![]() |
|
Секс - како вие гледате на него? |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 910111213 36> |
Автор | |||
makarios ![]() Сениор ![]() Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Брате, во воведното излагање кажав:
А првиот текст кажав:
Да појаснам, станува збор за Митрополит црногорско-приморски Амфилохиј. Ако мислиш дека дедото шири ерес, тогаш нему обрати му се. Нема да те коментирам понатаму, а пак ќе кажам - кој колку може да прими, и кој колку милува. Изменето од makarios - 21.Декември.2008 во 22:54 |
|||
![]() |
|||
Pravoslaven ![]() Сениор ![]() Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Seksot vo brakot ne e grev, nitu jalova besplodnost. Prestanete da sirite ERES na forumov. Zarem ne primetuvate deka site vi se cudat na ucenjeto sto go propovedate tuka?
Vaka li mislite da vrbuvate sledbenici, ucejkji gi deka ne smeat da imaat seks od merak so sopstvenite sopruzi ili soprugi? ![]() Изменето од Pravoslaven - 21.Декември.2008 во 22:45 |
|||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
|||
![]() |
|||
makarios ![]() Сениор ![]() Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Најпрвин ќе пренесам дел од една беседа на владиката Амфилохиј, кој се однесува на телесните односи:
Очигледно, сексуалната револуција во шеесетите години во Америка како ново обоготворување на „похотта на телото, желбата на очите и гордоста на животот“ (1 Јов. 2,16) денеска раѓа обилни мртви плодови во целиот свет. Мажот и жената кои Бог ги благослови да раѓаат и да се множат и да ја наполнат земјата, со помош на полноста како извор на раѓање, со новата (подобро кажано прастарата паганска) хедонистичка филоЗофија на живот се сведува на задоволување на сексуалниот нагон, на бесплодно уживање. Сведувањето на полноста на самоизживување на двајца, или на јалово самозадоволување, значи обесмислување на тајната на љубовта во нејзината полнота. Кога таа полнота се сведе на секс, тогаш човечкиот живот личи на на бесплодно дрво. Бесплодната билка, јаловата крава или кое било живо суштество или билка која не дава плод - се сече и се фрла во оган. Ако тоа важи за секое живо суштество и билка, зарем не важи и за човекот? Навистина, полноста сведена на задоволување на нагонот, на хедонизам, било во бракот, било вон бракот, го претвара човечкиот живот во јалова бесплодност. Така еросот, она што е по својата природа и смисла извор на животот, станува работилница на смртта, како што со право велат некои современи философи. Славањето на Рождеството на Христос како славење на светиња на раѓање, се случува во време на страшна злоупотреба на Божјото дарување со дарови, па и дарот на полноста, како дар на животот и љубовта. Таа злоупотреба води кон пореметување на основните правила и поредок на животот, извор е на зло, болести, загрозување на здравјето, како на природата, така и на човекот. Има нешто апсурдно, да не речеме безумно и несфатливо во однесувањето на современиот човек. Од една страна, човекот како никогаш досега се бори за остварување на својата слобода, човекови права, и човеково достоинство. Од друга страна, истиот тој модерен човек во своите бедра негува змии отровници кои неизлечиво ја трујат и ја уништуваат истата таа слобода, права и човечко достоинство. Современото човештво се бори против сидата и други болести. Заборавајќи на вечната вистина дека се ни е дозволено, но не ни е се полезно, современите законодавства во име на слободата на телесните похоти го озаконуваат чедоморството. Се заборава дека убивањето и обесветувањето на животот на ембрионот значи и обесветување на човечкиот живот воопшто. Борејќи се против сидата и други слични пороци на нашето време, современиот човек го издигнува хедонизмот на ниво еднакво на божество, изедначувајќи го моралот со аморалот. Кратковидите просветители ги учат младите дека со делење на презервативи ќе ја победат сидата и другите смртоносни зла. Рождеството Христово пак, сведочи за вистина посветла од сонце - за сите оние кои имаат очи да видат и уши да слушнат: сидата, наркоманијата, губењето на смислата на живот и други болести на нашето време се последица на моралното пореметување во свеста на современиот човек. Отфрлањето и газењето на древните христијански и сечовечки морални темели и начела на живот и врз нив градениот начин на човечкото постоење - води кон пореметување, распад и трулеж на самата природа и животот. Старо е и прастаро сонцето кое не грее, стар е воздухот кој го дишеме, и прастара е водата која ја пиеме - но без сонце, без воздух, без вода - нема живот. Стара е и прастара вистината на Црквата за светоста на животот, светоста на бракот и полноста и нивната вечна смисла - но без таа вистина не може да има здрав и вистински живот, како богочовечка мерка на човековото постоење. Така, во светлината на Христовото раѓање, телесното воздржување, целомудреноста на предбрачниот живот, целомудрената употреба на светињата на бракот претставуваат единствен извор на новиот живот, здравје и вистинска радост. За Црквата секое човек е неповторливо, мажот и жената не се крпа која се отфрлаат после секојдневното миење. Промискуитетот, прељубата, блудот, противприродната содомија - претставува грев, злоупотреба на богодадените дарови. Па и дарот на плодноста во денешно време - погрешното употребување се плаќа со болести и зарази, распад на семејство, труење на младите поколенија со јалов ум и живот, и претставува закана за духовно, морално, па и биолошко изумирање. Богомладенецот, не повикува на задобивање на вечната Божествена Љубов, на здравје и полнота на животот - било со воздржување до бракот, било во светоста на бракот и од него создавање на потомство, и било во Богородична целомудреност на ангелскиот монашки лик. Изменето од makarios - 21.Декември.2008 во 22:40 |
|||
![]() |
|||
makarios ![]() Сениор ![]() Регистриран: 20.Октомври.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1282 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Здраво на сите. Во последно време, постојано се пишува за сексот, а темите како смирение, византиска музика, монаштво и тн. веќе одамна не се на првата страница, а до скоро така беше и со православна убавина и поуки од Светите Отци (зборувам за православните теми). Воопшто не се ни отворија теми за гордоста, молитвата, причеста и други теми кои се душеспасителни.
Јас сигурно ни сега не би пишал, но пред некој ден бев лажно обвинет дека сум го презирал бракот, потоа дека сум се обидувал да наметнувам волја врз други, и дека моите излагања (цитати од светители и епископи) не биле во согласност со учењето на православната Црква. Сето тоа нема врска, а претставува само психологизација и тортура врз останатите членови на форумот, притоа обидувајќи се целата вина да се префрли врз МПЦ (тие се шизматици, па забегале во учењето), а притоа се занемарува фактот дека јас не изнесов мои ставови, туку цитати од Свети Отци! Исто така, оние кои го тврдат спротивното од моето гледање (и не само мое, туку на неколку членови на форумот кои подолго време не пишуваат), не наведоа ниеден контра аргумент од светители, туку своеволно си ги истолкуваа работите (освен Литвиненко, кој го даде исламското поимање на телесно општење). Ова нека биде како краток вовед, а во наредните постови, со беседи од владици и цитати од Свети Отци, повторно ќе се обидам да го изложам ставот на Црквата во однос на телесните односи, па после тоа - кој како милува. Изменето од makarios - 21.Декември.2008 во 22:28 |
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Циник - без непотребни провокации - ќе добиеш опомена!
|
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
|||
Cinik ![]() Група ![]() Регистриран: 24.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 58 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
A sto ako sum vodel statistika za site temi? ![]() |
|||
![]() |
|||
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Зидарски, убаво што не потсети на Песна над Песните. Библијата е многу повеќе од обичен прирачник за секојдневното живеење, таа не е Душанов законик, но Книга, Божји Збор која меѓу останатото има и длабока уметничка вредност. Ме интеерсира кој е твојот став по ова важно прашање бидејќи не се произнесе. Дали се согласуваш околу Православното гледиште дека сексот во бракот треба да служи само за репродукција и дека неговата примена вон таа улога е грев, или пак застапуваш поинакво мислење? Поздрав ![]() |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
![]() |
|||
maria_magdalena ![]() Сениор ![]() ![]() trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ти треба да се засрамиш, зашто изигруваш некој морален учител. Сексот е дел од нормалното функционирање па како таков мораше да си добие свое место и во Вероисповед, особено затоа што видовме колку различни гледишта има за неговата примена и функција и кои секако вредат да се разгледаат. Ниедна тема не е запоставена, но изгледа ти премногу си се фокусирал на темава од некои причини, па другите ти изгледаат запоставени. |
|||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||
![]() |
|||
Cinik ![]() Група ![]() Регистриран: 24.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 58 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
hahaha...
abe vie zabegani ste bile. Teatar i postanavte na lugeto. zasramete se . seksot go napravivte najvaznata rabota na svetot. kakvi hristijani ste, da se zaprasa covek? Ve citam, vi se cudam i se smejam. gi zapostavivte site temi na ovoj forum, se fativte samo za seksot i go napravive ne kako podfporum veronauka tuku seks, pa i seskualni soveti pocnavte da delite. Gospod da cuva i da brani. |
|||
![]() |
|||
Asya ![]() Сениор ![]() Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Pesnata nad Pesnite e duhovna, napishana vo alegoriska lisrka forma, i ne treba da se svakja bukvalno ni da se tolkuva umstveno (dusheno). A gradite - grozdovi, mlekoto i slichno, se metafori. Obrati vnimanie deka zabite i se kako ostrizhani ovci, a kosata - kako stado kozi. Mlekoto e metafora za mudrosta, a plodovite za nepresushnata plodnost na Crkvata. Vo istata pesna, Solomon go pretskazhal i machenishtvoto na ranohristijanskata Crkva.
|
|||
![]() |
|||
Asya ![]() Сениор ![]() Регистриран: 14.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 902 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Od edna krajnost na gnasenje od brachnite polovi odnosi, narodot zabeguva vo druga krajnost, koga sexot go vozvishuva, shto e, isto taka, pogreshno. Sexot e toa shto e: von brakot - grev, a vo brakot - brachna dolzhnost, i ne treba da mu se pridava poinakvo ili povekje znachenje. Toj e blagosloven, isto kako hranata i vinoto, no ako se pretera mozhe da bide losho (grev). Isto kako shto pijanstvoto i alkoholizmot e grev i bolest, taka i zavisnosta od sexot i sexualnata izopachenost e grev i bolest. Chovekot treba da e umeren vo se.
Изменето од Asya - 20.Декември.2008 во 07:52 |
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
1 Колку се убави твоите нозе во обувките, кнежевска ќерко! Заобленоста на твоите бедра се како огрлици, дело на рацете на искусен уметник.
2 Папокот ти е тркалезна чаша, што никогаш не е без пијалак; мевот ти е како стог пченица, заграден со лилјани. 3 Твоите две гради се како две срничиња- близначиња на срната. 4 Твојот врат е како столб од слонова коска. Твоите очи се како езерчињата во Есевон, кај Ватравимската Врата. Носот ти е како ливанска стражарница, што гледа кон Дамаск. 5 Твојата глава е како гората Кармил, а косата на главата како црвено сукно, и царот се сплетка во нејзините плетенки. 6 Колку си прекрасна, колку си привлечна, о, највозљубена, меѓу милините! 7 Растот твој е како палма, твоите гради се гроздови. 8 Си реков: ќе се искачам на палмата, да ги дофатам нејзините врвови; а твоите гради ќе бидат како гроздови на лоза; мирисот на твојот здив како јаболка. 9 Твојата уста е како најдобро вино, што тече направо кон мојот возљубен, како што тече низ усните на заспаните. 10 Јас му припаѓам на мојот возљубен, и тој има желба по мене. 11 Дојди, возљубен мој, ќе одиме во полето, ќе ноќеваме во селата. 12 Наутро ќе одиме во лозјата, за да видиме дали распупува лозата, дали се зафаќа грозјето, дали расцветаа калинките? Таму ќе му ја дадам мојата љубов. 13 Калинките шират мирис, во нашите куќи има секакви овошки: нови и стари, за тебе ги чував, о највозљубен мој! |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
1 Дојдов во мојата градина, сестро моја, невесто, ги берам мојата смирна и моите мириси, ги јадам мојот мед и моите саќи, ги пијам моето вино и моето млеко. Јадете, пријатели, пијте и наситувајте се, возљубени мои!
2 Јас спијам, но моето срце бдее. Одненадеж глас! Мојот возљубен ми потчукнува: „Отвори ми, сестро моја, возљубена моја; гулабице моја, совршена моја; зашто главата ми е полна со роса, а косата со ноќна влага.” 3 „Ја соблеков мојата облека, како да ја облечам? Ги измив нозете, како да ги извалкам пак?” 4 Мојот возљубен ја провна раката низ отворот и сета моја внатрешност се возбуди од него. 5 Станав, за да му отворам на мојот возљубен, а од мојата рака капеше смирна и потече низ прстите на рачката на клучалката. 6 Му отворив на мојот возљубен, а тој веќе се беше оддалечил и исчезнал; останав без здив кога замина. Го барав, но не го најдов, го викав, но не се одѕва. Изменето од zidarski - 20.Декември.2008 во 07:48 |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
|||
zidarski ![]() Сениор ![]() Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
1 Колку си убава, моја возљубена, Колку си прекрасна! Имаш очи како гулабица, под твојот превез; косата ти е како стадо кози, што слегуваат од гората Галад.
2 Забите ти се како стадо на остригани овци, кога се враќаат од капење: одат две по две како близначки и ниедна не е осамена. 3 Твоите усни се како лента од црвено предено и твоите зборови се љубезни; твоите образи се како калинкини половинки, под твојот превез. 4 Вратот ти е како Давидова кула изградена за одбрана: илјада штитови висат во неа, сè јуначки оклопи. 5 Твоите две гради, како две срничиња, близначиња, што пасат меѓу лилјаните. |
|||
Do what is right, come what may...
|
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 910111213 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |