![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 103104105106107 138> |
Автор | |
rabani ![]() Сениор ![]() Регистриран: 02.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 490 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
mi se plachi ama stram mi e da placham
osamen sum kako zmija vo pustina kako volk vo planina osamen sum i so tebe osamen sum i bez tebe a nekogash bev osamen koga ne bev so tebe chovek e osamen so navikite ama osamen e i bez naviki a jas sum kako machka na geramidi ili ke padnam od pokrivot ili ke skoknam na drug pokriv treto nema |
|
DOAGA ISUS SO 200000 SVETII
ZA DA IM STAVI KRAJ NA SITE PROKLETII |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ај се зееме мор,
душиче мое слатко, ај мор душиче сос камион сос цигани жива музика да ти пријдам и пред сите да те зеам онака зинати и гладни за она што си иаме ние. Ај мор душиче мило не ми се мисли многу по други да глеам нема никогаш, еве, еве жими мајка да пукнам као балон ако така сторам жив да изгорам. Ај мор душиче мило заеби сокаци каде сал недомаќини има елај си при мене оти те сакам многу и за модро да ти не носиш. |
|
![]() |
|
fragola ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Mislese ne znam
bolka sto e, deka spijam na oblace meko, a denje po tebe gazam so tezok cekor, deka srceto tvoe bese meta moja za pikadoto sto go igrav dur dosada ubivav, sekoj ubod koj so solzi go plakjase za mene poen bese sto so zajadliv osmev v misli ti navrakjase. Dozvoli iskriveni misli gnev da ti poseat i zelba za odmazda vo dusa ranliva da odgajat. A jas pak primorana, na igra blesava so rigidni pravila, oci zatvorav i kon metata gagjav, dur raka mi treperese od strav da ne te pogodam. |
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЦВЕЌЕ
- Во ова цвеќево како да има некоја магија! – и рече писателот на жена си. Седнат крај работната маса со боја на цреша, на која имаше монитор, тастатура на подвижната табла, која одеше под масата кога не пишуваше, и печатар, тој го набљудуваше : и отсутно и внесено, истовремено, со некој поглед во кој се мешаа восхит, чудење и тивко пијанство, еднакво на некој необичен транс на човек кој само физички е присутен во просторот и времето. - Има, невешто! – промрмори жена му, - Со денови седиш над компјутерот, гледаш во цвеќето а ниту ред не си напишал... - Ќе напишам, - рече, пак така отсутно, како да не беше свесен дека нешто воопшто и рече, - Го чувствувам расказот во тебе, мило, знам дека ќе ми го кажеш... Се поткрна во столот, ја доближи главата до цвеќето и го помирисна со полни гради. - Чудно, има мирис на млада крв... Во редиците книги во неговата домашна библиотека можеа да се најдат и десетина збирки раскази со неговото име и презиме и три романи, но таков творечки порив никогаш во животот не добил како што доби по два дена од разговорот со жена си,... Го почувствува во тој миг силно расказот,како да беше внатре во него, иако се уште му беше во главата; го почувствува како веќе да го проектирал на хартијата, како да го читаше од некоја веќе напишана книга од некои дамнешни а познати времиња, во кој како и самиот да бил.Беше тоа река, лавина, гејзер од слики... Бликнаа од него, како подземна вода што чекала мал земјотрес да направи мала пукнатина во кората на земјата... Не го забележа цвеќето веднаш кога се враќаше пред четири дена од вообичаената прошетка до малата нивичка со три реда лозов насад и десетина овошки од северната страна кои веќе втора година даваа род. Дури откако го одмина неколку чекори го виде со тилот. Го виде во сиот негов раскош и необичност,како што очите никогаш не можат да видат нешто. Како душата да му ја виде, му се стори. Се врати назад, па стоеше, стоеше и го набљудуваше цвеќето и чувствуваше како некоја енергија силно го влече кон него да го скини иако беше против берење цвеќе од природата, оти тоа нејзи и припаѓаше – Секое цвеќе носи душа на некој инсект, на некој скакулец, на некоја птица, па дури и на луѓето што тука пред децении минувале – велеше тој, ги караше децата како помали кога се натпреваруваа кое поубаво цвеќе ќе има во букетот... - Како му стави наслов, - праша жена му, кога ја направи првата пауза после сто и дваесет реда нанижани во во вордот, носејќи му филџан чај од риган. - Цвеќе! – рече тој. Беше задоволен од тоа што го напиша. - Цвеќе? – повтори жена му; не и се допадна тоа што го слушна... Зарем не е премногу прозаично... Твоите наслови секогаш се метафорични. - Само цвеќе, - рече тој, - Знаеш, ова не е расказ како досегашниве... Овој расказ е посебен, чувствувам дека е посебен. Со овој расказ сите ќе ме запомнат како писател. Имаше триесет и седум години и се уште се сметаше за млад писател. Се уште сметаше дека неговото време допрва ќе дојде. - За што раскажуваш во него? – се заинтересира жена му. - За еден писател кој нашол необичен цвет во полето. Цветот всушност е душата на еден убиен младич од страна на некои матни типови, оти бил сведок на убиство на една девојка проститутка. Една ноќ му влегуваат во куќата типови во црна облека, го влечат до еден голем автомобил, го носат надвор од градот и го закопуваат. Неговото исчезнување ќе остане мистерија... Ќе биде интересен, ќе видиш... Ќе победам на конк*рсот за расказ на Нова Македонија со него. - Ха, така и за останатите велеше, а едвај во откупните се провлекуваше! – рече жена му, - Ако чекавме на парите од твоите раскази, до сега за леб ќе умревме. Тоа не го навреди писателот – тој сиот беше внесен во продолжението на расказот што се готвеше да го нафрли после пиењето на чајот. Уште повеќе, оти чајот од бел риган делуваше крајно успокојувачки на него... 2 Следниот ден го помина во корегирање на расказот – ги корегира погрешно напишаните букви, измени нешто , сосема незначајно во содржината, ги избруси речениците да светат со полн сјај.... Беше задоволен од тоа што го напиша и веруваше дека најпосле и тој ќе се наслади со првата награда... Не толку поради паричниот износ, кој, додуша, и не беше за потценување, туку повеќе поради публицитетот што ќе му го донесе – интервјуа по списанија, гостување во тв емисии, понуди за новата книга... Го отвори имеилот, ја напиша адресата на распишувачот на конк*рсот па со броус го закачи расказот како фајл и притисна на сенд. Знаеше дека периодот после ова ќе биде најтежок. Месец дена чекање, неизвесност... Месец дена од по маките на настрпливоста и исчекувањето на одлуката на жири комисијата. Та не му беше првпат да праќа раскази на конк*рс, но никогаш не однесе некоја од првите три награди. Разбра дека во жирито има еден негов колега од студентските денови, но имаше премногу гордост во него, наспроти големата желба да победи овојпат, и таа не му дозволи да крене слушалка и со она, како си друже стари, шо има ново, се зборува вака и вака, а јас, знаеш, абе не дека не е убав, ама нели во оваа меретијава се е наместено... да така, ај види шо можеш да направиш... Не, тоа не се случи. Не му се јави да го замоли за неговиот глас при одлучувањето. Од друга страна беше убеден дека расказот и сам може да однесе победа. Ова му беше најубавиот расказ што го напишал во животот... Впрочем и кога човек би прошетал низ целокупниот национален раскажувачки опус, тешко дека би нашол поубав краток расказ од неговото последно остварување... 3 Вечерта, пред објавувањето на резултатите од конк*рсот за краток расказ на весникот Нова Македонија, писателот го облече новиот костум, стави вратоврска со боја на вино и се разлеа поточе претчувствувачка среќа по улицата што водеше до неговата омилена кафеана. Ја чувствуваше победата толку силно што веќе си го гледаше името во статијата во културната рубрика на утрешниот весник. Кафеаната беше празна. Само на една од масите седеа двајца млади луѓе облечени во темни одела со темни очила за сонце над чаталестите чела. Писателот им се насмевна и седна на маста пред нив. Кога го порача своето, вообичаено за вакви свечени прилики, што уште толку му ја исполнуваше душата со милина, бело шардоне со сода, рече на келнерот да однесе тура и за лугето до неговата маса. Му требаше некој за муабет, некој со кого ќе ја сподели радоста што ги пукаше со весела песна шавовите на неговата леснокрила душа. -Напиј се и ти нешто ! – му довикна на момчето што служеше. - По кој повод, ако не е тајна! – допре до него од масата позади. Ја сврте насмевката што му го осветлуваше лицето кон прашњето и рече. - Ха, ами, повод... Можеби утре ќе има... – рече загонетно, - А ко да верувам дека ќе има... - Кога е така, нека има! – ја крена едниот чашата. - Значи, претчувство, - коментираше вториот, - Е, па, дал господ да се обвистини! – и тој ја крена чашата. Им врати на здравиците и седна на нивната маса... Алкохолот го забрза муабетот, муабетот времето. Им се пофали дека напишал расказ, дека тоа не било обичен, каков било расказ, ами расказ каков што ретко излегува од главата на и на најголемите писатели, дека во расказот има едно цвеќе а во цвеќето душата на убиениот младич што бил сведок на убиство над некоја девојка, го убиле двајца како нив, во темни одела и со темни очила за сонце... Тие, двајцата се смееја и му долеваа вино во чашата, па порачуваа ново шише и пак се смееја и го поттикнуваа да открива деталји од расказот и велеа, „Одличен расказ, прва награда за таков расказ е ситница“... Не забележа дека никој не влезе во кафеаната таа ноќ и дека стрелките на часовникот пред еден час се преклопија на бројот дванаесет... Кога келнерот рече дека е фајронт, тој како и секој нафитилен муштерија истури река негодување дека му го расипува расположението, но келнерот навистина мораше да го затвори дуќанот оти таков е законот од Нова Година наваму, му рекоа двајцата, па го фатија под мишки како сламена кукла и го изнесоа од кафеаната. Надвор имаше голем црн автомобил – едниот ја отвори задната врата и го сместија на задното седиште, па влегоа и тие во автомобилот кој за неколку минути излезе од градското подрачје и фати кон полето, по истиот оној пат по кој писателот секој ден правеше прошетки и наоѓаше инспирација за своите раскази и романи... Кога стигнаа на местото каде што го набра цветот, писателот одненадеж се отрезни, му се врати мислата, му се вратија сликите што му се појавуваа како филмска лента додека го пишуваше расказот и тој ја виде ноќта кога лугето во црно го убија момчето, а трпки му полазаа по челото, оти двајцата беа истите тие луге и автомобилот беше истиот и местото беше истото, и ноќта како да беше истата, ѕвездена, со полна месечина, ноќ во која завиваат волци во планињето оти нагонот за убивање, велат, тогаш растел до крајната точка... - Вие! – испушти студен страв од шепотот писателот... - Значи, ти си тој што не виде кога ја убивме девојката! – се насмевна студено едниот од двајцата во темните одела. Повеќе ништо не чу. Отсјајот на месечината во острицата на ножот беше последната слика што го виде во својот живот... ХХХХХХХХХХ Наредните денови неговото име двапати се прочу. Прво, весникот Нова Македонија донесе статија со насловите на наградените раскази и нивните автори на последниот конк*рс за краток расказ, но тој не го купи весникот и не прочита дека неговиот расказ е прогласен за победник меѓу рекорден број пристигнати текстови на адреса на редакцијата, од кои некои во клучот го содржеле името на многу познати писатели. Следниот ден, сите дневни списанија објавија вест: „Сопругата на писателот кој ја освои првата награда на конк*рсот на Нова Македонија, вчера го пријави во локалната станица на МВР исчезнувањето на нејзиниот сопруг. Оттаму ни рекоа дека случајот се испитува и дека се трага по телото на исчезнатиот писател... Никогаш не го најдоа. Но идната пролет, на местото каде што како последна слика неговите очи го видоа блесокот на полната месечина во острицата на ножот никна чудно и необично цвеќе... Тие што го помирисале велеа дека мирисало на млада крв.... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Уште пет минути
ке те сакам, а потоа ке патам, во минута секоја гледам уште колку ли можам да ти се нагледам. А гадот се побрзо чука како таксиметар низ градот што те врти зошто знае дека сум од тука ама не сум за тука. Само на пет минути се сведе наша вечна љубов, остантото се мисли и проголтани солзи додека се смееме и шегуваме со оние што ништо не ни значат како ѓубре загадено на свежа рана да се става. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Понекогаш сум пријател
на ноќта, а некогаш на моќта. Некогаш се кријам, некогаш се силам, а некогаш само чекам што попрво ќе ми дојде. Понекогаш сум си доволен себе си, а некогаш и гужва во која здив се губи ми е малку. Некогаш кафе пијам и ме буди, а некогаш ме успива и се сопнувам тогаш кога треба буден да бидам. На крајот на таблица ми текнува онаа заради која ме успаа наизуст да ја знам а никогаш да не ја користам, останувајки непресметлив. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ednorogot
na kolena kleci kako zdrven i bez zdiv grivata mu ja mrsi rakata na princezata, sekoj moment vazen e. A toj od ostar kamen nogata ja struze za rana da otvori za krv plava da protece mladost da podari iako od nego pobarano ne e, iako odgovor drug nema na stremezi silni na izgubeniot skitnik so nerazbirliv medaljon na dreven jazik koj nikoj ne znae deka princot e |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Denje sum vitez
noke sum volk, denje e volcica noke e princeza. Denje za cest se boram noke kako fakel sveti za go plasi i privlece volkot denje me predizvikuva noke zavivam. Noke blagost i mudrost denje blagorodnost, noke glad denje slad. Se gubam, me naoga se gubi, zavivam. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Kralicata mestoto svoe
go zafati visoko i gore predodredena i spemna za potfati golemi. Sekoj poteg so umeenje go vodi podanikot poslusen so vosh*t ja sledi cvrst i koga se vitka zaradi planovi visi na kralicata zapovest koga deli i uteha dlaboka i vlazna kako od solzi. Taa sega dava i nudi do samiot kraj blagost seta sto ne moze da dobie bilo koj. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Dodeka se spustam
se podolu ostavajki vlazen trag niz nemirna gradina bregot sto go krasi koj treperi zaradi vulkanot so koj se suocuvam bez kolebanje za zelba sustinska. Se suocuvam so vistinskoto lice tvoe koe so nasmevka otvorena me precekuva no sepak napnata kako lak zaradi strelata sto te optega i pogoduva vo najskrieniot del za da se igra so tvoeto najmalo znamence zemajki zalet od nasmevkata tvoja sto se siri obliznata zaradi socniot zalak koj seuste se sprema. Nokti paraat niz dlanki moi sila nevidena i ispustena dodeka vulkanot se trese od maliot ljubopiten za znaenje zeden od kogo goltki kapat kako zrtva sto smiruva bozica besna iako vo naivnost skromna kako da ne znae deka od toa se kon nebo ke se krene. |
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ДОЖДЛИВА НОЌ 2 Таа се појави со овален послужавник и два филџани од кои излегуваа шурки пријатна миризба на штотуку сварено кафе. Истовремено со иризбата ми влезе в очи дека во меѓувреme се преслекла. Беше прекрасна и до предмалку,како накисната пајка, но во кремовиот фустан од индиски лен добила сјај на полноќна месечина... - Колку си убава! - реков, пиејќи ја со погледот капката роса на црниот сомот на ноќта. Не рече ништо. Го остави кафето на масичката и седна до мене, ширејќи мирис на жена и дете истовремено. Мирисот на детето ми беше познат, но овој другиот, овој што ги собрал сите миризби на летните ноќи распослани по лаките, по бавчите, по парковите и алеите, Не рече ништо во врска со мојот комплимент. Сакаше ли да направи идиот од мене со чувство на натрапник или пак, едноставно, направи стаклено ѕвоно, за да се заштити од некој евентуален мој обид да и влезам во срцето, во кое не беше тешко да се воочат капки крв од последната љубовна рана. По улицата претрчаа сенки. Луѓе – сенки. Бесшумни сенки. Сенки што не предизвикаа шлапкање во баричките што останаа да сведочат заедно со озонот и свежиот воздух за дождот од пред малку. - Види!- реков, - По улицата претрчаа сенки. - Кажи ми сега, што те доведе наваму.... – ја прескокна таа и оваа моја забелешка. - Не знам ! - одговорив, зборавајќи дека пред само еден миг по улицата претрчаа сенки, луѓе – сенки; бесшумни сенки; сенки што не предизвикаа шлапкање во баричките што останаа да сведочат заедно со озонот и свежиот воздух за дождот од пред малку, - Ја бркав смртта... - А како се брка смртта? - Со сто и шеесет на саат. - Сериозно те прашав. - Ма не знам, кога ти велам...Имам впечаток како да прескокнав неколку часа од мојот живот. Таа ја потпре главата на моето раме. - Не сакам да умреш, - рече, - Ќе бидам најтажната сирена во сите мориња на светот ако ти се случи тоа. Косата уште и мирисаше со свежиот здив на летниот дожд. Тоа пробуди силна потреба да го повторам восхитот од нејзината убавина, но не го сторив тоа; не дека ми беше страв оти пак ќе ја прескокне мојата забелешка и пак ќе се почувствувам како идиот - преку слепоочницата таа ја пренесе во реките на мојот крвоток музика на своето срце, а таа музика беше од харфата на болката, од на виолината на пресушените солзи (можеби маскирани во капките дожд кога ја собрав од под стреата како накисната пајка), музика на свенување на млад цвет сред прoцут,музика на некоја болна недореченост што капка по капка се одронуваше од мазните сталактити во пештерата на нејзината интима и како ѕвонлив ламент се одбиваше од ѕидовите и од плафонот, па се претворив обичен гест на искрена нежност, ја прегрнав и ја впив во себе. Знаев дека ќе биде убава жена еден ден, но дека со несреќата ќе другарува... Убавите жени само во романите се несреќни, мислев. Сепак, не реков по вторпат дека е многу убава, можеби мојот гест на нежност појасно и поразбирливо го изговори тоа, отколку јас, да гестовите имаат поголема моќ да маѓепсуваат од зборовите, не е важно, во тој миг единственото што сакав беше да ја допрам со срцето, да ја гледам со душата, да ја мирисам со очите... Во тој миг единствено што сакав беше да го скаменам мигот, да го слеам со вечноста. - Имав некои чудни слики, додека возев наваму, - реков, - Како сум ја фатил жена ми со нејзиниот шеф во креветот. Во нашиот брачен кревет. Нејзините раце се побараа една со друга некаде под моите ребра и таа ја спушти главата на моите гради. Нежна, едноставна, осветлена од светлината на немоќта, личеше на полноќна месечина, или поточно на одраз на лик на полноќна месечина во огледалото на мојата душа. Бела снегулка во дланката на моето срце. Лековит мирис на босилек за ненаситот на очите. - Како да и кажам колку сум и благодарна? – рече отсутно таа, како загледана со мислите во нешто убаво, во нешто што ги полни и преплавува и душата и срцето и се припи посилно за моето тело. Во друга прилика би се налутил кога некој не ме слуша, кога зборовите во ветрот ги фрлам, но таа беше нешто посебно, сфатив дека во тие мигови и ги дарувам највисоките врвови на мојата гордост, дека би можел да и подарам се што ќе побара од мене... На таа несекојдневна мешавина од детска невиност и зрелост на жена. Ги протнав нежно прстгите низ прамените на нејзината коса над челото. - Мило, јас не сум оженет, гледај, немам ниту прстен, ниту траги од венчален прстен...- и шепнав и се обидов со мислите да го пронајдам истиот предел кој и го одземаше оној дел од вниманието и ги отвораша дагите на изворот на нејзиниот занес... – Тоа беа слики, чудни слики... Како некој да ми имплантира нечиј мозок во главата... Таа ја изврете главата, поткревајќи го лицето кон моето, при што и помогна десната рака, со која направи пријатна закачалка околу мојот врат. - Чудни сте вие поетите, - рече, - Се некои чудни слики ви шетаат во главата... - Не сум поет, - се насмевнав горко. - Добро, ама се дружиш со мртвите поети, - остана таа на своето, - А тоа е исто како да си и самиот поет, - потоа, пак свртување во друга страна, - Знаеш ли дека како ученичка бев вљубена во тебе? - И ти мене ми беше многу мила, - и признав. - Тоа не е исто! – и пак рацете се побараа една со друга под моите ребра и пак таа ја потпре главата на моите гради, - Колку ги сакав твоите часови... Го впивав секој твој збор... Ги научив наизуст сите анегдоти, сите авантури, сите разочарувања и скандали на големите поети... - Ти бев професаор, - реков, како да барав некое оправдание со таа реченица, а не морав, - А ти беше дете. Ги спуштив усните на нејзиното теме. Таа наврапито се исправи. -Еј, зошто ме бакна!? - Затоа што сега си жена. - Ама ме бакна како да сум дете. - За мене секогаш ќе бидеш дете, - реков неволно, помалку ми беше и криво што во неа се уште го гледам детето од пред десет години, а од друга страна и ми беше мило дека е така, оти тоа ја правеше посебна, поразлична од сите жени што ги знаев. - Го заборавивме кафето, - рече, - Ќе истини. - Ми се лизгаш како јагула од рацете, - се насмевнав горко, - Дај ми ја раката, - и без да чекам одобрение ја зедов нејзината рака, и ја отворив дланката и извадив пенкало од џебот на кошулата. Да, не бев поет, но во тој миг во мене надојде силен поетски порив и запишав на белилото на нејзината малечка, како ливче од бел трндафил, рака: Ти ги дарувам, мило мое, Ти ги дарувам највисоките врвови на мојата гордост за возврат ништо не барам само можност да ти подарам уште... Видов: лицето и го озрачи силна среќа, очите и заискрија од возбуда, усните и затреперија, тие полни румени усни од кои и клетвата звучеше како убава музика на благослов... Потоа, очите и се насолзија. - Колку е убава... Вакво нешто никој не ми подарил. Во тој миг целата беше музика, мала полноќна музика во ноќ полна со озон и сенки по улиците. Во тој миг целата беше светлина – малечко сонце во ноќ полна со озон и сенки по улиците. Во тој миг беше се што целиот живот барав кај жените. Но тоа траеше кратко: во следниот миг сите убави чувства што бликнаа во неа ги потисна некаква паника и таа лудачки ги затрла дланките една од друга, па стиховите станаа обично модрило на белата дланка. - Мораш да одиш, - рече, - Тој во секој момент може да си дојде. Ме фати за рака и онака збунета ме поведе низ мрачната утроба на куќата кон излезот, како и што ме внесе. - Кој е тој? – се сопнав во мракот од сопствениот шепот. - Мажот ми, - рече таа, или всушност ништо не рече, трепетот што и мина низ телото како непријатна струја заедно со допирот на бурмата од нејзиниот прст во мојата рака ( зошто ли дури сега станав свесен за неговото присуство) прозборе со силата на стравот од неа. Можеби и обајцата ништо не рековме, оти мислевме дека некажаното помалку ќе боли, иако молкот зборуваше и тоа што зборовите не можеа да го кажат. Кога излеговме на улицата, таа како да се присети на нешто. -Почекај за миг, рече и влезе внатре. Се врати со неакво пакетче завиткано во весник - Вчера ми беше роденден, заборавив да ти пресечам... Ја гушнав. Во грлото ме задави клопче што не се вади, што се напиња, чиниш ќе илезе, но сепак, се запило со некои пипци за гласните жици, па те гуши и дави и само потскокнува како некое диво ждребе во аргач. Во тој миг сакав да и кажам многу, да ја избришам, да ја впијам во сунгерот на неизговорените зборови сета болка од нејзината душа, но зборот ми сврте грб како никогаш во животот. Влегов во колата. Да, таа беше несреќна. Најнесреќната жена на светот. И убава како утро. Мислата за нејзината несреќа се возеше со мене на сопатничкото седиште по истиот пат по којшто дојдов. Пак помислив за сликите што ми ги имплантираше некој во мозокот, за жена ми што ја немав, за сцената во брачниот кревет со нејзиниот шеф... Се помалку ми се чинеше веројатна можноста да бидат обична вообразба, знак на замор од работата... Не верувам во судбина, но зарем би можело да има друг одговор. Каков магнетизам имаше меѓу нас двајцата... Зарем можела силата на несреќата во нејзината душа да го совлада просторот и да ме привлече како метална честичка во нејзиниот живот? Требаше да ја поведам со себе, помислив и сакав да се вратам назад, но на спротивната страна на патот толедо исто како моето удрило во дебело дрво. Застанав. Гумите зачкрипеа во ноќта. Се вратив назад и излегов од колата. Возачот уште беше на седиштето и го гушкаше воланот како да му беше љубовница. Па тоа беше моето толедо. Ја отворив вратата и внимателно го ослободив воланот љубовница од прегратката на возачот, а него го потпрев на седиштето. Всушност, се потпрев самиот себе. Возачот бев јас. Си го допрев пулсот на вратот – никакво биење... Никаков знак на живот. Си ја раскопчав кошулта, крвава од повредата на градниот кош и го ставив увото на сопственото срце – мируваше... Панично потрчав кон другото толедо; влегов во него и ја заклучив одвнатре вратата. „Мртов сум...Јас сум мртов!“, сетив липот во градите, „Ова е лудо„ Погледнав во ретровизорот - никаков одраз... Го побарав пакетчето што ми го даде таа, мојата малечка сирена, кога се разделивме. Некој глас како да ми велеше дека во парчето од весникот ќе ги најдам сите одговори на прашањата што надвиснаа над мене. Го отворив. Немаше потреба да го запалам осветлувањето во автомобилот, можев да читам и во најгустата темница. „ЉУБОМОРЕН СОПРУГ И ЈА ОТСЕКОЛ ГЛАВАТА НА СОПРУГАТА СО СЕКИРА НА СПИЕЊЕ“ Ја побарав датата на ислегувањето на статијата – беше стара пет години. Се обидов да се присетам што се ми се случило последниве пет години. Залудно, освен последнава случка, никакви други слики не можеа да се оформат во мојата глава. Како секоја вечер само тоа да се случуваше: Дождот, бркањето на смртта, средбата со неа... И повторно сфатив, како секоја вечер по ред на истото ова место и во истото време, во три часот и петнаесет минути по полноќ, повторно сфатив – ние сме заробени души во кафезот на вечноста... Утревечер по полноќ, пак ќе се случи истото: пак ќе биде дождлива ноќ, пак ќе ја бркам смртта со сто и шеесет на саат, пак ќе ја сретнам неа, пак ќе ја засакам... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Znam deka bitkata ja gubam
dodeka plasticni zborovi niz usta mi tropaat. Znam deka naskoro ke pomine vozot brz za koj se nadevav deka da dojde nema nikogas. Kratko ke se zadrzi zemajki ona sto mu sleduva dodeka stanicata stanuva pusta od kade i prasinata zaminuva, a jas so moite cekori ostanuvame da se vrakame na ona sto nekogas postoese pred vozot da dojde iako da bide toa sto bese nema nikogas. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Dopir vo nokta
sto trae i niz denot. Dali navistina da dojdes ne mozese ? Molkum teretot se nosi i vo sebe se stenka od napor i maka bezizlezna. Dali navistina me sakas samo mene ? Odgovori niz vozduhot sto lebdat ne dopirajki gi usite, zasekogas, zabranet zbor e zosto nie rasiplivi sme, neveruvanjeto totem e najgolemata cest sto mu se odava. |
|
![]() |
|
zbunet ![]() Сениор ![]() ![]() Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Zeski race imam,
a ti si snegulka bela drugo ne znam sem da te molam da ne mi se topis. Trebase da me odbegnes milo moe dodeka sansa imase, trebase nekoj drug so zaslugi poveke tvojot miris kako obleka da go nosi. Za dobrina i milost dolgo ne znaev kako taka da treba se dodeka kako grom ne me pogodi peplosuvajki go se ona sto me terase da mislam deka kako tebe takvo nesto ne postoi. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 103104105106107 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |