|
Дали верувате во Митарства? |
Внеси реплика | страница <1 910111213 18> |
Автор | ||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Испратена: 23.Септември.2009 во 18:47 | |||||
Меси, те молам кога си послободен напиши нешто повеќе за ова, звучи интересно...Многу интересно...Многу, многу интересно... |
||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 23.Септември.2009 во 18:36 | |||||
Za neshto takvo (mitarstva) govorele i starite egipjani. Pred umiranjeto, faraonite bile prvin doveduvani vo klinichka smrt so tochno dozirani otrovi, pa bile vodeni od nivniot pochinat prethodnik preku patot na umrenite za da se zapoznaat so mitarite i da nauchat kako da gi odbegnat.
Nitu eden faraon ne pochinal pred prethodno na vakov nachin da se zapoznae so svojot pat do Bozhjite nebesa. |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Испратена: 23.Септември.2009 во 18:27 | |||||
Страшна работа е ова со митарствава.
А сега, по сите овосветски маки, патот на душата бил исполнет со уште поголеми страој... *Дали и малите бебиња минуваат низ ова? *Дали и муслиманите минуваат низ тој пат? *Има ли shortcut? Изменето од maria_magdalena - 23.Септември.2009 во 18:31 |
||||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Испратена: 23.Септември.2009 во 12:48 | |||||
Ајде цитирај ми каде Нифонт зборува за бројот на митарствата, за секое митарство пооделно? За овие нешта не зборува никој ваш "свет отец" пред 10 век, значи дури тогаш се воведени митарствата во вашата вера.
|
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 23.Септември.2009 во 12:19 | |||||
Дефинитивно наградата за веронаутички бисери ти припаѓа тебе. Момче златно, зарем не гледаш дека св. Нифонт е од 4-ти век и зборува за митарствата, а ти велиш дека тоа учење е вметнато во православието во 10-ти век? Логика - 0! Ајде уште еднаш за потсетување. Св. Нифонт епископ на Константијана Александриска митарствата јасно и концизно ги објаснува: „Штом душата ќе излезе од телото, доаѓаат ангелите да ја преземат, но тогаш се собираат и мноштво демони. Ангелите ги претставуваат добрите дела на душата, додека демоните ги претставуваат лошите. Потоа сите стојат и чекаат од небесата да дојде одлука за спасение или за осуда. А додека не дојде таа ужасна одлука, низ какви само маки душата минува! Час мисли дека ќе биде фрлена во пеколот и премалува од страв, час се надева дека ќе и’ биде дарувано спасение и потскокнува од радост и веселба. Потоа повторно се сомнева и ги подига рацете кон небото, молејќи се да не биде предадена на оние што чкртаат со забите против неа. Но и ангелите имаат голема мака, како и демоните. Првите се надеваат на одлуката за спасение, а другите за одлуката за осуда. И кадешто ќе заповеда праведниот Судија, таму и ќе се предаде душата – или на Божјите ангели и на избавувањето, или на демоните на темнината и на гибелта.“ п.с. Инаку, св. Нифонт бил пријател со св. Атанасиј Велики |
||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Испратена: 23.Септември.2009 во 11:56 | |||||
Хахаха ајде сега не се вади со "контекстот" кога контекстот е апсолутно ист:
Вашиот учител Нифонт зборува за стравот кој душата го има на Судниот Ден.
Апостол Јован зборува за смелоста и љубовта која душата ја има на Судниот Ден.
Значи контекстот и во двата случаи е Судниот Ден, за кои што вашиот Нифонт ве учи да имате страв тогаш, а Јован да имаме смелост која произлегува од љубов.
Многу парадоксална изјава од две причини. Прво, во пеколот не е убаво, барем за тоа не треба да објаснувам. Второ, ако си со Господ, тогаш нема да бидеш во пеколот. Но ок, разбирам, се во името на "поезијата"
Очигледно не си ја разбрала илустрацијата или пак (што е многу поверојатно) не знаеш да си го зауздиш сарказмот кога ќе го почнеш.
Исус Христос е Спасител само на оние кои искрено веруваат во Него, а не и на оние кои само на уста веруваат во Него, а не на оние кои немаат никаков морал и етика и што не ги извршуваат Христовите заповеди.
Дека Бог е човекољубов тоа е аксиома на Светото Писмо и срамота е ако чекаме демоните да ни го кажат тоа .
Можеби подобро ќе беше ако овој Јован рекол дека пред да паднеме во грев демоните ни велат дека Бог е вечнотрпелив, дека Бог е вечно милостив, дека ќе ни прости што и да направиме, дека гревот не е сериозна работа, дека тој е многу ситна работа и сл. За потоа, откако ќе го направиме, да ни го преувеличаат гревот, да не убедат дека Бог таков грев не може да прости, дека ние сме надвор од Божјата љубов, дека сме отпаднале од неа и сл.
|
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Испратена: 23.Септември.2009 во 11:37 | |||||
Девојче, не урлај непотребно, јас не реков дека тоа Исламското учење е векови пред учењето на овој твојов Нифонт, туку реков дека тоа е векови пред учењето за митарствата...
Ислам = 7-ми век <------------> Григориј, Василиј, Теодора = 10-ти век
|
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 23.Септември.2009 во 10:19 | |||||
Од вкупно осум мои подолги реплики на твои произнесувања што немаат веза со вистината, ти успеа само 2 да одбереш, и тоа на првото да направиш КАТАСТРОФАЛНА грешка!
Евангелосе, душичко, абе ти имаш ли школо завршено? Па на училиште се учи дека Исламот потекнува и се шири со Мухамед кој живеел чак во 7-ми век. Златно, ами какво е тоа исламско учење кое датира пред митарствата да бидат воведени во православното учење, кога св. Нифонт кој го земаш за пример е од 4-ти век ??? Алоооо, венераааа... Не само што не знаеш кога потекнува исламот, а го споредуваш со православието, туку уште еднаш докажа дека веза немаш од нашата Света, Католичка и Апостолска Вера, а се дрзнуваш ти да објаснуваш како верувале Православните. Баналност и комедија! Утка од цели 3 века, 300 години, најмалку 3 генерации... Ислам = 7-ми век <------------> св. Нифонт = 4-ти век Ова може да се смета за бисер по веронаутика (како што вели нашиот пријател Анакин) на годината 2009. Не ќе е лошо да се отвори и таква тема. Евангелос дефинитивно ќе ја собере првата награда. Изменето од Maran Ata - 23.Септември.2009 во 10:21 |
||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 23.Септември.2009 во 10:11 | |||||
А јас се прашувам дали ти некогаш си имал прилика да прочиташ дека во Светото Писмо зборот „страв“ се користи во најразлични контексти. Меѓудругото, според контекстите во кои се користи тој збор, се прави разлика во духовната состојба на луѓето: 1. Според Светото Писмо, има луѓе кои не живеат според Бога, Христијански, и тие воопшто немаат страв од Бога. Но зарем тоа значи дека имаат љубов кон Бога? – НЕ! Битие 20:11 А Авраам одговори: "Си помислив дека во ова место нема страв Божји, па ќе ме убијат поради жената моја. Римјаните 3:18 Страв Божји нема пред очите нивни. Псалми 35:1 Беззаконикот зборува во себеси - дека греши, нема *страв Божји пред очите негови 2. Православните Христијани исповедаат дека секој Христијанин, кога ќе почне да живее христијански, својата духовност ја изградува постепено, затоа што човек не може преку ноќ да стане свет. За тоа треба време и подвиг. Не секој е совршен, а не секој и достигнува до совршенството, но тоа не значи дека нема несовршениот да биде спасен, доволно е тој да принесува срце смирено и дух скрушен пред Бога, во покајание за своите гревови. Но за да се има таа состојба на смирение и скрушеност, човек треба прво да осознае дека Бог постои, а со тоа и да стекне страв Божји кој ќе го чува да не греши, и ако погреши – да се кае, во понатамошниот живот. Псалми: 110:10 Почеток на *мудроста е стравот од Господа; Изреки 1:7 Почеток на мудроста е стравот Господов; Ездра 5: 15 Но јас не правев така поради страв Божји. Ефешаните: 5:21 покорувајте му се еден на друг со страв Божји. 1 Тимотеј: 5:20 А оние што грешат, искарај ги пред сите, па и другите да имаат страв. Римјаните 11:20 немој да бидеш горделив, туку имај страв. 3. Боговдахновените Свети Отци, кои го имаат поминато патот на доховното усовршување и ја достигнале светоста, ни имаат оставено свои лични примери и пишани дела за секоја етапа од тој пат. Тие ни кажуваат дека оние, кои достигнале до совршенството, толку многу Го имаат возљубено Господа, што не се плашат од казната Божја, туку се грижат да не би некако со своите постапки да го ожалостат својот Цар и Господар. Тие Го имаат само Него пред себе и со секој свој здив гледаат како да Му угодат, живеат само за Него, за Љубовта. А тоа треба на сите Христијани да им биде идеал. Како што вели светиот старец Порфириј Капсокаливит: Господи, со Тебе и во пеколот е убаво. Затоа, следните стихови се однесуваат на светите, совршени луѓе, а ако некој смета за себе дека е свет или совршен, тој се лаже самиот себе и се наоѓа во длабока демонска прелест. "И ние ја запознавме и верувавме во љубовта, која Бог ја има кон нас. Бог е љубов: и кој останува во љубовта, останува во Бога и Бог останува во него. Љубовта во нас дојде до совршенство во тоа: ние да имаме смелост во Судниот Ден, зашто каков е Тој, такви сме и ние во светов. Во љубовта нема страв, туку совршената љубов го изгонува стравот; зашто стравот вовлекува казна; а кој се плаши, не дошол до совршенство во љубовта. Ние Го љубиме, зашто прво Тој нè возљуби нас. "(1 Јованово 4:16-19)
Замислив и знаете ли какви резултати ми излегоа од горекажаното? Човече, прави што сакаш! Ма каков морал, каква етика? Ич да не бериш гајле до каде ти се границите, Господ секако ќе ти прости, затоа што за тебе ја пролеа Тој Својата Крв. Горе главата, удри на весеље штом Крвта Христова те оправдува. Арно ама, православниот став е дека таквото учење е демонско, болна теологија, затоа и св. Јован Лествичник тоа многу убаво го опишува, велејќи: Пред да паднеме во грев, демоните ни велат дека Бог е човекољубив. Значи, со демек параболата, се негира не само пеколот како вечно престојувалиште, туку и Божјата преведност: Псалми: 7:11 Бог е праведен судија 10:7 Зашто Господ е праведен, ја сака правдата 118:137 Праведен си Ти, Господи, и праведни се Твоите пресуди. Јован: 5:30 Но Јас ништо не можам да правам Сам од Себе. Како што слушам, така и судам, и Мојот суд е праведен Откровение: 16:5 Потоа го чув ангелот на водите како вели: “Праведен си, Господи, Кој си, и Кој си свет, зашто така осуди… Изменето од Maran Ata - 23.Септември.2009 во 10:13 |
||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Испратена: 23.Септември.2009 во 03:24 | |||||
Ова учење е многу слично како и исламското учење кое датира со векови пред учењето за митарствата да биде воведено во православието. Имено Исламот учи дека мелеките (ангелите) ги запишуваат добрите и лошите дела на луѓето и по нивната смрт ги претставуваат истите пред Аллах кој потоа им суди.
Хммм... дали можеби ова навестува дека митарствата во православието го имаат својот корен во Исламот? Не сум сигурен, но вреди да се размисли и оваа варијанта.
Се прашувам, дали вашиот учител Нифонт имал прилика да ги прочита следниве стихови во Библијата:
"И ние ја запознавме и верувавме во љубовта, која Бог ја има кон нас. Бог е љубов: и кој останува во љубовта, останува во Бога и Бог останува во него. Љубовта во нас дојде до совршенство во тоа: ние да имаме смелост во Судниот Ден, зашто каков е Тој, такви сме и ние во светов. Во љубовта нема страв, туку совршената љубов го изгонува стравот; зашто стравот вовлекува казна; а кој се плаши, не дошол до совршенство во љубовта. Ние Го љубиме, зашто прво Тој нè возљуби нас. "
(1 Јованово 4:16-19) Затоа, вистинските христијани, не се плашат од Судниот Ден, затоа што таму нема да се појават пред некој непознат, немилосрден и суров Бог, туку пред Оној Кој заради нивното спасение се симна на земјата, беше понижуван, плукан, шамаран, исмејуван, камшикуван и на крајот распнат на крст за нас. Сето тоа Исус го направи од преголемата љубов која ја имаше за нас.
Замислете некој дека поминал низ сите овие маки само за да ве спаси од одредена казна.
(сега малку ќе драматизирам )
Замислете дека се појавувате на суд и одеднаш забележувате дека Судијата всушност е вашиот љубен Спасител, Оној Кој толку ве возљуби што и животот го даде за вас. Вие исплашени и со една долга листа од гревови во вашите раце доаѓате пред судтскиот престол и одеднаш забележувате дека на тој престол ве пречекува вашиот Спасител со раширени раце. Одеднаш Тој доаѓа и ви ја зема од рацете долгата листа на вашите гревови и на дното од таа листа се потпишува: "Исус Христос, Спасителот!". А потоа става и печат со крвта од раните кои му беа направени од клинците со кои беше распнат на Голгота, заради вас и ви вели: Ти заслужуваш смрт заради овие гревови, но јас умрев за тебе чедо мое. Твоите гревови се платени со оваа крв која ја пролеав заради Мојата огромна љубов кон тебе. Потоа ја зема листата и ја фрла во оган велејќи ти: "А Јас, заради Себе ги бришам твоите престапи, и не си спомнувам за твоите гревови." (Исаија 43:25) Добредојде дома чедо мое.
Одговорете ми вие кои верувате во Христос, дали оваа илустрација ви побуди чувство на страв, или пак чувство на топлина и неизмерна љубов кон вашиот Спасител Исус Христос?
Зарем имате причина да се плашите на Судниот Ден знаејќи дека Судијата ќе биде Оној кој неизмерно ве возљуби и животот го даде за вас...
"Кој ќе ги обвини Божјите избраници? Бог ли, Кој ги оправдува? Кој е оној кој ќе ги осуди? Исус Христос ли? Кој умре - но уште и воскресна - Кој е од десната страна на Бога и Кој се застапува за нас?
Кој ќе нè одвои од Христовата љубов? Неволјата ли, или притеснувањето, или гонењето, или гладот, или голотата, или гибелта или мечот?...
Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ."
(Римјаните 8:33-39) Затоа драги мои, доколку искрено верувате во Исус Христос и доколку останете сврзани за Него и Неговото Слово остане во вас, вие немате потреба да се плашите од Судниот Ден, туку напротив, баталете ги овие православни прикаски за митарства и радувајте се затоа што таму ќе се сретнете со вашиот возљубен Спасител - Исус Христос Изменето од EvAngelos - 23.Септември.2009 во 03:50 |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Испратена: 23.Септември.2009 во 02:01 | |||||
Чекај малку, па нели вие Му верувавте само на Господовото слово запишано во Библијата, а како сега одеднаш „некој кажал“? И кој е тој некој?
Уууу, ова испаѓа дека кутрите православни, ќе горат во пеколот. Полн е пеколот со православни Христијани. Замисли, дури и тие кои во раните векови биле убиени од незнабожечките цареви заради Христа, се во пеколот. Па шта ќе ми живот, кад свакако губим така нешто, а? А Ритке, значи и според тебе оние кои имаат дела, а не Го исповедаат Христос за Господ и Бог, ќе горат во пеколот? Аха, ок. А дали вашето тврдење се согласува со мислењето на Евангелос, како истоверници? |
||||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Испратена: 23.Септември.2009 во 01:40 | |||||
izvoren, vernicite na site hristijanski denominacii se hristijani, vkluchuvajki ve i vas protestantite.
Ne e polezno za diskusiite na forumov da se diskreditiraat onie hristijanski vernici koi ne veruvaat kako nas. Nemash nikakvo pravo da im velish na drugite chlenovi deka ne se hristijani, kako sto i tie nemaat pravo toa da go velat za tebe. Sega, bi se navratil na tvojot komentar "За кривичните дела на поедини таканаречени христијани." Ako velish deka nabrojanite primeri se krivichni dela, togash citiraj gi zakonite spored koi konkretno se sankcioniraat palenjeto svekji, chuvanjeto ikoni, krshtevanjeto bebinja, osvetuvanjeto vodi i molenjeto za upokoenite dushi. Ova ne go prahuvam zatoa sto se slozhuvam so navedenite pravoslavni obichai, tuku zatoa sto me interesira koj del od Noviot Zavet sodrzhi zakonik so koj se reguliraat i sankcioniraat vernichkite delanija. Изменето од Messenger - 23.Септември.2009 во 01:41 |
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
izvoren
Сениор Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
Испратена: 22.Септември.2009 во 21:07 | |||||
Заправо за тоа зборуваме на форумов една година ама не се разбираме. За кривичните дела на поедини таканаречени христијани. За делото: принесување бескрвна жртва на Бог - свеките За делото: поклонување пред икони и нивно целивање - иконопоклонство За делото: крштевање мали бебиња За делото: славење куќни слави - слава на светители За делото: осветување на води За делото: молење за упокоените души и барање прошка за истите итн. Изменето од izvoren - 22.Септември.2009 во 22:43 |
||||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
||||||
Rita.MD
Сениор Регистриран: 25.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 719 |
Испратена: 22.Септември.2009 во 18:19 | |||||
Леле ама си озбилен! Дај малку да се насмееме.
Верата треба да биде поткрепена со дела. Инаку е мртва. Ако некој навистина е променет човек, полн со вера во Господ, делата само ќе бидат резултат на начинот на живот, а со цел да го прослават Бога. И само со дела нема спасение, да се разбереме. Законот не може да не спаси-затоа Исус дојде на Земјата. Преку вера во Него сме спасени. Римјаните 3:31 Според тоа, дали го укинуваме Законот преку верата? Далеку од тоа! Туку, со тоа го утврдуваме Законот. [Види ги и подолните цитати. ] Некој кажал: "За жал, има многу добри луѓе во пеколот!" |
||||||
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
|
||||||
Внеси реплика | страница <1 910111213 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |