Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Септември.2012 во 06:29 |
ПАСТА ВО СОС ОД СИРЕЊЕ И ЛУК
Потребни состојки: - едно пакување шпагети или било кој друг вид на тестенини - маслиново масло - 3 чешниња лук - еден врзоп магдонос - 150 гр сирење - сол и бибер
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Јули.2012 во 06:38 |
ТЕСТЕНИНИ СО ТИКВИЦИ
Изменето од емил - 29.Јули.2012 во 06:39
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Јануари.2012 во 06:02 |
Лисната пица
пица направена со лиснато тесто: нема што многу да се каже, рецептот е многу едноставен, а резултатот вкусен. одмрзнете купечко лиснато тесто (или измесете го ако сте вични, јас сé уште не сум пробала), развлечете го малку со сукало и врз него ставете сé што би ставиле за пица. испечете ја според упатството на лиснатото тесто.јас направив една со домашен кечап, оригано, кашкавал, сирење, свежи печурки и љута пиперка, а другата со домашен кечап, оригано, кашкавал, сирење, свежи печурки и кулен.на ист начин можете да направите и мали пицички, само пред да го филувате исечете го тестото на кругчиња или квадратчиња колку залак-два. оноа што ќе остане од тестото, ако го сечете на кругчиња, соберете го во топка, повторно развлечете го и исечете уште кругчиња.
izvor...sitnoseckano
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Декември.2011 во 20:59 |
Таљатели со три вида печурки
Оваа недела добивме интересен рецепт кој веднаш го споделуваме со вас. Ние го испробавме и гарантираме дека нема да згрешите ако го приготвите овој или некој следен викенд.
СОСТОЈКИ (за четири лица) • 500 гр таљатели • 3/4 чешниња лук • 500 гр печурки (три вида по избор) • 1 ½ лажица путер • свеж магданос • павлака • пармезан
ПРИГОТВУВАЊЕ Во претходно загреан маслинов зејтин ставете го ситно исецканиот лук и пржете сѐ додека не добие златно-кафена боја. Потоа, додадете ги исецканите печурки, претходно зачинети со сол, бибер и лимон по желба.
Садот за пржење треба да е доволно голем за да може сите печурки рамномерно да се распоредат и да не дојде до нивно преклопување. Времето на приготвување да не биде повеќе од 15 мин на силен оган.
Во меѓувреме, сварете ги таљателите, за кои ви се потребни 7–8 минути. Сварените таљатели ставете ги во тавата со печурки, заедно со мала количина од водата во која се вареле. Промешајте ги добро сите состојки. Потоа, садот тргнете го од оган и додадете ги путерот, ренданиот пармезан и сецканиот магдонос. Повторно целата смеса убаво се промешува.
Сервирајте во чинија со малку маслинов зејтин, магдонос и пармезан насечкан на тенки ленти. На крај, додадете павлака по желба.
Изменето од емил - 19.Декември.2011 во 21:05
|
|
Ninja 35
Модератор
Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2011 во 20:55 |
ЛАЗАЊИ ВО ГРАДИНАРСКИ СТИЛ
Состојки:
- 2 филџани исечкан кромид
- 4 чешниња лук
- 2 лажички маслиново масло
- 2 филџани исечкани тиквички
- 2 филџани тенко исечкан морков
- 2 филџани исечкана брокула
- 1 лажичка сол
- ½ филџан брашно
- 3 ½ филџани млеко со ниска масленост
- 1 филџан пармезан
- ¼ лажичка црн пипер
- 2-3 филџани исечкан спанаќ
- моцарела сирење
- 1 пакување лазањи
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени и одберете некоја поголема тава. Намачкајте ја тавата со путер. Во загреано тавче со масло, ставете го кромидот, по 4 минути додадете го лукот. Во посебно тавче запржете ги тиквичките, потоа додадете ги кромидот и лукот.
Потоа полека додавајте ги претходно запржените морков и брокула, додадете сол и промешајте. Во поголем сад, сипете го брашното, додадете го млекото, силно мешајте, потоа додадете го пармезанот, сол и црн бибер и мешајте до изедначување. На оваа смеса додадете го и спанаќот и промешајте повторно.
Во поголемата тава почнете да ги редите лазањите, врз нив растителната смеса баз спанаќ, па повторно лазањи, па смесата со брашно и спанаќ. Редете така сѐ додека имате материјал. На крајот завршете со лазањи и врз неа посипете ја моцарелата измешана со пармезан. Печете 20-тина минути. Оставете 10 минути малку да се излади и сервирајте.
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2011 во 19:55 |
Denes ovaa recepta ja podgotvuvav Равиоли со сирење и сос од домати и артичоки Потребни состојки: 2 пакувања равиоли со сирење 100 гр. маринирани артичоки 1 главица кромид 3 чешниња лук 4 големи домати 2 лажици пармезан Сол и црн пипер Масло за јадење Припрема: Во тенџере на оган сварете ги равиолите во солена вода. Откако ќе се сварат исцедете ги и измијте ги со стидена вода. Во големо тавче на оган ставете 1 лажица масло за јадење да се загрее. Испржете го ситно исецканиот кромид, па додајте ги сецканите домати и артичоки, како и ситно исецканиот лук. Посолете и наросете црн пипер, па гответе ја смесата околу 5 минути со повремено мешање. Во чинијата за сервирање ставете половина равиоли, па прекријте ги со сосот и промешајте. Потоа додадете уште равиоли и прелијте ги со сосот, а одозгора посипете со рендан пармезан. Добар апетит!
|
|
Ninja 35
Модератор
Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Ноември.2011 во 22:53 |
МАКАРОНИ СО СИРЕЊЕ И СПАНАЌ
Состојки:
- 3 лажици путер
- ½ филџан исечкан кромид
- 1/3 филџан брашно
- 4 филџани млеко
- сол и бибер по вкус
- 4 филџани лисја од спанаќ, исечени во ленти
- 1 филџан изрендан тврд кашкавал
- 2/3 филџан изрендано помеко димено сирење
- 1/3 филџан издробено козјо сирење
- макарони, сварени точно според инструкциите и времето назначено на пакувањето (да бидат „ал денте“)
Подготовка:
Во големо тавче за пржење истопете путер на среден оган. Додадете го кромидот и пропржете го додека не омекне, околу 5 минути. Додадете го брашното, мешајте додека не зарумени, а потоа ставете го млекото, континуирано мешајќи. Зголемете ја температурата на ринглата и почекајте да зоврие. Мешајте континуирано додека не се згусне, односно додека не добиете сос. Додадете сол и бибер.
Во сосот додадете го спанаќот, малку промешајте и веднаш ставете ги и сирењата. Мешајте на тивок оган додека не се истопат, а потоа додадете ги претходно сварените макарони.
Послужете веднаш.
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Ноември.2011 во 10:11 |
Полнети канелони со македонски шмек
Канелоните се еден од многуте видови тестенини. Карактеристични се по нивната форма која личи на дебели цевки. вообичаено се користат за полнење, а начинот на подготовка, односно процесот на варење е сличен како и другите видови тестенини. Со оглед на тоа што не големи, нив им треба повеќе време за да се сварат од вообичаеното време за кое се варат макароните пене, на пример. Во секој случај, најважната работа која треба да ја знаете за варењето на тестенини е дека тие НЕ смеат да бидат преварени. Во случаи кога тестенините се готват во сос (внатре во него) тогаш треба да се al dentе.
Овој рецепт за канелони е базичен - мелено месо, доматен сос и кромид, но специфичен е по тоа што има македонски шмек и тоа се печените пиперки кои се ставаат во сосот. Ако сте подготвувале канелони до сега, можеби сте се соочиле со тешкотијата да ги наполните канелоните, ако немате шприц, па сте се откажале од нив. Но, има решение за тоа. Ако навистина многу ви претставува потешкотија да ги пполните канелоните со лажиче, вие можете сами да подготвите канелони и тоа од тесто за лазањи. Супер, нели? Само сварете ги лазањите во врела и солена вода, извадете ги кога ќе бидат сварени на најлонска хартија и почнете со полнење на филот. На крај, свиткајте ја лазањата како палачинка и ете ви канелони во рустичен стил.
P.S Полнети канелони е рецепт кој го побара една читателка на блогот „Часови по готвење“.
Еве го рецептот:
Потребно е:
1 пакетче канелони или лазањи (читај горе)
2 главици кромид
2 чешниња лук
500 гр мелено месо
5 печени, лупени црвени пиперки
1 лажиче мелен црвен пипер
500 мл доматен сос + уште 200 мл за подлога во тавчето за печење
1 лажиче оригано
1/2 китка свеж магдонос
сол, бибер
рендан кашкавал
Подготовка: Во врела и солена вода сварете ги канелоните или лазањите. За тоа време, подгответе го филот. Во тавче за пржење ставете малку масло да се загрее. На загреаното масло пропржете ги кромидот и лукот. Откако кромидот ќе стане проѕирен, ставете го меленото месо. Зачинете со многу бибер (бибер и мелено месо е одлична комбинација). Лупените пиперки исечкајте ги покрупно и додадете ги во смесата. На прај, ставете го доматниот сос, зачинете со сол и оригано и оставете да провире 15 минути.
Сварените канелони внимателно наполнете ги со подготвената смеса, со помош на лажиче или шприц, ако имате. Ако рецептот го правите со лазањи, постапете како на сликата: ставете малку од смесата на една лазања и свиткајте ја како палачинка.
рерната загрејте ја на 250 целзиусови степени. Во тавата за печење ставете 150-200 мл доматен сос. Врз доматниот сос наредете ги наполнетите канелони. Од горе, ставете малку доматен сос, изрендајте кашкавал и ставете да се пече 35 до 45 минути.
Забелешка: Најпознатиот фил за полнење канелони е микс од обарен спанаќ и рикота сирење. Ако не јадете месо, може да ставите соја трошки. Исто така, може да создадете фил по ваш вкус.
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Ноември.2011 во 10:06 |
Пилешко качаторе
Овој италијански рецепт качаторе е многу познат во Северна Италија. Традиционално се подготвува со пилешко месо, но може да се подготви и со зајачко. Ова јадење е карактеристично по тоа што изобилува со многу зеленчук, а бабурите се главната ѕвезда меѓу нив. Одличен избор е за фамилијарен ручек затоа што самото јадење изгледа прекрасно, вкусот му е одличен, а кога ќе го сервирате на сварени тестенини и ќе го прелиете со сосот во кој се готвело месото, сите ќе мислат дека сте поминале многу време подготвувајќи го. Еве како да го направите:
Потребно е:
8 парчиња пилешки поткопани (може да употребите и пилешки гради)
1 пакување тестенини (макарони, шпагети, јуфки...)
сол, бибер
120 гр брашно
4 лажици маслиново масло
2 коцки путер
1 главица кромид, ситно исечкана
2 црвени бабури, исечкани на листови
5 чешниња лук, ситно исечкани
200 гр свежи шампињони, исечкани на четвртинки
зачини: мајчина душичка, к*ркума, буковец
пола чаша бело вино
400 мл пелати
пола китка ситно сечкан магдонос
рендан пармезан, по желба за декорација
Подготовка: Рерната загрејте ја 250 целзиусови степени. Местото зачинете го со сол и бибер и обложете ги со брашното. Во тава на оган ставете ги маслото и путерот да се растопат. Ставете ги парчињата месо и оставете да се пропржат од сите страни. Извадете ги од тавата.Во истата тава ставете 1 лажица масло и ставете ги зеленчуците (кромидот, лукот, пиперките) и ставете ги печурките.Оставете да се динстаат 2 минути и тогаш додадете ги зачините. Измешајте и зачинете со сол и многу бибер. Кога зеленчукот ќе омекне, ставете го виното.
Оставете да испари алкохолот и ставете ги пелатите заедно со нивниот сос. Промешајте.
Ставете ги парчињата месо во тавата , затворете со капак и целото тенџере ставете го загреаната рерна да се потпече околу 20 до 25 минути. На крај ставете го ситно сечканиот магдонос. Сервирајте го јадењето на претходно сварени тестенини така што врз тестенините ќе ставите прво од зеленчукот па врз нив две парчиња месо.Од горе прелијте со сосот од тавата. Од горе ставете малку рендан пармезан, по желба.
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Ноември.2011 во 10:03 |
Тирамису
Потребно е:
5 жолчки
60 гр шеќер
100 мл десертно вино, поделено по 50 мл
400 гр маскарпоне сирење (го има во поголемите маркети)
200 мл слатка павлака
50 мл сварено нес кафе, без шеќер
1 лажиче екстракт од ванила
200 гр пишкоти
какао во прав за посипување
Подготовка: Во мало тенџерче загреано на средна температура ставете вода (две чаши). Оставете да зоврие водата.
Во огноотпорен сад настрана, одвојте 5 жолчки. Убаво одвојте ги жолчките, за во никој случај да не падне белка во жолчките. Во жолчките ставете го шеќерот. Мешајте со жица за матење додека да побелат и да се згустат жолчките.
Садот ставете го врз тенџерето со вода и полека додавајте го виното (50 мл), мешајќи со жицата. Ставете го ескрактот од ванила. Гответе пет минути додека да добиете убав и густ крем.
Покријте го садот со пластична фолија и оставете го во фрижидер 45 минути. Во сад настрана, ставете го маскарпонето (на собна температура), измашајте со лажица и додајте ја претходно изматената слатка павлака со три лажици шеќер. Целата смеса со маскарпонето и слатката павлака измешајте ја убаво.
Кремот ставете го во фрижидер да отстои 1 час. Измешајте ги виното (останатите 50 мл) и 50 мл нес кафе.
Земете правоаголно тавче. Секоја пишкота натопете ја во миксот од кафе и вино и наредете ги во еден слој во тавчето.
Врз нив, намачкајте од филот, рамномерно.
Врз филот, со цедалка посипете со какао во прав.
Потоа, наредете пак пишкоти натопени во вино и кафе, па врз нив ставете фил и врз филот пак какао со цедалка. На крај, вака треба да заврши тирамисуто, со какаото врз филот.
Десертот ставете го во фрижидер да се олади неколку часа пред да го сервирате.
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Ноември.2011 во 09:54 |
Italijanskata kujna e mnogu zastapena barem vo moeto sekojdnevie. Vo domot chesto pripremam italijanski specijaliteti koi kje gi najdam na internet. Moite gi obozavaat, pa sekogash gledam da iznenadam so neshto novo.
Eksperimentiram so hranata i uzivam vo toa :)
Najdov eden tekst za italijanskata kujna, a vo prodolzenie bi sakala da spodelime recepti za prigotvuvanje na nekoi italijanski specijaliteti :)
Италијанска кујна
Изобилството на производи и гастрономското наследство ја вбројуваат италијанската кујна меѓу најпопуларните во светот. Карактеристично за италијанската кујна е што секој регион има свои особености. Географските промени од северот кон југот резултирале со мноштво разновидна храна, но историското влијание одиграло важна улога. Така на пример сицилијанската кујна и денес го задржала влијанието на арапската кујна, а унгарскиот гулаш може да се проба и во Трст.
Италијанската трпеза е секогаш богата со разновидна храна, но тоа што секогаш е присутно е регионалната посебност, високиот квалитет на производите и чувството за традиција. На почеток на оброкот се служи предјадње кое обично има пет дела, потоа следува првото јадење со избор на разни јадења од тестенини или ориз, а по тоа следува второто јадење во кое има месо или риба со прилог од зеленчук; следува сирењето и на крајот десерт и кафе еспресо. Предјадењето може да се состои само од пршута или маслинки со леб или од петнаесетина вкусни залаци чии состојки варираат од регион до регион. Месните преработки како мортаделата, светски познатата париска пршута и разните салами се неизоставен дел на предјадењето, а може да се сервираат сами или со свежо овошје.
Рибата и морските плодови особено се популарни како предјадења во приморските краеви. Во салатите од морски плодови најчесто се користи октопод и разни видови на школки.
Зеленчукот може да се служи свеж (во салатите) или варен и зачинет со маслиново масло и свежи ароматизирани растенија.
Неколкуте предјадења може да претставуваат самостоен оброк, кој се надополнува со крцкав леб или палента. Се продолжува со свежо овошје и сирење и на крај се заокружува со јако кафе еспресо.
КАФЕ
Во Италија еспресото се пие за појадок, но и во текот на целиот ден. Доброто еспресо мора да се пие топло од загрена чаша и обично со многу шеќер. Светлокафеавата боја на пената е знак дека апаратот за кафе е наместен на оптимална температура и притисок.
ДОМАТ
Доматот е омилениот зеленчук на Италијаните и се јаде секој ден, независно од годишното време. Тој може да биде составен дел на сосот за тестенини, една од состојките на салатата, полнет или печен- италијанските готвачи секогаш ќе смислат нешто ново.
ПИЦА
Пицата влече корени уште од времето на старите Римјани. Но најголема популарност добива во 19- иот век кога италијанските емигранти и ја претставуваат на американската јавност. Во шеесетите години на 20 - иот век пицата станува популарна и во Европа, додека во Италија сеуште е непозната освен на територијата околу Неапол. Дури во 80-ите години на 20- иот век пицата станува популарна во Италија.
ТЕСТЕНИНИ
Секој регион во Италија има своја приказна за тестенините. Иако има повеќе верзии од кога потекнуваат тестенините и кој ги донел во Италија, едно е сигурно: денес тестенините се јавуваат во повеќе од 300 форми и се едно од најомилените јадења.
ПАРМЕЗАН
Пармезанот е сирење кое се произведува од обрано кравјо млеко. Пармезанот е жолт со грануласта структура и има пикантен вкус. Познат е во Парма уште во 13- иот век, иако потекнува од Тоскана во 11- иот век. Од 14- иот век се користи за наросување на тестенините. За да не се изгуби вкусот на пармезанот, треба да се изренда непосредно пред употребувањето.
ОРИЗ
За појавувањето на оризот во Италија постојат ралични теории. Едни тврдат дека за оризот знаеле и старите Римјани, додека други сметаат дека оризот на Сицилија го донеле Арапите. Одгледувањето на ориз во долината на реката По датира од 15- иот век.
ТИРАМИСУ
Тирамису што во превод значи ,,земи ме има статус на култен колач во Италија. Главни состојки се пишкотите натопени со црно кафе, (во кои може да се додаде малку коњак, или рум) и сирење маскарпне кое на колачот му дава кремаста структура.
Храната во Италија претставува вистинско уживање кое секојдневно се слави како гозба за сите сетила: во друштво на семејството или пријателите, дома или во добар ресторан.
Секогаш кога е тоа можно храната во Италија се јаде во друштво.
Tekstot go iskopirav od hrana i vino.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Јуни.2011 во 05:07 |
Канелони
Потребно: За канелони: 100 г брашно; 3 јајца; сол; За филот: маслиново масло; 200 г мелено месо; 250 г спанаќ; оригано; магдонос; 3 јајца; 2 лажици презла; сол; црн домат; малку путер; рендан кашкавал;
Подготовка: Од брашното јајцата, солта и околу 200 милилитри вода, измешајте тесто како за палачинки. Оставете го да мирува 2 часа, а потоа на врело масло испечете тенки палачинки. Меленото месо, исечканиот спанаќ и зачините пропржете ги на масло, а кога смесата ќе биде готова, оставете ја да се излади. Потоа измешајте ја со јајцата, презлата и црниот домат. Со филот прмачкувајте ја секоја палачинка и завиткајте ги. Така приготвените палачинки ставете ги во подмачкан сад за печење, над нив ставете путер и рендан кашкавал. Печете во рерна на 200 степени околу 15 минути.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Април.2011 во 23:05 |
Шпагети со кашкавал
Потребно:
* шпагети * кашкавал * 1 чаша павлака * оригано * малку маргарин * сол по потреба
Приготвување: сварете ги шпагетите во вода во која сте ставиле малку сол. Во тенџере ставете малку маргарин да се стопи. Откако ќе се стопи, ставете ги исцедените шпагети, павлаката, ориганото и одозгора ренданиот кашкавал.
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Април.2011 во 09:10 |
Шпагети со колбаси
Потребно:
* 200 г колбаси * 2 страка младо кромитче * 4 домати * 100 мл бело вино * 150 г блитва * 400 г шпагети * масло * сол
Приготвување: исечкајте ги младото кромитче и доматите на мали коцкички, а колбасите - на тенки тркалца. Пропржете го сето тоа во загреаното масло, па прелијте го со виното. Мешајте ја смесата сè додека течноста нè испари. Потоа ставете ја исчистената и исечкана блитва во нив, ставете сол по вкус и динстајте уште пет минути на тивок оган. Откако ќе ги сварите шпагетите, сипете ги во смесата од колбасите и добро измешајте го сето тоа.
|
|