IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Владо Бучковски
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Владо Бучковски

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 14>
Автор
Порака Обратен редослед
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2007 во 01:47
Ајде више да видиме барем еден функционер у затвортага
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2007 во 23:33
Прочитано во денешниот весник вечер....
 

ДЕБАТАТА ЗА ОДЗЕМАЊЕ ИМУНИТЕТ ОТКРИ НОВИ СКАНДАЛИ ОД НЕГОВО ВРЕМЕ:


Истрагата за Бучко се претвора во октопод!


- Тони е натоварен како брод. Доволна е неговата Иднина инжинеринг која требаше да го направи водоводот во Тетово за шест милиони евра. Тежи многу повеќе од сите нас. Истото е и со Борче Петровски, Владо Димов, а да не го заборавиме и Маниќ, на кој за 500 евра годишно му го дадовте Воениот базен, им порача Влатко Ѓорчев на народните избраници од СДСМ


Не лажи, срамота е, ајдеееее, аууууу - вака пратеникот Владо Бучковски реагираше на вчерашните напади од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на собраниската седница на која се расправаше за имунитетот на екс-премиерот. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев им порача на СДСМ да не го бранат толку многу Бучковски, бидејќи, како што потенцираше неговиот бодигард Тони, вреди повеќе од 10 пратеници на СДСМ.

- Тони е натоварен како брод. Доволна е неговата Иднина инжинеринг која требаше да го направи водоводот во Тетово за шест милиони евра. Тежи многу повеќе од сите нас. Истото е и со Борче Петровски, Владо Димов, а да не го заборавиме и Маниќ, на кој за 500 евра годишно му го дадовте Воениот базен, им порача Влатко Ѓорчев на народните избраници од СДСМ.

Тој го обвини Бучковски дека е виновен за изгубената војна во 2001 година.

- Проблем Ви е што сите Ви се во затвор. Сите финансиски афери потекнуваат од Вашето министерство. Вашите соработници пропеаја колку пари имало за Вас, колку за кампања, колку за другите. Да, да, пред истражен судија признаа кој колку земал и колку од парите завршија во кампањата 2004 година. Проблем Ви се случаите со оружјето, Бачило, Домот на АРМ во Велес, Миле Драгиќ, изјави Ѓорчев.
И неговата колешка, Ружа Ѓорѓевска, го спомена воениот конфликт, обвинувајќи дека поради недостин на аргументи, Бучковски ја покажува својата некултура и вулгарност.

- Вие сте виновни за Љуботен, за Карпалак и сите други. И одамна требаше да одговарате за тоа, кога бевте министер, рече Ѓорѓевска.
За време на говорот на Ѓорѓевска, Бучковски изгуби контрола, се сврте кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи му на Ѓорчев дека е копиљ, а дека Ѓорѓевска тресе глупости. Обвинувањата од пратеникот од позицијата, Васко Шутарев дека Бучковски царинарниците на граничниот премин Богородица, при неговото задржување на граница, ги прашал што работат, во која држава работат и дека нема држава.

Екс-премиерот му рече дека е хоштаплер. По некое време, реши да му се извини за тоа хоштаплер, но сепак, му посочи дека премногу лаже.
Навреди имаше од сите страни. Никола Рилковски од СДСМ му се обрати на Ѓорчев со зборовите: "Навистина си убав, со убава фризура, со клопче позади, чиниш женско е. Но, женските хормони користи ги за друго, а не за плукање во погрешна насока". Неговиот колега Иван Ивановски го обвини Ѓорчев за морбидно и микрофилско однесување и заради користењето на името на покојниот претседател Борис Трајковски. И Ацо Киров од СДСМ му се обрати на претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски барајќи од него говорите на Ѓорчев да бидат снимени на ЦД и наместо да му дозволуваат да збори, на седниците да се пушта ЦД, бидејќи тој постојано едно исто зборува.

И денеска, до затворањето на весникот, во Собранието се слушна се и сешто, но не се случи гласањето за одземање на имунитетот на екс-премиерот Бучковски. Тој на почетокот на седницата побара од спикерот Георгиевски повторно да и напише писмо на истражната судијка за да се информира до каде е истражната постапка. Според него, беспредметно е да се разговара за неговиот имунитет кога веќе истражната постапка е завршена. Но, Љубиша Георгиевски смета дека нова преписка со судијката ќе значи вршење на пресија врз неа.

- Даде Господ да се браните од слобода. Ние немавме по што да одлучуваме, се додека не дојде писмото од истражната судијка дека истрагата не е завршена, посочи Георгиевски. Тој, пак од Цветанка Иванова од СДСМ беше обвинет дека повторно во Собранието се однесува како режисер, исполнувајќи ја партиската задача којашто ја добил во четвртокот вечерта сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да ги прочитаат говорите на партискиот штаб. Од него побара претходно да ги провери говорите, бидејќи тие биле полни со омраза и ширеле национална омраза.

Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
Mr.Trump Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 106
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mr.Trump Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2007 во 20:15

Мизерно!

тага
You are fired!
Кон врв
dras Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 858
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dras Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2007 во 19:27
Чудни се случувањата во Македонија, 19.часот и неколку минути, на вторит канал на МРТВ се презентира комедиската престава „Бучковски!„ од собранието на РМ, заклучокот е секако познат и веќе донесен, меѓутоа секој граѓанин на Македонија кој нема друга обврска во ова време може да го следи излагањето на увид  на прлавата долна облека на пратениците или политичките партии од македонското поднебје, кому ова му е потребно, зарем законодавниот дом нема попаметна работа? Зошто малку не зборуваат како граѓаните да ја дочекаат зимата.
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2007 во 18:04
Da, da, teatarot na apsurdot zapocnuva denes.....


Изменето од moira - 17.Август.2007 во 02:08
Кон врв
dras Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 858
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dras Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2007 во 12:05
„а Инструкторите им се сега на одмор некаде отидени..нели?“
 
Е ова ми се допаѓа, многу интересен заклучок.
Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2007 во 00:25
Originally posted by marence marence напиша:

Buckovski ako ukral pari pod itno da odgovara, so toj da ne e privilegiram, jaz neznam sudovite sto cekale dosega se treba da se apsi a ne da skoka ko majmuni okolku nego ce branat aramii tie od SDS
 
Па чекале на упатства за работа...оти досега такви работи никојпат и не работеле..освен бркање на криминалци за крадени сливници и по некоја векна леб...а Инструкторите им се сега на одмор некаде отидени..нели?
голема%20насмевка
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
marence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 365
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2007 во 20:22
Buckovski ako ukral pari pod itno da odgovara, so toj da ne e privilegiram, jaz neznam sudovite sto cekale dosega se treba da se apsi a ne da skoka ko majmuni okolku nego ce branat aramii tie od SDS
Кон врв
dras Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 858
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dras Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2007 во 16:12
Веројатно дека тргнавме во други води,  темата беше Бучко да оди во затвор за 3 милиончиња, но откога судот ќе го осуди.
И секако проблемот настано откога истиот реши сам да оди на разговор кај судијата и ја прескокна медиумската комедија на апсење на граница од страна на специјалните единици на МВР во присуство на камери.
Зошто МВР не си ја гура работата како задниве денови, ловејки недозволено оружје а може и да прошири  на наркотични средства по кафулињата кои ја имат честа да имат такви гости, МВР секако има информации каде се одвиваат таквите активности, и треба работа да ја врши секојдневно а не само кога нивната прва полицајка ќе се најде на одстрел на опозицијата, можеби во тој случај младите ќе почнат повеќе да спортуваат со вистински спортови.

Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2007 во 00:36
kutriot, kasno sfati deka e ustvari maskota na pogolemite ribi.тага
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2007 во 08:52
 БУЧКОВСКИ, ЗОШТО НЕ ДОЈДЕ ДА И ПОГЛЕДНЕШ НА ВИСТИНАТА  ВО ОЧИ. ИЛИ ЗИСТИНАТА КАРПАЛАК ТИ СТВАРА НОЌНИ МОРИ. Е, УШТЕ КОЛКУ ЛИ СУРОВИ ВИСТИНИ ТЕ МАЧАТ, САМО ЕДЕН ГОСПОД ЗНАЕ И НОРМАЛНО ТИ САМИОТ????
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2007 во 22:14
Originally posted by dsds dsds напиша:

На загинатите македонски војници нека им е вечна слава, десет млади изгубени животи за цел која ниту ним а ниту на нивните семејсва верувам никогаш нема да им се разјасни, секако е трагедија за нашето општество, ако се сетиме дека многу од повиканите во тоа време, да застанат на браникот на татковината се загубија некаде во околните блиски далечни земји „на одмор“. Меѓутоа овде секако дека прашалникот зад насловот на темата не е за кривицата на дотичниот екс премиер, него за процедурата на институциите на системот, за правна држава, за етичкиот кодекс, за содветна транспарентност во законодавните институции,...., на крај нели сме демократска држава во која се почитува правото и законот.


 ДА, НО ИМА ЕДНА НЕПОТИСТИЧКА ВИСАТИНА КОЈА ВЕЛИ: СИЛА БОГА НЕ МОЛИ. АКО ГИ ПРАШАТЕ БРАНКОВИСТИТЕ И  БУЧКОВИСТИТЕ  ЗА ОВАА ТЕМА КОГА СЕ НА ВЛАСТ ПА И СЕГА НЕЗНАМ КАКО ЌЕ СИ ПОМИНЕТЕ.

 
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
dras Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 858
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dras Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2007 во 17:34
Originally posted by moira moira напиша:

Originally posted by dsds dsds напиша:

Originally posted by polikarp polikarp напиша:

Ова е невиден парадокс, го има само во Македонија и не верувам на друго место.Бучко лапна 3 милиона евра(ех да беше само тоа) и сега нема кој да го уапси.Тоа што му го одземаа имунитетот беше одлична работа но требаше и да оди зад решетки под итно а не на слобода.Ми се згади кога ги видов изманипулирани членови на СДСМ како излегле да го бранат и си реков дека на оваа Македонска простотија им нема крај а пак власта уште се двоуми и не го апси.Македонски народе освести се!!!!!!!!!!!!!!!!!!

 

Нека ти и биде точно твоето мислење, меѓутоа за да некого ставиш во затвор треба и да го легално осудиш а не само да му ставиш лисици на раце, и што сега ако гледаме како да сме  демократска држава, опозицијата се побуни за не спроведување на процедурата за имунитет, пропадна спектакуларното апсење на Бучко, нема веќе театар на телевизија и на крај, крив бил некој од опозицијата, кривците ако се во општо кривци допрва треба да одат на суд, и да одговараат за нешто за што 2001 г се потроши многу од народните пари. Дали си се запрашал зошто Бугарија ни даде оружје без пари кое истата Бугарија мораше да го отуѓи ако сака во ЕУ, заборавив, и секако  без муниција  небаре ќе ги гаѓавме терористичките ридови со цевките од тенковите? Дали си се запрашал каде се сухоите, колку чинеа и за коку ги продадовме, или пак колку плативме за муницијата од околните држави која моравме да ја набавиме, сите дадоа оружје али муницијата се плаќа. И сега ќе сме суделе некој, се прашувам кој, во тоа време имавме друг министер за финансии, зошто истиот не сугерирал дека  ќе се направи злоупотреба. Да се вратиме на темата која веќе постои на форумов, не е проблем Бучковски во нашата држава, него правната држава.

A KADE SE SUHOITE? KOJ SE "OSLOBODI" OD NIV? ILI I ZA TOA NE PAMETITE, KAKO I ZA MNOGU DRUGI RABOTI?


Незнам зошто мене би ме интересирало за тоа кој се ослободил од сухоите, постот е во смисла дека и оние пред овие што денес се на власт, како и предходните на Љубчо, на Македонија не донесоа нешто ново, а најмалку добро, за да биде јасно би требало да се позанимава антикорупциската комисија со банките на Кипар, Кајманите идр банана држави,... прочитав накој напис во денешните дневни листови во кој се прозиваат некои од македонските олигарси, а што се однесува до Бучковски, треба судот да биде тој кој би трбало да го суди, сигорно не парламентот, МВР, а најмалку портпаролите на ВМРО или СДСМ, или пак новинарите како напр. оној од Сител.
Кон врв
dras Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 858
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dras Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2007 во 17:23
На загинатите македонски војници нека им е вечна слава, десет млади изгубени животи за цел која ниту ним а ниту на нивните семејсва верувам никогаш нема да им се разјасни, секако е трагедија за нашето општество, ако се сетиме дека многу од повиканите во тоа време, да застанат на браникот на татковината се загубија некаде во околните блиски далечни земји „на одмор“. Меѓутоа овде секако дека прашалникот зад насловот на темата не е за кривицата на дотичниот екс премиер, него за процедурата на институциите на системот, за правна држава, за етичкиот кодекс, за содветна транспарентност во законодавните институции,...., на крај нели сме демократска држава во која се почитува правото и законот.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.