|
Италијанска кујна |
Внеси реплика | страница <1 89101112> |
Автор | ||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
ЛАЗАЊИ ПО ТОСКАНСКИ РЕЦЕПТПотребни состојки: 1 пакување лазањи 500 гр. пилешко филе 500 мл. павлака 4 моркови 200 гр. кашкавал Сол и црн пипер Масло за јадење Припрема: Исечете го пилешкото на коцки и изрендајте ги морковите, па посолете и наросете црн пипер. Смесата пропржете ја на загреано масло околу 5 минути. Прелијте ја со павлака, почекајте да зоврие и тргнете ја од оган. Во тава за печење наредете еден ред кори, па премачкајте ги со филот, па повторно повторете ја постапката се додека не ги потрошите сите состојки. Преку последниот слој тесто изрендајте го кашкавалот и покријте ја тавата со алуминиумска фолија. Печете половина час на температура од 220 степени. Потоа тргнете ја фолијата и оставете ги лазањите да се запечат 10тина минути. Добар апетит! (Emil) |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Шпагети со лосос Потребно: 400 г шпагетисол, бибер 500 г филети од лосос 2 лажици сок од лимон 1 луто пиперче 2 чешниња лук 3 лажици масло 150 мл бело вино Приготвување: сварете ги шпагетите во солена вриена вода. Лососот исечете го на резанки и прелијте го со сокот од лимонот. Исечкајте ги лутото пиперче и лукот. Исцедете ги шпагетите. Загрејте го маслото и пропржете го лососот со пиперчето и лукот. Зачинете со сол и бибер и прелијте со виното. Сето тоа оставете го кратко да се динста. (Pak od Emil) Изменето од Valerija - 19.Септември.2013 во 08:06 |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Паста на римски начин (или Bucatini alla Romana)
Припрема: Тестенините ги подготвуваме според упатството на пакувањето, во лонец со солена, многу топла вода. Додека се подготвуваат, во загреано тавче се става путер, го додаваме сецканиот лук, сланината исецкана на коцки,зачинуваме со сол и бибер, и на слаб оган пржиме додека состојките не омекнат. Потоа го гасиме огнот и се заедно ставаме на страна, да се оладат лукот и сланината. Во еден сад ги матиме јајцата, го додаваме наренданиот пармезан и исцедениот грашок од конзервата, зачинуваме со бибер, и во добиениот сос ги ставаме исцедените тестенини и послужуваме. Пријатен ручек! **Инаку (Букатини) се слични на шпагетите, но се како цевка...со празен дел внатре!*** (Receptot e od Bella) |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Канелони со пилешко Потребни состојки : 1 пиле 1 кг. 1 главица кромид 2 јајца 200 мл млеко 1 павлака кашкавал,сол бибер 1 пакетче канелони Бешамел сос : 50гр. маргарин 50гр. брашно 500мл. млеко Пилето се вари и одкога ке се свари се чисти од коските и се сецка ситно . Додека се вари пилето се подготвува бешамелот .На растопениот маргарин малку се запржува брашното и се додава малку по малку млекото постојано мешајки да се добие густ сос и се трга од оган. Настрана се пржи кромидот исецкан и кога ке готов се додава пилето се пропржува уште малку, се додава пола од бешамелот и се зачинува со сол и бибер .Со оваа смеса се полнат канелоните неварени но не многу полни и се ставаат во тава . Во преостанатиот бешамел се доваввт јајцата млекото и павлаката се меша убаво и се тура одозгора над канелоните , одозгора се ренда кашкавал и се пече додека поруменат убаво .Добар апетит! |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Фокача со компир и сланинаСОСТОЈКИ
ПОДГОТОВКА
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Изменето од Valerija - 19.Септември.2013 во 08:03 |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Запечени макарони со сирење и печурки
|
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Шпагети со габи и грашок
1пакет шпагети
0,200 габи
0,150 грашок (варен или од консерва)
0,100 бекон
1 мала глава крумид
2 с.л.зеjтин
0,150наренден пармезан или кашкавал
1-2 с.л. лимунов сок
сол на вкус
(Receptov e od Emil) Изменето од Valerija - 19.Септември.2013 во 08:04 |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Popteceni tortelini
Potrebno 300 g tortelini 200 gr. vareni patlidzani(salca) 3 pipirki 125 gr ne mnogu solen kashkaval 1 lazica puter 1 lazica origano Tortelinite podgotvete gi spored upatstvoto na omotot.Piperkite iscistete gi od semki i iseckajtegi na kockicki.Kashkavalot isecete go na tenki livcinja.Stopete go puterot vo tavce, pa vo nego poprzete gi piperkite.Potoa vo piperkite dodadete gi patlidzanite i origanoto, pa seto ova kratko proprzete go.Namastete ja tavata.Tortelinite iscedete gi i rasporedete gi vo tavata,Prelijte gi so sosot od patlidzani a odozgora rasporedetegi parcinjata od kashkaval. Tortelinite potpcete gi vo zagreana rerna na 200°C , no vnimavajte ne smeete predolgo da gi pecete za da ne se prevarat testeninite. |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Крем лазањи со спанаќ......хмммммм 1Пакување тесто за лазањи
1кг.спанаќ
800мл.густ сос од домати(ТОматино)
250гр.шолто сирење или кашкавал
800мл.млеко
1главица кромид
2-3чешниња лук
сол,црн пипер,црвен пипер
зејтин
маргарин
3-4 лажици брашно
Во сад се става млекото,брашното,сол и црн пипер и малку од
сирењето или кашкавалот.Се вари на тивок оган(да врие 2 мин)и се трга на
страна.
Спанаќот се чисти,се бланшира во солена вода,се цеди и ситно се сецка
ТЕстото за лазањи се обарува во вода со малку зејтин (околу3мин)
Кромидот се сецка,се прши во врел зејтин додека не омекне,се
додава лукчето сецкано и спанаќот.Се пржи околу 3 минути.Во оваа смеса
се става 1/3 од бешамелот.
Во земјено правоаголно тавче намачкано со маргарин се става од
сосот од сомати па површината се покрива со тесто за лазањи,се става од
филот со спанаќ,бешамел,рендано сирење(или кашкавал),па пак тесто,сос од
домати.....се така додека да се потроши целиот материјал.Се завршува со
рендано сирење или кашкавал.Се пече на 220 степени околу 45 мин....
|
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Малку назад на мојата тема
За оние кои ги интересира нешто повеќе за италијанската кујна
Постои поговорка која гласи “che mangia bene mangia Italiano“ или “оној кој добро се храни, јаде италијанска храна“. Не е познато од каде точно потекнува оваа поговорка, но мора да признаеме дека во неа сепак има некоја вистина. Италијанската кујна е една од најпознатите и најраспространетите кујни во светот. Таа постојано се развивала низ вековите како резултат на бројни социјални и политички промени, со почетоци кои датираат наназад дури до 4-от век п.н.е. Оваа кујна била под влијание на многу надворешни култури како што се Етрурската, Еврејската, античка Грција, Рим и Византија. Нејзиното богатство и традиција се особено видливи од фактот што најстарата сочувана книга за рецепти е токму Италијанска, а била напишана во 1-от век п.н.е. De re coquinaria (За готвењето) претставува колекција на стотици староримски упатства за приготвување на храна (не биле класични рецешти), а била наменета за искусни готвачи. Уште еден факт кој говори за улогата која храната и готвењето го имале во италијанската култура низ вековите е фактот што тие уште пред многу векови обрнувале внимание не само на храната, туку и на се она што било поврзано со оброците како поставувањето на масата, манири при јадењето и слично. Меѓу другото, дали сте знаеле дека Италијанците први ја измислиле и употребувале вилушката? Се смета дека кујната која се развила во Сицилија под силно влијание на Етрурија, античка Грција и Рим е првата вистинска италијанска кујна. Најголемата придобивка од општењето со Етрурците бил еден вид на пориџ (каша од житни зрна), која со донесувањето на пченката од Америка прераснала во и ден-ден сеприсутната полента. Грците имале особено влијание во воведувањето на различни рецепти со риба, а една од најпознатите рибји чорби – бродетот потекнува токму од нив. Со текот на вековите, оваа кујна се ширела низ целиот полуостров, а првата значајна промена е забележена со пристигнувањето на Арапите во текот на 8 и 9 век од оваа ера кои ги донеле спанаќот, бадемите, оризот, портокалите и најверојатно – шпагетите. Влијанието на Арапите продолжило и за време на крстоносните војни, кога крстоносците носеле различни производи и рецепти од далечните краишта. Лимонот и мандарините, како и различни видови на зачини ја преплавиле Италија токму во овој период. Постапките за приготвување на шербет и сладолед исто така биле донесени тогаш, а арапскиот рецепт за приготвување на сладолед е основата на рецептот за денес светски познатиот италијански сладолед – џелато. Уште многу други нации како Германите, Шпанците, и Французите го оставиле својот печат во кулинарската традиција на Италија. Но сепак, по начинот на приготвување на храната, по состојките и општо по односот кон храната кој го имале и сеуште го негуваат, Италијанците се без сомнение уникатни. Италијанската кујна изобилува со мноштво на различни состојки кои вклучуваат различни видови на овошја и зеленчук, месо и сосови. Таа е карактеристична по својата екстремна едноставност, со голем број на рецепти кои содржат само 4 до 8 состојки. Иако голем број на рецепти денес се користат во цела Италија, сепак најголемиот дел од нив имаат регионално потекло. Поради големото почитување кое италијанците го имаат кон свежите состојки, начинот на готвење и типот на храна се разликуваат во различните региони. Во северниот дел на Италија начесто користените состојки вклучуваат риба (бакалар), компири, ориз, пченка, кобасици, свинско месо и различни видови на сирења. Во овој регион исто така често се употребуваат тестенини, а особено полнети тестенини, потоа полента и рижото. Различни морски плодови, босилекот и маслиновото масло се многу чести, а печурките и доматите имаат посебно место во оваа кујна. Традиционалната кујна во централна Италија изобилува со различни видови на тестенини, домати и сирења (пекорино), а често се користат и месо и риба. Јужниот дел од Италија е познат по јадења со домати, пиперки, маслинки и маслиново масло, лук, артичоки, рикота, модри патлиџани, тиквички и различни типови на риба (сардини, инчуни и туна). Италијанците не користат премногу зачини, а се обидуваат оние што ги користат да бидат секогаш свежи. Најчесто употребувани залини се босилекот (песто сос), ловоров лист, оригано, магдонос, мјачина душичка и рузмарин. Доручекот не се смета за важен оброк во Италија. Вообичаено има слатка нота, па најчесто се јаде кроасан полнет со џем, сладок крем, па дури и чоколадо, парче леб се мачка со путер и џем, или пак се јадат неколку колачиња натопени во утринското кафе. Она што е карактеристично за овој оброк е токму кафето, односно капучино или кафе со млеко кое е задолжително. Во Италија ова е типично утрински пијалок, па затоа нема да фатите ниеден Италијанец да пие капучино или кафе со млеко по 11 часот напладне. Иако времињата се менуваат, а со нив и навиките на луѓето, сепак ручекот останува важен оброк за најголемиот број на Италијанци. Вообичаено, сите имат пауза за ручек која може да трае и до 2-3 часа (од 1 до 3 или 4 часот попладне), па најчесто ручекот го јадат дома. Оброкот вообичаено започнува со Antipasti или лесни предјадења како парчиња од различни видови на шунки и салами. Потоа следува првото јадење или primo piatto, кое најчесто е некаков вид на тестенина, рижото или, иако поретко, супа. Secondo piatto, односно второто јадење е некаков тип на месо или риба, а покрај него одвоено се служи зеленчук, свежа салата или друг тип на гарнир (contorni). На крајот доаѓа dolce, или десерт кој може да биде парче торта, сладолед, или најчесто, некое свежо овошје придружено со избор на неколку сирења и кашкавали. Вечерата и ручекот вобичаено зависат едно од друго. Имено, ако ручекот се состоел од неколку јадења како што беше наведено погоре, тогаш вечерата ќе биде лесен сендвич, салата или свежо овошје. Ако пак ручекот бил изеден набрзинка и “од нога“, тогаш вечерата сигурно ќе има и предјадење и прво јадење, и второ јадење, па и десерт. Покрај кафето, најкарактеристичен пијалок за Италијанците е секако виното. Италија произведува (во 20 различни региони) најголемо количество на вино во светот, но е воедно и најголемиот светски потрошувач. Практично не постои италијанска трпеза на која не се наоѓа барем едно шише вино. Пивото не е многу популарно, иако и тој тренд се менува во последниве години, но затоа пак Италијанците знаат да уживаат во многу различни аперитиви (мартини, вермут и кампари, на пример, или пак ликери како лимончело, грапа, санбука и други). |
||||||||||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
Њоки со доматен сос и пармезанАко ја сакате италијанската кујна и ако тестенините редовно се на вашето мени, тогаш дефинитивно ќе ги обожавате њоките. Тие се едноставни за приготвување, а поради тоа што немаат силен вкус, можат да се комбинираат со различни сосови, па секојпат ќе имате нов специјалитет. Њоките можат да се купат како готов производ, но домашните њоки имаат посебен шмек, па засукајте ги ракавите и подгответе се за нова авантура во кујната. Состојки
Подготовка на њоките
Подготовка на сосот
Совет:Ако не сакате њоките да бидат премногу меки и ако сакате да имаат крцкава златна надворешност, пред да ги ставите во сосот, кратко пропржете ги во тавче со минимално количество масло. Изменето од Valerija - 21.Јануари.2013 во 17:50 |
||||||||||||||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||
ЛАЗАЊИ ПО ТОСКАНСКИ РЕЦЕПТПотребни состојки: 1 пакување лазањи 500 гр. пилешко филе 500 мл. павлака 4 моркови 200 гр. кашкавал Сол и црн пипер Масло за јадење Припрема: Исечете го пилешкото на коцки и изрендајте ги морковите, па посолете и наросете црн пипер. Смесата пропржете ја на загреано масло околу 5 минути. Прелијте ја со павлака, почекајте да зоврие и тргнете ја од оган. Во тава за печење наредете еден ред кори, па премачкајте ги со филот, па повторно повторете ја постапката се додека не ги потрошите сите состојки. Преку последниот слој тесто изрендајте го кашкавалот и покријте ја тавата со алуминиумска фолија. Печете половина час на температура од 220 степени. Потоа тргнете ја фолијата и оставете ги лазањите да се запечат 10тина минути. Добар апетит! |
||||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 89101112> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |