IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Извадоци,исечоци,цитати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Извадоци,исечоци,цитати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 46>
Автор
Порака Обратен редослед
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2011 во 12:24
"Штотуку ве научив на најважната животна лекција", тогаш ќе одговореше Бертиниот маж."Кога сакате да постигнете нешто, добро отворете си ги очите,сосредоточете се на целта и бидете сигурни во она што го сакате.Никој не може да ја погоди својата цел со затворени очи"

Демонот и госпоѓица Прим- Коелјо
always look on the bright side of the life!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2011 во 23:45
 
 
Ме прими дежурниот персонал. Не знаеја како да реагираат.
Еден млад згоден скупски доктор. Ме изгледа ме ислуша ме испипка.
Ми прегледа се по список, од мозокот па се до џигерот.
Резултатите на сите течности, што им ги дадов, беа позитивни
и апсолутно поразувачки. Позитивно поразувачки ....
Крвта ми била како на болен од анемија...а урината како на
седумдесет и пет годишен старец... Сперма не ми побараа....
ама и подобро... Ќе се збунат кога ќе видат дека мене одамна ми се
изумрени опавчињата на сперматозоидите .....
Оние што нон -стоп  мрдаат.  И што прават  деца ....................
 
 
.....Извадок  од  Прирачникот.......................
 
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2011 во 19:48

„Бегалка“ од Васил Иљоски

ПРВИОТ МОМОК: (на својот другар) и-и, што рачиче има онаа Васка, меко, меко како памук.
ВТОРИОТ МОМОК: Ја па образите.... и’ ce расцутиле како трендафили.
ПРВАТА ДЕВОЈКА: (на својата другарка). Гледај гo Миланче, сo мустачиња. Само што му нажегнале.
ВТОРАТА ДЕВОЈКА: A види, види како ја исчешлал Дане косата, како крава да го лижела.
ТРЕТАТА ДЕВОЈКА: Стодрам шарлаган турил на неа. Сe за Перса. (Ја имитира). Дане, сакам да си ми убав како писан, му вели.
ТРЕТИОТ МОМОК: Е-е, на Гена и се см’кнал чорапот.
ЧЕТВРТИОТ МОМОК: Влечивлечка.
ПЕТИОТ МОМОК: А, Симке мори! (и намигнува).
ТРЕТАТА ДЕВОЈКА: Eгa ти испрснало тоа око, a!
ПЕТИОТ МОМОК: Окото не, туку срцето ќе ми се распрсне како печен костен од мерак за тебе. А, костенче бре!
ШЕСТИОТ МОМОК: Me изгоре, мори Севдо! He знам што да правам.
ЧЕТВРТАТА ДЕВОЈКА: Рипни в бунар, та мртов да се угаснеш.
ПРВИОТ МОМОК: Е, мори Васке, нејќеш ич да ме погледнеш!
ЧЕТВРТАТА ДЕВОЈКА: Бре, што си мостра за гледање!
ВТОРИОТ MOМOK: А, Тинке мори, ме изеде!
ВТОРАТА ДЕВОЈКА: Жива рана те изела!
ЧЕТВРТИОТ МОМОК: Нацо, вечер на вратниче! Ке излезеш?
ПЕТАТА ДЕВОЈКА: Ако се украдам....................

Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2011 во 15:53
Сомнежот е невиноста на душата.
Кој не се сомнева, не е невин, оти можно е да верува во нешто и од полза, а вербата од полза е грев. Сомнежот познава само една полза: вистината. Освен тоа, вербата може да се одглуми, ама сомнежот-не.

Љубовта ја создава вербата, вербата го раѓа сомнежот а сомнежот ја утврдува вербата.

Оној кој никогаш не се сомнева, тој не верува вистински: тој само обожува. Верува во се' што ќе му се каже. Вербата без сомнеж е слепа блудница, оти може да ги менува објектите на вербата без причина, ред и правило. И без љубов,оти се верува само кога се сака она во што се верува.

Сомнежот и вербата се како вдишување и издишување. Не можеш да вдишуваш постојано, без да издишиш.


В.Андоновски - Вештица
always look on the bright side of the life!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2011 во 22:55
 
 

Ден пред да наполни 21 година, Роберт се враќаше дома со наведната глава. Од изутрина се шеташе низ центарот на Велес размислувајќи. По кафулиња не можеше да оди затоа што немаше скршена пара во џебот. Веќе долго време не почуствувал пари во раката. Му беше срам да седне на маса со друштвото, а не може ништо да порача. Одвреме-навреме ќе ѕирнеше во некој затемнет локал и ќе ги видеше другарите како седат со девојки до нив, како пијат, јадат и се смејат. Се чудеше од каде имаат толку пари кога и нивните родители се останати без работа како инеговите.

Денес дозна. Заработуваат од рекетарење, и тоа на процент. Од шест другари кои заедно завршија средно училиште, само еден успеа да се запише на факултет како редовен студент. Другите петмина можеа тоа да го направат како вонредни студенти, но немаа пари.

 

......Чистач  .....

Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2011 во 22:37
Понекогаш сите ги мешам со оној што го љубам -Шармишта Моханти.

„Исти маски го издолжуваат актерот на заминување,
се креваат завеси, но без фанфари повикувачки,
Ти и јас се вкрстуваме, а нема среќавање.

Не сме дури ни странци во театар,
играјќи одвоени улоги во монодрами,
Јазикот се распаѓа и звукот нема значење.“ -Д. Чатерџи
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2011 во 22:59
„Алкохолот и јас...
Вљубени како Ромео и Џулиета.
Верни како Бони и Клајд.
Нераздвојни како Станлио и Олио.
Неуништливи како Содома и Гомора.
Телепатски поврзани како Саи Баба и Господ.
И смешни како Том и Џери.
Алкохолот и јас...“

„Тоа воедно беше и мојата прва сериозна лекција во
животот, од семестралниот испит во категоријата
“алкохол“ по предметот Самоуништување.“

„Мечтаевме да станеме “нешто“.
Дека ќе станеме “некој“ беше однапред јасно.
И тогаш, а и денес кај нас е многу лесно да станеш
“некој“. Финтата е да станеш “нешто“.

„Јас сум ве-де управител само на мојата фирма наречена
“Живот“, но таа веќе со години е под стечај.“

„Уживаше да не ужива додека другите уживаат.“

„Нема веќе апатија, летаргија, депресија...
Можеби има, но ти не ги чувствуваш.
Го чувствуваш само алкохолот.
И тоа сè помалку.
На крајот не чувствуваш ама баш ништо.
Или можеби чувствуваш.
Ама не чувствуваш дека чувствуваш.“

“Зошто ме осудивте на живот?“

„Професорот не’ запозна со брачниот пар Ѓаволи кои се
вечната ноќна мора на алкохоличарите.
Мисис Депресија и мистер Делириум тременс.
Кога се дружиш со господинот, многу лесно можеш да
во ситуација да убиеш некого.
А кога си со госпоѓата, можеш да се убиеш само себе.
Баш фино.
Секако си ебаната страна...

Прирачник за анти антиалкохоличари - И. Џамбазов
always look on the bright side of the life!
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2011 во 21:28
Вашите деца не се ваши деца. Тие се синови и керќи на самиот копнеж на Животот за себе.
Тие доаѓаат низ вас, но не од вас.
И ако се тие со вас, вам не ви припаѓаат.
Вие можете да им ја дадете вашата љубов, но не и вашите мисли. Зашто тие имаат сопствени мисли.
Вие можете да ги вдомите нивните тела, но не и нивните души. Бидејќи нивните души живеат во куќата на утрешнината, која вие не можете да ја посетите, дури ни во вашите соништа.
Вие можете да се обидете да бидете како нив, но не копнејте да ги направите како вас.
Зашто животот не оди наназад, ниту се занимава со вчерашноста..

Најголемиот продавач на светот - Ог Мандино
always look on the bright side of the life!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2011 во 23:05
 
 
  Суфите пеат и не држат проповеди, зашто животот
многу повеќе прилега на песна отколку на проповед...
 Тие играат и не раскажуваат за догмите, зашто играта е многу
пожива, повеќе прилега на постоењето...повеќе е како цвркотот
на птиците на дрвјата и свирењето на ветерот меѓу боровите...
повеќе прилега на водопад, на плискањето на дождот,
или на растењето на тревата ...
  Сиот живот е игра која вибрира, која пулсира ...
со бесконечниот живот.....................
 
Извадок од ...... Патот до срцето ....
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2011 во 14:44
... им беше ѓаволски тешко. Беа толку храбри што ни се кинеа срцата!
Меѓу нив беше и еден младич - умираше. Некако бргу насетувате кој ке умре,
и јас знаев дека тој умира. Си легнав на креветот, но неможев да спијам,
па слегов да го видам одделението. Не се малтретирав да ја облекувам униформата,
го облеков само фустанот и седнав до него. О Боже, Џо! Можете ли да си замислите
- одеднаш рече со детски глас: “Мамо, ти ли си?’’ Што можев да речам?
Реков: “Јас сум, мило, се’ е во ред.’’ А потоа тој рече: “Тука ли е Џон?’’,
а јас реков; “Да, тука е некаде.’’ И почна да блада. Сакав да сторам нешто за него,
нешто посебно. Така го соблеков фустанот и легнав на креветот до него прегрнувајки го.
Престана да блада, воздивна и се припи до мене ...

извадок од “Последната Кашмирска Роза’’
од Барбара Клеверли
always look on the bright side of the life!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2011 во 22:46
 
 
 За да станам свесна и да не заборавам да се сетам
побарав од Космосот, нежно да ме поттурне во сегашноста
секогаш кога умот ќе ми заскита и кога си ...прави забава...
на моја сметка.
 Тоа нежно поттурнување се јавува, кога ќе удрам во нешто
или кога ќе испуштам нешто, во форма на гласна бучава, сирена или аларм
 Сите тие сигнали мене ми се упатени и ми укажуваат дека умот
ја превзел контролата, и дека треба да се вратам во сегашноста.
 Кога ќе добијам таков сигнал, истиот момент ќе се сепнам и ќе се
запрашам...За што размислувам ...???  Што чувствувам ...???
Дали сум свесна ...???  Секако , станувам свесна, истиот миг кога
ќе си ги поставам тие прашања.....
 Во моментот кога ќе се запрашате дали сте свесни... сте успеале....!!!
 
...Извадок од ..... Тајната .....
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2011 во 11:31
Ќe гo поздравам овој ден со љубов во срцето.
 А како ке го направам тоа? Отсега натаму ќе гледам со љубов на сите нешта и повторно ќе се родам.
Ќе го сакам сонцето, зошто ги грее моите коски,сепак ќе го сакам и дождот зошто ми ја прочистува душата .
Ќе ја сакам светлината зошто таа ни го покажува патот ,сепак ќе ја сакам и ноќта зашто таа ми ги покажува звездите.
Ќе и посакам добредојде на среќата зошто таа ми ја проширува душата . Сепак ќе ја сакам и тагата зошто ми ја отвара душата.
Ќе ги прифатам наградите зошто сум ги заслужил,сепак ќе ги пречекам со добредојде пречките зошто тие се мојот предизвик
Ќе го поздравам овој ден со љубов во срцето.
А како ќе зборувам? Ќе ги фалам моите непријатели така што тие ке станат мои пријателиi,ќе ги охрабрувам своите пријатели и тие ќе ми станат браќa..........
always look on the bright side of the life!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2011 во 17:29
 
 
Влегов во многу врски очекувајќи партнерот да ми укаже
на мојата убавина, зашто сама не успевав да ја согледам...
Додека растев идоли ми беа Бајоник, Вуман, Вондер, Чарлиевите ангели...
Тогаш се вљубив во Лајза ..се вљубив во мојата кожа, со боја на
бело кафе..во своите полни усни...во моите заоблени колкови..
и во кадравата црна коса.....
Тогаш и остатокот од светот ..можеше да се вљуби во мене .....!
 
..........Лајза Николас  во Големата  тајна ..........
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2011 во 22:30
" Јас сум обичен човек, со обични мисли, што живее обичен живот. Не постојат споменици во моја чест, а моето име наскоро ќе биде заборавено, но јас љубев со сето свое срце и душа и за мене тоа секогаш беше доволно "

"Страници за нашата љубов" - Николас Спаркс
always look on the bright side of the life!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 46>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.