|
Масакр кај с.Смилковци ,убиени пет Македонци |
Внеси реплика | страница <1 89101112 29> |
Автор | |||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Радикалниот ислам и терористичките организации се виновноците
|
|||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|||
goran-twin
Сениор Регистриран: 02.Јануари.2012 Статус: Офлајн Поени: 385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Исламот нападна,протестанска Америка притисна,ама православна Македонија сепак ќе победи
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
После толку години учење на сопствен грб радикалните муслимани научија како самите да констуираат "арапска пролет' во европските држави.
Тактиката е едноставна: 1. Инсцинирај меѓуверски (меѓуетнички) инцидент - отепај неколку луѓе или крени во воздух некој верски објект. 2. Рашири пропаганда дека тоа е направено поради меѓуверски или меѓуетнички пресметки. 3. Организирај демонстраии со верска интонација и провоцирај ја спротивната верска група на насилнички одговор. 4. Креирај, распалувај и одржувај кризна состојба. 5. Постави се како водечки фактор од страна на својата верска група и како решавачки фактор во државата во вака создадената криза, обвинувајќи ја спротивната страна за таа криза. 6. Задржи ја раководната улога и води ја акцијата до крај, остварувајќи ги по секоја цена своите радикални верски планови, оневозможувајќи било кој да го стави под прашање твојот авторитет во твојата верска средина, како и оневозможувајќи било какво помирување меѓу двете различни верски групи. Радикалниот Ислам не сака и не бара соживот, иако формално тоа го постира пред јавноста... додека с'е уште не е доминантен. Целта на радикалниот Ислам е да биде единствена религија на светов. Муслиманите, како маса, не го делат тој сентимент, но за жал радикалните муслимани се најгласните и најупорните во ширењето на својата идеологија која пушта најдлабоки корени токму во кризни моменти. Тоа се покажа во државите на Блискиот исток, тоа се виде во Афганистан, тоа го доживеавме во Босна. Изменето од Messenger - 05.Мај.2012 во 20:15 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
И ич не мора да ме молиш Тоа го полагав пред некоја година и имам 9ка. Не ме терај да го преполагам поради тоа што тебе ти текнало
Сакаш да ми кажеш дека минимум 4 години е доволно за кривичното дело тероризам? Сакаш да кажеш дека некоја терористичка организација може да ја крене во воздух цела зграда на Нова Македонија каде што се сместени многу министерства и агенции, ама најмалку што може да добие се 4 години?!? Тоа ти е еднакво на 11 септември и кулите близначки.
Истите тие терористи отишле на езеро .. по риба можеби па им свирнале по цел шаржер во глава и во тело.
Не е важно колку ќе бара ЈО. Важно е колку ќе изрече судијата. Па тоа може да е и минималецот, никој АМА БАШ НИКОЈ не може да го предвиди тоа.
И да, од тоа ти што го кажа ти вреди само она, дека никој не е виновен додека не се докаже спротивното, како и висината на затворската казна. Другото ти е личен став
Ај сеа оди да преполагаш форумско цитирање...изгледа си паднала на тој испит
|
|||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Воопшто не гледам разлика дали се дискутира во живо седнати на маса некаде, овде на форумот или било каде на друго место. Муабет си е муабет, став си е став, на некого му се допаѓаат на некого не туѓи ставови и мислења. И не ми го извртувај муабетот, преку стојко ми е од разно разни поборници за нереален соживот, страв од некаква си војна, новокомпонирано братство и единство и слични срања. Се додека нашиот народ не свати дека нашите комшии не ни мислат ништо добро и тоа го докажале многу пати во минатото, го докажуваат со дела сега, и само господ знае кога и како ќе удрат пак, односно кого и како пак ќе го завијат во црно, се дотогаш ние ќе бидеме чардак ни на небо ни на земја. Оној што ја бранел земјата 2001, па и пред тоа, пак ќе ја брани и понатаму, секогаш кога ќе биде потребно, а оние што 2001 ги сунчаа мудата по Халкидики, повторно ќе ги сунчаат. И тоа е јасно како ден. Затоа муабетите за патриотизам, квази патриотизам и сл. остај ги на страна. Македонија е мала земја, во неа се се знае, и кој поминал 5-6 месеци по ровови кога тоа требало и кој ги сунчал јајцата на Егејот, и кој е патриот, и кој не е. |
|||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|||
mariija
Сениор Регистриран: 01.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2459 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
1. Факт
2. Личен став
3. Мизерија. Минимум 4 години? Ајде бе...
baboooo aj babooooo otvori Krivicen zakonik na RM procitaj malku moze se ke ti stane jasno ne mi mizeruvaj ok ova e molba od mene |
|||
"If you talk to God you're religious. If God talks to you, you're psychotic."
|
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
И после...немале поврзаност со al Qaeda Па тие не се ни обидуваа да ја сокријат поврзаноста и наклонетоста кон оваа терористичка организација. Треба да е слеп човек па да не види.
|
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да не ви ја нарушувам дискусијата, слободно продолжете после мене...
Само да ги вметнам сликиве и еден коментар околу тоа.. Со мото “Стоп на монтираните случаи“, неколку илјади Албанци и верници Mуслимани на овој начин сакаа да изразат поддршка на уапсените за тероризам по монструзоното злосторство во коe беа убиени пет лица. Покрај гласните пароли, летаа камења, искршени се неколку излози, превртени контејнери и уништена е една автобуска постојка. Имаше голем број полициски специјалци, но до поголеми “блиски“ судири со демонстрантите не дојде. Според премиерот Груевски, ова било “граѓански протест кој има одредена етничка димензија“, но треба да се разбере дека по обелоденувањето на доказите, “убиството е убиство, независни кој го направил и дали бил Македонец или Албанец, или која било друга националност“. Фотосиве се извонредно сведоштво како поминаа овие демонстрации. Нашиот фотограф, за среќа, помина само со неколку “воспитни” удари од насобраната топла и едвај успеа да ja сочува фото опремата. |
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не сакам да ја расипувам темата со некој несоодветен коментар... шубе ми е... и окулу ова што е кажано во твојот пост, можеме да дискутираме на некоја друга тема... овде само ќе напоменам... патриоти на хартија и форум има премногу... и ти и јас можеме да се правиме патриоти, борци, војници, учесници во конфликтот... кој може да знае дали ја зборуваме вистината или не...? форумот е место за дискусија и спротивставени мислења... пароли, цитати, фрази и квази патриотизам... не ми е својствено... но реков, отвори тема и ќе дискутираме за кубурата и достоинството... Изменето од којсумјас - 05.Мај.2012 во 19:31 |
|||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тоа што политичките партии од позиција или опозиција, македонски или оние другите ќутат, само докажува дека се тотални западни марионети, без трунка државност , односно не смеат да мрднат без некој од западот тоа да им го одобри. Никој не е застапник на репресивни акции, но зар делувањето на полицијата во рамките на уставните надлежности е повик на војна. Полицијата односно власта вчера уште еднаш покажа дека не се дораснати на состојбите, односно дозволија по кој знае кој пат прекршување на законите, а кога нашите демонстрираат тогаш може да делува така???? Не може власта кон некого да се однесува репресивно кога за тоа има потреба а кон некого не. А вака според твоите искази, ќути си, седи си дома, и чувај си го кубурот за не дај боже, и надевај се дека онаков злостор нема да се случи врз тебе и некој од твоите најблиски е најреална опција, така ли????????????????????????????????? Подобро ми е еден ден да живеам како човек со достоинство, него 100 години како овца. |
|||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
http://www.bezpardon.mk/ovk-se-reaktivira-se-tokmi-za-vojna-vo-makedonija/
Екс командантот на таканаречената ОВК Џезаир Шаќири викан Хоџа најавил дека ОВК ќе се реактивира бидејќи само таа има искуство по судирите во Косово и Македонија, за да им се спротистави на македонските и српските тајни служби, пишува ,,Трибуна,, пренесува ,,вести он лине,,. ,, Неодамна имав состанок со сите команданти на ОВК и на тој состанок ја разгледавме можноста повторно да се активираме со цел да започенме герилска војна и да го заштитиме населението во Македонија, прешевската долина и на сите места каде на албанците им прети етничко чистење, изјавил Хоџа. Според Трибуна на прашањето каде ќе се собира војската, Хоџа изјавил дека сеуште не знае, но се работи на тоа. Според неофицијални информации на Трибуна во овие моменти, албанските екстремисти се распоредуваат во регионот на Тетово, административната линија на Косово и пределот на прешевска долина. |
|||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|||
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Денес почнаа да протестираат и во Бујановац заради апсење на албанци обвинети за воени злосторства... во два дена ни продаваат исти финти... значи никој не смее да апси албанци. Браво.
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Е токму за ова зборував, ова нашите Албанци кои се колнат во пријателството на Америка не верувам дека би го одобриле оти светот знае што значи. |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Zeksi-kovski Апсолутно си во право во делот на власта и воопшто со се, само не сме ни јас ни Меси наивни во нашиот дел од забелешките.Мислам дека многу јасно кажав-не власт, не опозиција, зборуваме за професионалноста на нашата полиција и покрај сета девалвација и постваување нестручни лица на многу одговорни места и покрај пензионирањето на голем број стручни лица, Во дадениот случај неоспорно е дека сите се одзваа на повикот за саглам срботување без грешки, а понатаму судот нека си го одработи своето. И нормално власта да не смее уште еднаш да си дозволи да амнестира едни, а да ги натера да вратат пари или да ги остави незгрижени бранителите од 2001 затоа што тоа се врати како бумеранг. Околу протестите, факт е дека се точни твоите забелешки, но исто така е точно дека за разлика од сето досега,иконографијата беше друга- немаше двоглави орли туку нешто што го гледаме онаму кај палат американски знамиња. Факт е дека и самите организатори не го очекувале ова и затоа и се грижеле да не ескалира зтоа што со паролите и извиците Алах акбар или Исламот победува како парола не ќе можеа да го убедат светот дека имало полициска бруталност. И за крај-Останувам на фактот дека не треба да има генерализирање односно не се согласувам со мислењето дека сите Албанци се терористи, исламисти, напротив со случките со вафабистите низ скопските џамии самите Албанци покажаа дека им сметаат и бараа државата да преземе мерки. Оти искрено колку некому ова да му изгледа неверојатно, знам и убедена сум дека нашите Албанки и Муслиманките воопшто нема да си дозволат да надвладее радикалниот исламизам.Ајде некој од вас нека ја замисли госпоѓа Теута Арифи со бурка на средба со светските лидери, кога жената секогаш изгледа фантастично уредна, нашминкана што покажува дека сака убаво да изгледа и тоа да се види а не да биде покриено . Да не бидам погрешно сватена-не се исмевам на традицијата и обичаите на оние кои тоа го одбрале како свое обележје напротив ги почитувам различностите, но едноставно нашиве (барем овие кои ги гледам на медиумите и на нашата политичка сцена) не можам да ги замислам во таква позиција. |
|||
Внеси реплика | страница <1 89101112 29> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |