|
Фитнес совети и муабетења |
Внеси реплика | страница <1 910111213 23> |
Автор | ||
BidiFit
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 454 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да, да: сакате да вежбате ама едноставно немате време. Помеѓу работа, спиење, јадење, социјализирање и задолжителни 4 часа телевизија нема простор за квалитетна физичка активност. А и не Ви се даваат пари за членство во фитнес или боди-билдинг клуб…И сигурно клубот е далеку, на работа сте имале тежок ден и сте многу уморни...
Имаме добри вести за Вас: има многу начини за квалитетен фитнес тренинг без да губите време одејќи навака-натака по фитнес клубови и се разбира без да трошите пари. Вежбајте дома! За рутината со која ќе постигнете врвни резултати Ви се потребни само килим, дел од покуќнината и Вашето тело. 1. Странични спуштања (нозе): Ставете ги рацете на половината и застанете со нозете поставени паралелно со широчината на рамената, главата и торзото исправени. Од оваа позиција, со десната нога зачекорете странично во десно, најмногу што можете без да ја поместите левата нога. Потоа, свиткајте ја ногата во агол од 90 степени. Останете така 2 секунди и вратете се во првобитната позиција. Повторете го истото со левата нога. 2. Клекнувања (нозе): Ставете ги рацете на половината или прекрстете ги на градите. Како што стоите со нозете поставени паралелно со широчината на рамената, полека клекнувајте така што нозете ќе прават агол од 90 степени. Како што клекнувате, држете го долниот дел од грбот малку свиен, а главата исправена. Туркајте го задникот назад како да се подготвувате да седнете на стол. Исто така внимавајте колената да не Ви одат многу напред. Доколку не се во иста вертикала со ножните прсти, значи дека не го туркате задникот наназад при спуштањето онолку колку што треба. Штом стигнете до 90 степенскиот агол на нозете, полека вратете се во стоечката позиција и повторете. 3. Обратни поткревања (рамена): Ставете ги нозете на стол, а рацете пред себе паралелно со широчината на рамената. Дигнете се така што рацете ќе Ви бидат исправени, а лицето паралелно со подот. Потоа, полека спуштајте се така што рацете ќе прават агли од 90 степени и повторете. 4. Поткревања (гради): Со лицето кон подот, поставете ги рацете малку пошироко од рамената. Нозете и стапалата треба да Ви бидат споени, а ножните палци свиени кон подот. Дигнете се така што рацете ќе Ви бидат исправени. Потоа полека спуштајте се додека градите не го допрат подот. Кога се спуштате, концентријате се на истегањето на градите, а потоа полека подигнете се. 5. Поткревања со споени дланки (трицепс): Оваа вежба е иста како поткревањата освен што сега Вашите дланки треба да ги поставите поблиску така што палците и показалците ќе формираат тријаголник под градите. Како што се спуштате, лактите одат нанадвор. Штом градите ќе ги допрат рацете, полека подигнете се и повторете. 6. Поткревања на торзото (грб): Легнете на стомак и поставете ги рацете позади на вратот. Полека кревајте го горниот дел на телото така што градите ќе Ви се оддалечат од подот. Би требало да ги почувствувате контракциите на мостулите од долниот дел на грбот. Останете во таа позиција 2 секунди и пополека спуштете се. Повторете. 7. Стомачни: Легнете на грб со колената свиткани и нозете на подот. Ставете ги рацете зад главата и не се поткревајте со нив. Кренете се со телото со стегнати стомачни мускули, останете горе 2 секунди и потоа полека спуштете се. Не останувајте долу повеќе од една секунда. Вежби Серии Повторувања Странични спуштања 2 10* Клекнувања 2 15 Обратни поткревања 2 10 Поткревања 2 10 Поткревања со споени дланки 2 10 Поткревања на торзото 2 10 Стомачни 2 10 За секоја страна И уште нешто: правете ги вежбите во круг, по една вежба веднаш префрлете се на друга и тоа без одмор. Штом завршите еден круг, одморете се една до две минути. Како што вежбањето Ви станува полесно, така зголемувајте го бројот на сериите, повторувањата и круговите. ИМАЈ КАРАКТЕР БИДИФИТ Изменето од BidiFit - 14.Јануари.2008 во 11:31 |
||
BidiFit
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 454 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зарем не би било одлично, и вие, во манир на холивудска ѕвезда, да имате сопствен тренер кој 3 пати неделно ќе ви доаѓа дома, настојувајќи да ви помогне во борбата со килограмите? Звучи како сон – повеќето од нас не можат да си го дозволат тоа. Но, да ве утешиме, тоа не е гаранција дека ќе бидете во форма. Затоа, ако сте решиле да почнат да ви завидуваат на витата става – станете свој сопствен тренер.
Која е улогата на личниот тренер Тој не е само „мачител„ на сите можни и неможни начини, туку има влијае и на психичката состојба. Неговата улога е да ве мотивира. Тренерот ви помага и да направите распоред на вежби. Со малку планирање, оваа улога можете и сами да ја одиграте. Не само што ќе заштедите пари, туку и сами ќе бидете господар на вашето тело. Како да станете свој личен тренер? Прво, морате да се запрашате која ви е целта? Одговорот мора да биде реален, т.е не треба да биде во стилот „ќе ослабам 10 кг за 1 недела„. Со нереалните цели веќе на почетокот се осудувате себеси на неуспех. Одберете нешто во што навистина можете да успеете, како нпр. 1 час одење дневно. Кога тоа навистина ќе го реализирате, ќе почувствувате вистинско задоволство. Како да си направите програма со вежби? Кога ќе си ја одредите целта, време е да си направите и персонална тренинг програма. Еве неколку совети кои можат да ви помогнат во тоа: Проценете го нивото на физичка подготвеност и вежбајте во... Повеќе |
||
playgirl
Нов член Регистриран: 14.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Vo red vetuvam nema da brzam no sepak eve i denes se cuvstvuvam super sto znaci ne sum preterala . Iako sum pocetnik sepak sum uporna i mozam da izdrzam fizicki napor taka da ne mi pretstavuva problem dva casa vo teretana.
|
||
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
[QUOTE=playgirl]Epa eve moram da se pofalam denes bese "sudniot den". Otidov vo teretana se zapisav i vezbav dva saati. Gi pominav site spravi, instruktorot mi gi pokaza site vezbi, nacinot na koj treba da gi rabotam, disenjeto. Eden mesec mi rece deka ke gi rabotam site vezbi odnosno za celo telo, a potoa koa ke se priviknam ke pocneme oddelno. Denes stvarno me "istrosija" i mi se dopadna cuvstvoto.
wowww prv den i 2 saata naporen trenig...se nadevam i vo sabota vaka ke bides polna so andrenalin.............kako i da e dobo e sto si go napravila prviot cekor......no poleka nebrzaj.......seto toa za da potrae...... treba porelaksirano.............
|
||
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
||
playgirl
Нов член Регистриран: 14.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Epa eve moram da se pofalam denes bese "sudniot den". Otidov vo teretana se zapisav i vezbav dva saati. Gi pominav site spravi, instruktorot mi gi pokaza site vezbi, nacinot na koj treba da gi rabotam, disenjeto. Eden mesec mi rece deka ke gi rabotam site vezbi odnosno za celo telo, a potoa koa ke se priviknam ke pocneme oddelno. Denes stvarno me "istrosija" i mi se dopadna cuvstvoto. A da odgovoram na prethodnite komentari sto bea ostaveni po mojot post e deka nemam problemi so ishranata odnosno mozam da namalam samo prethodno bese problem toa sto bev mn neaktivna. A sega koa pocnav da vezbam i so kolicinata sto ja vnesuvam dnevna od ishrana mislam deka nema da mi pretstavuva problem iako dobro bi mi dosle soveti sto potocno treba da smenav vo ishranata(pr: sto za pojadok, rucek, vecera?) iako mi dadoa lista za ishrana vo kratki crti. Tolku od mene sega za sega i se nadevam deka seuste ke ima postovi na temava. pozz
|
||
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
mozebi pravilno se hrani no fakt e deka poveke vnesuva od kolku sto trosi!!!
Znaci resenieto e vezbanje i pravilna umerena ishrana
|
||
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
||
khaleefah
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор "The Khilafah is Coming..." Регистриран: 25.Септември.2006 Статус: Офлајн Поени: 1115 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Vtoroto Da ,a prvoto e los sovet. Namaluvas hrana znaci deka namaluvas vitamini a toa ne ti pomaga voopsto. Znaci resenieto e vezbanje i pravilna ishrana |
||
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
bidi uporna!
ke gi zajaknes muskulite a so toa ke go namalis i obemot
no, kologramite ke gi namalis samo ako skratis od jadenjeto ili barem go smenis nacinot na ishrana
|
||
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
||
khaleefah
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор "The Khilafah is Coming..." Регистриран: 25.Септември.2006 Статус: Офлајн Поени: 1115 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Mnogu korisno 10x! |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Еве ви еден добар линк за домашно вежбање. Само кликате на мускулната група и тренерот одма ви презентира како можете да ја вежбате истата. Многу практично и едноставно, просто на човек да му се привежба
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
playgirl
Нов член Регистриран: 14.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Bas sega ja procitav temava t.e. site postovi i doznav super informacii. Do sega imam odeno na fitnes no mn slabo. Pa vo plan sum da pocnam da odam intenzivno. Celta mi e da namalam nekoi 3-4 kg i da gi zajaknam muskulite zasto sum prilicno mlitava . Znam deka za vezbanje e potrebno mn upornost i toa da se pravi zasto imame zelba pred se za nas. E sega kaj sto planiram da odam vo edna teretana kaj mene pretpostavuvam deka tamu ke me nasocat koi vezbi da gi pravam, na koj nacin, kakva ishrana iako vo postovive na temava imase i dosta vo vrska so toa. No ako moze da pisete po nekoja informacija plus za epten taze pocetnici Dobro e so sum uporna koa ke pocnam da pravam nesto idam do kraj. Pa se nadevam deka ke ima rezultati.
|
||
batt;s
Нов член Регистриран: 14.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
eh ... takvi "socijalci" gi ima 80%.
ZOSTO ODITE VO TERETANA? DALI E TOA TREND ILI POTREBA? se poveke lugje se zapisuvaat vo teretana samo za da mozat da se pofalat pred drugarite deka ete bile na fitness..... vrska nema sto pravele tamu ...... najgolem del od vremeto muabetele i se muvale... zosto koga veke ste gi dale parite ne se potrudite i da gi iskoristite.... koga ke odite vo kavic dali vi e seedno sto ke vi donesat za vasite pari? e pa isto e i so fitnesot.... potrudete se .... procepkajte informacii za vezbanjeto i za toa kako pravilno da se vezba a ne da izgledate glupavo dodeka vezbate so nekoi "originalni" vezbi i "stilovi" TREBA DA SE ISPOTI GAZOT AKO SE SAKA USPEH..... A OVA VAZI ZA SE VO ZIVOTOT... NO PAIN, NO GAIN |
||
Eleni
Сениор Регистриран: 19.Јануари.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 1872 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ima takvi mnogu i ovde kaj mene,najinteresni mi se koga ke zastanat pred ogledalo pa si se voodushevuvaat na muskulite:-))Ama ipak najmnogu ne mozam da gi podnesam onie shto idat so knigi ili vesnici vo teretana.Uzas..ke trchat i ke chitaat,ke rabotat na stepper i ke chitaat...kosa mi se kreva od tie:-))
|
||
Destiny is not a matter of chance,it is a matter of choice.It is not a thing to be waited for,it is a thing to be achieved
|
||
batt's
Сениор Регистриран: 12.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2268 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
kolku znaete da se odnesuvate vo teretana?
cesto mi se slucuva da se najdat "batki" koi se rasfrlaat so tegovi, ploci. Pa koga stavaat ploci grebat po sipkata ili koga vezbaat na masina treskaat so plocite.... dali i vie koga vezbate sakate da gi frlite tegovite na poslednoto povtoruvanje? "uf kolku sme jaki....." ama vsusnost nikomu vo teretanata ne mu e gajle sto nekoj tamu se rasfla so tegovite i so OGROMNITE tezini koi gi krenal ili ustvari saka da privlece vnimanie... EJ VIDETE ME KOLKU SUM RAZBACAN... aman daj neka ne im se preci na lugjeto koi se dojdeni da vezbaat a ne da go razvivaat socijalniot zivot... |
||
|
||
Внеси реплика | страница <1 910111213 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |