодишниот проблем со регистрацијата на ОМО „Илинден“-ПИРИН, партијата на Македонците во Бугарија. Доколку дојде до средба во Стразбур, сметам дека таа ќе биде во таа насока. Не исклучувам можност од политички договор и за други прашања што ги обременуваат односите меѓу двете земји - вели дипломат што го следи досието за бугарско-македонските односи. Едно од таканаречените отворени прашања е и тоа за граѓанското здружение „Радко“, кое македонскиот Уставен суд го укинаа. И во овој случај е прекршена Конвенцијата за човекови права, односно правото на здружување. А токму поради тоа „Радко“ поведе спор пред Судот за човекови права. И сега ке бидеме пата-пата. Така ке излезе. Изменето од moira - 06.Јануари.2009 во 00:19 |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Тие веке се тужени и судот во Стразбур им наложи да платат казна на ОМО Илинден - еве се случува пак да прекршат пресуда од судот - ке видиме сега како ОМО Илинден ке реагира
![]() |
|
![]() |
|
Pacifist ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: Switzerland Статус: Офлајн Поени: 1618 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ajdeeeeeeeeeee, sega i so niv ke imame problemi...nemojte samo da gi tuzite ... |
|
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Судот во Софија сепак го отрфли и последното барање за регистрација на ОМО-Илинден Пирин, партијата на етничките Македонци во Бугарија Според судот, барањето е одбиено поради тоа што поднесените документи не ги задоволувале критериумите за регистрација на политичка партија. Одлуката за која денеска се информирани бугарските медиуми, се уште не е доставена до ОМО-Илинден Пирин. Во очекување на официјалното образложение партијата не сака да ја коментира одлуката на софискиот суд, кој упорно ги избегнува препораките на Судот за човекови права во Стразбур, кој на Бугарија и наложи покрај парична казна да ја регистрира партијата која беше укината пред 8 години. |
|
![]() |
|
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
pa sto moze da izjavi koga i toj samiot bese del od kabinetot na premierot koj go PRODADE MAKEDONSKIOT NAROD vo bugarija ................. znaete za koja budala stanuva zbor , neli ?
![]() |
|
![]() |
|
mileg ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Денеска истече законскиот рок во кој судот во Софија требаше да даде одговор на петтото барање за регистрација, иако во неформален разговор од овој суд на претставниците на ОМО-Илинден Пирин им било кажано да не се надеваат на одговор до крајот на новогодишните празници.
Софискиот суд пред еден месец не можеше да го одбие барањето бидејќи ОМО-Илинден Пирин ги исполнува сите критериуми. При последниот обид за регистрација, судиите ги убедуваа членовите на ОМО-Илинден Пирин да се регистрираат како невладина организација наместо како партија. Со ова продолжува стратегијата на Бугарија да не ја регистрира Македонската партија иако за тоа постојат и пресуди од Судот за човекови права во Стразбур. Бугарија брзо ќе го затвори прашањето за ОМО Илинден Пирин, смета премиерот Груевски, но таа одлука не зависи од политиката, туку од бугарските судови. Според неговите сознанија, кај политичарите во источниот сосед има желба да се затвори прашањето кое ги оптоваруваат односите Скопје-Софија, а кое го кочат само судските инстанци. Груевски не верува во навредливите тези на Станишев според кои партијата на Македонците намерно не сака да се регистрира за да го задржи вниманието на медиумите во Бугарија. „Тој е уверен, тоа е негово лично верување дека ако толку пати тие поднеле барање и толку пати не било комплетно со сите документи, дека можеби, тие не сакаат всушност да се регистрираат. Јас не верувам во тоа лично, но тоа е негово мислење и секој има право да си го каже својот став“, изјави премиерот Груевски. По предвидувањата на Станишев дека ОМО Илинден на избори би доживеала неуспех, опозициската СДСМ го обвини премиерот за двојни аршини кон Македонците во Грција и во Бугарија. Молкот пред Станишев е силен удар врз децениските напори на Македонците да ги остварат своите права во Бугарија. „Тој буквално го пушти низ вода ОМО Илинден Пирин. Со ваквото однесување стана јасно дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги користат проблемите на македонското малцинство во соседните земји само за дневно политички цели“, рече Емилијан Станковиќ, СДСМ. Либералдемократот Андреј Жерновски на собраниска седница денеска побара Парламентот да расправа за навредите упатени против партијата на Македонците во Бугарија од страна на бугарскиот премиер. Спикерот на Собранието врз основа на Деловникот го отфрли барањето за оваа тема да се расправа на денешната седница Изменето од mileg - 30.Декември.2008 во 14:03 |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Груевски очекува Бугарија брзо да го затвори прашањето за ОМО Илинден Пирин
МИA Регистрацијата на партијата на Македонците во Бугарија зависи од судството, а не од Владата на источниот сосед Македонскиот премиер Никола Груевски очекува Република Бугарија брзо да го реши прашањето за регистрација на партијата на Македонците ОМО Илинден Пирин и смета дека тоа зависи од судството, а не од Владата на источниот сосед. „Регистрацијата на ОМО Илинден во Бугарија зависи од решенијата на судовите, а не од господинот Станишев. Јас и претходно разговарав со него на тет-а-тет средба за тоа прашање. Тој е уверен дека ако тие толку пати поднеле барање и толку пати тоа не било комплетирано, дека можеби тие всушност не сакаат да се регистрираат. Јас лично не верувам во тоа, но тоа е негово мислење и секој има право да си го каже својот став. Но, мислам дека Бугарија ќе најде начин да го реши тоа прашање што побрзо, тоа е и во нивни интерес. Чувствувам и кај политичарите желба да го затворат тоа прашање. Колку што можам да разберам, судовите го кочат на некој начин“, изјави премиерот Груевски. Претходно бугарскиот премиер Сергеј Станишев изјави дека доколку ОМО Илинден Пирин се јави на избори би добила многу малку гласови и дека намерно не сака да се регистрира за да остане во центарот на вниманието. |
|
![]() |
|
nelson ![]() Сениор ![]() ![]() НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
jas ama bas nisto...ne znam zosto voopsto i treba da ocekuvame..."na zapadu nista novo"...
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
![]() |
|
Vladimir88 ![]() Сениор ![]() ![]() "Arbeit macht frei" Регистриран: 20.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4349 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кој сака ПИРИН да нема регистрација? ОМО „Илинден„- Пирин реагира на констатацијата на бугарскиот премиер Сергеј Станишев, дека партија не сака да го испочитува законот и да се регистрира и оти проблемот не е политички. Партијата на Македонците во Бугарија по повод изјавата на бугарскиот премиер во Скопје, прашува: - Зошто Станишев толку се труди да ја убеди македонската јавност, дека од ОМО „Илинден„-ПИРИН никој во Бугарија не се плаши, кога никој за тоа не го ни праша? - Ако ние не сакаме да бидеме регистрирани како се случи да бидеме регистрирани во 1999 г.? - Како тогаш успеавме да ја почитуваме законската процедура, а сега тоа никако да го постигнеме? - Има ли врска регистрацијата на партијата во февруари 1999 г. со поднесената истиот месец од Бугарија молба за добивање датум за почеток на преговори за прием во Европската унија? Има ли врска забраната на партијата во февруари 2000 г. со добивањето две недели пред тоа на бараниот датум за преговори? Како може да се објасни феноменот дека ниту пред тоа ниту после тоа не успеала во Бугарија да се регистрира ниту партија, ниту здружение, кое да си поставува за цел заштита правата на македонското малцинство во Бугарија? - Како е можно сите 350 регистрирани партии во Бугарија да можат да ја почитуваат процедурата, а само порано регистрираната ОМО „Илинден„-ПИРИН да не успева, без разлика на адвокатите што ги користи? Има ли тоа врска со фактот дека за разлика од регистрираните 350, ПИРИН единствена признава и се бори за правата на припадниците на македонското малцинство во Бугарија? Сергеј Станишев - Кој сака ПИРИН да нема регистрација - дали самата таа која се регистрираше во 1999 г. и досега има внесено 5 молби за регистрација, или државата што и ја одзеде регистрацијата и ги одбива сите нејзини молби? - Кој беше осуден од Европскиот суд за правата на човекот - ПИРИН или Бугарија? Ако Бугарија ја има исполнето пресудата на тој суд зошто Комитетот на министрите одбива да го затвори случајот? - Ако плаќањето на паричната казна значи исполнување на пресудата зошто Комитетот на министрите инсистира за реститутио интегриум (враќање на нарушената состојба)? - Имајќи го во предвид овој став на Комитетот на министрите што има направено Бугарија за да ја врати регистрацијата на ПИРИН? - Дали постојаното менување на законот, толерирањето на слово на омраза против Македонците во Бугарија, акциите за компромитирање на ПИРИН од службата за безбедност и викањето на сите членови на партијата во полицијата се диктирани од желба да се помогне и олесни нејзината регистрација или претставуваат саботажа на исполнувањето на пресудата на судот во Стразбур? Софија - Имајќи ја во предвид позицијата на Комитетот на министрите како поинаку може да се истолкува тврдењето на Станишев дека Бугарија ја има исполнето пресудата со плаќањето на паричната казна, освен како одбивање пресудата да се изврши и спротивставување на регистрацијата? - Ако владата не се меша во работата на судот и нема против регистрацијата на партијата зошто ги викаше сите членови во полицијата? - Ако Станишев не сака да се меша во работата на судот со кое право дава оценки како ги почитувала ПИРИН законските услови? - Дали поради малиот гласачки потенцијал на ПИРИН добро информираните бугарски служби на безбедност направија се за да ја спречат регистрацијата на ПИРИН? Осумнаесет години демократија а само една година допуштени на само едни избори! - На кој начин ПИРИН е центар на внимание кога во Бугарија таа е под капата на медиумско затемнување од веќе две години? Во времето кога беше „центар на внимание“ во Бугарија таа беше сатанизирана, навредувана и оклеветена во медиумите. Дали постои човек кој свесно би ги нарушувал правилата за да остане надвор од политичкиот живот од желба да биде жртва на таков вид „внимание“? - И после сето тоа, дали она што го кажа Станишев не е всушност доказ за постоење на силен ирационален, но сосема реален страв од македонското малцинство и од неговите заштитници во Бугарија? http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=101748 ![]() Кратко и јасно од мене....му ја затворија муцката. |
|
![]() |
|
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
dobro be ludje .... edno nesto ne mi e jasno ? ..... STO OCEKUVATE OD EDNA ZEMJA KOJA NE GO PRIZNAVA MAKEDONSKIOT NAROD ? ...................
|
|
![]() |
|
Georgija Kastriot ![]() Група ![]() Регистриран: 12.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 53 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ништо ново,нема да остават да се регистрираат
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 910111213 25> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |