|
Масакр кај с.Смилковци ,убиени пет Македонци |
Внеси реплика | страница <1 910111213 29> |
Автор | ||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Оваа Влада погрешно го практикува макијавелизмот. Прво што треба оваа влада да разбере е дека макијавелизмот се практикува пред се на оние кои ја опкружуваат и дека во политиката нема еднакви. Доколку прво тоа го разберат, тогаш голем дел од работите се решени. Макијавелизмот не се практикува за поделба на сопствениот народот, туку за обединување, независно дали тоа ќе се направи преку патот на дарежливоста, или патот на стравот. Токму на тие два принципа може да се изгради националното единство, со оглед на тоа дека мошне тешко е тој да се изгради на некој друг принцип, барем во нашето општество. Изменето од Македон - 05.Мај.2012 во 13:24 |
||||||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
не сум ,,мудар,, само сум реален...
Македонија е на работ на граѓанска војна....
што би рекол Даме Груев (можеби него повеќе го цениш).....
подобро ужасен крај отколку ужас без крај....
|
||||||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Тоа што политичките партии се воздржуваат од коментари...
кои можат да ја зголемат тензијата, а важи како за македонските така и за албанските партии... како за позиција така и за опозиција... кажува дека ситуацијата е сериозна... но кажува и дека контрола на случувањата сигурно имаат западните дипломати... или како сакате наречете ги... инаку до сега ќе ја гледавме приказната на ептен "мудриот" LiDivio... За заговорниците на репресивна реакција на полицијата за вчерашниот протест или што и да беше... па и воопшто на оние кои заговараат некаква си војна... би ги прашал, дали се свесни дека во редовите на таа полиција има и Албанци... дали се свесни дека во раководните структури на полицијата и на службите за разузнавање има и Албанци... дали се свесни дека во сите безбедносни структури на државата има и Албанци... дали се свесни дека заговараат граѓанска војна во која нема победници... на крај сепак ќе мора да се седне на маса и повторно да се направи договор... па каков и да е... Се согласувам со Македон, постојат многу други софистицирани начини како да се стигне до стабилна држава... со сите нејзини државотворни атрибути... Освен Макијавелизмот кој го посочи, а за кој рака на срце мислам дека оваа влада и го практикува во одредени сегменти... но се разбира врз погрешна целна група... постои и нешто што се вика силна економија и национално единство... а не лоповлук и поделеност по разноразни основи... и менталитет кој некој сака да го смени за 5-6 години на сосема погрешен начин... и на крај... знам дека е off topic... нам ни требаат сојузници а не непријатели... кажете ми еден сојузник во блиско или подалечно опкружување... само немојте за Американците... тие се сојузници со сите и со никого... |
||||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Па ова не е можно
За прв пат да се согласам 100% со што што го пишал Zeksi
Zeksi, или те треснало нешто по глава или си решил конечно да бидеш објективен. Мислам...ако утре на она сонце паѓа снег..не сум крива..чудо се случило како и тука
Само се молам да продолжиш да размислуваш вака...пообјективно
Исламскиот радикализам за кои говори мамче, не е ништо посебно..тоа се нивните животни цели..идеали...нешто за кое они живеат. Пораките дека Исламот ќе завладее со светот се само една од малкуте пораки кои што ги пренесуваат со своето таканаречено учење.
За нив е верно тоа што ќе им го проповеда некој си...платен за тоа.
И затоа не знам зошто се чудевте кога се посомневав дека може едноставно да идат курбан...да бидат жртвените јагниња кои што мораат да се принесат некад...
|
||||||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||||||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Немој да бидете наивни, денеска шиптарите покажаа извонредна дисциплина на протестот, несвојствена за нив. Со самото тоа како се однесуваа и колку редари имаше меѓу нив јасно беше дека протестот е организиран ептен здраво за релативно кратко време. Со самиот чин на организација и масовно собирање, демонстрирање и барање за ослободување на уапсените кои се осомничениза страотен злостор испратија порака во светот дека ниедна пресуда освен ослободителна на институциите нема да ја прифатат. Тие демонстрираат на невидено со ваква енергија, а што ќе биде ако судот во иднина ги осуди нивните соборци на најтешки казни. Можам само да замислам што тогаш ќе прават. Во исто време и ги тестираат припадниците на безбедносните сили на МК, односно опипуват пулс до кај се спремни институциите да одат. Според мене владата и овој пат ги усра гаќите, на штета на целиот народ. Одеше на принцип на помал отпор. Принцип кој во иднина жестоко ќе не шамара сите нас, впрочем тој принцип и низ историјата никогаш не донел резултати, наместо да им испречеше кордон на Бит Пазар, ако покушаа на сила да се пробијат да им вратеа со уште поголема сила, да напунеше едно десетина марици и да ги исправеше пред суд едно стотина души, за најмалку нарушување јавен ред и мир, напад на овластени лица и слични обвиненија кои носат по 2-3 години робија, ќе беше другачија песма. Но така е во сите држави во која сопствената власт е само марионета за нечии други интереси. А таа власт самите ние ја устоличивме. Дефинитивно оваа власт исто како и претходните нема никакви државнички капацитети, а најмалку се грижи за сопствениот народ. Почнав да се сомневам во тоа со случувањата на Калето пред некое време, кога дозволија манијачки протести во Гостивар пред неполн месец, а ова само ја прелеа чашата. |
||||||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ако не се сложуваш со она за кривичното дело, тоа не менува ништо. Ти можеш никогаш да не се сложуваш, ама законот е јасен и не остава место за сложување и несложување. Сталин и Хитлер не беа макијавелисти, туку обични касапи. Впрочем, управуваа со тоталитарни општества па и не мораа да бидат макијавелисти. Макијавелизмот не значи касапење. Макијавелисти биле Ришеље, Катерина де Медичи, папата Александар VI, Рокселана ( Хурем Султана ), Маргарет Тачер и многу други примери. |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Zeksi71, кога некој живее со волци, мора да научи и да завива, во спротивно, ќе го изедат. Мораме да научиме да се менуваме и да ги следиме сите промени. Во спротивно, ризикуваме да се соочиме со огромни последици. Нема да се сложам дека сите православни држави немаат чувство за државотворност. Грците се исклучок, а донекаде и Русите, кои научија дел од лекциите кои требаше да ги научат. Во Грција сите овие нешта не можат да се случат, затоа што ако таму се случеше вакво нешто, истиот ден ќе имаше државен удар, а да не говорам пак и дека таму има институции, како што е Црквата, кои можат во рок од 24 часа да соберат милиони на улица, како што тоа го направија во 1996, кога имаа проблеми со имиграните и другите. Грците, независно од нивната сегашна ситуација, вакви нешта не дозволуваат, ниту некогаш ќе дозволат. Сите моќни држави се создавале со сплетки, интриги, заткулисни игри. Така се создала и Италија, така станала моќна Британија, на тој начин Ришеље ја издигнал Франција, а на тој начин функционираа и странските пропаганди во Македонија. Затоа и се чудам зошто македонскиот народ досега не ја научил лекцијата при толку многу прилики во последниот век.
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Извини, ама не се сложувам со изнесеното мислење. Така правеа Хитлер и Сталин и видовме што се случи. За сега аплаудирам на власта и полицијата како се однесуваат во врска со овој случај. Изменето од Messenger - 05.Мај.2012 во 03:00 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
A што е ширењето расна, верска и друг вид нетрпеливост со изјави за смрт на Христијаните? А каменувањето на полицијата зарем не е кривично дело? Уништувањето на прозорците на општината и сличните вандализми, зарем не се кривично дело? Пак ќе повторам, доколку не успеваме да се справиме со вакви нешта, тогаш, едноставно, самостојната и независна македонска држава е осудена на пропаст, тивок, но сигурен. Колку и да боли, ќе треба да признаеме дека зборовите, искажани во минатото од противниците на македонската независност, едноставно ни се збиднуваат пред очи.
Владата не смее да потклекне под провокации, но исто и не смее да остане слепа и глува на се што се случува пред очите на самата власт, а и на сиот народ. Владата, како еден од носителите на извршната власт, треба да го спроведува правото.
Напротив, Макијавели говори за односот кон сопствениот народ! Тоа лесно можеш да го провериш во неговата книга. САД светска сила станаа токму поради калкулациите кои ги правеа. Да не говорам и за многу други нешта. Доволно е да се потсетиш на Студената војна и нештата кои САД ги правеше и врз својот народ, кога сметаше дека се загрозени американските интереси. Ако македонските властодршци во минатото и сега беа макијавелисти, ништо од ова немаше да се случува. Изменето од Македон - 05.Мај.2012 во 02:53 |
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Токму така. Изменето од Messenger - 05.Мај.2012 во 02:30 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Мислев на односот на влада и полицијата во однос на протестите, а не во однос на кривичното дело убиство.
Власта исто не смее да потклекне под провокации. Протестов е токму тоа - користење на правото за јавно групирање и протестирање со цел да се испровоцира власта на насилно однесување кое ќе се употреби како аргумент против неа и со тоа ќе се даде сосем друг тек на работите во овој конкретен случај. Примерите и објаснувањата со цитатите од Макијавели и САД...
... не се на место во овој случај бидејќи тие не се наменети за сопствениот народ. Изменето од Messenger - 05.Мај.2012 во 02:26 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Македон,
те разбирам во потполност, ама тоа кај нас не поминува. Ние како народ, во генот не сме такви. А и не само ние, целиот православен род. Нашиот народ е добродушен, чесен, гостопримлив, со чиста душа ги прифаќа сите. Не е природно предодреден за сплеткарења и сл. Затоа и ни се случуваат такви работи. Затоа и православните држави скоро секогаш го јадат стапот. Зошто УСА е моќна, Британија, зашто се настанати врз база на пљачка, сплетки, задкулисни игри и своето постоење до ден денес го должат на сплеткарења. Во создавањето илузии им нема рамен, а кога сето тоа ќе го искомбинираат и со сила, јасно е што, зошто и како се случува по светот. Загор рече погоре во неговите постови дека злото за нас доаѓа од кај нас, што е скроз погрешно, злото за нас доаѓа од надвор, шиптарите кај нас не смеат ни да мрднат без западњаците да им кажат било што. Затоа и не ме чуди наводната загриженост на западните амбасадори кои имаат буквално идентични изјави за осомничените. Уште од сега од нивна страна се гледа од авион на кај ќе ја тераат водата.
|
||||||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Zeksi71, вооружувањетро не значи само да се биде вооружен со оружје. Вооружувањето вклучува пред се вооруженост со мудрост, информации, а пред се лукавост, способност да се прават интриги и сплетки, подготвеност да се премине преку се за да се остварат целите на државата. Секако тоа не мора да вклучува огромна армија, доволно би било да се има при рака некои подготвени да ги преземаат потребните мерки, некои кои се подготвени да одговорат позитивно на она што го бараат оние што не можат јавно да преземат некои дејствија. Мислам дека ме разбираш што сакам да кажам. Кардинал Ришеље рекол: Taјноста есенцијална во водењето на државните работи. Тој што треба да знае да командува, не мора никогаш јавно да се конфронтира со оние кои се сеуште моќни и ни ја кројат судбината. Во тоа и треба да се состои вештината на командувањето. Тој едноставно, треба да научи да ги следи игрите позади тронот. Не мора да е ниту некоја личност која би била експонирана, доволно е да ги влече конците, а оние кои навистина ја имаат силата, едноставно да не сфатат кои ги влече конците. За жал, ќе се согласам со тебе дека ни такви нема. |
||||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ова нема врска со Албанија? Убијците се идентифицираат како албанци, демонстрантите веат албански знамиња, имаат албански државјанства (поред швицарско) и ти велиш ова нема врска со Албанија? Па тоа основата на проблемот, тие сакаат и прават се Македонија да биде Албанија. Ти можеш да се смееш, ама на сите македонци им е начукан до даска. [/QUOTE]
Ова нема врска со Албанија? Убијците се идентифицираат како албанци, демонстрантите веат албански знамиња, имаат албански државјанства
(поред швицарско) и ти велиш ова нема врска со Албанија? Па
тоа основата на проблемот, тие сакаат и прават се Македонија да биде
Албанија. Ти можеш да се смееш, ама на сите македонци им е начукан до
даска. [/QUOTE]pa? i onie od 9/11 bea so saudisko i drugi
drzavjanstva pa,. nikoj ne ja nabedi drzavata arabija deka ima vrska
so toa!...mozebi nekoi od ovie i nemaat makedonsko drzavjanstvo ama ,...toa ne znachi deka drzavata albanija gi pratila ! inache,..se smeam na potcrtanoto ..''iinspirirano'' od toa shto prethodno go napisha za odzemaje na roditelski prava ...i.t.n. a, shto pa ti se sekirash tolku za nas dole? ...ne veruvam deka si eden o d onie jankovci, petkovci ,...stojkovci na tvojot sogragajanin. ...a za verbalno sekiranje ,..petpari ne davam! |
||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||||
Внеси реплика | страница <1 910111213 29> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |