IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Дневник - во малку поинаква форма...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дневник - во малку поинаква форма...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 22>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2012 во 02:11

Ми помина со рацете по белегот „Длабока лузна од глупаво детиште“ - рече пред да се насмее на глас онака задоволно, без прашања, без изнудени одговори .... само продолжи да поминува со раката по должината на белегот....

„Не ги спакував сите нешта во картонска кутија на патот од детиште до жена, ги задржав оние омилените .... засекогаш ..... Не користам кратенки, никогаш и не сум ги сакала во ниту една форма ... Нема да ги користам ни сега кога е полесно да се превртам на стомак и да ја сокријам лузната “

Се насмеа пак .... „На пазарот за месо ти си роба со грешка“ – ми рече- „Остави ме да те извадам од колосек, само за миг да добијам бес од тебе.... да те видам разлутена .... нешто , било што .... за да знам дека има надеж“ ...

„Гледаш некаде натпис Изгубено – Најдено?“

„Зошто во тебе нема светлина? Понекогаш се прашувам како те најдов, како слеп да сум те барал низ мисли, без звук, без мирис, без допир ..... како воздух“- рече и ги затвори очите .....

„Сега ја знаеш лушпата со лузна, и со затворени очи пак ќе ја познаеш нели?“

„Ти уште си играш а веќе си жена, кога ќе научиш дека сега веќе не си играш со сјајни нешта собрани од излог на продавница за играчки имаш живот во рацете ејјјјјјјјјј?“ – ми ја сврте главата за да го погледнам .....

„ Лушпата се крши без допир, мирисот може да даде чудни бои а моето дишење знае да зборува течно и разбирливо“

“На крајот од денот сите го разбираат само онаа ЗБОГУМ кажано на било кој начин а ти си исклучително добра во тоа“ – ми рече со стегната вилица ......

„На крајот на денот јас сама ќе го најдам мирисот на црно вино од чашата која е моја без да користам кратенки“ .............

И уште една насмевка умре, по којзнае кој пат .........  



Изменето од Blue Scarlet - 08.Април.2012 во 14:26
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2012 во 14:46
шо да кажам
нит је песна, нит је прикаска
истурени нерафинирани мисли како мониста од скинато ѓерданче
...
на зелен синтелон

туку друго мене ме мачи
виното... - Т`га е?размислување
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2012 во 14:08

„СЛИКАРОТ“

 

Одамна го постави белото платно за сликање,

Во коридорот на минувачи додека бараше лице,

Гледаше во платното како да одмерува празнина,

Додека рацете му беа замачкани со стари засушени бои ...

Времето го одмеруваше со исчезнати месечини,

Секоја нова родена потешка од претходната,

А тој безобразно го навредуваше секое ново утро,

Лицето за неговата слика на платно е лице на ноќта ....

Деновите ги минуваше со ефтини скици исцртани со молив,

И графитот беше скап за безизразноста на минувачот ,

За мигот кој го одзема од двете раце на маестрото,

Наместо слика на платно - корка леб и голтка вино .....

 Со затворени очи вовлекува длабоко чад од позајмена цигара,

И се обидува да остане мирен, да не псуе гласно,

Имаше по една за секој љубопитен што му ѕирка зад рамото,

Додека мрмореа со негодување за празното платно .....  

Ја чекаше тишината додека настапува ноќта,

Се смееше на измислената дијагноза која му ја закачија,

Титула „Лунарно пореметен“  како покварен часовник,

Додека ја мешаше бојата и чекаше светлина да слика ....

Некои ноќи можат да траат како век со запрено време,

Како услишена молитва на сиромашен сликар,

Да го заврши делото „Лице на ноќта“ со свој потпис,

И засекогаш да исчезне од коридорот на минувачи ...

А можеби,  ќе остане само приказна ......

НЕ!

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2012 во 20:12

„Црвен фустан“

 

Распродажба на насмевки за познавачи на добро вино,

Наредени како огледала на ефтина тезга како на панаѓур,

Немаат вредност  за погледи со воодушевување,

А јас купувам во црвен фустан,босонога .....

„Каде ли те води твојата лудост блесаво? – ми велиш,

Во скап фустан на селски панаѓур трчаш босонога,

Разгалено детиште на огнот си, се расфрлаш со пламени јазици,

Кој ли ќе те стигне за да те смири и да застанеш?„

А јас палаво пак ги покажувам белите нозе,

Под црвениот фустан на огнот со разбушавена коса,

 И ти покажувам на тезгата со насмевки на распродажба,

„Одбери една, една единствена како подарок“ .

Неа ќе ја носиш во внатрешниот џеб на синото палто,

Ќе ја вадиш и местиш понекогаш за убави жени,

Оние со неизвалкани нозе од трчање по блато и прашина,

Таму на градските тротоари кога во сивило ќе здогледаш црвен фустан.

Мене ќе ме имаш на усните, подарена како ефтин подарок,

Насмевка и слика на која играм босонога во скап црвен фустан

Оној истиот кој одбив да го спакувам на таванот за отфрлени нешта,

На денот кога го пронајдов домот и ти дозволив да се вселиш .....  



Изменето од Blue Scarlet - 15.Март.2012 во 20:12
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2012 во 20:07

„Фаталната“

 

Колку долго бев таму во моето совршенство сама,

Во совршен зимски ден со совршена тишина,

Таму каде што друг умира и спие јас се раѓам,

Којзнае по која пат веќе во мојот век ....

И одзвонува гласот на Фаталната умее да се смее со срце,

Нема срце, само глас без тело кој умее да повторува,

Како цитат напамет научен затоа што бил важен:

„Ќе умираш и ќе се раѓаш, во секое утро пред секоја ноќ“

А јас само ќе ја надополнам како умница тукушто испилена,

Која учела од болка на дваесет скршени коски во ист миг,

„Тука сум со тебе да живеам без душа со души две“

Ме испраќаат и дочекуваат на истиот перон.

Пак ќе ја насмеам Фаталната онака од срце,

 ќе ми каже дека магловит ми бил патот,

Сум избрала дожд, стерилност и стакло

Без изговори и со посебна нарачка како таа да ме чека мене .....

Се смее и на моите писма кои ги пишувам без да ги пратам,

Два века си назад, живееш во модерно време ми вика,

Праќаш бакнежи во ноќта без да бакнеш,

Живееш без сетила за да умреш кога ќе ги добиеш ....

Се си мислам -  растам со секое ново раѓање,

Онаа од вчера е историја запишана во моите писма,

Оваа од денес утре нема да постои,

А јас сум сепак таа една што на Фаталната и пркоси ....

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Novak Nastich Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Јануари.2012
Локација: Mauzdonia
Статус: Офлајн
Поени: 364
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Novak Nastich Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2012 во 23:46
20.12.2012   ,nekolku minuti pred polnokj,

Nekoj stavil premnogu led vo pijalakot i pijalakot e prilicno razvodnet.Nekoj stavil premnogu zelezo vo ognot.Nadevajki se deka ke go izgasne.Nekoj sakal da bide podmolen i neiskren.Nekoj sto postojano go cita mojot dnevnik.Preku moeto ramo.Nekojsto ne gi znae termickite procesi vo moeto telo.Seedno koj.Ne znam kade e.Mozebi i ne postoi.

Изменето од Novak Nastich - 22.Февруари.2012 во 23:57
Mantijata e Klovnovski kostum sto go nosat dvorskite shutovi na nebesniot dvor
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2012 во 22:42

безбојно слатко утрински

го опишав бакнежот

во моментот кога ништо паметно не ми доаѓаше на ум

заправо, имаше вкус на ништо

ништо порано вкусено

нислам дека не го запамтив, воопшто

еј, да повториме -и‘ реков

можеби помисли дека сакам на неа да истражувам бакнежи

а мене само ми беше до бакнување

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 18:29

„Зимско небо“

 

Знаеш дека можам да поврзам неспоиви нешта,

Како белилото со црно како во студена зимска ноќ,

Коперфилдови чуда за восхит и аплауз,

Сплетени илузии во мрежа од мисли ... никој не ги гледа ...

Ќе направам постер на врата од циркуска кочија,

За жената што  блуе оган а аждаја не е,

Таа само грее смрзната душа во зимска ноќ,

И не е дел од бајка или циркуска свита ....

Самотник, сенка на високи борови завеани,

На патека со свилена нишка одбележан,

Едно е, се дели со две, стапки во снегот,

Без висока математика и компас за талкачи...

Посакала таа некогаш да вдише чисто студенило,

Да го пречекори снегот пред малата врата,

Со крената глава да бара соѕвездија на зимско небо,

Касиопеја е таа, свртена наопаку под казна ....

Ќе ме спомне и мене таа некогаш, ме знае добро,

Стојам спроти неа кога ќе се наведне над изворот,

Нејзината вода за мене е лед  под зимско небо,

Подарок, месечево огледало .... свртено наопаку ....

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2012 во 15:10

„ПРОШЕТКА“

 

 

Ќе ме прашаш ли зошто брзам па застанувам,

Да го измијам лицето на месечева светлина,

Кога се подсопнувам од паднати ангели,

А знам дека наместо вода ќе добијам оган ...

Делам скапи насмевки без сопственик,

За да си го одбележам патот изминат,

По лавиринт граден со години без демони,

Ѕидини напуштени за ноќни прошетки ....  

И одалеку те слушам како ми велиш:

„Расипнице, зар не умееш да чуваш скапоцености,

Распаруваш бисерна кожа секоја вечер,

Ја нудиш а јас не сум таму да ја соберам,

Да ја помилувам и да ти ја вратам како подарок“

Јас ги праќам моите воздишки со ветерот,

За да те стигне, да ти го даде здивот одземен,

И да не му веруваш, да го избркаш и проколнеш,

Ќе ти остави данок собран во бакнежи,

За да ми се врати олеснет, да се свие во срцево ... 

И во зората кога ќе се обидам да побегнам,

На белиот булевар одбележан со насмевки,

Ќе носам изгореници по вратот како медал,

Од жешки зборови без допири за покајание,

И ќе ти вратам пак во раѓањето на новата ноќ

Во потрага по вода за да добијам оган ....  

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2012 во 22:16

„Танчерка во сино“

 

Влезе во глуво доба низ источната порта,

Ми рече дека во рацете го носи центарот светот,

Праша дали ќе верувам на прегратката на ветрот,

За да продолжам да играм на штица која шкрипи....

Ми подари слика со илјада сончогледови лица,

Рече: „Гледај во синото небо над нив, таму си ти“

 Знаеше дека го крадам синилото со секој скок,

За да купам име дадено на распродажба ...

Му подарив пируета на штицата што шкрипи,

И скромна бисерна капка за да ме убие срамот,

Па фаќам рамнотежа со раширени празни раце,

Му нудам широка насмевка за да види раскош...

Заработувам со играње на музика која не престанува,

За без пари, со пород  кој дели насмевки како летоци,

Рече ќе замине во јадрото на сонот и седна во првиот ред,

За да го гледам пред мене додека купувам нов ден.

Помислив: Чекај ме на работ на штицата,

Музиката ќе престане некогаш, ќе ме совлада замор,

Му реков: „Тргни по патот продолжи да нудиш чуда,

Јас сум неуморна, ќе танцувам до крајот на веков ...“

И сега танцувам уште на штица која шкрипи,

Се мешаат звуци за да изгубам ритам кога барам здив,

Понекогаш ќе украдам и дел од ноќта, богат плен,

Тогаш им дарувам на очите сон во раскош,

И таму си ти, во првиот ред ......



Изменето од Blue Scarlet - 23.Јануари.2012 во 22:18
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14571
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2012 во 17:56
 

Се раѓаат така бајките
кои би ги сакал во сите мои соништа..
и ке ги раскажам...за да летам во рајот кој го немам.
..Воздух..колку е слатко во воздухот да избегам од мојот живот
..Воздуху вдиши ми ја тишината...не ми кажувај збогум..
издигни го светот..однеси ме со тебе помеѓу 
анѓелските мистерии и демонските насмевки..
прегрни ме и ќе летам..
Ќе се вратам во воздухот кој ме носи од мојот живот.....
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2012 во 20:22
Originally posted by Joshua_Tree Joshua_Tree напиша:

среќа....добредојде(сакав да ти шепнам да им дадеш малку душа)...ако?

критики за делови од душа нема....



Ete ti "senka so dusa" ...... голема насмевкаплазење
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2012 во 20:21

„СЕНКА СО ДУША“

 

Те испратив во земјата на сенките,

Те ставив зад себе и те притиснав до зидот,

Така можам да ти го почувствувам здивот,

Мојата сенка има душа, дише зад мене.

Те ставам под себе на пладневно сонце,

За да се вовлечеш во мене без опашки,

Те оставам да дивееш и гориш,викаш и молиш ,

А јас ќе ги затворам очите и само ќе те слушам.

На залезот ќе те постелам пред мене ,

Од крајот како почеток, јас одамна сум наопаку,

И ќе гледам како цел живот слепа да сум била,

Прогон на две души во сенки здружени за сила.

И кога ќе настапи ноќта јас пак ќе останам иста,

Шуплива лушпа за земни задоволства,

И нема да дишам за да можам да те слушнам,

Чекори на доаѓање .... заминување ....

Сеедно .... исто ..... од почеток или крај ....

Јас бакнувам сенка пред спиење... сенка што има душа ......

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2012 во 16:40
среќа....добредојде(сакав да ти шепнам да им дадеш малку душа)...ако?

критики за делови од душа нема....


Изменето од Joshua_Tree - 17.Јануари.2012 во 16:45
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.