IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Свински грип
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Свински грип

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213>
Автор
Порака Обратен редослед
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 00:50
Originally posted by IQ IQ напиша:

samo go panichat narodo. kolku lugje umirat bre sekoj den od soobrakjajki pa ne gledam nekoj da prestanal da voze poradi toa. kolku luge umirat od sida, pa pak ne im doaga pamet na lugje i se onaduvaat bez zash*tat so sekogo, i sea se pojavil na drugio del od zemjata nekako si grip i site panika ajdeeeeeee. ma gluposti bre!

panichea i za onaj kokoshkinio, pa sho bide? nishto! me nerviraat vakvi gluposti vekje.


Eeeej sto rece?? Devojko dali si ti svesna deka zboruvas sosema pogresno??? Velis kolku soobrakjajki taka -- e zatoa se voveduvaat eden kup zakoni vo soobrakjajot zaradi toa,,, toa ti e nesto od ne vnimanie kako i SIDAta isto taka... Znaci ke nastradash, ke se zabolis ama oti OTI SI BIL/A NEVNIMATELEN/A.. Taka??? E gripot devojko se siri od covek na covek... Ke vleze zabolen ucenik vo amfiteatar a ni toj nema da znae i opaaa po nekoj den site sto bile 90% zaboleni... I toa tebe nema da ti stvori panika???   
Кон врв
IQ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Darling

Регистриран: 11.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12382
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај IQ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 00:30
samo go panichat narodo. kolku lugje umirat bre sekoj den od soobrakjajki pa ne gledam nekoj da prestanal da voze poradi toa. kolku luge umirat od sida, pa pak ne im doaga pamet na lugje i se onaduvaat bez zash*tat so sekogo, i sea se pojavil na drugio del od zemjata nekako si grip i site panika ajdeeeeeee. ma gluposti bre!

panichea i za onaj kokoshkinio, pa sho bide? nishto! me nerviraat vakvi gluposti vekje.

[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 23:57
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=107859грицкање%20нокти

Изменето од macedon_alex - 30.Април.2009 во 00:01
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 20:54
Кон врв
karolin4e Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај karolin4e Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 20:48
e ovie bolesti stvarno preteruvaat... prvo pticij grip sea pak ovoj... koga ke ziveeme vo mir... sekogas mora od nesto da se plasime... nekoi luge izgleda mnogu si igraat so hemijata...
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 19:54
samo izbegnuvajte kontakt so amerikanci i opasnost nema ... pogolemi svinji od niv nema .... a zgora na se , sekoj virus koj e smrtonosen po ludjeto doadja od kaj niv болен
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 19:35
Denovive na SKY NET ke ima intervju so doktor Ivanco Naletovski od veterinarniot fakultet vo vrska so Svinskiot grip.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 19:21
Американскиот "ONLINE JOURNAL" објавува дека двајца угледни новинари кои разговарале со високорангирани личности во ОН и во СЗО соопштиле дека новиот сој вирус на свински грип е резултат на вештачки произведен патоген кој може да доведе до пандемија.
"Вирусот А-H1N1 има одредени трансмисиони 'вектори' што упатува на тоа дека новиот вирус на грип е генетски модифициран како воено-биолошко оружје", наведува ( како што е наведео) неименуван врвен научник при ОН кој смета дека смртоносната ебола, HIV вирусот и актуелниот A-H1N1 вирус се биолошко оружје, јавува новинарот на "ONLINE JOURNAL"  од Мексико Сити
Како доказ за своето твдење научникот наведува дека меѓу свињите нема регистрирани случаи за инфекција со A-H1N1 вирусот иако вирусот од свињите се пренел на човекот и понатаму се шири меѓу луѓето.
Центрите за контрола и превенција на болеста наведуваат дека вирусот се состои од сегмент на гени на северноамериканските свињи, дел од вирусот на птичјиот грип, дел од вирусот на човечкиот грип и сегмент  од евроазијскиот свински грип.
Другиот,пак, новинар на "ONLINE JOURNAL" јавува од Џакарта дека званичниците на СЗО се заплашени од присуството на дел од генетскиот материјал на вирусот H5N1 во вирусот на свинскиот грип што би можело да значи дека новиот вирус на свински грип е генериран да би преоѓал од "една врста на друга".
СЗО одржала вонредна седница во Женева и објавила дека вирусот A-H1N1 е "државно здравствено случување од меѓународно значење"
Соопштено е, како што пренесува "ONLINE JOURNAL" дека СЗО ќе препорача рестрикција на патувањата во и од областите каде што е регистриран свинскиот грип
Помошникот на генералниот директор на СЗО Кејџи Фукуда оценува дека сегашното избивање на свинскиот грип ширум светот претставува блага пандемија, но исто така предупредува и дека шпанскиот грип од 1918-та година, кој однесе милиони животи, исто така започнал благо.


(Танјуг)
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 18:22

И ПОКРАЈ СВИНСКИОТ ГРИП ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ НЕ РАЗМИСЛУВААТ ДА ЈА ПРЕКИНАТ ИЛИ ПРЕНАСОЧАТ ТУРАТА НИЗ ЕВРОПА


800 македонски апсолвенти на пат за Шпанија!


Апсолвентите преку туристичките агенции Дипломатик и Нехар турс заминаа на екск*рзија низ Европа, а на 2 мај треба да пристигнат во Шпанија, каде веќе е регистрирана болеста. За агенциите ширењето на свинскиот грип не е причина турата да се прекине или пренасочи


Околу 800 македонски апсолвенти од Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" се наоѓаат во Рим, а во сабота треба да пристигнат во местото Лорет де Мар на 70 километри од Барселона во Шпанија, земја каде веќе се регистрирани први случаи на свински грип. Иако црвеното светло за тревога е запалено и Светската здравствена организација апелира за максимална претпазливост поради индиции свинскиот грип со неверојатна брзина да се прошири низ светот и да добие размери на пандемија, агенциите преку кои е организирано апсолвентското патување тврдат дека нема место за паника и дека не размислуваат да ја прекинат екск*рзијата.

"Апсолвентите се на редовна екск*рзија која се организира секоја година низ Европа. Сите се добро и ние сме во постојан контакт со водичите кои заминаа со нив", велат од туристичката агенција Дипломатик. Оттаму, додаваат дека дури вчера ги задолжиле водичите да ги информираат апсолвентите за свинскиот грип со цел тие да бидат повнимателни". Им дадовме инструкции сите апсолвенти кои се на оваа екск*рзија да избегнуваат контакти со странци, да внимаваат каде јадат и пијат и по можност да набават заштитни маски. Па свинскиот грип може да дојде и кај нас и тоа не е причина да ја прекинеме екск*рзијата, додаваат од Дипломатик. И од агенцијата Нехар турс велат дека ја следат ситуацијата и дека доколку оценат дека таа е алармантна ќе преземат мерки за безбедно враќање на апсолвентите. "Родителите не треба да стравуваат бидејќи ние ја следиме ситуацијата", велат од ТА Нехар.

Ниту едната ниту другата агенција не размислува да го прекине ова патување поради новонастанатата ситуација или пак да го пренасочат. Велат не било ништо страшно "За да ја прекинеме турата треба да ги прашаме апсолвентите дали сакаат или не. Ние не можеме таква одлука да донесеме", велат од агенциите.

И додека од агенциите смируваат и сметаат дека нема причина за преземање на порадикални чекори, во Шпанија, каде токму овие наши студенти од 2 мај ќе престојуваат три дена, поради настанатата ситуација се одложи познатата Формула 1, објавија вчера шпанските медиуми.
Од македонското МНР велат дека не се запознаени дека 800 македонски апсолвенти од речиси сите факулетети од Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" се на пат низ Европа. Таква евиденција треба да има МВР, велат оттаму и додаваат дека доколку агенциите побараат помош од нив како и од МВР ќе ја добијат за да овие студенти безбедно се вратат во земјава.

(Р.В.)

ЗДРАВСТВЕНИТЕ ЕКСПЕРТИ СО ПРЕПОРАКИ
Апсолвентските екск*рзии да се одложат
Да се откажат сите апсолвентски и средношколски екск*рзии кои во овој период од годинава се актуелни, бидејќи не може да се предвиди како ќе се шири вирусот на свински грип во наредните денови, особено во земјите каде веќе се регистрирани случаи на заболени лица. Ова е превентивната препорака на македонските здравствени експерти кон оние граѓани кои се подготвуваат да патуваат. Според доктор Јованка Костовска од Министерството за здравство најкритични за патување се земјите каде што веќе се евидентирани случаи на заболени од овој тип на грип.
- Ни се јавуваат загрижени родители на кои децата веќе им се на некоја екск*рзија во земја каде што има заболени лица од свински грип и бараат совет, вели Костовска. Таа појаснува дека не мора да значи дека и тие ќе заболат бидејќи конкретно во Шпанија заболените лица биле во Мексико, но тие сега се хоспитализирани, а под контрола се и лицата со коишто тие контактирале.
Доктор Костовска им препорачува на лицата кои веќе се во странство да не се мешаат со населението, да бидат повеќе во хотелите или во автобусите со кои патуваат. Д-р Жарко Караџовски, епидемиолог од РЗЗЗ, укажува дека апсолвентите не претставуваат ризична категорија на лица само со фактот дека биле на екск*рзија во Грција, Бугарија, Турција или во некоја земја во која веќе има регистрирано заболени лица од свински грип. Проблематични се само оние кои биле во САД или во Мексико и дошле во директен контакт со заболените лица.

izvor vecer.com.mk
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 08:49
...od pipkata k*rtulivme,ama od crveniot veter..tesko bogami...плазење
a mozebi, kako i obicno, kaj nas ne mozat takvi bolesti da vireat,nemaat podloga....od glad vednas virusot umira!смеење
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 22:28
Hmmmm......
Pak ......po moe mislenje ......
preraboti laboratorijata koja e zadolzena za drzenje ramnoteza vo svetot.........
stom ne se uspesni vestacki stvaranje na voeni zarista ajde sega novitet od taa laboratorija....
fino spakuvano mutirano........
za da se nema lek......razbira se...

Periodicno taa "laboratorija".....
ni pusta noviteti vo svetot potresuvajki go covestvoto od edna strana....
i dobar profit od "zagrizenite " od druga strana........
finooo...... so eden udar dve muvi......

Mene........
ne moze nikoj da me ubedi .....
deka toa e dojdeno tuku taka....
znam deka sve e mozno vo prirodata ....
No i taa si ima nekoi pravila za mutiranje i inkubacija.
nitu lokacijata kade sto se pojavi ne e slucajna........

Nekoj sto mu go ima frleno"merakot".....
na Predsedatelot na USA seto toa umesno go isplanira.....

Faktot.......
Rakuvanjeto na g-dinot Obama ....
so meksikanski arheolog Felipe Soliz.....
na 16 april vo antropoloski muzej vo Ciudad de Mexico...
koj po 24h pocinal od ovaa "nenajdena virusna pojava"...
ja digna Belata kuka na noze........
muzejot kako objekt zatvoren za turisti kako preventivna merka.......
Smrtta na arheologot.....
zavedena kako pnevmonija so fatalni posledici....
i toa preku nok........
kazuva mnogu sto sekoj komentar bi bil odvisen.......

Predsedatelot po detalni analizi se custvuval dobro......

I sega ...
aj koj ke me ubedi mene...vo prikazni za deca??

Samo sto faktot......
deka nikoj ne moze da ja kontrolira prirodata.....
moze da ja skroti .......
ama nikako da ja kontrolira ......
ete izbega od kontrola mutiraniot virus.....
i sega posledicite ni se jasni......

Taa ista " laboratorija"......
po nejziniot neuspeh na dobro isplanirana strategija ...
ke go izvadi od sefot i lekot........
samo ne znam kolku vreme e potrebno........

Ili postoi "plan B" sto site ke go osetime???

Ne mi se veruva .......nie sme sitna riba.......
koja se zanimava ......
dali hiruskite maski ke gi dademe po 15 ili 25 den...
i spasot i spremnosta e tuka????
vo hiruskite maski???



Изменето од bijonse1 - 28.Април.2009 во 22:40
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 21:54
Македонски власти вчера го забранија увозот на свинско месо од сите земји во светот, ги зајакнаа контролите на аеродромите и на граничните премини по масовната паника од појавата на свински грип во Мексико, од кој починаа над 100 лица, а инфицирани се повеќе од 1.600 луѓе. Светските здравствени власти веќе алармират дека вирусот се раширил, при што ги потврдија првите случаи во САД, Канада, Нов Зеланд, Италија и Шпанија, инфицирани патници кои во изминатиот период престојувале во Мексико, каде пред два месеци се јави овој мутиран вирус - комбинација од човечки, свински и птичји грип. Македонското МНР вчера немаше официјални информации дали наши граѓани престојуваат во оваа земја, но одговорните во мексиканската Амбасада во Белград, која е надлежна и за Македонија, изјавија дека во изминатите два месеци биле издадени седум визи.

Македонските власти вчера ги смируваа граѓаните дека нема место за паника, бидеќи подолго време во земјава не е увезено свежо свинско месо, туку само замрзнато кое, пак, не е опасно по здравјето на луѓето.
- Лекари, ветеринарни и санитарни инспектори ќе вршат комплетен надзор на сите гранични премини во земјава, на двата аеродрома, особено на патниците кои пристигнуваат од ризичните подрачја во светот - Северна и Јужна Америка. Засега во државава не е воведен карантин, само строг здравствен надзор бидејќи болеста се пренесува преку контакт со заболена свиња или од човек на човек - вели д-р Јованка Костовска, од Министерството за здравство.

По информацијата дека вирусот веќе почна да се шири и во други земји, македонските аеродромски власти ја подигнаа здравствено-безбедносната состојба на трето ниво. Директорот за безбедност на аеродромот, Александар Велики, Зоран Доревски, вели дека аеродромската медицинска служба е подготвена за евентуално влегување на патници со вирусни сиптоми.
-Лекарските екипи по најава од авионскиот персонал прават визуелен преглед на патниците ако им биде јавено дека некој за време на летот покажал индикации на грип. Потоа со Државниот здравствен и санитарен инспекторат се одлучува дали тој патник ќе биде префрлен на инфективната клиника - објаснува Доревски.

Според него, минимални се шансите заразен патник да дојде во земјава преку авиопревоз бидејќи немаме директни линии со потенцијалните жаришта, а истовремено ако патува транзит, таквото лице претходно веќе ги поминало ригорозните контроли што ги почнаа властите на европските аеродроми. Слични здравствено-безбедносни мерки се преземени на патните и железничките гранични премини.

извор- Вечер
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 21:52

Кинески вирусолог Guan Ji, кој бил ангажиран во борбата против САРС и птичјиот грип, предупредува на можна пандемија на свинскиот грип.Тој смета дека ширењето на овој вирус меѓу луѓето не може да се запре за краток рок бидејки веќе има појава на случаи речиси во секој дел на светот.
Микробите,како што се вирусите, стално мутираат и можат да разменуваат ДНК со други вируси со кои ќе дојдат во контакт, при што никој не знае дали тоа ќе ги направи повеќе или помалку смртоносни дотогаш.Вирусот H1N1 е комбинација на  свинска, птичја и човечка ДНК.
Guan истакнува дека овој вирус е сосема поинаков од сезонскиот човечки вирус на грип од типот H1N1. Тој оценува дека ова е скоро нов подтип додавајќи дека светот сосема се приближува кон пандемија благодарение на фактот дека новиот вирус доста ефикасно се пренесува меѓу луѓето
СЗО моментално го класифицира овој вирус како "кризна ситуација по јавното здравје од меѓународно значење" кое може да прерасне во пандемија или глобално избивање на сериозна болест.
Guan подвлекува дека таквата класификација мошне го загрижува знаејќи дека СЗО секогаш е крајно внимателна во своите дефиниции.


(agencije/MONDO)
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2009 во 21:49
Поскапеа заштитните маски

Паниката поради свински грип некои аптекари ја искористија за да ги зголемат цените на заштитните маски за уста и нос. Тие досега се продаваа по цена од четири до 15 денари, а по поскапувањето, некаде чинат и до 25 денари. Продавачите во аптека велат дека нема голема паника меѓу нивните муштерии, меѓутоа имало зголемен број на луѓе што бараат заштитни маски.

- Не го поврзувајте покачувањето со свинскиот грип. Ова се нови маски, сега ги добивме, а поскапи се оти се двослојни – се оправда аптекарка, која ни понуди маска за 25 денари.

Во друга аптека љубезно ни објаснија дека било нормално цените да растат.

- Сепак ова е трговија. Ние нашите цени ги покачивме уште пред неколку месеци кога се крена паника поради заушките. Сега гледам и колегите ги зголемуваат цените – ни објаснија во аптеката.

и нормално,во услови на паника “човечки е“ некој да профитира од сето тоатага
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.