|
Само САД ,Турција и Словенија ни се прија |
Внеси реплика | страница <1 91011 |
Автор | |
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кои земји се пријатели на Македонија јасно се покажа на Самитот во Бук*решт. Оние кои до последен момент ја убедуваа македонската јавност и даваа лажни ветувања дека Македонија дефинитивно ќе влезе во НАТО, кога седнаа на одлучувачката маса се предомислија.
Франција и Шпанија категорично кажаа НЕ на македонското членство во Алијансата, цврсто поддржувајќи го грчкото вето. - Сите се надеваме дека ќе се пронајде решение за ФИРОМ, но ние сме на страната на нашите грчки сојузници. Кога некој сака да се придружи на НАТО, треба да направи барем минимален напор - истакнаа фрацускиот претседател Саркози. Шпекулациите, пак, дека и Италија го поддржала грчкото вето денеска ги демантираше Италијанската амбасада. - Италија до последен момент го поддржуваше проширувањето на Алијансата со Албанија, Хрватска и Македонија, што го потврди и обраќањето на Романо Проди - се вели во нивниот демант. Зад Атина застанаа и Луксембург и Исланд. А нашиот источен сосед пак, Бугарија, кој со години се обидува да ја минира македонскта историја, но сепак јавно декларираше дека Македонија го заслужува членството во НАТО, на голематата маса во Бук*решт остана неутрален. За да биде бугарското лицемерие поголемо, по свршениот чин бугарскиот премиер Сергеј Станишев изрази големо жалење што Македонија не влезе во НАТО. Сочувство за Македонија денеска изрази и германскиот амбасадор. Германија на Самитот беше на средина. Го поддржа македонското членство, но истовремено разбирајќи ја и позицијата на Грција. Денеска Сител се обиде да стапи во контакт со амбасадите на земјите кои на Самитот ни го свртеа грбот. Побаравме да објаснат зошто лидерите на нивните земји одлучија да не го поддржат македонското членство во НАТО. Според францускиот амбасадор Валеро, перспективите на Македонија за влез во НАТО и по Бук*решт се недопрени, Франција ќе помогнела Македонија да стане полноправна членка на Алијансата. И шпанскиот амбасадор површно одговори дека Шпанија ги охрабрува Грција и Македонија да ги надминат разликите и дека тие и понатаму ќе ги поддржуваат македонските евроатлански интеграции, притоа признавајќи ги успешните реформи кои Македонија ги оствари. Единствено нашиот прв сосед Бугарија поради срам или грижа на совест - одлучи да молчи. Доследни на ставот покрај САД, кои сторија се што можат Македонија да стане дел од НАТО, останаа единствено Турција и Словенија. Изменето од Анастеа - 03.Август.2009 во 01:07 |
|
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
|
Внеси реплика | страница <1 91011 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |