IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - На столбот на срамот!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На столбот на срамот!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 49>
Автор
Порака Обратен редослед
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2012 во 22:17
драматично


Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2012 во 22:00

Кога ќе ми текне само на Триумфалната капија или на трите жални врби од 250 илјади евра.
А жалниве студенти???
Нека си читаат “Како се калеше челикот“! не

 

Пуст да остане животот студентски: СД „Гоце Делчев“

Морам до тоалет, беа првите зборови при влезот во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

Важи, нема проблем, повелете, меѓутоа вратата не се затвора, ќе ви чувам стража.

По едноминутно молчење се слуша – Заборавив да ве предупредам, и казанчето нема вода.

Проклетство, си велиш и се обѕирнуваш наоколу. Ѕидовите руинирани, со дупки, ходници во кои те вее ветер како да си надвор, скршени прозорци, мирис на влага и на урина. Тука слободно може да се снимаат сцени од хорор-филм, си велиш. Се наежуваш, се прашуваш дали некој воопшто би можел да живее тука. Ама може.

Нашата соговорничка нè внесува во својата малечка и скромна соба. Прозорците залепени со селотејп, заковани со понекоја штица, штекерите, исто така, залепени со селотејп. Од чешмата постојано капе вода.

„Лани речиси два месеца немавме вода, за да се капеме, си топлевме во тенџериња. Ама тоа е. Секојдневие е да нема топла вода и парно. А и кога има, зиме, толку дува провев, што ти е страв да отидеш да се избањаш. Ниту мајсторите не ни обрнуваат внимание. Не дај боже да ти се расипе нешто, дури непријатно ти паѓа да ги молиш да ти помогнат. Така, прозорецот ми беше расипан и отворен речиси еден месец, и видов-не видов, викнав еден другар да ми го закове. Расипани парна, така си дремат ладни оти нема кој да ги поправи“, раскажува нашата соговорничка и додава дека само еден тоалет, во кој работи само една туш-кабина, го користат некаде 16, а некаде и 32 студенти, во зависност од тоа на кој кат и во која зграда се сместени.

Го гледаме нејзиниот лаптоп на креветот од кој тивко свири „Cry Me A River“ и првото прашање што ни доаѓа на памет е дали имаат Интернет.

„Интернетот си го плаќаме сами. Лично јас давам 300 денари за 10 гига. Се организираме по соби и си купуваме. А потребен ни е. Семинарски, домашни работи, па не постојат веќе листови, на професорите сè на мејл мораме да им праќаме. Ама толку работи ни фалат, па проблемите со Интернет не ги ни забележуваме. Ненормалните работи веќе ни стануваат нормални“, објаснува девојчето.

Станува, ни вари турско кафе со една лажичка шеќер. Го гледаме решото, ни вели си го понела од дома, овдешното било расипано.

„Бев здраво дете, ама откако сум тука, само болести ме фаќаат. Добив инфекција на мочните патишта, желудникот ми се расипа, сестра ми кога беше сместена, и таа се разболе, фати бронхитис и гнојна ангина, а цимерката си отиде дома, зашто и таа се разболе, па за да се излечи, оти тука не може. Влага има колку сакаш, на еден другар дури печурка му никна во собата. И од челик да си, тука ќе ти падне имунитетот“, вели дваесет и едногодишната девојка.

Објаснува дека сиромаштијата ги носи тука. Дека немаат избор оти кириите се високи.

„А не смееш да се пожалиш. Веднаш ми велат, па ако не ти чини, што не си одиш под кирија, или, пак, дека сум од опозиција. А ова нема врска со тоа. Пари за кирија немам, моите се сиромашни. А има и онакви што не можат да издржат, па си одат оттука. А кога се бунам, не се бунам за џабе, значи тешко ми е, не е фер, академски граѓани сме. Во времето на татко ми било привилегија да бидеш сместен во студентски дом. Денес, тоа значи друго – дека си го допрел дното. Ама јас тоа го разбирам како чин на челичење. За подготовка за животот. Еден ден кога ќе ни се случи нешто страшно да можеме да си речеме – Ех, јас во Гоце бев сместена, па ова нема да го преживеам“, коментира студентката.

Во студентскиот дом месечно се плаќаат по 3.500 денари, а во цената е вклучено и јадење (со бонови) во тамошната менза.

„Грав, грашок, виршли, пире, повремено понекоја плескавица, ама цело време иста храна има, која воопшто не е вкусна. А мензата и покрај тоа што наводно работи до девет вечерта, ако не отидеш да си земеш храна околу пет попладне, нема ништо да најдеш. Затоа редовно сами си купуваме вечера. А ако некогаш чуеме дека донеле нешто ново на менито, тогаш се радуваме како деца и се прават редици. Некогаш кога има помфрит, се чека и до еден час додека да успееш да си ја земеш порцијата. Се водат битки за преживување“, вели соговорничката.

Затоа, пак, социјалниот живот им е одличен. Забави и дружење постојано, а и лесно разменување информации и книги.

„Не можам да се пожалам од социјалниот живот. Колку луѓе тука имам сретнато, немам сретнато за цел живот. Си помагаме, се дружиме, се раѓаат љубови. Верувам дека оттука некои ќе ми останат пријатели за цел живот. И диското ни работи, па секој вторник и петок сме таму на некоја забава“, додава студентката.


Кон врв
borivojeboric Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај borivojeboric Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2012 во 01:26
Само потсетување: http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=116104&kategorija=3. Дали е ова дело на позицијата или опозицијата? Откако нешто ќе растуриш, треба одредено време да помине, за тоа да го составиш. Така и со нашата држава, ако некој 16 години ја уништувал, тогаш оддеднаш и маѓионичар да си, не можеш тоа да го направиш. Од друга страна, имам пофални зборови за Бранко Црвенкоски, бидејќи додека е тој на чело на СДСД, дотогаш ВМРО ДПМНЕ ќе владее. Немој да слушнам да рече некој Б.Ц. да оди во затвор.
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2012 во 23:17

една од мене за народот наш македонски
само кај нас има демонстрации против опозиција...пази,мнозинството гласови се кај владата а тие не убедуваат(ај шо не убедуваат ама шо им веруваме) дека ради опозоцијава  нема плати,нема социјална помош(која ионака секој ден е помала),нема субвенции,нема пензии,нема ништо...има само споменици
просто не можам да се начудам како бе опозицијава е уште опозиција кога е толку моќна и контролира се?
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2012 во 05:56
на иницијативата протов поскапувањето на енергенсите и струјата и враќање на ефтината тарифа досега се потпишале 5300 граѓани...од 2 милиона....
абе ова не е народ...ова е злато од народ....да го гушнеш и да бегаш...
и после тоа била скапа струјата, скапо горивото, го дупела народот топлификација...АБЕ МАЛКУ Е....
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2012 во 23:18
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


 http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=1886899C1C97E24C8DEE19F2BCEA0252


Што да се каже друго освен- СРАМОТА ! не


Не знаев дека по наредба на лидерот сите може да глумат лудило. Овие биле за Холивуд а не за во парламент.  Срамота за лидерот на СДСМ и за неговите пратеници кои не се свесни дека не само што одат против ВМРО ДПМНЕ туку и одат против својот народ ...не



ма ајдеЗошто го прескокна СУШТИНСКОТО ?...Обидот на владејачките партии да ја прескокнат Комисијата за финансирање и буџет и да го протуркаат фискалниот план за 2013 преку Законодавно-правната комисија доведе до судир меѓу пратениците од двата табора.(од истиот весник)

..на крај краева,БЦ конечно може да ги боцка во ребра,за цела измината година што кокетираат со своите коалициони партнери по суштински пшрашања за цел народ и држава.Ќе попушти ама игра на нерви е во моментов.даголема насмевка
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9425
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2012 во 19:36


 http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=1886899C1C97E24C8DEE19F2BCEA0252


Што да се каже друго освен- СРАМОТА ! не


Не знаев дека по наредба на лидерот сите може да глумат лудило. Овие биле за Холивуд а не за во парламент.  Срамота за лидерот на СДСМ и за неговите пратеници кои не се свесни дека не само што одат против ВМРО ДПМНЕ туку и одат против својот народ ...не

   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2012 во 19:59
има ли капетан овој брод или Титаник му е името?

http://www.plusinfo.mk/vest/48669/200-toni-meso-nelegalno-pushteni-na-makedonskiot-pazar

па mamamd на ова запиша...-Ај на здравје јадење, по она житото, сега е редно и малку месо, какво -такво, ќе го свариме ние, отпорни сме.изненадување..или изворно http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=20581&PID=2761507#2761507

-на ова brza напиша....
-ma krkaj si ti na raat!да

...ne veruvam deka neshto mu e na toa meso,...tuku, deka na drzavata i e povekje zal shto ne lapnala nekoj dinar od nego,

...otkolku shto i e do tvoeto zdravje!

...za brashnoto pravele analiza,...samite rekoa ...a za ova samo deka  ne uspeale da go propushtat niz svoeto.... sito!

арно ама не се заврши со тоа...па велат.

-има отрови...па потоа
-   нема отров во српската пченка  од 07 12 2012
па сега повторно има...
-http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=5214F70EC777E24286E962D86DC4E7D2

најдобро да седнат и да се договорат..има или нема.
случај како со косили шампонот пред некоја недела..прво немаше,а откако србите пронајдоа некоја си супстанца тогаш и нашиве ја најдоа(признаа).Се прашувам,има ли воопшто контрола и имаме ли лабартории за вакви и слични испитувања...или само агенции и какви не ти институти.збунетост




...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2012 во 03:18
Шамари ли се шамари... Ајде позицијо коментирај за знамињата.. или сега како и владините мегафони ќе се изјасните со коментар од типот, легитимно право имаат да ја преплават Македонија со албански знамиња, т.е со знамиња на друга држава. А што е најинтересно се си тече така глатко и мирно.. Кичмите повеќе од ова дали можат да се свиткаат на македонците? Или преостанува сите кај рамче од шутка па тој без вазелинче да ни ги исправа... Хммммм некако ептен се стишаа "бранителиве" на актуелната власт.. Дали се молат нивниот личен профит да стигне побрзо отколу падот на власта или што е муабетот? Тоа допрва ќе треба да го утврдиме, а до тогаш ќе му се изнагледаме на пред новогодишниот декор на албанското "малцинство" во државава, кое толку убаво ни го "накити" Скопје, или барем некои делови од него, и добар дел од нашата ни мила и напатена, а богами и во догледна иднина "федерализирана" Македонија... Само напред Македонијо.. Вмро е твојата судбина (со лопатата во рака)....
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2012 во 22:31
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2012 во 08:24
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

 
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Ако е вистина кажаново (а зошто и би  лажала кутра женазбунетост).
Ако е вистина, имам само едно јаз,к за недопирливите. Оти за некој штета од 1оотина евра  е ништо, ама за некој е месечен опстанок.
Доколку е вистина, дотичниот само требало да застане и да се договори, да си ја плати направената штета и готово. Вака само прави револт кај обичните луѓене

Самохрана мајка: Срѓан Керим, пијан, ми го удри автомобилот и се сокри



Аман аман, оваа го видела времето до секунда..во 6 часот и 8 минути, а да не биле и 9збунетост
Патем, не верувам дека Керим си дозволил да вози, сепак никогаш го немам видено зад волан. За тоа си има личен шофер и за тоа постојат полисите за осигурување...
А таа може да си ја вози колата и изгребана, не мора да ја замачкува со боја..
Одма се јавила на 100 места кренала бунт женава, а можела да викне полиција ..
И што ако нема траги на автомобилот на Керим? Одма да обвинат некого новинариве...
Тури му пепел и на сведокот ако колата е навистина нечепната..

А и многу е кутра женава, дури Киа вози..
Кутрите возат југо, 101 и слично нешто 15 години старо

-Кутра мислев во смисол на нервозите што и се приредени (од женски аспектнамигнување)
- Запамтување на времето- кога нешто правиш со рутина, памтиш- јас знам дека една релација од едно 200 метри секој ден ја минувам во период од 7:25 до кај 7: 30 ((кога веке сум во колаголема насмевка)
-Е види, јас го имам видено и него и многумина други (елитни) да  возат. И ја разбирам, оти имав слична случка пред едно 15 години со еден кретен кој мислеше дека е недопирлив, ама се сврте тркалото и си платиголема насмевка

Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2012 во 21:02
фул ми уонс - шейм он ю
фул ми туайс - шейм он ме
ѓавол

Иванов греши ако мисли дека некой му верува
се разбира мислам надвор од Македония


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=92B1A6310DFE7F488E19FB10D0AA4F9B

Доста веќе гледавме назад. Ние пристапуваме кон Европската унија за со Бугарија да спроведуваме европски стандарди, критериуми и принципи. Да им ја оставиме историјата на историчарите, рекол Иванов.


Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2012 во 20:26
 
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Ако е вистина кажаново (а зошто и би  лажала кутра женазбунетост).
Ако е вистина, имам само едно јаз,к за недопирливите. Оти за некој штета од 1оотина евра  е ништо, ама за некој е месечен опстанок.
Доколку е вистина, дотичниот само требало да застане и да се договори, да си ја плати направената штета и готово. Вака само прави револт кај обичните луѓене

Самохрана мајка: Срѓан Керим, пијан, ми го удри автомобилот и се сокри



Аман аман, оваа го видела времето до секунда..во 6 часот и 8 минути, а да не биле и 9збунетост
Патем, не верувам дека Керим си дозволил да вози, сепак никогаш го немам видено зад волан. За тоа си има личен шофер и за тоа постојат полисите за осигурување...
А таа може да си ја вози колата и изгребана, не мора да ја замачкува со боја..
Одма се јавила на 100 места кренала бунт женава, а можела да викне полиција ..
И што ако нема траги на автомобилот на Керим? Одма да обвинат некого новинариве...
Тури му пепел и на сведокот ако колата е навистина нечепната..

А и многу е кутра женава, дури Киа вози..
Кутрите возат југо, 101 и слично нешто 15 години старо
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2012 во 18:35
Ако е вистина кажаново (а зошто и би  лажала кутра женазбунетост).
Ако е вистина, имам само едно јаз,к за недопирливите. Оти за некој штета од 1оотина евра  е ништо, ама за некој е месечен опстанок.
Доколку е вистина, дотичниот само требало да застане и да се договори, да си ја плати направената штета и готово. Вака само прави револт кај обичните луѓене

Самохрана мајка: Срѓан Керим, пијан, ми го удри автомобилот и се сокри


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 49>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.